Лошо е што повеќето не се разведуваат од причина - Што ќе кажат комшиите. А не се малку жени што трпат. За таквите мажи нема лек. Сведоци сме на случки кај што мажите ги убиваат жените од љубомора. Или обратно. Жената го докрајчила зашто со години ја тепал. Само бесилка за таквите мажи. Пред извесно време читав дека дел од мажите биле сведоци на насилство во детството и ги повторуваат постапките на таткото. Страшно.
Пак не е крива, жртва е, направила грешка и не размислувала трезвено, некој има послаб карактер и не може да превземе чекор во животот иако е свесен дека треба, на грешки учиме, се надевам никој не мора да учи ид вакви грешки, ама дека е крива не е, криво е говедото од маж. Никогаш немој да речете некому што бил малтретиран дека сам си е крив. Никогаш! Тоа додава уште поголема психичка тегоба.
Е па ако не е крива нека седи и нека трпи да ја малтретира некое говедо што мисли дека е мажиште ако удрил жена.
Точно затоа и пишав крива е . Дека фактични тие како родители им даваат погрешна претстава за како треба еден брак да изгледа . Муабетот ми беше никој не е крив од страна колку што е насилникот крив и мајката што дозволува да биди малтретирана пред очите на децата . *** а има и услови и шанса да се разведе
Па не е финтата да седи и трпи, финтата е да успееш да направиш човек силен за да превземе таков чекор, оти знаеш колку се уништува самодоверба со тоа што некој те малтретира, а со то што ќе речеш дека сама си е крива не помагаш.
Пак не ми е јасно. Свесно остануваат во брак со таков. И како нема кривица? Јас ако сум во брак со насилник јас сум крива или моите ме натерале? Нека отвараат очи на време. После е касно.
А доколку насилството се појавило во брак а не во врска? Лесно е да кажеш да си ги собере парталите. Мора најпрвин да има подршка, да знае дека нема да биде сама. Да знае кому да се обрати, да биде финансиски стабилна, да знае каде да оди. Од страна добри судии сме. И не е виновна, жртва е.
Абе не сум јас крива што не ти е јасно, крива си ти што не разбираш дека жртва не може да биде виновна у било каква ситуација. Психологија е тоа,не влегла свесна во брак, трауми има, ниска самодоверба, страв или било што, па затоа влегла во таков брак, здрава особа со силна психа нема да го направи тоа. Сега јасно ти е?
Ако дојде до расправија со твојот сопруг и тој те удри, веднаш ќе заминеш? Како ќе се правдаш или нема да се правдаш? Ќе велиш - сама си го барав?
Со членката пишувавме за случај каде што таа свесно знаела каков маж има . Значи додека биле во врска тој бил насилен, таа знаела сепак се мажила со него. Во насилен брак според мене децата се најголема жртва дека тие се најранливи. Самите тие кажуваат и ја обвинуваат мајката што останала во таков брак а имале шанса и услови да заминат од таму (баш во др теми сум го читала ова ) Така да крива е таа дека не размислувала за децата
Знаете ли зошто некои жени трпат, живеат во лош брак? Затоа што немаат поддршка, зашто имаат родители (читај стока луѓе) со примитивни сфаќања. Им велат: каков е таков е, маж ти е. Жена без маж не е ништо. Ти си го одбра сега ќе ќутиш, ќе седиш кај него и ќе си го трпиш.
Некогаш во брак се покажува вистинското лице. Ама не треба да дозволиш да те малтретира. Ако му попушташ он ќе зема се поголем замав.
Никој не вели дека треба да трпи,туку овде има многу работи за решавање освен разводот посебно доколку игра на карта манипулација и се заканува со одземање на синот, таа одлучува да остане надевајќи се дека ќе се промени и останува поради детето. Тогаш не можеш да размислуваш со ладна глава. Друго, убаво кажа @cresa-jagoda без подршка од родителите, нема да успееш.
Ако тебе маж ти те тепа ти си крива шо ти врзал 2,3 шамара? И никој свесно не влегува у таква врска, тие таквите се добри манипулатори, затоа не треба и ние да ги осудуваме
Дали ти убаво го прочита примерот што го пишав? Дека девојката знаеше дека он е насилен и свесно влезе во таква врска? Нејзините да не и ставија нож под грло за да биде со говедото?
Ова е пример од ракав или реален пример? Знаеш, човек кога ќе се затреска у некого замижува пред некои работи или се надева дека ќе биде другачие ама секако не е вредно за осуда од нас
Не е пример од ракав. Ама не сакам да пишувам поопширно за да не го откријам идентитетот на девојката. А и веќе не е важно. Не е во брак со него. Се спаси. Љубовта заслепува. Го сакаш и потсвесно се надеваш дека ќе се промени. И една работа што ме нервира. Родителите на насилникот го оправдуваат насилството.
@SummerGirl некогаш не само родителите на мажот го оправдуваат насилството ако зборуваме општо. Некогаш и родителите на жената го оправдуваат затоа што живееме во затуцано општество да не пукне срам у комшилук.