Под прашања кои ме мачат, а знам куп вакви жени веќе стари 55-60 години, како ги истрпиле??? Дали до комунизмот, дали до социјализам до што ли е, од страв, од да не е со прст покажувана, јас да би бил во нефункционален брак, 5 минути не седам а камиоли 40 години.
Да не бидат покажувани со прст. Тоа е живот фрлен во ветер. Се мачеле за едно големо НИШТО. Само убав ќотек за ваквите „домаќини“ и вакво нешто кога читам, се чудам, тепачи, пијаници, легачи, како наоѓаат жени не ми е јасно?
60-70% од жени родени измеѓу 1955-1980 година се во такви бракови. Мислам дека и мал удел има македонија како општество, страв од неуспех во смисла, ако го оставам, дали ке се снајдам сама со работа со плата со деца и слично. Некако како стокхолмски синдром, ме малтретира ме ремети кавги секој ден ама пак си го сакам, или т.е нема кај да одам. Најинтересното е кога ваквите (и за жените и мажите) од ваков тип на бракови ке ти делат мозок како треба ти и каков партнер да си најдиш. Сам се чудам некогаш.
Сакаш да кажеш некој друг да работи а ти да му ги трошиш парите, ќе биде. Ау заборавив вие сте госпоѓи кој се срамат од мажи што работат.
Прво, мајката што ве родила (зборувам за сите машки, не само тебе) е жена. После плукајте по сите други девојки/жени, ама не заборавајте дека си ја плукате на некој начин и жената што ве родила. И не мрчам. Фала.
Знам дека голем процент имаат земено џаболебари ама слободните што си чекаат уште? Не постои совршен ниту совршена.
Еми ние не збориме за совршени, за домаќини збориме... Еве ние слободните домаќини си чекаме. Кај е тука проблемот?
Да бидам искрен и јас многу наивен бев до пред некое време. Си велев ај ако не работи нешто осигуран да речиме, ваљда подработува на дневница оди негде... ама не бе брате, еве последниве случаи така што слушам си седеле дома ги мрзело да одат да работат итн и жениве работат. Мислам втф, што прави.... по цел ден дома... колку фудбалски мечеви ќе изгледа, пива испие? Еве да си дај одмор една две недели, после што, до кога? Не мава на психа?
Еми шо има да работи, ем испрано, ем исчистено,ем зготвено, ем издудлано, може и си прца нешо на страна жена му додека е на работа, а децата у градинка... Па и по едно стотче за ливче и по една срча со другарите, шо поише сака у животот? Да не му се слоши случајно? Ја на таквите викам свака част, добро се ожениле. Додека има овциЧКИ, ќе има и вуниЧКА.
Затоа што кутрата немала кај да оди. Затоа што дома и нејзините родители односно мајката нејзина можеби го трпела истото па и на неа ќе и кажи - седи ќерко нема кај да одиш. Затоа што во државава колку пати и на ова време да пријавиш џабе ќе ти биде а не пак пред деценија после тоа уште повеќе ќотеќ ќе јадиш и сабајле со ракивче ќе го чекаш на маса. Не лупетајте глупости тие жени не се од денешно време туку од најтешко и се за жалење. едит: на мајка ми крвта сум и ја собирала со тоалетна хартија и сум ја фрлала во канта. Мислиш дека на лекар што одеше или што ќе пријавеше нешто менуваше тоа ? Не. Среќа еден ден нејзините и пружаа рака иако се гледаше дека ич не им беше по кејф.
Najseriozno poslednio slucaj so razbrav, i to so deca se, go mrzelo ovaa godina da odel da rab stranstvo ce odmaral. (Se shinal od rabotenje)
Мислам дека треба да има посебна тема со поинаков назив за ваквите мажи, да не се мешаат со мажи што се навистина домакини.Мојот маж некогаш нема време да јаде самиот или кафе да се напие додека е дома со двете деца кои се ултра бесни плус, ги храни на 2ч, ги анимира, и плус ручек прави.Кога ке дојдам од работа некогаш ми се чини дека сите жици му се споени.