Само најди си добар адвокат, не штеди на адвокат, тоа најмногу ќе ти заврши работа. Не спиј на уво дека е криминалец ќе му го доделат детето на него. Сега со тоа што си тепана не можеш да направиш ништо, не си пријавила и на суд ќе биде само кажано, нема докази, ама тргни се и никаков контакт со него, апсолутно никаков.
Искористи прилика и бегај, по можн Фала богу. Ете и се исполни желбата на свекрето твое, нека си бараат друга сега, а за маж ти што да се каже, претпоставувам после некој месец ќе си ја покаже таа што ја криел, зошто никој, апсолутно никој не би урнал брак од чиста мира. Секако насилник е, не ти треба таков, и такво семејство. Приберисисе и знам дека ти е криво за се, и знам дека звучи кско клише, ама девојко си се спасила. Тоа не е живот. Само една лоша епизода и можност за нов почеток. Гледај си ја ќеркичата и работи на себе.
Јас искрено секогаш грешката ја наоѓав во Амела, она беше таа што според мене не даваше шанса, не пристапуваше, и не сметам сега дека она е во право маж и не е, она имаше од старт некако лошо поставено однесување со свекрва и, маж и немаше подршка за неа, проблеми, ама во овој случај едино победник е она. Искрено очекував повеќе стресови, повеќе натегање, се надевам дека он размислил убаво и ја донел одлуката правилно, но мора да се внимава сега, ако се обиде повторно да ја придобие, повторно да ја привлече, мора да постави гард нема попуштање.
Прва ноќ од кога се разделивме искрено мн чудно се чуствувам мислев дека ќе бидам среќна слободна ама не... не ми фали туку ме болат сите зборови што ми ги кажа омразата што ја видов у неговите очи кон мене начинот на кој ми ги кажуваше некои работи беа полни со омраза у самаите очи му видов зборовите кога ми викаше мрш можеш да си одиш ти сама ама малата не итн. Зошто со што заслужив после пораѓајов се трпев на се акоро ќутев понижував самата себе не ми дозволија на ќерками како сакам јас како мајка да правам не сум била искусна итн на се ќутев и на крај кога го прашав зш со толкава омраза ме гледаш до пред да се породам толку мн ме сакаше чуваше а сеа што се смени уше од првиот ден со моето доаѓање дома од болница...одговор нема. Ме боли душава не ме болат шамарот и ударите по глава колку зборовите и очите полни со омраза. Заминав се разделивме и малава не е спокојна цела ноќ не спие мирно плаче се плашам како влијае се ова на неа мала е си викам не разбира ама сепак чуствува и она.се надевам ќе го надминам сето ова една ден...
не е лесно. Разделбата иако некогаш е најдобро решение не е лесна. Остави на времето. Битно од лошо се спаси сега те очекуваат добри денови само имај позитивни мисли му требаш на девојчето. Биди силна се ќе се реши
Izdrzi nekoe vreme i ke pocnis da go blagoslovuvas denot koga go ostavi ...ke cuvstvuvas gorcina beS neveRuvanje no so tek na vreme ke se navikneS ke si napravis paralela na vremeto sega i po edna godina i ke ja vidis i osetis razlikata.NIKOJA ZENA AMA BAS NIKOJA DA NE TRPI NASILSTVO BEZ RAZLIKA KAKVO BIDEJKI OSTAVA TRAJNI POSLEDICI ...NIEDNA AMA BAS NIEDNA MAJKA NEMA RODENO DETE ZA NEKOJ DEBIL PEDER DA I GO SKRATUVA ZIVOTOT!!! I uste neshto ako moze da kazam kako shto sfatuv imas i deTe prijavi go za semejno nasilstvo i ti 100% dobivas na sud ama sepak e potrebno lekarsko uverenie
Читав низ темава и ....... членкава ми падна во очи,ја читав паметам пред неколку месеци во темата со свекрви и снаии. И тогаш пишуваше дека има син,од каде излезе сега ќеркичкава @Amelaaaa извини ако грешам,ама мислам дека си ти истата..... Спојлер: првиот пост
Малата не разбира. И не е правилна одлука да се разведете само. Треба да се разведете и да плати за ударите. Се надевам судот ќе му одреди да го гледа детето најретко што може. Да види што значи да се мава жена со детето в раце. Луѓе ако пишала некој детал изменат не значи дека е трол може и е страв да не и ја препознаат приказната.
Моментот од кој нема враќање назад е ако те удри партнерот. Тука треба да ја прекинете врската веднаш. И нема ни едно оправдување за останување ни ден после ударот. Толку.
Lugje ne gi pumpante lugeto odma da izreagirat taka bez da se mislat moj predlog. Lesno e na tugi grb da im vikate odma ostavajte nema nisto od toa hmm, familia si e familia ednas se prae za sekogash i ednas se rasipe za segoash i vise toa nemoze da se oprae. Inace @Amelaaaa bi ti preporacal da ne brzas. Na Albanski se vika Pyet 100 vetë puno si din vetë. ( prashaj 100 dusi raboti kako si znaes sama) Ne se brzaj. Lugje ne gi napumpajte ovie slucai treba soveti kako da se dojde do mir i da se prodje ne odma ostavi. Fala
Што треба, да ја прекрши од ќотек за да го остави? Или и тоа не е доволно? Кој еднаш мавнал шамар, голема е веројатноста да се повторува истото.
Јебеш таква фамилија у која секој ден те млатат, поарно сама него секојдневни тортури да трпи. Да се едитирам, сестра ти или некоја твоја блиска особа да е у ваква ситуација истиов совет ќе и' го дадеш?
Од пусто трпи и ќути си патиме... После не сме ги разбирале... Да кажеш на некој кој е тепан да преќути и да проба да разбере е грев. Ако не можеш да му помогнеш, не му одмагај...
За жал, јас имам вакво искуство со дечкото што бев пред оваа врска. Искуство со тежок психопат кој за жал подоцна си го покажа вистинското лице. Оваа приказна си ја знам само јас и единствено јас, само сакам да ви кажам дека на сите може да им се случи и има девојки кои поминале низ тој пекол, преживеале, се спасиле и иако тогаш изгледа како цел свет да ви се срушил и нема напред, со затворање на таа врата се отвара една голема со многу можности и благодарение на тоа искуство, сте многу пребарливи и внимателни, нешто што сме требале да бидеме пред да нагазиме на таква лепешка. Него го запознав преку другарка, како што делуваше на сите, така и делувал и нејзе, како јагне, беше и ептен згоден и убав и се фатив во стапицата. Одевме неколку месеци и се дешаваше бајка, ептен беше внимателен, нежен, разбран, цело време ми купуваше поклони кои како да сум си ги одбрала јас, значи беше ептен опасен во секоја смисла. Пошто бев заслепена од љубов и го сметав за совршен, решив да го запознаам со моите и тој беше единствениот и прв дечко што го претставив дома. Сите беа восхитени од него, се осеќав како да сум ја добила највисоката сума на лото. За божиќ тој ме претстави дома, супер семејство, мајка му градска разбрана жена, одма станавме пријателки. Пофални зборови за мене од неговите, уште поголеми од моите за него. Почна работата да станува сериозна што дури и некој дел од моето семејство почна да се дружи со дел од неговото и скоро секој ден спиев кај нив, присуствував на сите семејни прослави, ме сметаа а и јас нив за семејство. Со една реченица, совршена врска која имаше сигурна иднина. После некое време моја роднина правеше свадба во друг град, ние бевме поканети, имаше организиран превоз со бус и јас и овој заминавме, на свадбата супер, дури и муабети еве нас што не чека, едвај чекам, очекувај за скоро бла бла... Некогаш пред 100 години сум се дружела со некој дечко и тој беше таму, тотално небитен, не го ни заприметив. Заминавме, пред да влеземе во автобус јас и тогашниот ми дечко запаливме цигара на страна позади хотелот и мене ми стигна порака лепотице тебе те чекаме. Оној небитниот бивши пријател уште го чувал мојот бр и пошто не чекале да тргне бусот ми пишал да збрзнам, тој се погодил во истиот бус, ете пишал и тоа лепотице, ама јас нели не можам да влијаам на тоа. Викам ајде не чекаат и овој потпивнат ми вика чекај чекај лепотице? И сосема неочекувано, со цела сила и со задниот дел на шаката толку силно ме удри, секундарно почна да ми тече крв од устата и носот. Тоа беше шок, не можжев да поверувам дека е вистина, никогаш нема да го заборавам тој момент. Останав така некое време занемена, го гледав во очи и тогаш видов дека не е во ред и дека е тешко болен. Толку вреѓања и омраза излезе од него, почна да ме корне за коса, ама толку силно што другиот ден имав крв насекаде на темето. Не кажав ни збор, стиснав заби и го издржив цел ќотек кој се деси за време на секундата и ме начека неспремна и шокирана, заминав накај бусот и избегнував светло за да не ме видат. Седнав, тој до мене како ништо да не се случило, почна муабети со вујко ми и по некое време си заспа на седиште. Мирно си заспа, а мене ми крвавеше душата и телото до него. Кога се симнавме во нашиот град, јас брзо брзо се симнав блиску до кај мене за да не може да ме викне кај него, успеав да заминам без него, имам една тетка во едно село, сабајле рано заминав кај неа, на колешка и реков да ми пише одмор, со криење успеав никој да не ме запримети и тие денови додека да ми зараснат раните седев во село. Ми стигаа секакви пораки од него, од каење до закани, тотално игнорирав, кога се вратив дома кажав дека раскинавме зошто не одело, ме обвинуваа мене, ваков нема да најдеш никаде, ќе се каеш, ајде ќе созрееш ќе сфатиш, ме тераа да размислувам, да се вратам, болни паднаа за него... Единствената причина поради што не кажав за ќотекот беше баба ми. Знаев дека ќе и го скршам срцето ако кажам и ќутев и ќутам и ден денес за него. Тој не застана тука, имав многу проблеми после тоа, на меилот на раб пишуваше глупости за мене, разговараше со моите претпоставени демек јас сум правела некои работи против фирмата, измислени секако, измислуваше разни глупости и за моите, мене ми се закануваше со убиства, ме следеше насекаде, колата ја гледав секаде каде што ќе одев, никогаш не одев никаде сама и фала богу не ме нападна некаде, психички премногу ме истошти тоа време, ама ни еден единствен пат не помислив да му вратам на сите пораки, а не па да му се вратам. Во моментот кога ме удри, престана цела љубов и восхит што ги имав за него, во тој момент тој за мене стана опасен психопат и единствена мисла ми беше како да се спасам. Приказната заврши со муабет дека јас многу пати сум го изневерила и затоа ме откачил, мислам дека и моите веруваат во тоа, а неговите веќе се убедени, ваљда си мислат среќа што се спасиле од мене на време, ме испобришаа на фб... Некој ќе рече дека е грешка што не кажав на никој, ама ако кажев никогаш во животов немаше да имам мир. Ќе ме прогонуваше секаде, во секоја најдлабока мисла, во секој човек што знаев дека знае, на секое ќоше и секаде засекогаш ќе преживував исто пак и пак и пак. Вака, исто како да не се случило. Погрешно поради него, а исправно за мене и мојот мир. Затоа, собирајте сила и бегајте. Стиснете заби и издржете го тој мачен период додека разделбата е свежа. Тој што ве удрил не ве сака, а вие не сакате психопат. Иако тогаш изгледа дека животот таму завршил, бидете сигурни дека баш тогаш животот почнува. Среќата чека некаде и кога ќе се спасите од вакви идиоти, ќе се сретнете со неа. Ве молам, немој да простувате ќотек, да го игнорирате тоа и да се надевате на подобри денови со човекот кој ве удрил. Подобри денови со него, нема да дојдат никогаш.
Gospodine ako ti se pisuva kako sto sakas pisuvaj jas ne navrediv nikogo toa bese moe mislenje i molim te koregiraj se sekoj si ima svoe pravo. Tebe ne ti go dal nikoj toj luks za da testiras logika ovde. Bidi covek kako sto treba
Гледам дека си машко, можеби затоа го оправдуваш ќотекот кон жената? Или си женотепач? Кажи ми ти друже, да беше жена, претепана од ќотек неколку пати, ќе молчеше од срам од околината? Искрено се надевам дека си саркастичен.