Леле дете да ми малтретира некој што го имам 9 месеци носено, чувано, школувано, некоја будала смрдлива да ми го малтретира ејј Извинии ама јас се обидов да помогнам на една пријателка и јас испаднав на крајот крива, криви се што влегуваат свесно самоволно со такви во брак на жена со низок степен на самопочит и интелигенција неможеш со инка тоа да и го ставеш во главата ке пријавиш во полиција после ке ти дојде на вратата тебе ке те укриве а утре пак ке шета со него.
Никој што е жртва, не е крив! И не тропајте глупости. Заради вакви изјави избегаваат да преземат иницијатива жртвите. Доста маката си ја има со насилнкот, па уште да чувствува дека треба да се правда пред светот, дека не била крива. Па после чудете се оти се мислат шо ќе речат комшиите. Притисокот од заедницата, ич не е заебанција... а точно вие им го поставувате тој притисок. Ако не ви е јасна психологијата на жртва, фатете читајте. Не од памет да коментирате, па поголема штета да правите.
Во вакви случаи се гледа колку е битно жената да има свој денар и каков таков имот. А не, седат невработени, мажот ги издржува демек parite se zaednicki vo brak, оставаат цело наследство на братот sto ke baram od bratot jas ke si imam kaj mazot, sto ke praam so taa edna soba sto ke mu ja zemam heheh. Е па ете што ќе правиш ќе имаш кај да одиш во ваков случај.
Да влезам со ладна глава со некој во брак кој е насилен??? А што да очекувам понатаму? Стокхолмски синдром
Ќе се затреска, ќе си прај филмој дека со нејзе нема да е така, пошто таа, се' би правела да е тој среќен... Аман.. колку треба да се заебиш? Скоро па ич. Какви самостојни, јаки жени, со финансии, со кариери, образовани, научени сами да живеат и сами на себе да се потпираат, паднале жртви на насилници... Не пак некое македонско чупиште на 20 години, шо појма нема од животот. И немој да мислиш ти, дека насилниците уште од првиот ден ќе те напрат да се осеќаш загрозено од нив. Манипулатори се. Си слушнала за груминг? Ќе те шармира, ќе те наштанца, ќе мислиш нема поарен чоек на светот од него... Е после, ќе почни да те изолира, да ти забранува работи.. полека-полека, па уште попосле, ќе почни да те плеска 'оти не си умна'. А тогаш, веќе си во мрежата, без самодоверба и тешко ти е, најпрво да се помириш со тоа дека си 'failure'...
https://www.facebook.com/bbcthree/videos/10155518534960787/ Коренот на насилството од мажите према жените изворно потекнува од религиите и како и секоја толеранција кон истото.
Не би се согласила. Мислам дека религијата е алатка на патријархатот, не е патријархатот производ на религијата.
Религијата ги пере мозоците јас мислам, наместо на ширење љубов не учи да ги мраземе другите раси, жените, хомосексуалците..
Религијата и патријархатот по мене се во симбиоза која им помага меѓусебно да опстојат, патријархалното воспитување ја наметнува религијата, а верските книги пак изобилуваат со бљувотини од типот дека жената треба да молчи и да е потчинета, дека мажот е на повисоко хиерархиско ниво од жената и слично, односно го наметнуваат патријархалниот систем како правилен и даден од Бога.
Да, ама мислам дека ги имаат измислено религиите кои го содржат Стариот Завет (Христијанство, Ислам, Јудеизам и сите нивни деривати), заради тоа што веќе општествата биле патријархални. Само ја присвоиле доктрината која најмногу одговарала на патријархалниот концепт на општествено уредување. Не се ова единствени 'религиозни' написи кои се појавувале низ милениумите. Пример, Римското царство, зошто го присвои Христијанството и го отфрли нивното многубоштво? Кај е сега Ватикан? Најјаката институција на планетава е.
Па реално гледано у паганизмот жената била повеќе уважувана неголи у денешниве религии. Којзнае што би било со положбата на жените ако Константин не бил прагматик и го унифицирал христијанството у Рим
Е,да не треба да се влегува во брак со насилник,ама некои жени не се свесни дека се со такви дечковци,свршеници.Некои мажи се огромни манипулатори кои дури некое време по склучувањето на бракот си го покажуваат вистинското лице. И не,кривицата не треба да се бара кај жртвата или религијата,туку кај општеството што не се откажува од старовековните сфаќања и кај институциите што се прават глуви за вакви проблеми.
Самер, ти ко да му велиш на болен од депресија: "Насмеј се, не е сѐ така црно, не си дозволувај да си депресивен. Зошто црни мисли? Види шо е убаво времето надвор." Да беше така едноставно со луѓето, немаше да постои цела наука, конкретно мислам на психологијата.
Se raspravavme jas i bev nervozna nekako ( vo pms sum) i mozev i da prekjutam nekoi raboti no my gi kazav ne navredi tuku za nekoi gluposti se raspravavme no imase ogromno netrpenie, toj mi se doblizi i mi se gestikulaciski zakanuvase odejki nakaj mene i na kraj mi ja zgazna nogata so seta sila (imam modrica sega i me boli) potoa vo vtora serija otkako vecerase povtorno odese nakaj mene zakanuvacki edvaj vozdrzuvajki se da ne me zaboksira, me butna i frli na parket i se zakanuvase so boksovite...ne me udri osven so glavata po glava..jas bev vo grc i uplasena a se ova pred 2 god nase dete...ne e 1 pat e e sega ne me skrsi od kjotek no neli ova e bas semejno masilstvo...neznam sto da pracam
@lylaby бегај. Уште вечерва ако имаш каде да одиш, кај родители, пријателка, сестра или брат ако имаш. Не останувај покрај таков човек. Немој поради себе и поради детето. Пробај да се смириш и одлучи каде да си одиш. Пријави ако треба. Не трпи, може да биде полошо.
Немој да го намалуваш насилствово со "не ме скрши од ќотег" "не ме удри", пошо тој те фрлил на паркет, те удрил со глава по глава, ти се заканувал со боксови кои многу е веројатно дека следен пат може да ги реализира, и ти направил модрица. И пред детето! Се пријавува и една закана за насилство, а не па ова. Не само што тебе те осакатува и детето ќе го осакати. Пријави го, одма одма. Како стоиш со плата, работа, место на живеење?
@lylaby Многу ми е жал што сето ова се случува. Немој во ниеден момент да се обвинуваш себеси бидејќи нема за што да бидеш крива. Секој пар се расправа, но не си ти таа што си посегнала кон насилство во такви моменти. Во овој момент треба да разбереш дека тој има проблем. Не со тебе, туку ментален проблем штом е подготвен да одговори со насилство. И како таков проблем ти не смееш да преќутуваш и да се надеваш дека нема да се случи повторно, затоа што како што и самата кажа, ова не е прв пат. Пријави во полиција. Сликај ја секоја модринка што ја имаш на себе и раскажи ја случката на колку што можеш повеќе луѓе - роднини, пријатели, па дури и колеги на кои им веруваш. И најди место каде ќе те примат. Ако не вечерва, тогаш утре. Земи го детето и однеси го подалеку од таков човек, затоа што утре може по него да посегне во такви моменти на лутина. Ама обавезно пријави во полиција. Не чекај да дојде нареден пат кога можеби ќе се покаеш што не си заминала сега. Земи пари, заштеда, картички, накит, што и да имате дома и со што и да можеш да се издржуваш во наредниот период. Плати некому ако треба, на пријател, роднина, колега, ама тргни се од тоа место.