1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Маж ми ме удри

Дискусија во 'Брак' започната од BellatrixF, 29 август 2019.

  1. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Срцка, треба да славиш, си се спасила од цел живот мизерија со тој нечовек. Не паѓај во депресии, зарем е вредно за него? Тој таму си ужива, а ти плачеш. Главата горе, ова не го гледај како паѓање на дното, туку ти се створила шанса за нов живот.
     
    На Opeth1986, Nausicaa, Macito007 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.178
    Допаѓања:
    57.653
    Пол:
    Женски
    Многу ми е криво што најчесто си се извлекуваат господата без ништо да им се случи. Сега ми се јави една другарка, ми кажа за случка што се случила, многу грдо ми падна.

    Наша заедничка другарка идеше со еден, убав, образован, студии и работа во друг град, совршен демек. Типов цело време имаше љубоморни испади, али го трпеше другаркава некако. Еднаш се случи циркуз, се освести и го остави. Фати друга овој и се ожени со неа по само неколку месеци. Денес го пријавила во полиција за семејно насилство, ја прекршил од ќотек.

    Девојки сто пати е кажано на темава, ќе повторам уште еднаш. Не трпете ваков некој, штом ќе почнат да искачаат вакви некои работи прекинете дури не е доцна. Почнува со љубоморен испад а завршува во црна хроника најчесто нажалост.

    Сакам да знаете дека не е ваша кривица, дека не сте заслужиле, дека не сте единствени и дека не се господата во право. И пријавете ги, да го пријавеше другаркава сега веќе ќе имаше 2 кривични пријави од 2 различни жени тикваров. Не им ќутете, така само поголема сила си земаат.
     
    На thelittle17, Doozy, Rose96 и 21 други им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.581
    Допаѓања:
    155.746
    Пол:
    Женски
    Шамарот е веќе преминување на некоја црвена линија. Штом стигни до шамар е прекасно и не чекајте веќе воопшто и мислам дека е ситуација која не се решава со разговор. Ќе ветат дека никогаш нема да се случи пак, ама секогаш има следен пат. Долго пред шамарот треба да проба да се спаси шо се има, ако не можи - развод. Подобро разведени него и партнерите да страдаат И ДЕЦАТА. Децата во вакви семејства страдаат најмногу, и за нивно добро е родителите да се разделат место да да се малтретираат меѓусебе и да се малтретира и детето.
    И ако сте девојка, жена во насилна врска или брак - заминете пред да биди прекасно. Прекасно е моментот кога ќе крени раката. Заминете пред тоа, никој не заслужува да е тепан. Никој. Ве молам. Ставете се на прво место, заслужувате.
    АмА кАкО ќЕ рАсТаТ сО еДеН рОдИтЕл Ко ГоСпОд ДаЛ дВа. |( Ми раскрвари очи реченицава.

    Мислењево го пишам како шо читам низ темава оти заборавам. Стигнав до тука сега: @Amelaaaa мислам ова го прочита од многу членови - копиљов ти направил услуга. Нека замини и нека крши глава, а ти немој под никој услов да му се вратиш. Ти си силна жена, имаш дете, и вие двете заедно ќе бидите добро. Сега е тешко ама ќе помини. Ќе има период кога во еден ден нема да ти текни на ова пошто ќе бидиш преокупирана со работа, со животот на детенцето твое и животот воопшто. Да, ќе ти текнува повремено, ама овај период нема да ти е центар на животот.
    А сега, во моментов, биди силна. Знам дека можиш да си силна!
     
    На 1209, Alishan30, x.Daisy.x и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.336
    Пол:
    Машки
    ќе пишев на мајка му и ќерка му истото да се задеси, ама па што кутрите они гревови да тегнат ради некоја будала што на жена сила покажува. Спој во глава ми се прави кога ќе прочитам дека маж удрил жена, а посебно откога добив ќерка. Не дека сум ја разлигавил дека е женско,( срце ми плаче жена ми кога ја кара, ама бегам во друга соба) ама слушнам ли дека некогаш кренал некој рака на неа му отиде фамилијата, има на Гренланд да го закопам. Па на женско ли бе рака да креваш бе к.рле едно...
    Па што и да ми направила, нека си фати патот секој на своја страна и готово. Зошто насилство?
    Јас да имам моќ за донесување закони на таквите би им го крател тоа минијатурното меѓу нозе, и правец у рудник, жена во живот да не видат...
    Фрустрирани говеда
    ....малку нервоза ме фати па отидов со речников, јеби га...
    и да додадам...
    Фатете бе к.рлиња некоја со црн појас па покажувајте сила...мочковци
     
    Последна измена: 6 декември 2019
    На SummerGirl, lovestoneddd, Opeth1986 и 13 други им се допаѓа ова.
  5. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.755
    Допаѓања:
    40.216
    Пол:
    Женски
    Другарка ми во брак исто така беше жртва на семејно насилство но таа знаеше каков е уште пред да стапат во брак и свесно влезе во таа ситуација.

    Уште кога беа дечко и девојка тој имаше насилнички нагони, ја навредуваше постојано, секогаш се враќаше со модреници дома, и на крајот остана бремена само за да го задржи мислејќи дека ќе се промени тој.
    Сите мислеа дека тој ќе се промени но работите се влошија, тој посегна по дрога, пари за храна имаа слабо, малечкото беше неухрането и секој месец беше во болници поради негрижа од таткото додека другарка ми се отепуваше од работа. А често ја гледав со модро око, но не сакав да се мешам.
    Бракот, за среќа не потраја. Нејзе и пукна филм, го пријави, но доби само предупредување, за жал.
    Забележав дека детето (инаку сега 3 години) има трауми од сето насилство и викотници кои се случуваа околу него. Другарка ми работи од утро до вечер, детето оди во градинка а тој не дава ниту еден денар иако се во фаза на развод сепак е должен.

    Најголемата грешка кај жените е што мислат дека може да промени некој маж.
     
    На Rose96, Just.do.it, P.S.love и 16 други им се допаѓа ова.
  6. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.178
    Допаѓања:
    57.653
    Пол:
    Женски
    Не е насилство решение. Ама санкции и те како требаат. Нажалост не е осудуван претходно, угледен дечко е, од убава фамилија, прстот пак кон неа се насочи, што направила за овој така да полуди. Малку знаат дека не му е прв пат, истото и го направи и на другарка ми буквално за никаква причина, си имаше зацртано дека ќе го изневери другарка ми и на моменти на глава и се качуваше. Искочи еднаш со нас, нормално мешано друштво, овој разбра и после тоа се случи немил настан од кој едноставно немаше назад.

    Ќутевме сите што знаевме, ќутевме и кога ја најде новата девојка затоа што како би можеле да пристапиме и да и кажеме дека е во врска со говедо без притоа да изгледаме како petty жени што се љубоморни и се пробуваат да растурат нешто. Делумно и јас осеќам грижа на совест, можеби требаше да се дознае од што калибар е, али ете од почит кон другарка ми си молчев.

    Многу ми е криво за девојката, ама сепак имам надеж дека штом отишла во полиција и го пријавила дека ќе се тргне од него и дека ќе дочека подобро утро. Не седи дома и не ќути и тоа ми прави да ми е полесно. Само ми е многу криво што ништо нема да му направат. Тоа е нажалост светот во кој живееме.
     
    На Doozy, lovestoneddd, Milobebence и 5 други им се допаѓа ова.
  7. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.805
    Допаѓања:
    25.079
    Пол:
    Женски
    @Amelaaaa болката ќе помине . Знам дека највеќе ти е криво што си верувала на него , а тој те лажел . Но , барем си открила се што долго време било скриено од тебе . Глава горе до небо ако треба , ќеркичката за рака и одете напред низ животот . Ќе биде подобро ! Мора да биде . Биди горда на себе што си открила се навреме , бидејќи можело да биде и полошо .
     
    На nextredstyle и Amelaaaa им се допаѓа ова.
  8. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Оваa реченица ,,не се мешам" како минува времето се повеќе е јасна.

    Многу од оние кои пријавиле насилство на близок пријател/роднина подоцна и самите завршиле претепани или осакатени на улица кога најмалку очекувале.
    Законот ретко е на страната на жртвите, па затоа работите и понатаму ќе се сведуваат на ,,знам, но молчам".
     
    На Milobebence, teaiva, Elenpelen и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Во последно време заприметувам кога некој од овие маломашки примероци си најде друга женска т. е љубовница, стануваат агресивни.
     
    На teaiva, cresa-jagoda, Роберт 7 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.336
    Пол:
    Машки
    Во средно додека бев, еден ден не однесоа во посета на затворот во Идризово, првин во машкиот дел после во женскиот дел. Во женскиот затвор, се онака нормално, тросед двосед, маса со 8 стола, жените си се движат во рамките на холот сите, си муабетат, и кога ние се појавивме сите онака се насмеаа дека имале посета. Со уште неколку другари седнавме со една повозрасна жена 50тина години, да направиме муабет. Фина скромна женичка, како сте деца како во школо..секојдневни муабети, и неопходно беше некој да го постави мистериозното прашање, па јас собрав храброст и ја прашав, добро, како може една вака фина госпоѓа како вас да заврши овде? што вие направивте за да сте овде?
    Со жална насмевка и скриени солзи ми врати, Ах бре дете, мали сте не разбирате ама ќе ви кажам, ете зашто тоа учите ( правен смер). Многу мака имав во животот со маж ми, постојано ме тепаше, малтретираше, децата гледаа постојано за нив најтешко ми беше... И? Е па една вечер додека ме тепаше, секирата се најде до мене, го удрив по главата и толку беше со него....се стаписавме сите, но подоцна некако добивме желба да ја гушнеме од сожалување....продолжи она со муабетот, тоа е деца, памет во главата што правите кога ќе пораснете, а тука и не е толку лошо, децата сега пораснаа доаѓаат се гледаме и толку, останете ми поздравени јас морам да одам во собата. Се насмевна ни мафна и замина....
    Никогаш нема да ја заборавам таа жена НИКОГАШ!
    И треба мажите да го прочитаат ова, за жал ама тоа е резултат на макотрпно и секојдневно насилство и малтретирање...
     
    На 1209, Doozy, Rose96 и 32 други им се допаѓа ова.
  11. Nenna97

    Nenna97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2018
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    2.256
    Пол:
    Женски
    За жал и јас морам да пишам на темата.
    Денеска маж ми ме удри, причината беше што му кажав пази на беба на ивица од креветот е, тој почна да урла на мене што сум го правела јас на него, неасален, инвалид..
    Ме удри бокс во окото, почна да ми помодрува местото, за жал се познава.
    Се изјаснив дека ќе си одам за Мк кај моите, чекам да си дојдат сега неговите да ме видат.
    Многу ми е страв беба да не ми ја зема;(
    Кажав дека на мои 22 години јас сум си на прво место, и најбитно е мирот на беба и на мене. Не дозволувам цел живот да бидам тепана, иако не е прв пат.
     
    На cresa-jagoda, Sejfullai, AngIv и 2 други им се допаѓа ова.
  12. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.755
    Допаѓања:
    40.216
    Пол:
    Женски
    Не чекај никого, куферите и бегај.

    Многу ми е жал што поминуваш низ тоа, премногу си млада за да поминуваш на тие години стресови.
    И самата кажа дека не му е прв пат.
    Кажи им на твоите ако им немаш кажано.
    Што се однесува до бебето, не знам какви се законите многу добро, мислам дека без негов потпис не смееш да заминеш со малечкото надвор од државата.
    Некој нека ме исправи ако сум во грешка.
     
    На cresa-jagoda, Nenna97, Doozy и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Работите и кај твоите родители заедно со бебето веднаш!

    Второ - итна пријава во социјална служба и во станица заради физичко малтретирање во државата во која живееш моментално. Трето - не ја чувај модрицата за да ја видат неговите родители, туку чувај ја за да ја видат надлежните органи во станица. Така ќе обезбедиш полесно старателство над детето при судскиот процес на развод.
     
    На 1209, cresa-jagoda, Amellie13 и 33 други им се допаѓа ова.
  14. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Си требала да го пријавиш таму каде што си, бидејки претпоставувам си во напредна еу држава потоа скотот пак нека тепа. Не само што ќе бега туку нема ни да има прилика да ви се доближи за да ве истепа камо дете да му дадат.

    Од дијаспорци во еу за жал ги има вакви и законот барем овде фунционирал.

    Не знам што си направила но не е во ред да останеш на 22 год со таква персона. Годините се пред тебе а ти да се заробиш дома во таква ссредина со таков скот. НЕ.

    Обично сметам дека ваквите луѓе имаат некој психички проблем оти да тепаш некој и боксови да маваш не е одлика на здрав ум.
    Не се има никаква иднина со такви луѓе камо фамилија.
     
    На темјанушка, Lolipop23, cresa-jagoda и 13 други им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.229
    Допаѓања:
    165.901
    @Nenna97 многу ми е жал. Не памтам сечии судбини, не сум сигурна дали ти беше таа со повеќе поддршка од неговите одколку од него, ама небитно.
    Мнооогу си млада и веројатно многу уплашена. Болдираното ми боде очи. Значи не е прв пат, и тебе ти страв/ срам затоа што се познава дека те удрил? Таа модрица треба да биде доказ за семејно насилство, убав совет ти дале Витамина и Одор. Никој нема да ти земе дете и никој не може да те принуди да останеш во такво опружување. Прашај во темата Мајки во Ге, како беше постапката за патување со дете само со еден родител, сега скоро некој објаснуваше. Тој може да уценува и да не ти го даде пасошот од детето, ама и тоа се решава со медијација на соодветни служби- полиција како прва инстанца, се надевам тие ќе ти дадат инструкции како понатаму.
    Бракоразводна мислам дека се покренува во земјата кај што е склучен бракот.
    Само храбро и што побрзо подалеку од него.
     
    Последна измена: 20 декември 2019
    На candy.cane, cresa-jagoda, Nenna97 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    @Nenna97 ја видов темава во актуелни и за жал налетав на твое мислење. Навистина ми е жал.
    Овде пиши им се надевам знаеш или англиски или германски или свекор/свекрва нека ти напишат https://www.frauenhauskoordinierung.de/ Овие ќе ти кажат што и како да направиш во Германија и ќе ти помогнат во ситуацијата.
    Јас на твое место би заминала веднаш, но не во Македонија. Има шелтри овде за поддршка на жени ќе ви помогнат и со сместување и со финасии. Ти си борец можеш оваа битка да ја добиеш. Наспроти себе имаш опаш тој не е ни маж ниту има 0,1% шанса да ти земе дете верувај ми. Тој според правото на Германија нема ни да може да ја гледа поради семејно насилство.
    Пиши им на овие сигурно треба и да го пријавиш во полиција.
     
    На Septemvri, candy.cane, Lolipop23 и 14 други им се допаѓа ова.
  17. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Еј, животот е пред тебе, премногу си млада навистина... Бегај додека е на почеток се ова, спаси се.
    Мислам дека доколку имаш доказ дека те тепал ќе ти помогне за на суд да добиеш старателство врз детето сигурно кај тебе. Да извадиш извештај од лекар веднаш мислам дека ќе е добра идеја.
    @Cka може да е поупатена за ова...
    И не се плаши. Зар сакаш цел живот во страв и со физичко насилство да го пројдеш?
     
    На BlackMistery, Moon.Girl, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.223
    Допаѓања:
    124.264
    Ако отидеш на доктор одма ќе викнат полиција. Оди, неговите се дојдени да ве смират не да видат
     
    На Septemvri, cresa-jagoda, mira.mira и 9 други им се допаѓа ова.
  19. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Те имал удирано и повеќе пати претходно и ти не само што не го остави туку замина во странство со него и му роди дете ?

    Браво бе девојки, жени.
    Се сметам за храбра особа, ама како сите вас храбра не сум.

    Сценариото иде вака. Доаѓаат неговите, те убедуваат да останеш пошто знаат дека ако го оставиш ќе им го земеш и внучето, кое верувам дека им е единствената грижа, не верувам многу да им е гајле ако ти си заминеш самата, али ќе те возат у тој филм.
    Тој под нивен притисок исто, ќе почне да плаче, ќе се извинува и ќе те моли да му простиш и ти ќе му простиш.
    И за некое време пак ќе читаме на форумов и жалопојки ќе составуваме.

    Ако не испадне вака текот на настаните, најди ме и плукни ме.
     
    На CameliaMiller, FVP, Lolipop23 и 7 други им се допаѓа ова.
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.581
    Допаѓања:
    155.746
    Пол:
    Женски
    Оди на лекар да се знај дека те удри и поднеси пријава против него! Вака и ќе осигураш детето да остани кај тебе. И ова дека заминуваш со бебето ти е одлична одлука, бравос. И те молам, после насилство врз партнер, насилникот често знај (лажно) да се покае. Некогаш е несвесно, а некогаш е свесно во вид на манипулација. Немој да падниш на тоа. Насилник не се менува, а и сама си увидела по тоа што велиш дека не е прв пат. Нема да биди ни последен, ова можам да ти гарантирам.

    Немој да дозволиш да те убеди дека имал лош ден. Немој да дозволиш да те убеди дека не сакал. Немој да дозволиш да те убеди дека нема да се повтори. За твое добро немој да дозволиш да те убеди на овие работи, ти си посилна и ќе успееш подобро без него, него со него.

    Со среќа, сега ти се чини дека е лошо ама ќе видиш дека штом заминиш дека уствари било за добро!
     
    На kalinaka, cresa-jagoda, Nenna97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.