Ја избрка девојката Ги разбирам сите кои сакајќи да ја зачуваат приватноста менуваат некои податоци за себе, ама кога ќе им се испушти и кажат поинаку очекувам да се оправдаат, исто како што очекувам дека треба да имаме разбирање.
Ве молиме дискусијата на темава да ја продолжите со смирен тон и без навреди едни кон други. Во спротивно ќе следат соодветни санкции. Членот @Johndeer има бан од темава заради пцуење на член, за што беше претходно опоменат. Секое однесување исто со неговото ќе биде и исто третирано. Ако забележите исто или слично однесување од било кого, Ве молиме не се впуштајте во кавги туку едноставно искористете ја опцијата ,,пријави''. Однапред ви благодарам за разбирањето и соработката од ваша страна.
^ Дечки не е страшно, повеќе од очигледно е дека нејзината ситуација е реална. Претпоставувам на почеток сакала да биде непрепознатлива па затоа сменила по нешто, бидејќи сепак открива многу лични проблеми, ама после вероjатно заборавила што напишала. Не верувам дека има нешто друго позади тоа.
да,секој има право на свое мислење ама твоето е многу погрешно и верувам дека читајќи низ форумов и гледајќи што се случува околу тебе треба да имаш свест дека некои работи не се трпат и да не даде Господ за памет да осетиш на своја кожа.
Чудно ми е кога ќе чујам дека некоја била тепана или молтретирана од сопругот/момчето, затоа што во мое опкружување е нешто непознато. Па кога ќе разберам за некој дека е насилник, уште повеќе се чудам какви се тие девојки што трпат. Не можам да замислам некој да ме навреди, а камо ли да ме удри. Некој да ме удри, тогаш инстинктивно ќе ми дојде да му ѕвекнам една цигла по глава. Ама тоа, дека требало девојката/сопругата да трпи, најверојатно доаѓа од темпераментот на карактерот, од некое си несфатливо воспитување дека тој те поседува или од неедуцираноста. Што знам. Сум се судрила со особи кои се молтретирани, било физички или психички, сеедно, и сум се обидела жестоко да им укажам дека не треба да молчат, а тие со некој меланхоличен и монотон глас ми викаат "Така ми било пишано." или "Таков ми бил животецов.". Е на ова милион пати сум кажувала дека не е пишано, туку сами го пишуваат со премолчувањето. Буквално ми се меша во стомаков кога ќе слушнам за насилство, па камо ли да биде премолчено. Ако е некакво оправдување да се премолчи насилството, заради да не се растури семејството или да не останат децата ни угоре ни удолу, па да гледаме од друга страна, дали е здраво децата да гледаат дека мајка им е тепана. Се разбира дека не е нормално. Што ќе научат тие деца. Девојчето потајно ќе бара партнер што ќе ја тепа, сметајќи дека тоа е океј, а момчето огледувајќи се на таткото "херој" ќе почне и тој да ја тепа сопатничката. Обично насилниците се посесивни типови и манипулатори со животот на жената. Тие сметаат дека ја поседуваат неа и само и задаваат некои без врска правила и норми со цел да ја имаат под контрола личноста. Ако треба без потребно ќе растураат по дома, за таа да зема да чисти, ако треба на чистите алишта ќе им бара флеки со цел да ја понижи и омаловажи, па таа да земе да ги преперува, со цел девојката да нема слободно време. Ако реши да излези со пријателки тогаш тој "силниот" ќе и изнајди, "Ако сакаш да излезиш, носи ме и мене." и така за да ја натера да се повлечи од социјалниот живот. Ако некогаш одлучи му се спротистави на ваквиот "кодекс на однесување", започнува да ја навредува, тепа итн. Насилниците се исто така болно љубоморни типови кои секогаш им кажуваат на сопругите дека ако излезат сами некој ќе зјапа во нив или нешто ќе им направи. Ќе ги направат сопругите да се чувствуваат неспособни без нивното бесполезно опкруживање. А од сево ова уште повеќе ми се гади кога знам дека се уште постојат вакви изроди на планетава Земја .
Ме немаше подолго време но ми требаше време да се созема се случија мн работи. да најпрво сакав да скријам дека имам ќерка и сменив син пишав не сакав а и се плашев да не ме препознаат зш пишував лични работи и еве ме после некое време да кажам дека открив дека мм имал и љубовница. Више се се откри. Останала бремена ќе си имаат дете .мојата бивша свекрва дојде неколку пати ме молеше да се вратам да не растурам фамилија ама од кога дознав за швалерката на мм ја снема нигде ни внуката ја нема побарано да ја види исто и он како татко го нема нигде. Мн ми беше тешко посебно кога ја открив оваа вистина па и дека ќе има дете со друга. малце паднав у депресија но сега сум добро се трудам за ќерками да бидам силна ... очигледно ќе и бидам и мајка и татко
Ти направил услуга. Себичен и беден човек како него, не ти е потребен во твојот живот. Биди среќна што се имаш спасено.
Биди среќна што си се ослободила на време од таквиот човек. Болно е, ама млада си и имаш уште многу убави моменти што треба да ги доживееш. Се тече, се' се менува...
Животот е тркало, никогаш не знаеш што може да те снајде. Почнувајќи од свекрва ти, па натака. Никогаш очигледно не си ни била прифатена во таа фамилија како треба. Така требало да биде ете. Живот иде даље. Посвети и се на ќерка ти, таа е најбитна. Ако некогаш пак треба да бидеш со некој, предвреме гледај дали вреди да се обидуваш воопшто. До тогаш најди си работа, грижи се за детенцето, што е твое ќе си дојде.
Не вреди да се нервираш за животни. Добро е што ја знаеш вистината. Со лаги уште повеќе ќе се измачуваше. Ти си таа што во случајот е во право, и кога тогаш нему ќе му биде криво за се ова, ама кога не мислел на време никој друг не му е виновен. Знам дека ти е тешко, но твојот живот и животот на ќерќата е највреден моментално. Тешките денови нема долго да траат. Ќе дојдат и убави денови. Биди среќна и искористи го времето квалитетно да го поминеш со ќерката, а не да се затвараш и да те фаќа депресија Запомни, такви животни не ти се потребни во животот. Тој не те заслужува тебе.
Развод одма! Маж ако еднаш удрил жена, ќе биде исто и втор и трет пат. Не оправдувам насилство никако во никакви услови нема оправдување за маж што удрил жена.
Ве сфаќам дека со добра намера кажувате тој што удрил еднаш ќе удри пак, но нема потреба да се зборува за тоа бидејќи и тој удар што се случил е доволна причина за развод. Тоа е една од главните тактики на насилниците, ветуваат дека никогаш повеќе, и за да не сфати некоја жртва овде дека ако навистина во иднина не ја удри пак, дека нема причина за развод.
истово и се случи на сестра од моја другарка. Шокирана сум од машкиот памет. Во глобала. Не се жени бе ко не можеш жена да гледаш. Таа па сирота 3 месеци од како се породи дозна дека мажот има 2 годишно дете со друга жена.
What?!?! Сериозно ова?! Не сакам да прашувам вакви лични прашања, ама што не си ја земал таа со која има 2 год дете туку земал друга за да уништува туѓ живот?!
не се доизјаснив. Ова од 3 месеци им е второ дете. Имаат уште едно од 9 години. Како и да е не би требало да и направи второ дете кога веќе има едно со друга. Не требало уште едно да зема на душа. Според мене. Условите за живеење им беа катастрофа не дека немаа средства за да обезбедат подобри услови ама ете. Јас многу сум изненадена. Којзнае и живеачката каква им била
Izdrzi mila bidi jaka ...bidi hrabra ne se vrakaj...koj gradi gnezdo na tuga nesreka sekogas ke nema sreka ....do prva ke slusas kako ne im odi ili pak ke glumat pred narodot...baraj alimentacija baraj se shto ti sleduva samo nemoj da dopustis da bidis uste ednas povredena...majkite shto se istovremeno i majka i tatko se lavici niv kapa treba da im se simni