Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Маж ми ме удри

Дискусија во 'Брак' започната од BellatrixF, 29 август 2019.

  1. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.836
    Допаѓања:
    13.430
    И што направи членката во врска со ова? Таа што и да пише, гледам дека ја менува темата. За свекрвата пишала дека не ја понижува. :?:
     
  2. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Да не ве цитирам посебно, да, напишала во последната реченица од првиот пост дека не е прв пат, го пропуштив тоа, не знам што да кажам
     
    На cresa-jagoda, Biljarkata и bicycle им се допаѓа ова.
  3. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    Zaminav ednas da, se vrativ i ete istoto se slucuva, i sega? Ke mi sudite? Dadov vtira sansa na brakot dete imame mislev deka e korektno toa...za svekrvata neznam sto zbori clenkata ne sum sigurna na sto misli...
     
    На Sahlene му/ѝ се допаѓа ова.
  4. marija305

    marija305 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2014
    Пораки:
    1.152
    Допаѓања:
    7.987
    Пол:
    Женски
    Треба да си заминеш и веќе да не ти текне да стапнеш таму. Ако некој еднаш кренал рака, повторно ќе го направи тоа.
    Па баш ради тоа што имате дете треба да заминеш, ради него. Вака и него го ставаш во опасност, подоцна може и на него да крене рака.
     
    На candy.cane, Purplelilac, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.920
    Допаѓања:
    179.315
    Јас пак не можам да разберам каков е тој маж, што ќе докажува физичка сила на жена. Мислам што е ова, животинско царство?:^) Ако не, да земам боречки вештини да натренирам па да видиме кој е посилен пол]:) Свашта|(
    Абе за сопруг зборуваме, човек со кој делам постела и живот, не крадец што ми влегол низ прозор. Ете, може ми фали имагинација, ама не можам да замислам.
     
    На GirlLove, firequeenn, noteforself и 2 други им се допаѓа ова.
  6. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.422
    Пол:
    Женски
    Ова е најголема грешка.
    Поради детето.
    А каде си ти овде? Ќе трпиш цел живот понижување поради детето?
    А тоа, сакаш да има убаво детство или да расте покрај насилен татко?
    Сакаш да има трауми и да плаче секој пат кога тој тебе ќе те тепа затоа што веројатно не знае за контрола?
    Ако си мислела тогаш поради него, мисли и сега, и заради него но и заради себе.
     
    На raww, deskarada, candy.cane и 8 други им се допаѓа ова.
  7. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.215
    Допаѓања:
    170.020
    еве се случи и втор пат
    што ке предземеш ти за оваа ситуација??
    ке си останеш со него а?
     
    На candy.cane и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Не те осудуваме. Си направила така како што си мислела дека е најдобро. И ете гледаш дека пак истото се случува. Колку пати треба да се случи за да се убедиш дека нема никаква љубов тука?
    Ќе ти кажам дека има начини, не мора да трпиш насилство, ни детето да го гледа тоа. Утре кога ќе порасне детето и него може да го истепа, зарем нема да си кажеш зошто не го тргнав детето од овде?
    Не си ти крива што те удрил. Не можеш да си крива.
    Ама треба да знаеш
    Дека за било која институција, организација, полиција, родител, пријател било кој да ти помогне, треба ти да сакаш. Ако ти не сакаш, никој не може да ти помогне.
     
    На candy.cane, cresa-jagoda, IRBBB и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    @lylaby ти си се вратила заради детето, па баш заради детето треба да си одиш, не да се враќаш за него
     
    На raww, candy.cane, noteforself и 5 други им се допаѓа ова.
  10. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    7.373
    Ако не превземеш сега нешто и не заминеш, не ја сфаќам целта на пишувањето овде... Незнам каков совет очекувате. Никој нормален нема да го оправди и жали, и да ви каже „Океј е, остани дома. Изнервиран бил.“.
     
    На Skorpija25, Annath, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  11. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    1.621
    Пол:
    Женски
    Ако не си заминеш, насилникот понатаму ќе си направи комбинација од сите видови насилство.Многу жртви не се ни свесни за насилството што го трпат само затоа што не се модри секој ден.
    Не барај изговор за да го оправдаш неговото насилно однесување,НЕ си виновна,ниту си заслужила.
    Ако некому нешто не му чини,тоа не му дава за право физички/психички/емотивно/економски/социјално да злоставува други.
    Ќерка ми сеуште има последици,камо да си заминев уште првиот пат кога се спакував.
    Биди храбра,и не паѓај во замките од извинувања. Сега тоа следи,извинувања молење,ќе се оправдува,ќе ти товари вина како си го испровоцирала,ќе ветува дека нема да се повтори ама да не го предизвикуваш во иднина...Е во случај да добиеш само молк и игнор од него како реакција, тогаш знај дека те смета за тотално безопасна, па не чуствува потреба дополнително да те манипулира. Убеден е дека ти покажал каде ти е местото.
    Жалам што си го доживеала ова,но штом не знае да се контролира дотичниот па дури и сопственото дете си го изложува на трауми и стрес,таквиот никогаш нема ниту да те почитува, цени,сака и заштитува . Со самото тоа што те изложил на стресови и немир во опкружувањето (те читав во другат тема за свекрва ...) доволно кажува каков ,,човек " е!
    На крај тебе ќе ти дадат дијагноза дека си хистерична и како не знаеш да го вртиш мажот. Не си го губи здравјето,психички ќе те оболат а може и физички.
     
    На Skorpija25, Purplelilac, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  12. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Ако детето е машко, и го гледа својот татко како врши насилство врз својата жена, каков човек мислиш дека ќе пораснеш? Со какви доблести? Скрати ја верижната реакција од насилството. Во случајов, твојата втора шанса ќе има спротивен ефект врз психата на твоето дете. Сметам дека љубовта према него е целосна и несебична, а како таква, биди вистинска мајка и почитувај ја.
     
    На tina2018, cresa-jagoda, IRBBB и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.920
    Допаѓања:
    179.315
    И најнервозниот човек на светот да е, жената што ја сака не може да ја удри. Ако ја удрил, отишол возот у кукуруз, нема таму љубов, нешто друго е.
    Ај вака најискрено, можеш да замислиш да удриш некого кого сакаш. Јас не.

    @lylaby , секоја траума остава траги кај детето. Колку побрзо завршиш со драмите и се тргнеш настрана, да створиш стабилно окружување во кое ќе расте тоа дете, тоа подобро.
     
    На tina2018, темјанушка, candy.cane и 7 други им се допаѓа ова.
  14. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Да, ама има два збора...самоконтрола и емпатија. Свесност и несвесност. Сум се нашла во ситуација каде толку сум била нервозна што секакви мисли ми прелетувале во главата. Разликата е што ќе удрам во ѕид или плакар, наместо во живо битие.
     
    На Осе, candy.cane, tambelina и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.920
    Допаѓања:
    179.315
    Е токму за таа разлика правиме муабет:).
     
    На cresa-jagoda и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  16. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    Nemozete da zamislite kako mi e...ne mi se veruva deka sym vo ovaa situacija a ston se karame i povishime ton na vrata doagaat negovite...Kako li dozvoliv da se najdam vo ovaa sredina vo ovaa situacija...
    Po incidentiv mu prijdov i sobrav sila da mu objasnam kilku se seriozni ovie negovi postapki na nasilstvo..Pocna da me snima zamislete bidejki zborev dosta zestoko da me snima za dokaz da imal i toj taka tvrdese...Se cudev na toa i mu go trgnav telefonot po sto toj povtorno nakaj mene odese celiot zakanuvacki...pocnav da placam i da mu vikam na cel glas "sakas da se plasam maz se cuvstvuvas vaka"? I potoa pak pocna da me navreduva i da tvrdi deka sum go provicirala i da sum mu se trgnela...jas mu predociv deka na ovoj nacin ke ne izgubi...luge kakvi gluposti zborese ne mi se veruva deka sum se omazila za ovoj covek...
     
    На Skorpija25, buba4e89, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Сега ти изгледа претешко, не ти се верува, ама од ден на ден ќе ти биде полесно. Решението е да се разведеш. Ако не, ова ќе го доживуваш цел живот, тепање и закани кон тебе, и еден ден може да му текне и детето да го истепа. Тогаш ќе си речеш зошто останав и зошто не го заштитив детето. По втор пат си дала шанса, ако се менувало нешто ќе се сменело.
     
    На smooch, tambelina, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    1.979
    Пол:
    Женски
    Само пријава за тој, за да добие забрана да ти се приближува. А со тоа што те снимал може сам се зафркнал. Сигурно си спомнала зошто те удрил и сл. Кажи го и тоа дека има снимки. И да ги избрише има начин да се најдат.
    Бегај додека ти е време, не троши ни минута време.
    Посакувам жените да беа малку похрабри за да можат да се справат со вакви лигуши.
     
    На tina2018, deskarada, Miss666 и 8 други им се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.067
    Допаѓања:
    36.151
    Пол:
    Женски
    @lylaby јас не би седела ни минута. Бегај подалеку. И пријави го.

    Штета што кај нас многу жени седат во вакви бракови, затоа што немаат друг избор....конзервативни родители - Си го земала, ќе си го трпиш. Немој да се разведуваш. Цело маало ќе разбере. Не знам какви се тие родители кои дозволуваат некоја будала да им го малтретира детето. (facepalm)

    Имав една колешка која скоро секој ден доаѓаше модра на работа. Ама очигледно и одговара да е тепана, па и дете му роди на насилникот. А од нејзините има голема поддршка да се врати. Тука самата си е виновна.
     
    На tina2018, candy.cane, Skorpija25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Besmrten

    Besmrten Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2019
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Машки

    Според мене, тој човек не те заслужува. Воопшто не те почитува, тука нема никаква љубов и тоа што те удрил, тоа не смее во никој случај да се прости и уште продолжува со навреди и закани и такво лингурско понашање, такво нешто не смееш да трпиш во никој случај. Такви особи не верувам дека некогаш ќе се сменат, плус има поддршка од неговите, тие секоја негова постапка ќе ја оправдаат, зошто нели нивно дете, детето нека биде насилник, нека се ку**а, нека прае секакви глупости, тие секако ќе го оправдаат тоа.
    Затоа гледај да се тргнеш што подалеку од нив и да почнеш нов живот, тоа ќе биде и подобро и за твоето дете.
     
    На tambelina и cresa-jagoda им се допаѓа ова.