Не е само мое. Прочитај ја темата. Излези надвор од твојата околина да чуеш што мислат. Туку, на вас мажите се знае зошто ви боде очи. Дека сте мажи, ви го допира егото.
Не знам каква врска има со его ако го наречеш "маж - неработник" или "домаќин маж". Демек некому нешто ќе смени. Работава е дека домаќин маж не означува маж што не работи во македонскиот јазик. Ете ти извадок од македонски речник со појаснување. И во реален живот е исто, никој не го вика домаќин. Може ти така да си го викаш во твојот круг, што знам. Ама не е тоа битно. Нема потреба од непотребна дискусија кога изворот ти е горе.
Има бидејќи ние жените тераме во темава според зборот бидејќи после мерењата на почетокот, друг не се најде. Толку ни се можностите на јазикот.
Па двосмислен ни е јазикот јебига и тоа е, не сум ја крива за ова. Колку што знам, за жените, штом се спомне домаќинка терминот, одма нели по автоматизам се мисли на жена која не работи и чува деца, се грижи за домот, а другото значење е буквално истото како и за мажите кои ги сметате за прави домаќини. Па оттука тргнувам зашто би било проблем и вака да се протолкува? Иако се слагам, за да нема забуни, може и требаше описно да се постави темата. Spoiler Ај бе не се карајте.
Не знам зошто се буните безпотребно кога убаво кажаа и Ајронмен и Били. Машко его било бе. Ако темата е мажи домаќини, дискутирајте за мажи домаќини и додадете во дискусијата мислења за мажи спротивно на тоа, недомаќини, расипници. Или подобро, за да има поента дискусијава на каде што ја терате, темата треба да е - Мажи финансиски зависни од сопругата. А жената може да е и вработена и домаќинка. Да се биде домаќин/ка е грижа за домот и работа околу него, едноставно. Колку пати и за жени и за мажи сме рекле Види го/ја домаќин/ка, не затоа што не работеле некаде (невработени), туку затоа што биле вредни во работење дома, пример средување, чистење, готвење. И во речников земен како извор за дефиниција за домаќини, не пишува за домаќинка дека е невработена жена.
Па, его е. Модераторките да сакаа, ќе сменеа наслов до сега. Не треба да се прават разлики меѓу мажите и жените. Јазиков ни е каков што ни е. Немаме толку термини колку некои од другите.
Како може да е его кога буквално гледаш како е во речник дефинирано? И какви разлики се прават меѓу мажи и жени кога не пишува никаде дека жена домаќинка е стриктно невработена, дома затворена?
Дирекно од укинатиот лекторат по македонски јазик-од еу- предлог за преименување во ,,маж кој примарно се грижи за домаќинството,, (како привремен/или траен кариерен избор) Го ставам предлогот на гласање
Во речникот, под 1 се однесува и за невработено лице. Домот е дел од приватната сфера. Неговото управување значи вршење на домашните обврски и родителските обврски во неговите рамки. Под 2, и за вработено лице. Работата се врши во јавната сфера. Дури и онаа која се врши од дома преку компјутер и интернет, се врши за уодржување на дејствијата во јавната сфера. А, секако дека корист имаат и двете сфери.
Не се прават разлики? Се виде според мислењата во темата претходна. И не само во темата туку и во секојдневниот живот, домаќинка асоцира на невработена жена. Од секогаш било така. А додека еве за маж што викате па обратно. За ова да, добро е, само со акцент на тоа дека мажите се грижат за домаќинството и имаат одредени активности во домот, и не се работи за џаболебари. Пошо да се спомне така невработен маж зависен финансиски од жената, одма асоцира на џаболебар, барем во нашето општество. Многу комплицирано ова. Инаку, зашто бе, па може и ќе им текне да додадат и друго значење, нели јазикот жива материја е, па ко што праат и како ќе им текне, што е проблем. Или да измислиме збор и да нема забуни.
Семејногрижител/ка во домаќинството. Не бе, стварно мора да се збогати јазиков не иде ова вака. После се чудиме англицизми зашто имало, епа ќе има.
Многу луѓе ги асоцира, вклучувајќи ме и мене тука. Значи покрај значењето дека се грижи и е посветена на домот ептен ме асоцира и на жена која не работи. За ова на крај што пиша, се слагам и не мислам дека тие луѓе седат мрзливо дома.
Сте размислиле ли некогаш дека можеби жената се наоѓа на подобра работна позиција и е подобро мажот да седи дома место неа?
Да ме ставиш во кујна за 2 минути ќе скапа на изгорено. За среќа сите дечковци ми се паднале да се добри готвачи и домаќини. Ич немам грижи
Место да се редактирам, избришав. Станав од спиење, уште не се расонив добро. Очигледно некако различни сфаќања постојат за терминиве. Нема врска, да не навлегуваме дотолку. Домаќинлак е работа, грижа и посветеност на домот и семејството. Понатаму, изгледа секој различно мисли која е одговорноста на мажот а која на жената. Но, тоа е друга тема. Конкретно за ова што се дискутира од почетокот: Не познавам лично маж што е невработен и исклучиво се занимава со домот. Не ни сакам таков маж да имам, без амбиција. Ниту јас ќе седам дома, ниту тој. Едно е да трае привремено, друго е да не постои желба за работа. И нема глава на семејство, тоа беше на времето кога патријархарот беше на најјако, сега двајцата заедно подеднакво се грижат за домаќинството и двајцата заработуваат. Барем во едно идеално, според мене, семејство. Ниту јас имам намера на грб да носам се' и да бидам едниствен столб ниту па јас да бидам на нечиј грб. Не, два столба се стабилност. Финансиите можеби нема да се еднакви од двете страни, зависи, но потребно е и двајцата да допринесуваат и финансиски и со работа по дома. Лично за себе, тоа е, не осудувам други избори и одлуки.