Форумџика на годината 2019: НОМИНАЦИИ

Маж ми ме удри

Дискусија во 'Брак' започната од BellatrixF, 29 август 2019.

  1. BellatrixF

    BellatrixF Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Здраво

    Имавме расправија со мажот ми, и двајцата кажавме работи што не ги мислевме. Тој многу се налути и ме удри. После ова чувствувам анксиозност и голем притисок во градите. Дали мислите дека треба да се грижам за неговото однесување? Тој вели дека јас сум крива за неговите постапки, и јас се осеќам виновна. Не сакам така лесно да се откажам од бракот...но и не можам да го издржам овој притисок. Ве молам да ми помогнете, немам со кого да зборувам за ова...
     
  2. A_star

    A_star Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    1.580
    Пол:
    Женски

    Типичен манипулатор, те обвинил и ти секогаш ќе се чувствуваш виновна.
    Како тоа ти си виновна за неговите постапки?
     
    На Kenny, Ivan4e04, ku4ence и 26 други им се допаѓа ова.
  3. BellatrixF

    BellatrixF Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Бидејќи кажав некои неубави работи додека се расправаме. И тој исто ме навредуваше.. но вели дека јас го провоцирам и сум виновна што ме удирал. Навистина ми е тешко.. неподнослива атмосфера дома.. а не ми е така лесно само да си заминам..
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  4. cvekence123

    cvekence123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2018
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    1.901
    Пол:
    Женски
    @BellatrixF без разлика колкава расправија сте имале и што било причината за тоа,според мене тоа што го направил е неопростливо.
    Му имам кажано и на маж ми дека тоа не би го опростила, мора да знае да се контролира, не смее да помисли да те удри,а чим еднаш го направил тоа сигорно ќе го повтори...
    Прашај се како после тоа? Ќе можеш да го гушнеш исто како претходно и се да заборавиш..
    ?
     
    На LITIUM, Bubibu, Harper и 13 други им се допаѓа ова.
  5. A_star

    A_star Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    1.580
    Пол:
    Женски
    Ако одиме по таа логика требало и ти да го маваш.. Јас би ти советувала убаво да зборуваш со него, ама откако ќе се извини, и нека се поправи.
    Во иднина размисли како и што ќе правиш доколку се случи тоа, малку повеќе респект имај кон себе.
     
    На Martka и candy.cane им се допаѓа ова.
  6. Mantub

    Mantub Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    Секој сам си презема одговорност за своите акции. Не може ти да си виновна што така направил, немој да дозволуваш да те манипулира. Двајца да имам во соба на едниот да му речам дека е идиот, може да ме удри, а на другиот ако му речам идиот, може само да ми се изнасмее, значи сакам да кажам секој како ќе реагира е негова работа целосно не твоја. Детето ние го учиме цел живот кога ќе рече, ме нервира Ања ( братучетка и ), и велиме, Ања не те нервира, ти се нервираш со Ања. Нема ни најмало право, уште ти вели ти си крива какво копиле. Голема е веројатноста дека пак ќе те удри. Казниво е со закон. Тешко е знаеме, но има излез. Побарај помош те молам. Не останувај во таа врска. Не го сфаќај разводот ко нешто страшно. Само простаци го сфаќаат така. Ударот е далеку пострашен од развод. Ако можеме нешто да направиме, те молам пиши
     
    На Kenny, Brinetka, Harper и 29 други им се допаѓа ова.
  7. Nausicaa

    Nausicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    14.439
    @BellatrixF,
    жал ми е ама мораш да бидеш сега силна. Штом еднаш те удрил, повторно ќе те удри. Пакувај се и замини си од таму. Не те знам, ама и најдобра другарка да си ми, истото ќе ти го кажам- немаш иднина во таква врска/ брак, зошто семеен насилник останува семеен насилник. Работата е ти да се спасиш со колку што е помалку стресови и преживеани трауми.
     
    На Kenny, ilence, mariz и 24 други им се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    Ај те молам со советиве. Она убаво да разговара со него. Он ја удрил и сега таа да разговара убаво. Може да се извинува до небо. Никогаш не смее да ја удри.
     
    На Kenny, Harper, sj *O* и 12 други им се допаѓа ова.
  9. A_star

    A_star Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    1.580
    Пол:
    Женски

    Не читаш дека сака да го спаси бракот?
    Што и да и се каже, таа нема да го промени мислењето.
    Јас сум за да си ги собере парталите, а колку ќе го направи тоа...
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mantub

    Mantub Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    А бе какво спасување брак? Ако некој треба да спасува нешто тогаш е маж и, а не она. И плус никаде не напиша дека сака да го спаси бракот. *Не е лесно да се откажам* и *сакам да го спасам бракот* се тотално различни работи. Ако мислиш дека што и да кажеш нема да и го смени мислењето, зашо уопште пишеш?
    И од кај знаеш дека она е таа што треба да си ги собере парталите? Може кај неа живеат.
     
    Последна измена: 29 август 2019
    На Kenny, Harper, sj *O* и 13 други им се допаѓа ова.
  11. A_star

    A_star Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    1.580
    Пол:
    Женски
    тогаш напиши ти да видеме што ќе ја советуваш.
    Во иднина, скролни ме.
    Фала.
     
  12. Mantub

    Mantub Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    Па јас може советував не знам ај провери низ коментари може ќе ме најдеш.
    А ќе те скролнам кога ќе нема опција *ОДГОВОРИ* на секој коментар. Не сите мижеме на лоши совети. Не сите велиме *ти си знаеш* или *има и полошо шо да ти кажам*.
     
    На Kenny му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ladybug98

    Ladybug98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Прв пат те удри? Ако трпиш повеќе време будала си. И уште што седиш со него си будала. Да не ме сфатиш погрешно, ама маж кој решава проблеми со шлаканици и после тоа те обвинува тебе, не е маж.
    Тоа штом се случило, кога-тогаш пак ќе се случи. Или пак треба да внимаваш да не дојде до расправија и да премолчуваш многу работи за да не те удри пак.
    Катастофа.
     
    На sj *O*, zalosna, candy.cane и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Nausicaa

    Nausicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    14.439
    Кога партнерот ќе крене рака, тоа е настан кога повеќе нема назад. Физичкото насилство е границата која НЕ СМЕЕ да се премине. Да, во афект може да се кажат многу грди работи ама кога ќе смират страстите, ќе се седне и човечки и отворено ќе се разговара за да се реши проблемот. Оној кој еднаш удрил, ќе удри пак, во тоа нема сомнеш. Физичкото насилство не остава простор за давање совети како да се спаси бракот.

    Ова е една од ретките ситуации каде единствениот совет е- бегај што побргу од таму!!!!!!
     
    На Opeth1986, Harper, sj *O* и 22 други им се допаѓа ова.
  15. Purplelilac

    Purplelilac Популарен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    1.128
    Допаѓања:
    20.209
    Пол:
    Женски
    Ама зошто? Зошто мислиш дека постои разумна причина поради која може човек да удри друг човек?

    Секако дека треба да те загрижи постапкава и уште повеќе треба во што поскоро време да се разведеш. Ако удрил еднаш, ќе го направи тоа повторно. А уште поголема гаранција дека ќе го повтори тоа е самиот факт што тој не чувствува вина ниту сега, туку те обвинува тебе како причинител на неговото нечовечко однесување.

    Те молам не биди уште една жртва на семејно насилство која ќе си ја продолжува агонијата само за да го спаси бракот. Верувај штом еднаш те удри, нема тука што да се спасува.
     
    На ane.bella, Harper, sj *O* и 14 други им се допаѓа ова.
  16. Mantub

    Mantub Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    И да се надоврзам, иако така е дека ако те удри еднаш веројатно ќе те удри пак, не мора тоа да ти биде репер за останување во брак во смисла може нема да ме удри пак ќе видиме. И никогаш да не те удри, еднаш е сосем доволно за да прекинеш со него. Многу жени паѓаат во замката, *вети дека никогаш повеќе нема да прави така...
     
    На sj *O*, Peperutce1115, violetblue и 8 други им се допаѓа ова.
  17. BellatrixF

    BellatrixF Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Многу ми е тешко... понекогаш помислувам на развод, само не знам што да правам.. Не ми е едноставно толку труд и години заедно да пропаднат во вода. Плус потекнувам од традиционално македонско семејство кај што разводот се смета за срам, и не знам како моите ќе реагираат на тоа. Згора на се, татко ми беше сериозно болен пред некое време и едвај закрепна. Не сакам да ги загрижувам и повредам. А откако се случи тој инцидент мажот ми да ме удира, се полошо се осеќам и се плашам од него...
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.673
    Допаѓања:
    43.720
    Многу ми е жал што ти се случило вакво нешто.
    Не си ти виновна, ниту за секунда немој тоа да си го помислила. Тоа што се обидува да ти нафрли вина само покажува каков човек е. Човек кој ако останеш со него во брак ќе те уништи. Ќе дојдеш до тоа да мислиш што зборуваш и што правиш околу него за да не го тригернеш и пак да те удри. Ќе се осеќаш уште толку позаробено. Додека е време излегувај од бракот. Сега е време да мислиш на себе, на никој друг, зашто станува збор за твојот живот. Татко ти нема да се оболи уште толку да си го види детето малтретирано и како живее во страв? Заборави на тоа што ќе речат другите, око нема да им трепне тебе нешто да ти се случи.

    Бегај подалеку од таков човек, подалеку, ама сериозно. Заборави ги годините кои поминале, мисли на годините кои доаѓаат дали сакаш да му ги дадеш. Мисли на иднината.
     
    На SV1911, Kenny, ilence и 24 други им се допаѓа ова.
  19. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    2.977
    Пол:
    Женски
    Сигурно полошо ќе се чувствуваат ако дознаат што ти прави тој, а не си им кажала за да ти помогнат. Разговарај со нив, сигурна сум дека ќе те подржат.
    Сигурно среќата и доброто на своето дете им се поважни од мислењето на околината.
     
    На Harper, sj *O*, Martka и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Nausicaa

    Nausicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    14.439
    @BellatrixF, оди си кај твоите. Ако можеш, уште сега почни да се пакуваш. Ќе ти биде многу тешко, ама ќе бидеш силна. Татко ти, верувај, многу повеќе ќе го натажи и заболи сознанинето што си седела таму и си се тресела од страв, отколку што бракот ти завршил.
    А за народов прост и глуп, ич да не ти галје. Они нека седат со маж насилник, ти заслужуваш подобро.
     
    На Harper, sj *O*, WildMk и 11 други им се допаѓа ова.