Остави го веднаш! Ако останеш, не само ти, туку и детето ќе страда уште повеќе. Ако не мислиш на себе, мисли на детето и замини си веднаш заедно со детето.
Ваквите теми секогаш ќе ми се најболни. И немаше да коментирам, се сте кажале веќе ама морам едно нешто да потенцирам. НЕ СУМ ЗАМИНАЛА ЗАРАДИ ДЕТЕТО е најлошото нешто шо можите да му го напрајте на сопственото дете. Јас сум дете пораснато во средина со семејно насилство и мене ме уништија! Години шетав по писхилози, се борев со анксиозност и напади на паника и до денот дури умрам јас ќе имам големи трауми заради то шо мајка ми останвала ради децата и „шо ќе речат луѓето.“ Не можам да сфатам како мислите дека е подобро за едно мало дете да гледа насилство и малтретирање во оформувачки години од едноставно да има разведени родители. Не можам да ви објаснам колку пати јас си имам речено ех барем да се разведеа, можи немаше мајка ми на гроб да ја посетувам. Ако се решавате да останите со насилен маж како во првиот случај, тогаш барем немајте деца. Не сум мајка и не знам како е да имам дете, ама од сега знам дека ако некогаш го имам ќе ми биди на прво место и ни маж, ни околина, ни никој и ништо нема да ми биди поважно од него. Толку.
се сложувам. Јас како мала немав проблеми моите се воздржуваа од караници расправии. Ама никогаш не забележав дека меѓу нив имало љубов и разбирање никогаш не сум забележала дека ги има сите важни семејни особености. Одкако пораснав забележав Живеела цимерски живот ме воспитуваа на различен начин мајка ми на многу различен татко ми. Е тиквата пукна во одреден период. Дома уште што не почнаа да се колат меѓу себе. И ден денес е така и не знам каде да барам чаре за спас на мајка ми. Не ја сакам но не можам да гледам како трпи и физичко и психичко насилство.
Ова пријавувањево е шило со две острици, само да си знаете. Прво пробај ти да збориш со таткоти или ако имаш и брат/сестра заедно да видиш дали ќе се смират работите. Ако не бива тогаш пријавувај ама никако одма... Од паталец е ова. Веруј. Кај нас само така се смирија работите кога имаше проблеми.
Не оправдувам насилство во била каква форма ама секогаш сум за работите да се решат со збор пошто од тоа нема подобро. Инаку самиот чин обично ќе предизвика дополнителни проблеми да тој се настрои и против децата. Јас сум секогаш да се проба прво со збор ако продолжува тогаш нека пријави кај што треба. Ако успее со збор тоа е најдобра варијанта...
Тоа е плус, има случаеви кај што имаат големи врски и со власти, шефови, директори и тн и може прав да излези накрај. Да не навлагам offtopic. Во државава наша во моментов прво со збор да се проба најдобро е и тоа од некој што му значи, ако му значи...
Па и вака тој не им мисли добро на своите деца, кога ја малтретира нивната мајка. И да се настрои против нив, што ако? Не им треба таков човек за татко! Што подалеку од него, тоа подобро. Мирна глава ќе имаат и мајката и децата.
Во право си донекаде, обично не се ни свесни за тоа дека со тоа вршат насилство и кон децата. Ако може да се освестат со збор арно, ако не дргата варијанта
Ни еден маж, ни една жена, не вредат колку уништеното детство. Се мажите заради родителите... комшиите? Не, заради себе... за да оформите семејство, за да го поминете животот со некој покрај себе. А тоа не е можно со насилник покрај себе... тоа не е можно се дете кое заради проблемите во бракот, ќе израсне во асоцијална личност... Затоа, ставајте крај на таква врска или брак... Не се умира од еден развод...
Пак ќе речам зависи што човек и до карактерот ама и до големината на проблемот што го расправаат. Кај нас исто имаше проблеми скоро месец се додека не решивме да седнавме ние како деца (мада бевме над 18 во моментот двајцата) и зборевме со него и толку заврши се. Од тогаш за среќа немало инциденти еве неколку години поминаа и е горе долу пак ја има добрата атмосфвера што си беше пред тоа. Според мене вреди да се проба.
ме растажи сликава сериозно. А околу мојата приказна можам реферати да пишувам и нема да биде само маж ми ме удри. Ако некој е расположен за разговор нека повели во порака. Има од тато ја удри мама до мама е истепа мене семејно насилство ... Свашта има.
И на двете членки кои се пожалија во темава,ситуациите нема да им се решат со зборување. Нормален човек само благо повишува тон,не удира,но нивните мажи ги удриле.
За да пријавиш некаде треба да имаш соработка од жртвата. Да пријави во полиција следно ударање, да има доказ - потврда од доктор за нанесени телесни повреди или психички трауми. Најчесто жртвите не сакаат да соработуваат. Имам пријавувано жени што се жртви на мажот и синот, ама коа нема соработка од нивна страна - џабе. Разговарај прво со жртвата дали сака помош.