1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Маж ми ме удри

Дискусија во 'Брак' започната од BellatrixF, 29 август 2019.

  1. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.075
    Пол:
    Женски
    Поточно амин. Никој не гледа какви се околностите. Сите сме паметни, насилство-заминуваш. Убаво ќе беше да беше толку лесно.
     
    На zalosna и WildMk им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Таа патријархална и традиционална индоктринација, е толку длабоко вкоренета во животите на луѓето, што на многумина мозокот не им процесира поинакви опции.
    Не 'делка' заедницата, и не само што ни гради ставови, туку и внатрешни чувства и рационализации ни моделира.

    Сега јас, не сум психолог, ама сигурно има начин на кој може да се допре до жртва, за да се посочи на прав пат. Пошто секоја има различен тригер и на различни стимулации реагира различно..
    Тоа се решава индивидуално, со работа еден на еден.. дали со психолог, психијатар или/и со социјален работник... Па МВР има улога на заштитувач на жртвата, па обезбедување на потребни услови за финансиска самостојност, па привремени засолништа за оние кои нема кај да одат.

    Уште се потпираат кај нас на: Роднина/пријател ќе ти поможи.
    Не така. Системот, државата има задача да се грижи за ваквите ситуации, а не само да им стига плата на први.
    Илијадници и илијадници вработени има во социјалните служби, па и во внатрешни, во невладини организации.. и што и уште не..
    И камо резултати?
    Кај се сејф куќите за жртвите? Камо ја психолошката, емотивната, физичката и правната заштита?

    И секако... секогаш, советот од нас кон непознати кои се во таква ситуација е: Мораш да си заминеш.
    Ама нема место за ова:

     
    На Purplelilac, Dadusicka и andrejko82 им се допаѓа ова.
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    @WildMk не планирав да дискутирам веќе затоа што вријам на темава, ама ајде веќе кога се фанав на орото, да го доиграм.

    А шо да им кажеме?

    Еве јас не знам што друго да кажам. Бујрум, чекам предлози.

    Каков предлог за помош имаш конкретно ти?

    Да тапкам по рамо и да речам не се секирај, ќе се среди (а очигледно нема) ми е крајно лицемерно.

    Да и' речам јави се во полиција и пријави го, знаејќи дека дудуците нема да направат НИШТО (освен можеби ноќ-две во ќелија и некое ќотече, ако има кој да ургира) ми е пак - лицемерно.

    Да и' речам оди во Центарот за социјална заштита, каде што се too busy пиејќи кафенца, ми е апла, апла лицемерно.

    Да се обрати на психолог, психотерапевт, каде што 45 минути кај еден САЛАМ доктор чини најмалку 1200 денари? Ами ако нема пари, шо правиме?

    Да си отиде дома може (ако се нормални родители) - ама ако не се, значи повторно е препуштена сама на себе. И мора сама да научи да се крене.

    Извини, ама кога живееме во ебана пустелија каде што си препуштен сам на себе и системот се грижи за тебе колку што се грижи и ланскиот снег.... богами и ќе им кажам дека треба да се борат сами за себе. Па нека бидам и јас лошата, според вас.

    Јас не ги карам, јас не им се лутам, јас ги ТЕРАМ да направат нешто за себе и да се тргнат од таков... живот-неживот.

    Друг начин на поддршка, особено онлајн, на форум, НЕ ЗНАМ и НЕ МОЖАМ да дадам. Да одам да се тепам со маж и'? Да пратам мојов да се тепа со нејзиниот? Да фанам да ја товарам у кола и да ја однесам некаде?

    Единствено што мене ми е логично да се направи ОНЛАЈН и што преостанува е да ПРОБАШ да им ги отвориш очите на некој начин. Самата кажа и самата знаеш, заглавени сме во патријахално општество каде што не е срамота ако некој ќерка ти ја крши од ќотек, ама срамота е ако се разведе.

    Ако веќе навлегуваме во психологија на жртва, извини, ама да, на многу од нив им одговара наративот на жртва. Мора да се научат да snap out of it. И таков пример имам во близина и можам на глава да застанам, ама таа жена нема да го остави тој маж. Комплементарни им се улогите на bully и victim, цело факинг време и си се заглавени во тој лупхол и така и си живеат.

    Имам и блиска особа моментално заглавена во... неубава ситуација, ајде да речам. Тајно ми пишува кога е на работа, од социјална мрежа што никој не ја користи, за да ми каже дека и' е многу тешко. Оти не смее да ми пише инаку, многу сум прогресивна за маж и'.

    И ми вика - имаш среќа, ти се погодил добар партнер. Те разбира, те почитува, и те сака.

    Што да и' кажам?

    Дека партнерот не се бира на среќа? Дека не е ова како порано, кога ќе ти се трефне добар или лош маж? Дека сама си одбра да е така, иако имаше црвени знаменца со ГОДИНИ уназад? Дека сега не и' треба дозвола од никого да го остави?

    Не се секирајте, ништо од ова не и' кажувам. Донекаде од жал, донекаде оти и сама си знае. Ми иде да отидам до кај неа, да ја соберам у кола и да ја однесам некаде далеку. Ама ете не можам. Можам тајно да си пишувам со неа и пукнувам од мака.

    Еве ти си била во насилна врска, те имам читано.

    Кој совет тебе ти беше turnover point за ти да ја прекинеш таа врска? Како се окуражи? Како собра храброст?

    Пошто мене тогаш ми требаше некој да ми ги отвори очите и да ми каже дека не, не треба една врска да изгледа така.
     
    На SexiLy, Lella, candy.cane и 17 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Не знам... првиот шамар ме натера да избегам.. ама не заминав веднаш оти ми беше страв од одмазда.
    Само го пуштив да си го тера животот без мене.. ги проретчував излегувањата, разговорите, комуникацијата општо.
    Му требаа 3 години да прифати дека е крај.
    Претходно, само 'не ми дозволуваше', а јас дозволував да не ми дозволува.

    Не ми пречеше некој ако ми речи дека сум глупа што сум со него...
    Само што никој не ми велеше дека сум глупа.. оти сум со него...

    Може твојот пристап би делувал многу позитивно врз мене.. кога ќе размислам :D

    Страв ми е за тие што може уште толку да се издепримираат... Да не има негативен импакт начинот на кој го кажа тоа:
    Може ти си во право, а јас само газам ко по јајца...
    Ама страв ми е.
     
    На Milobebence, Purplelilac и Doozy им се допаѓа ова.
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Е, па сите го мислат, а никој не го кажува, и тука е проблемот. Плус што нема никакви механизми на заштита во државава допринесува да имаме вакви ситуации.

    Мене мислиш некој ми кажа? Како не ми кажа..... добро што имав малку памет да бегам подалеку.

    И јас можеби реагирам малку бурно на темава, но навистина се чувствувам лично засегната. Мислам, у принцип знам дека сум многу no-nonsense тип на човек, не знам баш да ги завиткам работиве некогаш ама навистина не гледам друг начин. Како да им отвориш очи? Со години живееле и растеле во таква средина, со такви убедувања... ама кога идат шамарите, СЕКОЈ треба да знае дека дошло време е да се фати патот.

    Да ти кажам, ќе се запрепастиш колку им е „убаво“ на моменти. Најсериозно. :(

    Се радуваат на ситници, од типот - аааа, денеска беше добро расположен, не ме замараше цела поручек, си гледав ТВ на раат. Или викендов бевме на кафе кај моите, ги видов накратко, добри се. Или... не најде маана за ручекот, го изеде.

    И така, среќни си се....... со толку.
    Епа не можам на тоа да останам рамнодушна.
     
    На candy.cane, 1209, cresa-jagoda и 10 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    И јас како и ти се нервирам, и исто како и ти сум свесна за сите недостатоци во пристапот кон тематикава...
    Само разликата меѓу нас е:
    -Ај мори станвај, не туку се лигај.
    -Ооо-ооо.. Ќе биди се' во ред.. Дај раче.

    Вака кога го пишав.. сфаќам дека за други проблеми, како тебе пристапувам. :D

    п.с. крикирав.. знам дека знајш.. ама да си кажам :$
     
    На Yowannty и Doozy им се допаѓа ова.
  7. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Имам едно прашање. Што доколку партнерот ја увиди грешката, се извини и побара помош? Дали би се развеле? Само карикирам.
     
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.683
    Допаѓања:
    116.511
    Пол:
    Женски
    Јас не би простила ни еден шамар,па макар и искрено да ми се извини,исто како што не би простила неверство.Ќе си заминам и ќе се разведам.
    Сум се жалела од татко ми на форумов,но за некои совети сум му вечно благодарна.Ми рече дека никој не смее да ми кубе влакна од глава и не смее да ме удира,ниту еден шамар.Ако дојде до тоа,да си ги спакувам работите,да му се јавам,да се вратам дома и да се разведам.Не сум те одгледал и пазел за некоја будала да те вреѓа и мава,ми рече.Па,ете,знам,ако имам проблем со партнерот,можам да се вратам во мојот дом.
    Но,за жал има родители на кои побитно им е што ќе речат комшиите отколку безбедноста на нивното дете.
    Сепак,советот до членката да не му прости и да си замине е подобар отколку советот да му даде уште една шанса на сопругот и да ризикува да биде уште полошо удрена или претепана.
    Членката треба да разговара со нејзините родители,а ако не наиде на разбирање од нивна страна,тогаш треба да му се обрати на некој друг од фамилија или на нејзини пријатели.
     
    На cresa-jagoda и Forca им се допаѓа ова.
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Ретко која од првиот шамар си заминала и не се вратила. Повеќето дале уште една шанса најмалку.
     
    На 0ли, Milobebence и WildMk им се допаѓа ова.
  10. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.943
    Пол:
    Машки
    Во право си, не смее да се прости насилство па макар еден шамар, но дури и да се прости, не постои гаранција дека такво нешто нема да се повтори во иднина, од причина што ако мажот успеал да го пројде првиот пат т.е. ,,да ја скрши кочницата за насилство", тогаш вториот пат ќе му биде уште полесно да посегне на насилство.
    Со други зборови првиот пат е најтешко да се прибегне кон насилство, но ако се совлада самоконтралата, тогаш веќе вториот пат е многу полесно кон прибегнување на насилство, веќе третиот пат е неизбежно, а после третиот пат веќе станува навика и насилникот тоа го прифаќа за нормално однесување.
    Затоа велат еднаш насилник секогаш насилник, затоа не простувајте на насилникот туку бегајте подалеку од него и обавезно пријавете во полиција за да насилникот одговара за неговите постапки.
    И никогаш не заборавајте не сте ништо помалку од било кој за да тој некој да применува насилство врз вас.
    Секогаш почитувајте се себе си!
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MeAfterYou

    MeAfterYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2018
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    767
    Пол:
    Женски
    Ме интересира искрено што направи?
    Си замина, се разведе, со него е, кај е.. ?
    Само затоа што искрено мислам според мене му прости, па затоа чисто онака..
     
    На Milobebence и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  12. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Додека жени оправдуваат насилство врз други жени секогаш ке има дури и убиства семејни.

    Секако да ја не сум или икс личност боксерска вреќа, ај јас ке му скршам вазна од глава и да му се извинам после па дали вреде?
     
    Последна измена од модератор: 8 септември 2019
    На cresa-jagoda, Milobebence, ЕденЧлен и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Bicous-paris

    Bicous-paris Нов член

    Се зачлени на:
    27 септември 2019
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Здраво
    При расправија маж ми ме искуба,држејќи го јас малото во раце ми пријде и ми го истегна репот,јас плачев и му велев "немој пред детето"...оттогаш се случи и во вожња да се поремети ќе се налути и почна да вреска, да ме вреѓа со секакви зборови и да ни ја доведе во прашање безбедноста јас позади го молев поради детето да престане да застане малку дека се ќе сторам како сака само да застане...расправиите се најчесто поради неговоте,живееме во иста куќа па се мешаат или наметнуваат нешта...тој мосли дека сум му ја зацрнила фамилијата така ми рече воедно говедо ми рече и ми посака пари за свеќи да сум давала...што мислите дали е ова семејно насилство?откако се случи ова сум некако скршена и како длабоко во мене да знам дека веќе неможам да седам сп него..но несум си заминала сеуште поради детето седам ...
     
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Оди кај твоите.
    Семејно насилство е.
     
    На H.VAGA, oblace1, 1209 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.683
    Допаѓања:
    116.511
    Пол:
    Женски
    Да,тоа е.
    Замини си.И ти и детето треба да се тргнете од него.
     
    На oblace1, cresa-jagoda и Annora им се допаѓа ова.
  16. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.170
    Насилство е... и само може да ескалира кон полошо, никако кон подобро. Немаш иднина со таков
     
    На oblace1, Someonespecial, mileystar и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Насилство е. Баш поради детето и треба да си одиш. Подобро дете кое има разведени родители отколку дете што живее со 2ца родители кои секој ден се караат и тепаат...
     
    На Kenny, oblace1, Angie1432 и 10 други им се допаѓа ова.
  18. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.124
    Пол:
    Женски
    Секако дека е насилство ,биди храбра и замини си за твое добро и доброто на детето ,според мене насилници не се менуваат а работите можат да ескалираат само кон полошо.
     
    На oblace1, Someonespecial, joy1 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.584
    Пол:
    Женски

    Поради детето седам
    е најлош можен изговор. Поради детето баш треба да живееш во здрава средина, без нервози, кавги и насилство. Детето никогаш нема да ти рече фала за тоа, оти не е за фала. И за него е лошо да расте покрај сето тоа.
    Замини од таа куќа, па најдобро е да му кажеш дека не сакаш иднина со таков човек. Ако ти се заканува поради тоа, пријави го за семејно насилство (што досега веќе и требало да го сториш).
     
    На Kenny, KateKane, ЕденЧлен и 10 други им се допаѓа ова.
  20. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    после ова што ти го рекол јас не знам ТИ како можеш да останеш со него,прво за себе. После таков човек кој не може да биде маж тешко дека може да биде татко. И изговорот дека за децата сте останувале во брак... Корист ли некоја ќе имаат децата ако останете во брак со такви насилни луѓе? Корист ли некоја ќе имаат децата ако гледаат и слушаат кавги секој божји ден?
     
    На oblace1, cresa-jagoda, Annora и 2 други им се допаѓа ова.