Bravo za odgovorov ...bravo ...vo poveketo slucai da ne recam vo site e vaka . Placi moli se kolni nema poveke i otkako ke se vratis ke bide se okej ama toa ke bide nedela do dve nedeli posle pak. Na vakvi lishki pokazete mu kade mu e mestoto. I vo slucai shto gi znaam otkako ke se vratat kaj mazot ostanuvaat bremeni dali so prvo ili vtoro dete nebitno. Deteto ne menuva nisto ako toj ne e covek
Нена, се надевам досега си пријавила во полиција. Ако не се лажам, живееш во една од најразвиените европски земји, каде што мажите што маваат боксови на жените одат во затвор. И не, не може да ти го земе бебето, само и само ако отидеш на лекар и пријавиш во полиција. Ако не знаеш германски, имаш право на (најверојатно бесплатен) толкувач на македонски јазик обезбеден од полицијата/истражен орган/болница. Не видов во мислења кога последно пишала, знае ли некој што се случува? Девојчето често го гледам со проблеми со сопругот, не може ли некој во Германија да и' помогне да го пријави случајот?
Vi blagodaram na site za sovetite. Postapiv pravilno, si zaminav od tamu, se vrativ doma, toa mi bese najpametna odluka. za sovetite.
Знам дека не е кажано ова како храброст во буквална смисла, ама за мене тоа е лудост и само лудост. А реално и заблуда или желба некоја да веруваш дека типот некогаш ќе се смени...кога еднаш ќе влезеш во зачараниот круг, тешко за назад. Па штом таква глупост го наапала светиот муж, можам да замислам што би се десило во некоја асална расправија за што и да е. @Nenna97 под итно да го пријавиш. Си избегала што си избегала, ама не ја оставај така работата, па ако треба и на лекар да одиш да си извадиш лекарско. Имате дете, утре задутре којзнае што ќе му се спои во глава ќе крене можеби рака и на детето. Штом не му било прв пат, не верувам ни да е последен.
Сега си на сигурно. Ако си обезбедена материјално можеш да останиш и таму. Но ако не си не си ја пропуштај шансата да земеш германски документи и за тебе и за бебето. Може во моментов не ти е битно, но ќе ти биде во иднина. Имаш и прегледи на педијатар кои треба да ги откажеш и интеграциониот курс треба да ги известиш во спротивно ќе ти се закачат од аминистрација. Послушај ме пиши им на оние кои ти ги дадов сигурно ќе ти дадат одлична поддршка и алтернатива. Германија не е само градот во кој живее копуков плус овие шелтери се тајни нема шанси да дознае каде си. Одмори и размисли. Гушни ги малата,баба ти и дедо ти од мене.
@Nenna97 во право е Фримајнд. Сабајлево ми текна дека веројатно земаш родителски финансиски додаток, во мојата држава тие се најкомплицирани во смисла дека мора да бидат известени за настаната промена како на пример адреса на живеење. Истиот додаток не смееш да го користиш ако веќе не живееш во земјата и треба да го прекинеш, или ти или брачниот партнер кој исто така фигурира во документацијата. Многу е важно да имаш чиста документација за регулирање на иден престој во истата држава. А можеш и веројатно ќе сакаш да се вратиш таму, ако не сега веднаш, по некое време. Послушај ја @FreeMind . Пиши ми лп ако ти треба муабет и не сакаш да се расплинуваш на форум.
Не знам дали си постапила правилно. Најдобро ќе беше да го пријавеше таму,па после дали ќе заминуваш во Мк или таму ќе те згрижат. Вака,деновите минуваат,модриците ќе ги снема,на која основа би го пријавила,само на зборови нз колку би било веродостојно. Плус,сама си поминала граница,без согласност за детето,нели може тоа да го искористи против тебе,како да си го киднапирала детето? И на крај наместо ти,тој да испадне жртва.
@Nenna97 послушај ја @FreeMind што ти вика. Полесно е да си самохрана мајка во Германија отколку во Македонија. Како на сестра ти кажувам, таму ќе се помачиш некоја година, но млада си и ќе си го средиш животот. Овде е друга приказна. Обавезно контактирај ги тие што ти ги даде, пиши надолго и нашироко и кажи дека од страв за сопствената безбедност си дошла во Мк, но дека и овде се чувствуваш загрозено (што е вистина) и дека ти е страв да се вратиш дома (тебе Германија ти е дома). Кажи дека си многу млада, неискусна и дека од страв не си го пријавила веднаш, си мислела дека ќе ве повреди и тебе и бебето. Веднаш сликај ги сите модринки, ако досега не си ги сликала, за да имаш каков-таков доказ. Сопругот твој има проблеми и потребно е да побара помош. Лекарска, стручна, каква и да е. Можеби станува збор за некаква манија, шизофренија, што и да е... не треба да е веќе твој проблем. Денес си ти, утре ќе биде некоја друга. Мораш да бидеш храбра и да реагираш сега и веднаш. За твое добро и за доброто на твоето дете. Имаш ли постојан и регулиран престој таму? Ако имаш, тогаш за тебе важат истите правила како и за Германците (ако не се лажам) и ќе бидеш исто заштитена како родена Германка. А они се заштитени како бели мечки. Овде ќе имаш многу драма и непотребни главоболки, ќе ти го шетаат детето по полиции и институции, и на крај никако нема да се заврши работата. Ти ќе си останеш со мало дете и со прст во уста, а копукот ќе се шета како шериф, како ништо да не било. Спојлер п.с. Ја сум детето твое по 25 години. Послушај не', те молам.
Имам јас една позната. Не знам како го трпеше говедото толку години. На почетокот беа само удари, за после тоа да премине во ќотек. И дојде памет кога за малку ќе го изгубеше животот. Имам слушнато коментари од некои мажишта - Тепај жена за да те слуша.
Тоа се мажиња што немаат моќ да му се спротистават на шефот или на газдата на работа што под брише со нив и нивната дарба за физичка сила ја употребуваат кон некој физички послаб се истураат без разлика жена или дете за да во себе да се чуствуваат посупериорно а се обични гом..а
Во случајов со познатата. Самата си беше виновна. Уште додека беа во врска он беше таков. Само што тогаш уште не беше тепана од него. Он често и се дереше. Имаше нервни испади. А она трпеше од љубов. Надевајќи се дека он ќе се смени. Откако се земаа почна хоророт. Ако не го послушаше ќе и ја шлапнеше по некоја. За после да почне и да ја тепа. Се гледаше дека е тепана. Многу пропадна тој период. Од срам не сакаше да се врати кај нејзините. Кога се случи лошото она собра храброст и избега од него.
Јас не знам како се осмелуваат да одат во брак со таков!? Ако предходно додека биле во врска тој бил насилен, нервен и сл. Не е ни прв ни последен па сега морало со него дека "стара мома" ќе остани! Треба прво да се цениш самиот па да очекуваш да те ценат другите. Затоа според мене таа е крива на некој начин дека не се менува таков човек ако се мажиш со него, напротив полош станува !!! Таквите таканаречени мажи такви жени и сакаат што ќе им бидат слугинки и ќе ги малтретираат без збор да речат. Тоа е мое мислење ... Сега сосем друго е ако тој се сменал во бракот а, предходно не бил насилен. Али како што пишав и погоре "стара мома" муабети.. "комшиите" "роднините "уште се фактор кај нас во мкд затоа и има толку малтретирани жени. Жално стварно
Не, не е таа крива немој да им правите и да се осеќаат виновно плус. Се надеваат дека у брак ќе се променат ама тешко, кој силеџија се променил? Нема такви. Затоа проценете ги убаво партнерите пред врска/ брак. Секое агресивно понашање е лош знак.
Како не е крива? Видела дека има нервни испади. Зошто воопшто да биде со некој таков (веќе не е), кога може фино лепо да си најде саглам дечко. Самите си прават проблем.
А како нема кривица? Дај објасни ми. Свесно влегуваат во врска со насилник. И после кукаат дека ги малтретира.
Пишав крива дека таа фактички трпела додека била во врска па сега и во брак..треба да собери сила и да излези од таа врска / брак . "Крива" дека ако имаат деца тие трпат, многу јасно децата не можат да се разведат мајката може. Зар таа нема да е крива ако децата претрпеле психичко/физичко насилство? Крива ќе биде затоа што седела во тој брак од причините погоре наведени. Страмота е! Седи во брак дека сите ќе те зборат. Во тој контекст пишав дека е крива .