Многу се нервирам кога се оправдуваат насилниците, а за жртвите се збора демек преувеличувале и слично. Значи никој не е должен да трпи физичко и психичко насилство. Подобро е развод од колку дисфункционално семејство каде ќе страдаат и партнерот и децата.
Никој не треба да трпи насилство. Секој треба да бега одма по првиот удар,а не да чека да станува полошо.
Џабе е.. оној кој не доживеал, оној на кој блискиот не му доживеал, оној кој нема емпатија, и оној кој поддржува насилство нема да сфатат. Ние нормалните, барем ќе ги сослушаме ако ништо друго. Ете некој ќе се дрзне да каже, стисни заби. Жално
@bicycle Me sfativte pogresno, ne dozvoluvam kotek nikako i sum mnogu protiv toa. Sakav da kazem deka lesno e za drugi ljudi da se rece odma divorce ne e tolku lesno za eden samar ne se prae drama. Zenata sto si ja ima mukata dreba da izmisli i da si najde nekoe care drugo ako veke ne ide si dosal do xidod i togas veke e kraj. Ipak moe mislenje jas se razocaram kogaj slusam vakvi sluacai i zato pred se mora da se najde nekoe care. Samo smrt nema care .
Кое е чарето? Да чека да ја претепа од ќотек? Да заврши до болница? Која е крајната граница, ме интересира. Или пак да гледаат децата како родителот им ја малтретира мајката со кои што ќе им се појават трауми, тоа ли е чарето? Каков пример би било тоа за потомците?? Никој, ама баш никој НЕ СМЕЕ да трпи насилство. Ако има еден шамар, ќе има и втор, трет, до безброј. Ако партнер ме удри, нема да дозволам да има втор пат. Не ме родиле мене да трпам малтретирање од некој кој не знае да ја контролира нервозата па се решава со ќотек. Нека се издува на некого кој е на исто рамниште, пичка со пичка, разбираш, тие што удираат се пички. Ова не е само за во брак, туку и за во врска.
Zato sto mladitet ne pustat ni enda strana doslo do ovoj stepen kade smo sega. Vo leto ima 10 iljadi svadbi vo esen 80 posto od niv se razdeleni so deca ili bez. E sega kako ke rasnat tie deca samo so edniot roditel kade sto gospod naprael deca da rasnat so 2 roditeli. Zato si vikam deka treba da se goltat nesto od sekoja strana i da se prodolzi natamu nemora odma se delime i gotova cela Serverna Makedonia se razdeleni. Prasajte majkite vasi i tatkovi kolki pati imale problemi pa ne se razdeleni, pa i obranto razmislite vie da bevte eden od tie deca sto ke dojde tatko da te zema 1 nedela za da sedis so nego pa posle da dojde majka da te.zeme.
Друго е да се има некој проблем пример немаат исто мислење за одредена работа двата партнери и поради тоа да произлегуваат кавги, а сосем друго е насилството. За насилство оправдување нема. Секој човек има когнитивен систем и треба да го користи и да размислува за своите постапки.
камо да се разведеа моите.Ама ете ради такви како тебе и твоите размислувања останаа у нефункционален брак.Од голтање проблеми ,малтретирање и што ти не мајка ми се разболе и умре.Чешки да беше по храбра па да му ебеше матер на такозваниот ми татко на време...Подруго ќе беше.
Леле @irrelevant леле. Го прочитав постот уште кога го напиша, уште ми е во глава, секое влакно на кожава ми се наелектризира, уште нервоза ме држи. Секоја чест храбро девојче, инспиративен е твојот пост и мислам оти треба да се закачи на првата страна секоја девојка што ќе преживее нешто вакво да го прочита и да сфати дека не треба да трпи и како треба да постапи. Се надевам само дека нема да налета некоја друга девојка на него и дека ќе си остане сам со боксовите. Сељачиште одвратно, УФ!. @Johndeer фино ќе те замолам да одлепршаш од теми каде жена е жртва на ќотек и да не продаваш пуфки за соживот со насилници кога ниту си осетил на своја кожа како е ќотек да ти удри партнерот, ниту пак знаеш што значи насилство во врска/брак, ниту пак знаеш како им е на секоја од девојките што пишале овде во потрага по утешителен или охрабрувачки збор. Еден шамар не е никогаш еден шамар, а и да е, преминување на црвена линија е и никако не треба да се толерира, престанете да користите невино нешто како што е детето во одбрана да не реагира жената никако. Еве паралела да направиме, ако на спиење ти го брцне ножот еднаш, сигурно нема да пишуваш по форуми дека госпо така сакал и дека не треба драма да се прави според тоа. Одвратни суштества сте вие што сте вакви, колку деца само израснале осакатени и колку жени си легнувале голтајќи солзи ради вас, ај да прекинам овде оти се нервирам.
Абе луѓе, нормално дека треба да се работи на проблемите и треба да се решат, ама секогаш има некоја разумна граница што НЕ треба да се премине. Шо ќе решаваме бе со ќотек?! А да не зборуваме колку луѓе ќе беа разведени ако немаат заеднички земано кредит или не се финансиски доволно моќни во државичево. Уште памтам една статистика за Данска, ако не се лажам, води по разводи на светско ниво. И знаете шо е нивниот коментар, на прашањето како работат да го сменат тоа? Дека не прават ништо да го сменат и дека иако не им е мило што стапката на разводи е во пораст, дека им е мило што жените ИМААТ доволно слобода - слобода во секаков смисол, финансиска, општествена - да прават така како што е најдобро за нив и за нивните деца. Затоа стапката на семејно насилство таму е многу, многу ниска. (сакам да речам непостоечка ама ќе треба да гуглам за да го проверам ова, па ај ќе речам многу ниска) А од ќутете да не пукне срам, пукаат многу шамари.
Не знам дали ќе зборуваш вака ако тебе некој ти удри бокс или шамар. Човек може да се трауматизира и од еден удар,па да е и удар по задникот. Никој не треба да чека оти по тој еден удар може да следуваат сто или милион. Разводот е единствено разумно решение!
Никој/а не е најден/а на улица за да трпи психичко и физичко (семејно) насилство. И еден шамар е повеќе од доволна причина за развод.
две-три пораки до "мажиштата", кои од незнам каква причина (а по мене не постои оправдана причина) планираат да кренат рака на сопруга.. 1. Помисли дека и ти имаш мајка а можеби и ќерка и дали би оправдал ќотек врз нив? 2, Таа што мислиш да ја повредиш можеби има татко, брат и секако полиција а шамарот чини 5000е и условна казна затвор затоа што не само што е физичко насилство туку е и нарушување на честа и угледот 3. Памет во глава кога креваш рака на таа што ти готви јадење....се бидува
За жал има многу со вакви размислувања..родители што викаат епа трпи ќерко ти си го одбра. Или ех за една шлаканица ќе растураш фамилија децата на улица, демек она е виновна Никој не е должен да трпи ни подигање на рака кон него а не пак шлаканица недај боже нешто повеќе. Животот е прекраток за некој кретен да се однесува кон вас полошо и од животно. А ако немате жал за вас и сте мазохисти барем или не раѓајте деца или имајте жал кон нив за да не имаат за цел живот трауми.
Е оди разубеди ги таквите со размислувања од праисториско време... А ги има многу такви и жртвата нема поддршка од своите најблиски и уште повеќе тогаш е малтретирана и омаловажена од насилникот маж. Абе коса ми се крева, таквите секој ден би ги тепала, па може ќе разберат низ што поминува нивната ќерка.
Викаш за еден шамар драма не се праи и жената треба да ќути? Ти женет си? Си ја потчукнуваш така жена ти и она си ќути, нели? Пошто за еден шамар не е будала драма да прави. Така си ја научил жена ти, и така и децата ќе ги вопситуваш. Ако е женско нека ќути за еден шамар, ако е машко нека ја тепа жена му...што е еден шамар? Денес еден шамар, утре бокс, после забите у рака си ги собира...Ама битно комшиите што ќе речат. Срамота е divorce да има. Пу, пу скраја да е. Шамари пред деца и силување у брак може, ама за развод што ќе рече Госпо. Па жена, пријателе мој, за што служи друго освен за шамари и празнење у неа? Браво господине. Многу убав совет давате на форум каде претежно има млади девојки. Ни беше чест што го споделивте вашето мислење со нас. Одете сега и удрете некој шамар некому...За да ја докажете машкоста де. Поздрав.