Молааммм? Кај мајка ми комшика на 60+ па обратно, маж и спиеше во ист кревет со швалерот. Ај нека се угоде.
Ова пред +30 години било, бидејќи децата малце поголеми од мене и беа. Вика што се не трпев, ама знаев дека со мене ќе остане, а не ни имав кај да идам. Жално…
Јас на мојов му викам Абе најди како сите нормални и ти една швалерка, викни ја дома нека ми подзачисти додека јас шетам
Па дааа. На колега бабата на жена му му рекла, да си најде швалерка да му пере и пегла, оти од нејзината внука не бива ништо
Абе ајде пак го вртете и вртете маабетот и на крај пак излезе дека жената е за во кујна, што има лошо ако мажот е во кујна, дај еволуирајте.
На пола и више од нив таа генерација денес што се над 40 години, им е испран мозокот дека е маж и дека има власт над нив што сака да им праве, среќа па ние денешните еволуиравме, едукувани сме и тие работи се изумрени.
Нема ништо лошо, лошо е кога не се одлепува од каучот. Јас лично, не сакам дома маж да ми се вртка, не мојот туку било кој. Или ќе работи или нека си бара друга жена.
Утнат е насловов, не кореспондира со темава. Домаќин на македонски не е "househusband" т.е. маж што не работи, туку баш спротивното. Во македонски речник е убаво објаснето: 1. Лице што управува со куќата, со домот; глава на семејството. Англиски: head of household Албански: kryefamiljari Примери: Секој домаќин си остава наследник на куќата. Многу домаќини ги напуштија своите огништа. Слично со: стопан (м.) 2. Лице што добро го води своето домаќинство; чесен, угледен, богат човек. Англиски: host Албански: mikpritës Примери: Тој беше умен домаќин што знае да стави пара врз пара. Сватовите беа чесни луѓе и добри домаќини. Тој е еден од првите домаќини во селото. Или со други зборови "домаќин" е маж кој работи, заработува и го става на прво место своето семејство. Не пуши, не пие, не се коцка, не глави по кафани и клубови, не се курва. Туку е маж кој знае да штеди, си ја цени жената и децата, помага дома, чесен е, поштен, фин и семеен човек.
И @Ajronmen рече утнат бил и добро има логика. Нека сменат со посоодветен збор. „Маж - неработник, што се грижи само за домаќинството“ ? Стварно не знам точен збор. За жени домаќинки едно значење, за мажи друго.
Ах, мажи... Били, зар и ти се Ајроноса? Извини, ама... Лице што управува со куќата. Значењево под број 1 се однесува и на невработено лице. Не мора да си вработен за да управуваш со сопствениот дом. Домот е дел од приватната сфера. Добар си е насловот.
Не си нормална. Ми го хејтаат насловот. Ај нека кажат збор на македонски што најправилно значење би имало.
Абе јазикот не си го знаете. Домаќин не значи маж кој не работи, тотално спротивно на тоа е. Арно ви кажал Ајронмен. Ова е подобро. Немаме директен збор за маж што не работи. И за жена, "домаќинка" немаше негативна конотација историски, сега го променија значењето.
Си го знаеме. Размислуваме подлабоко при толкување. Под број 1 е за невработено лице. Под број 2 се однесува и за вработено лице. Овде темата е за оние под број 1. Неработник е сличен со мрзливец, па е несоодветен збор. И вработен човек може да го наречат неработник кога не си ја врши работата добро.
Ова е твое и само твое толкување. Нема никаква поврзаност со Македонскиот јазик. Е не знам. Нека објасни тоа некој што бил на катедрата по македонски јазик.