Е кај виде дека јас дискриминирам. Целава тема е твоја дискриминација. А зошто да не може да јаде?! Храна е.
Зошто да не може да се фарба? Коса е. Зошто да не може да се депилира? Влакна се. Зошто да не може да се шминка? Лице е. И така натаму. Јас никаде не кажав дека дискриминирам за храната, прашав дали сте приметиле некаде нешто такво. И еве, имаш пример, на машките не им носат цевчиња во кафичи. Што мислиш, зошто е тоа така?
За сите милкшејкови, топли чоколада и слично ти носат цевчиња. Нема веројатно да ја надигнеш како боза да пиеш.
Вака бе ќе си јадат банани мажите ако толку сакаат. Цц, треба ред малку да се има. Патем сношти дм кога ми заспа на рамо бладаше нешто како "таа големата банана" (навистина ова) и не знам сега после темава се сомневам некако можеби ќе треба да му раскинам.
Сакаат операции за промена на пол, сакаат да се шминкаат, сакаат да носат розева облека, да се чупаат... Преку сé поминавме, сега и сладолед ли сакаат да лижат? Претераа веќе, ќе нé убие овој либерализам. Порано мажите јаделе банани, ама не значи дека ако нешто било нормално во минатото и сега треба да го правиме.
Луѓе помош. Брат ми се врати од продавница со сладолед. Неќам да се испусти детето, помагајте. Сега малку посериозно, и јас имам забележано за ова со цефчињата. Ај за кафе со пени што се, мора цевче, ама за сокови, лимонади, никогаш кај машки не ставаат цевче. Полесен ни е животот нас, то е.
Сите сте се фатиле за бананата и лижењето оти асоцираат на онаа усната ствар, а го заборавате она третото како закана Имено, смудито е тешко помодарство на миленијалци кое добива експанзија во последниве години. Кога ваш син/внук или дечко/маж ќе го проба ова чудо, утре може да очекувате да дојде и да ви рече „од денес сум веган“, исто така од помодарство Нареден чекор да добие кул етикета, ќе стане атеист И на крај од сето тоа влијание од социјалните мрежи, посебно сеа pride month, на тамблр гледа виножита, поддршка трте мрте – може во рок од месец дена да стане геј! Затоа пазете!
Јуни е ризичен месец значи @Someonespecial ? Ако конзумираме сладолед/банана/смуди, имплицираш има директна корелација со биднување геј? Можеби сум старомоден ама се осеќам геј dated Light-hearted and carefree. ‘Nan had a gay disposition and a very pretty face’