Точно. Треба да биде силна и да оди напред ради пред се детето и за себе. Без реакција и борба нема да успее во ништо.
Јас познавам мајка која не пријавуваше никако, на крај таткото се бореше за детето а нејзинот мубет беше отпосле ама он ме тепаше, судијата и рекол дека он за тоа докази нема, ако пријавувала на време во полиција ќе имала основ, вака се е рекла казала. Од искуство, за среќа не мое, советувам.
Во ред е. Во право си. Муабетот беше да ја поттикнам да реагира ако сака да успее нормално. Иначе ич не е лесно со ваков... ич. Поготово со криминалец. Ако има позадина и подршка ќе успее без е тешко. Се надевам дека нема врски во мвр човекот оти Мк во мн наврати и таква знае да е за жал...
У право си, ако имаш чоек у полиција пријави не постојат за тебе. Нажалост! Мислам дека си се збунила, она е со свекрвата што не и даваше да и биде мајка на ќеркичката, не и даваше да ја држи и да си ја земе до себе, ќе ја повредела. Поодамна пишува за нејзината мака.
У бившо маало комшијата ја тепаше жена му... сол правење секоја недела. Оваа ќути трпи. Еден ден почнал по ќерки по жена по сите да мава, и ќерка му викнала полиција. Полицијата го носи у станица и судија одредува мерка не смее да се приближи на 100 метри ли не знамколку до жена му.... знаете дека жена му и децата си живееја дома, свекрвата на приземје, а он под мостото 30 дена? Сеа пак нека ја тепа. Другитекомшии, имаат сиинови. Типот си ја тепал секогаш жената, ама кога синовите начукале по 16 18 години, овој фатил да ја тепа, и они него тепање со скршени ребра, фаца, и една рака пукната. Болница 2 недели, паднал кажал. Од тогаш само ќути дома и нема глас. Некогаш... децата се похрабри од родителите.
Бог да го прости тато, ама му имам дупнато нос. Не не тепаше, многу ретко креваше рака, ама мене во еден налет на лудило ме има удрено клоца во бубрег и ден денес трпам последици, епа он шеташе една недела со дупнат нос и спиеше на стомак од што го болеше грб. Мама беше немој што ќе рече народот, како ќе го пријавиме срамота е, ама на него паметот не му дојде и од алкохолот си умре.
Тој штом така те удирал сигурно ќе те удри пак, твое е да одлучиш дали ќе трпиш насилство или храбро ќе си заминеш ,не само поради себе си туку и поради детето ,штом он си дозволува така да те удира ситуацијата може да ескалира секој момент, од каде можеш да знаеш дека утре нема да те претепа ? Насилник останува насилник.
Веќе се ти кажаа, јас само да додадам, никако ама во никој случај немој да бегаш од дома без детето со намера да се вратиш подоцна по него, оти таа ситуација може да биде искористена против тебе на суд.
Затоа отварање очи со кого стапувате во брак,си го знаела каков е,најмногу се иритирам кога сте свесни,сте знаеле се и упорно со таков човек фамилија основате,ништо подобро не сте ни можеле да очекувате,бегај побрзо,греота детето.
Веќе ти е кажано што треба да направиш,на тебе сега останува но сметај дека ако заминеш назад да не се враќаш никако дури и во случај да те моли и да ти кажува дека ќе се промени и дека се ќе биде во ред. Нема да биде,ваква багра од луѓе не се менуваат.
Најмалце нешто што и требаат на девојката се вакви коментари. Демек кај ти беа очите, кај гледаше, што се мажеше за таков и слично. Да, се согласувам дека треба да се стави крај на нештото при црвени картони и поминување на линии уште пред брак, верувам и она самата е свесна, али во моментов тој муабет само и ствара нервоза а не помага. Најмногу од се се иритирам кога боксовите ги насочуваат спрема некој кој е физички многу послаб од нив. Ако веќе ете има желба да се тепа слободно нека одбере некој колку него или посилен па нека го удри... Ама не, тогаш се кријаат како пички а силата си ја покажуваат на некој послаб. Најпрвин осигурај се дека имаш кај да си заминеш. Кога ќе се појавиш модра дома сигурно нема да им биде сеедно на твоите. Ниеден родител не е имун да си го види детето малтретирано, освен ако не се некој негов калибар секако дека ќе ти помогнат. Крај краева нивното живеалиште ти припаѓа и тебе, ако си се омажила не значи дека по автоматизам губиш право на таа куќа. При секој сусрет со него имај уклучено рекординг, нека се сними убаво се што ти зборува. И да не ти го валидира тоа некој како доказ, сигурно ќе ти помогне во секој случај против него. Правни совети ти дадоја многу постручни од мене во тоа поле, почни од некаде. Вакви како мажуливе твое ми се на врвот на гадење на скалата. Ми нема ништо погадно од насилници, колку и да не сакам насилство некогаш посакувам еднаш да осетат на своја кожа како е да те нападне некој физички појак. Па нека удираат пак.
Ќеркичка имам 10 месеци е живееме у заедница со свекор свекрва и сетра и брат на мм ама брат му више подолго време не е у мк не живее со нас.
Во право сте, за жал, ситуацијата во Македонија е таква каква што е, единствено решение е, за да се истера правдата до крај, уште од сам почеток жртвата на семејно насилство да има ангажирано адвокат, поинаку пристапуваат во полиција кога ќе отиде да дава изјава преку адвокат, или кога адвокат ќе поднесе писмена кривична пријава против насилникот, тогаш се' се документира, и не може на насилникот да му помогнат врските ако пред себе има упорен адвокат, а нема адвокат кој не е упорен. Доколку нема можност да ангажира адвокат, од Министерство за правда ќе и овозможат бесплатна правна помош и министерството ќе ги плати сите трошоци за адвокат, за вештачење, за судски такси. Само треба како жртва на семејно насилство да се обрати до Министерство за правда и приоритетно ќе и овозможат правна помош од адвокат, ова е согласно новиот Закон за бесплатна правна помош кој стапи на сила од 01 Октомври 2019 год., сега е навистина пристапна правдата до жртвите на семејно насилство, само треба да бидат храбри и да побараат помош.
да во право си,но и покрај сите тие дела тој па си тера по старо и ни полиција ни никој не презема мерки. Тука е проблемот. Тешка ситуација е зашто човекот е психички нестабилен. секакви ситуации има нека собира храброст женичката за да се тргне. Еве овие два примери нека и се поука.
Не ја обесхрабрувајте со тоа врски па врски, да имал јак човек одвнатре не би имал историја на криминално однесување од минатото, во досие. Поригорозно е третирањето на семејното насилство сега отколку порано, секако ако жртвата е децидна и има докази во вид на полициски записник и медицински извештај.
Ќе се бори таа, мора да се бори не ја обесхрабруваме. Туку само зборувавме и за темната страна на нашата држава, обично оние со криминалие се заштитени од полиција.. грото. Знам од искуство. Ама јас да сум ќе пробам и ќе се борам. Решение мора да има. Не се трпат шамари и тепање секојдневно па тоа не е нормално. Ако има жената а сигурно има грб позади себе ќе успее, мора да успее.
Синоќа не отиде на работа ама разговаравме и решивме да се разделиме дека така најдобро ќе биде за малата. Премногу работи се десија и многу се повредивме и он разлислил дека најдобро било да се разделим. Денес ќе си одам кај моите со малата спакував нјаосновји работи другото накнадно ќе го земам. А за старателство ќе биде како ќе реши судот се надевам дека мене ќе ми го даде а он дека него...