Имаш работа, можеш да се вратиш кај мајка ти? Ти ги прочитав претходните коментари, за жал нема рикверц кај вас. Ќе се спакуваш со неопходното полека, утре кога тој нема да е дома, детето со себе и заминуваш без враќање. Пријавување не знам како функционира кај што живееш, еве некој поискусен нека каже кај да се обратиш и како да се документира физичкото насилство, да имаш аргумент плус при разводот.
Знам, многу е лесно да судиш од страна и да се "попува" како оди си одма итн итн... Но нели и самата длабоко, ама многу длабоко во себе знаеш што е правиот избор за тебе Знаеш дека каде има љубов има многу толеранција, но кога љубовта ја нема агресијата е тука Никогаш ама никогаш не смееш да си ја погазиш самопочитта Размисли дали ќе дадеш време, и дали е паметно да дадеш Какви ти се околностите и помогни си сама на себе Животот е многу убав мајка, насилството е непростливо, ни најмалку налик на љубов Размисли што е најдобро за тебе и детето ❤️
Да даде време ?? На што,на кого ?? Кога мажот ќе ја изневери жената 90% од коментарите се да спакува куферите и да си оди. Одма развод. Да се скарала само ајде де,да де размисли. Ама нивното премина во насилство. Насилство. Ако ова не е аларм,тогаш не знам што е.
Dali e mozno da ima ljubov a ednostavno da e takov koga e nervozen dase gubi...lele gluposti prasuvam, znam, tocno znam sto e pravoto nesto za dsse napravi...
Болдот. Нема што да се размислува воопшто. Зарем на секоја караница треба да си оди брачниот партнер?
ако те сака нема да нагрне на тебе нервозата не е правдание баш во нервозата ако е ок треба да знае а се изконтролира џабе те советуваат сите да заминеш јас знам дека ти тоа нема да го направиш затоа нареден пат ке те омодре од котек ако му го прекутиш ова
Не. Нема никаква љубов тука. Ни трошка. Тој што те сака ќе те заштитува од цел свет, а не тој да те тепа. Утре и боксови сакаш да ти удри? Сакаш детето да го види тоа, да се истрауматизира и да си речеш убаво ми викаа на фемина уште вечерта да си одам. Јас ти гарантирам, ако имаше простор јас ќе ти речев има простор за простување. Се може да се прости, вакво насилство не. Ај види си ја модрицата и кажи ми дали гледаш љубов. Љубовта не боли. Ако имаш работа, имаш каде да одиш, одма замини си. Си го должиш тоа и себе си и на детето.
Ако добро разбрав, не е првпат. Ако добро разбрав, исто така, бракот ви има тргнато по надолна линија, здравствено трпиш од нервозите на живеењето во заедница. Во склад со тоа што разбрав, дадов совет. Оди кај мајка ти за прво време, ќе се осамостоиш и поставиш на свои нозе со тек на време, ме е крај на светот. За никого не е добар живот со насилство, ни за тебе ни за дете.
@lylaby не, ова не е љубов. Човекот е психички пореметен. Утре може и на дете да истура насилство, да има и тоа лошо детство. Никој не е должен да трпи насилство без разлика колкави се проблемите. Стави крај на тоа. Ќе ти олесни. Послушај ги членкиве. Што порано средиш толку подобро за тебе и малото.
Ако се плашиш за детето, не постои суд Јас те разбирам искрено дека бараш одговор, одговор да те смири Ама еве размисли, тебе некој да те налути кој искрено го сакаш, толкава агресија ќе искочи од тебе толку голема за физички да повредиш Никогаш најважните одлуки во животот не се даваат во афект Размисли мајка, ама кога ќе размислуваш секогаш да се ставаш ти во прв план, зашто ти си Мајка Секогаш не е се така лошо, ама да ти биде подобро зависи само од тебе, а ти длабоко во себе знаеш што е најпаметно
Оди си уште одма. Оди во тоалет или во некоја друга просторија заклучи се и пријави во полиција, јави им се на твоите да дојдат и во присуство на полиција спакувај си ги работите, земи си детето и оди си кај твоите. Со таков ни минута повеќе не поминувај. Со таков би ми било страв ноќеска да си легнам.
Од твоите 2 совета добив заклучок дека ти членката ја советуваш да размисли пред да донесе било каква одлука. Во животот има тешки моменти,треба да решаваме со агресија ли,насилство ?? Ако е паметна и се цени себеси и своето дете,нема многу да размислува туку куферите и кај своите родители,роднини. Не гледам тука што има да се размислува. Може касно ќе биде