Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Маж ми ме удри

Дискусија во 'Брак' започната од BellatrixF, 29 август 2019.

  1. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Никоја навреда не е пострашна од физичко насилство.
     
    На tina2018, poppie и Mantub им се допаѓа ова.
  2. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.422
    Пол:
    Женски
    Ниту една жена не заслужува насилство.
    Јебем му племе, нека се сили на некој од неговиот пол да видиме дали ќе има муда за тоа, мочко еден.|(
    Ниту една жена не заслужува ваков живот, вакво третирање, ваков човек покрај себе.
    Уште повеќе ме боли што жртвите се обвинуваат самите себе.

    Не знам што да кажам, навистина, разочарана сум.
     
    На raww, темјанушка, tina2018 и 11 други им се допаѓа ова.
  3. *Bridget Jones*

    *Bridget Jones* Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    226
    Пол:
    Женски
    Дали Вета видовте такво прашање од мене?
     
  4. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    21.313
    Сепак го оправдуваш за жал, мислејќи дека ти си го предизвикала.
    Не. Ти не си го предизвикала никако. Во секој брак има некакви несогласувања, често се повишува и тон, но не во секој брак "изнервираниот" го решава проблемот со боксови или закана.

    Човекот е насилник. Очигледно е. И се плашам дека нема да се смени. Можеби некогаш и ќе се смири на одреден период, но секогаш ќе дојде момент кога ќе е изнервиран и ќе решава проблеми со боксови.

    Особено ми е жал кога ќе слушнам дека цела таква ситуација се одвива пред очите на мало, невино детенце. Ако почне тоа да ви станува секојдневие, и на детето ќе му изгледа нормално. И ќе расте и ќе дојде ден кога нормално ќе му биде да удира некого. За жал. Децата се огледало на родителите, нормално ќе им биде тоа што го гледаат во семејството, затоа што за друго секојдневие нема да знаат.

    Возрасна си и свесна за ваквите ситуации и одлучи сама што би било најдобро за тебе, а особено за детето. Најискрено се надевам дека имаш поддршка и можност да заминеш од таму а сепак детето да расте во топол дом.

    А после вакви ситуации, последно нешто што би се прашала е дали ме сака.
     
    На noteforself, Skorpija25, Purplelilac и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски
    Пример наведов,сори
     
  6. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.048
    Допаѓања:
    21.685
    Пол:
    Женски
    Зошто да кажеш дека имаш доблест да признаеш дека си го испровоцирала?
    Зошто да е испровоциран? Зошто и ти имаш право на мислење, замор, емоции, чувства? Имаш право и да си нервозна, тажна, да ти е преку глава од се, и сосем не битно е дали у тој момент си у пмс или не....
    Едноставно тој нема право да е испровоциран.. уствари нема право да се осуди да направи такво нешто колку и да е испровоциран.
    Насилство не е решение за он да си лечи комплекси.
    Има други решенија ако бил изнервиран...
    Ние го решаваме со те молам остај ме 5 минути наапана сум...
    Не ми збори, остај ме да ми помине...
    Ова е огромен проблем кој ако не го решиш сега ќе се влече низ годините.... ќе има втор и трет и 10 пат...
    Убав совет ти дадоа викни ги твоите и полиција, собери ствари и оди си.
     
    На tina2018, IRBBB, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Би простила фрлање на паркет, боксови и модрици пред дете, ама не би простила Курва?
    Сто пати нека ми рече Курва баш ме заболе. Јас ако не сум курва, на таквата навреда негова можам само да му се изнасмеам. Да стави прст на мое тело не смее ни ко мисла да му помине
     
    На candy.cane, Skorpija25, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Иако се ,,безопасни" тие зборови, но секој сопруг кој ја почитува својата жена, нема да ги изусти. Од друга страна, без разлика на поводот на кавгата, твојот сопруг не смее, т.е може да те удри, но ти не смееш да си дозволиш да бидеш со таква личност, која те третира како издувен вентил за своите недостатоци и комплекси. Верувај дека нема да се смени. Тешко е сигурно, со оглед на твојата ниска самодоверба (претпоставка, бидејќи се сомневаш во себе си) да заминеш. Сметам дека тоа е најправилна одлука што можеш да ја направиш. Детето нема да расте во здрава средина, а неговото насилство ќе остави траен белег врз него. Стокхолм синдром најчесто се јавува кај жртвите на семејно насилство. Не чекај ни еден ден, веднаш замини си.
     
    На poppie, tina2018, noteforself и 7 други им се допаѓа ова.
  9. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.777
    Допаѓања:
    53.110
    Пол:
    Женски
    За тепањето јас лично должна не би му останала. Барем дур спие некако би му вратила:D И на свекрва ми и го имам ова кажано :). И не дека би простила секако,така ми беше зборот, ама да ми каже курва, а ми бил прв, две деца да му родам? Е тогаш веќе за мене како да умрел, ни името не би му го запомнила. Своја жена, мајка на твоите деца курва ли се нарекува?
    Еве и јас не работам, па ајде нека ми каже мој леб јадеш. Нека биде мајчин :)
     
    На deskarada, teaiva, lovemme и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    5.059
    Ниедна членка немам видено откако ја истепал мажот и да ги примени советите кои и се даваат во темава или во слични теми. Се скарале, ја истепал, таа го оправдува, го испровоцирала, на крај го брани дури - многу навреди му кажала и овој ‘кутар’ се изнервирал и морал да ја удри. Како тепањето да е обичен муабет ко ќе те изнервира маж ти: ‘леле, се скаравме за ручекот - тој сакал риба, јас сакав стек’. Ќе се пожалат овде, ние ќе се испотресиме, 100 совети ќе се дадат и на крај ќе ги снема членките.
    Се надевам еден ден ќе почнат да се борат за себе и нема да си дозволат да останат со насилници. Стварно ми е многу жал, секогаш кога ќе видам нови мислења во темава срцево престанува да ми чука.
     
    На poppie, raww, Regina.Phalange и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Кажи како размислуваш на темава со мажот, имаш ли некаков план што ќе правиш следен чекор?
     
    На Sahlene, cresa-jagoda и Цвет88 им се допаѓа ова.
  12. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.422
    Пол:
    Женски
    Не простувам навреди, ќотек уште помалку.
    Ако членкава одлучи да не замине, Господ нека и е на помош.
    Толку имам да кажам.
     
    На poppie, IRBBB, Sahlene и 3 други им се допаѓа ова.
  13. 6th sense

    6th sense Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2020
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Можеби си виновна што си го испровоцирала, па човекот излегол од контрола. На секој човек му се случува да му пукне филмот и да го изрази тоа на ваков или онаков начин. Обично во природата на повеќето луѓе е да изгубат контрола кај послаб, а каде што ќе видат заби да свиткаат опашка. (Слично како во животинскиот свет). Токму поради тоа за да се издвоиме од животинскипт свет ние луѓето сме измислиле разумен разговор, во кој ниту едниот психички ќе малтретира со провокации ниту другиот физички ќе малтретира со удирање и сл. Но бидејќи вие веќе се прешле во фазата на животинска комуникација, тоа значи дека ке треба да се мерите кој е посилен. Сакам да кажам дека кога веќе еднаш те удрил и ти сега свиткаш опашка, тоа значи наредниот пат и ќе добиеш поголем удар и без да провоцираш, а по тој пат уште поголем удар и уштр поголемо понижување. Затоа ќе мораш да најдеш начин да покажеш заби, дали со тоа што ќе се тргнеш од него, дали со полиција, твој е изборот. Но да си бараш сега изговори и да ги вратиш времето назад не можеш. Не се плаши, само првиот чекор е тежок,потоа си се редат работите. Не си ни прва ни последна што го направила тоа. Постои сос телефон за жени и деца жртви на семејно насилство, можеш да се јавиш таму и да си го објасниш проблемот, бар се покомпетентни да те упатат што понатаму
     
    На IRBBB, Mikha4, Sahlene и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.920
    Допаѓања:
    179.315
    Последен пат кога бев на темава членката после чинот на насилство си замина од мажот. Со се дете. Впрочем не постои друг излез од ваква ситуација.
     
    На poppie, Purplelilac, Jana06 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    7.373
    @lylaby Насилство не смееш да премижиш!

    Секој човек има лоши денови кога знае цел бес да го истури на партнерот, ама тоа не му дава право да те малтретира и удира!!!

    И да заработува повеќе, и да плаќа сметки, и било што да прави, вие сте во брак и нема мое-твое, заедничко е. Можеби утре работите ќе се сменат и ти ќе бидеш таа што ќе заработува, никогаш не се знае што носи времето.

    Како што разбрав еднаш те удрил порано, сега пак. Верувај, ако останеш, ќе се повтори. И ќе зачести.

    Јави се во полиција/социјална служба. Ако имаш модринки, оди и до доктор записник/лекарско да направат. Земи го детето и оди кај твоите. Ако мислиш дека не можеш, викни ги нив или полиција и безбедно да си заминеш.

    Не останувај дома! Ти треба да си си најбитна, и да се грижиш за својата безбедност и здравје, и за безбедноста на твоето дете.
     
    На poppie, cresa-jagoda, 6th sense и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Како разбравте дека втор пат ја удира, кај пише така или од претходно паметите?
     
    На Sahlene му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.215
    Допаѓања:
    170.020
    абе еднаш беше оваква ситуација
    она си замина со детето
    типот се понашаше како ерген
    на крај пак она му се јави и посака да се врате
    и шо мислите што ке се дешава во иднина??
     
    На eliesaab и Sahlene им се допаѓа ова.
  18. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    7.373
    Па имаше напишано не е 1 пат некаде во постот

    П.С. И да е, и да не е прв пат, што е битно тоа. Не го менува фактот дека ја удрил.
     
    На cresa-jagoda и bicycle им се допаѓа ова.
  19. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.422
    Пол:
    Женски
    Мислам дека членката во постот напиша дека не му е прв пат.
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.920
    Допаѓања:
    179.315
    Пишува во нејзиниот прв пост од вечерва, или јас така разбрав.