1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Маж ми ме удри

Дискусија во 'Брак' започната од BellatrixF, 29 август 2019.

  1. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Леле душо толку си обземена од емоции ама мораш да го скршиш тој проклет товар што ни го наметнуваат нашите типични македонски родители. Знам дека ти се родители, ама која е логиката да почитуваш нешто кое е погрешно? Ти да страдаш само за татко ти да не го загрижуваш? Пошо они не се доволно паметни и добри како родители да ја редат твојата среќа на прво место, туку го редат на прво место мислењето на комшилукот? Ние сме овде традиционални ама погрешни многу погрешни страдаме цели животи за другите. Тој што најмногу сака да те заштити тој ќе те повреди најсилно. И цело време повторувај си, годините брак ќе паднат во вода заради него, не заради тебе.

    Ама треба едно да знаеш. Има нешто кое многу жртви на насилство се враќаат кај насилникот. Бараат помош им се нуди, и тие се враќаат. Проучуван феномен од многу психолози и психијатри, како зошто го прават тоа не знам, не е ни битно, битно е дека, ние можеме милион совети да ти дадеме, и има луѓе што ќе ти помогнат, но првиот чекор го правиш ти, откажување нема. Жално но многу луѓе страдаат но не сакаат да им се помогне. Те молам немој да станеш една од тие луѓе само заради твоите родители, бракот или не знам што. Сите тие се неважни и кога би била во ситуација некој тебе да ти го каже истото ти што го кажуваш, сигурна сум дека ќе му дадеш ист совет како што ние ти даваме тебе
     
    На bibiiii, sj *O*, piksooki и 5 други им се допаѓа ова.
  2. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    1.923
    Допаѓања:
    3.629
    Пол:
    Женски
    А зашто имате толку проблеми па се карате? Пие, се коцка, што? Прашувам зашто и јас бев во таква врска само што не ме удрил, ама одеше у кафана секој втор ден, а беше љубоморен на мене кога шетав сама низ маало. И ми се закануваше дека ќе ми ги скрши нозете ако отидам со друг. Мора да има подлабока причина зашто се карате. Иначе не, насилство не се трпи. Јас раскинав, сега сум мажена и гледам како требала да биде една врска - со почит. Не викам дека стално ќе се сложувате, ама не треба да се расправате за да дојде до тепање. Се најдобро
     
    На Kalimero123 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  3. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    17.756
    @BellatrixF
    Прво, жал ми е што се случило тоа. Друго, не си крива ти. Крив е тој што воопшто помислил да дигне рака, а дигнал и те удрил.
    Мислиш дека ќе сакаат твоите да останеш во таков брак, каде што си малтретирана и понижувана?

    Што побрзо пакувај работите и оди си кај твоите.
     
    На Harper, sj *O*, poppie и 6 други им се допаѓа ова.
  4. melnicanecot

    melnicanecot Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Машки
    ИЗИИИИИИ,
    дали е прва ваква караница, што довело до нејзе, зашто не се смирила палката него еруптирала со шамар ?
    Дали често се карате? Дали има позадинска причина што доведува до карање? Дали имате проблеми што ви влијаат во домоот? Што најчесто иницира расправија ?
    Жалам што си била удрена, но пробај да смириш ситуација и да го најдеш коренот на проблемот? објасниму како се чуствуваш и биди упорна во тоа, доколу сакаш да не пропадне оваа врска пренеси му го тоа и на него.
    Лесно е да се спакуваат работите и да се замине, но пробајте со советување. Македонската Православна Црква има советување за брачни другари преку заедничку духовен Отец ( исповед и разговор) незнам дали сте православни но досега знам дека помогнало тоа советување со цел да се најдат корењата на проблемот и да се отргнат или психијатар.
    Мислам има повеќе отколку што пишуваш затоа ти посакувам со убаво да ти се средат работите. Господ на помош.
     
    На Kalimero123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.811
    Пол:
    Женски
    Знаете што е лошо, таа е толку многу испаничена што не знае ни што прави, а ни што ќе прави во иднина.
    Потекнува од македонско традиционално семејство, каде разводот се смета за срам, татко и бил болен и едвај закрепнал, претпоставувам дека го чувате подалеку од стресни ситуации.
    Е, тоа е кога родителот ти наметнува некои работи во животот, а ти растиш со помисли дека мораш да трпиш се и никаде не е сјајно.
    Можам да кажам дека до некаде те разбирам.
    Најдобро ти знаеш, причините со маж ти со кој се расправаш, каков ви е односот во последно време и сл...

    Единствено ќе се надоврзам на членовите над мене и ќе ти кажам биди храбра и цврста и оди си.
    Драга моја, животот е премногу краток за да живееш живот кој не го посакуваш, твоите еден ден секако дека нема да ги има (сите ќе умриме еден ден) немој да останиш во брак каде што нема мир и среќа. Изгради ја својата среќа, бори се сопствената среќа.
    Се надевам дека ќе биде се во ред, ти поскувам разум и многу мудрост.
     
    На sj *O*, zalosna, girl-miri и 4 други им се допаѓа ова.
  6. A_star

    A_star Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    1.590
    Пол:
    Женски


    Најпрвин јас сум за да си замине ама бидејќи женава е водена од емоциите и не размислува разумно и се плаши да не фрли се во вода, нека бара објаснување, а потоа би заминала. Ја барем така би постапила, а не би ни барала да разговарам ама таа се плаши, причините сама ги кажа. Јас брзо реагирам, не чекам втора шанса да се случи тоа, ама она не е јас а ние не сме биле на нејзина позиција за да знаеме како би реагирале во моментот, од страна е мноооогу лесно да се каже. Значи, ја советувам да замине а не да остане но најпрвин да бара објаснување, ако е можно. Ако таа самата сака, ако не, чао.

    Второ, и самата спомна, се плаши од реакцијата на родителите, останатите околу неа, општеството, јбг таков ни е менталитетот, срамота било да се разведе, со прст ќе ја покажуваат, затоа нема никогаш да не биде како народ.

    Таа не е должна да го трпи тоа малтретирање, не е растена за да некој се изживува врз нејзе.

    Трето, ти изгледа не си свесна какви родители постојат, што ако ја остават? Што ако не ја подржат?
    Имам илјадници примери за кои можам да зборувам ама сега тоа не е тема на муабет туку да се изнајде начин како сама да го реши тој проблем и како да застане на нозе и да си замине.
    Изгубена е, не знае како да постапи, не е лесно да го поминеш прагот на куќата, ако родителите ти наметнуваат свои правила, читај - живее во македонско традиционално воспитано семејство и се срамат од тоа дека е пред развод како ќе се снаоѓа сама? Можеш да објаснеш на родителите со различно размислување од твоето?
    Моја познајничка беше малтретирана од својот сопруг, си го зеде детето и си замина кај родителите, им објасни се, наместо да добие подршка, доби одговор - Ти си го бираше, оди си таму, тука не се враќај. И?


    Ова не го кажувам да ја заплашам или да ја убедам да остане таму, туку да бара и резервно решение, ако реши да си замине а ја советувам да бега што побрзо, секогаш е добро да има план Б доколку план А не успее.
     
    На Kalimero123 и Martka им се допаѓа ова.
  7. MeAfterYou

    MeAfterYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2018
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    767
    Пол:
    Женски

    Секој е крив за сопствените грешки.
    За да ја префрлиме вината постојат 2 причини.
    Едната е да си ја испериме својата свест.
    Другата е да веруваме дека сме во право, во тој случај не станува збор за наши грешки.
    Не се простуваат вакви работи, само кукавица може да го направи тоа, ова е еден вид на насилство.
    А воедно, размисли, дали родителите кога ќе дознаат зошто се разведуваш, ќе му биде жал сеуште што се уништил бракот ( поради традиција и срам ) или ќе бидат целосно од твоја страна и ќе бидат горди на тебе ( секако што пораснале такво чупе како тебе што се цениш самата себе и самата на себе си приоритет ).

    ●Кој и да го преживува ова, немојте да дозволите некој НАСИЛНИК, ПСИХОПАТ да се узживува врз вас.
     
    На sj *O*, Ygritte, La.loca и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски

    Прво, нема што да бара објаснување од некој што ја удрил.
    Второ, ти можеш да ми дадеш милион примери кај што немала жртвата поддршка и не успеала, јас можам да ти дадам милион кај што имала. И факт е дека насилството врз жена веќе е разработен проблем и постојат многу жени што немале каде па успеале. Никој не вели дека е прелесно. Туку дека е можно. Останување во брак со насилство не треба да е опција.
     
    На Peperutce1115, oblace1, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.090
    Допаѓања:
    163.464
    Пол:
    Женски
    Нема што да се средува и спасува во токсична врска/брак, најмалку во однос со насилник, и тоа нападнатата страна да средува... Не знам веќе кога ќе го разберете тоа вие некои од советувачите по темиве, а и општеството кога ќе разбере дека развод не е крајна и најтрагична опција. Што и да е одговорот на сите тие позадински прашања што си ги изнапишал, нема оправдување за партнер да крене рака на тебе. Тоа е deal breaker после кој нема враќање, на психолог може да се обрати чисто за сопствената состојба (анксиозност што ја спомнала), а за цркви-мркви се надевам нема ни на крај памет да ја разгледа таа опција.

    @BellatrixF, знај дека во никој случај не си виновна ни за шамарот, ниту пак за здравјето на татко ти. Вистински добри родители би ги потресло тоа што страдаш во брак со насилник и не би дозволиле тоа да продолжи, а не да ги боли разводот и муабетите од луѓето. Твојата безбедност е најважна. Бегај од него и не се врти назад.
     
    На Harper, La.loca, KateKane и 16 други им се допаѓа ова.
  10. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Да да објаснување, злато зошто ми го пукна носот те молам објасни ми?
    Дај не зборете глупости, нема никакво објаснување за насилство ма каква и да е причината
     
    На GirlVolley, sparklie, ane.bella и 26 други им се допаѓа ова.
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Ама овие најголемиве традиционални христијани со пораки за љубовта најчесто даваат преглупи совети ко овај пресмешниов погоре шо пишал дека она треба да ја среди ситуацијата, и дека она треба упорно да му објасни како се осеќа. Пошо дискутабилно е како се осеќаш после шамар, може некој преубаво се осеќа што знам. (facepalm)
     
    На Harper, KateKane, Purplelilac и 10 други им се допаѓа ова.
  12. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.973
    Допаѓања:
    8.731
    Пол:
    Женски
    Секој си одговара лично и свесно за свои постапки. Баш примети го дали низ разговор користи уште неколку слични фрази. Оти за месец дена, ти нема да имаш ни свое јас.Ако типот е насилен (ти најдобро си знаеш каква ви е ситуацијата и дали овој шамар е "само" еден шамар - што очигледно ќе бараш потсвесно начини за да го оправдаш), ама ич не гледај што ќе збораат другите. Не си должна да трпиш.

    Ако ти е за утеха, дури и најблиските пријателки нема да бидат на твоја страна без разлика како ќе постапиш. Тука владее менталитетот "седи си в куќа".

    Се надевам ќе излезе сè ок на крај.. :hug:
     
    На Ygritte, Peperutce1115, Anabelle.Amorette и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.774
    Пол:
    Женски
    КореЊата на проблемот се во неговите размислувања дека има право да удри жена зашто таа си го барала. (facepalm)

    Нема зошто девојкава да ги бара кореЊата на проблемот во неа. Таа не е за ништо виновна.
    А психијатар може да е одлична опција за него.

    Делот со црквата и советувањето со Отец нема ни да го коментирам. Само се надевам дека овој совет нема да биде применет.
     
    На Harper, Milobebence, Peperutce1115 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. LadyD

    LadyD Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Кревање рака ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ не смее да се толерира, без разлика колку жестока била вербалната расправија и без оглед на тешките зборови кои сте си ги кажале еден на друг. Од синдромот „сама си го бараше“ благо кажано ми се повраќа. Едноставно не постои никакво оправдување за физичко насилство, макар било и „само“ еден шамар. Потполно го разбирам притисокот што го чувствуваш и јасно ми е од каде потекнува - не е лесно да си растен и воспитуван во традиционална средина со црно-бели сфаќања за животот (ова е ИСПРАВНО а она е СРАМНО), но како што ти напоменаа и другите членки погоре, ова е твој живот и само ти одлучуваш како ќе го живееш и колку ќе бидеш среќна. Живеење со насилник не носи никаква среќа и спокој. И да, дури и само еднаш да се случило, си земам за право да го наречам насилник затоа што не само што не се извинил и не покажал каење туку уште и тебе те обвинува! Катастрофа.
    Луѓе сме, имаме разум, И ТОА КАКО можеме да се контролираме себеси и нашите постапки. На крајот на краиштата само ти ќе одлучиш што ќе направиш, но запомни: погрешно е да си водиш според тоа колку години сте биле заедно, колку години ќе пропаднат во вода итн. итн. Времетраењето на вашата врска/сега брак не треба да биде никаков фактор врз твојата одлука should I stay or should I go. Не се живее на стара слава како што и не се живее од спомени. Ако СЕГА некој се однесува како piece of shit не го спасуваат ни 50 години во брак/врска претходно. Поздрав и се надевам дека што и да одлучиш ќе бидеш посреќна
     
    На Purplelilac, Peperutce1115, nextredstyle и 4 други им се допаѓа ова.
  15. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Ич не се мисли, веднаш пакувај се и оди си. Со него после тоа немаш иднина.
     
    На Herrera, WildMk, Milobebence и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.510
    Допаѓања:
    32.643
    Пол:
    Женски
    Ова што тој ти го кажал е глупост.Исто како кога убиецот ќе убие некој.Кој е крив убиецот или убиениот?Нормално убиецот колку и да бил навредуван тој е кривиот.Така и тепачот е крив пошто не можел да си го исконтролира гневот.

    Жално е во ова време да постојат вакви работи.Моите баби не биле тепани туку почитувани.Не дозволувај да бидеш пачавра со која ќе го метат подот.Оди си што порано и побрзу.Едно насилство раѓа други, утре деца ќе имате па и нив ќе ги тепа зар ќе можеш тоа да го гледаш:?:
     
    На Someonespecial, piksooki, Peperutce1115 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.656
    Допаѓања:
    116.447
    Пол:
    Женски
    Што и да си му кажала,тоа не му дава право да те удри.
    Не се битни мислењата на твоето семејство,само ти си битна.Бегај од него и остави го.
     
    На WildMk, Milobebence, Peperutce1115 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. EDNAEMAJKA

    EDNAEMAJKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2013
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    7
    ако има втор пат бегај од него и не мисли зошто сигурно ќе има и трет и многу наредни
    а ти не заслужуваш да живееш во кошмар кај што ќе се плашиш за сопствениот живот
    Деца имате?
     
    На Kalimero123 и nextredstyle им се допаѓа ова.
  19. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Што и да си згрешила, колку и да си згрешила тој не треба да те удира. Ударот не е решение, шамарот не ја мери машкоста, ниту бракот ниту ништо на светот, само и само е мерило за типичен маж насилник, маж што не знае да биде маж, маж што мисли дека шамарот е решение за секоја ука и бука во бракот.

    Знаеш.... секој брак доживува кризи, пројдува низ најразлични фази од животот, колку што се искачуваме толку лесно и паѓаме удолу, па ќе се случи да ја дигнеш куќата у вис со гласот, па осеќаш дека треба да се испразниш и се тоа, сите доживуваат куршлуси, НО бракот односно правиот и здрав брак и воедно свесните и совесните мажи накрај би седнале да ги стават картите смирено на маса за да тераат даље, да најадат решение затоа што секогаш го има НО НИКАКО не удираат.

    Ударот не е решение за ниту еден проблем на светот туку е насилатво по што остава трајни последници врз една фамилија, ниту бракот не можеш да го наречеш брак доколку има насилство.

    Те удрил во афект?
    Не е изговор. Боље да се тргнел на страна да излади глава, па и да сте се искарале до небо...
    Ама шамар?

    Премногу е.

    Многу е лесно кога влегуваме во брак, свадба, честитки, медови и млека..
    НО, бракот не е тоа, бракот е сосема друга димензија во животот, бракот е борба, пријателство, љубов и пред се ПОДРШКА И ПОЧИТ без разлика колку "ќе се исколите во афект" ова го зборувам доколку има караници и пички мајчини и двајцата НИКАКО шамари и нисалство, никако.

    Бидејки еднаш се крши стакло што долго се создава, отпосле и кога ќе го залепиш се гледа, видливо е, тука е, стои и ако го пипнеш е рапаво...
    Сфакаш што сакам да кажам нели.

    Затоа седни и зборувај.
    Не оставај ја така ситуацијата.
    Не треба и не треба да се трпи насилство од никого, нити ситиацијата да помине на 2 реченици и изговор 'афект'.
     
    На Milobebence, cresa-jagoda и nextredstyle им се допаѓа ова.
  20. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.628
    Допаѓања:
    152.244
    овоа ке му дојде исто ко и силуваните што некои викаат дека сами си го барале
    демек ти гоизпровоцира за да те удре и ти си крива
    е ај
    па и он те провоцира удри и ти и он тебе ти него до кај и до кога? додека еден не земе нож,секира па да се убиете???
    размисли малце
     
    На Harper, Someonespecial, zalosna и 4 други им се допаѓа ова.