Секогаш кога ќе ја видам темава, ме потсеќа на една моја врска. Бев доста млада и на секоја кавга, го удирав. Тој не ме удираше, затоа што сум женско. Јас се повеќе го удирав и му нанесував видливи повреди. И еден ден, му пукна филмот и тој мене ме удри. Кој е крив? Тој, затоа што е машко? Не смее да крене рака на жена? А јас што го тепав? Не е никој крив. Едноставно, тоа е тоа. Кога вербалната комуникација ќе премине во физичка пресметка, тоа никогаш нема да заврши. Тој што удрил еднаш, жената или мажот, ќе удри пак. Ќе добие повратен удар Во човековото битие е да се брани од удар и да удри. И секогаш да удира, кога ќе се најде во опасност. Со маж ми сме се карале и вреѓале, никогаш не сум го удрила. Ниту тој мене. Ниту ќе го удрам-ниту ќе ме удри. Затоа што вербална комуникација може да се оправи, физичка пресметка никогаш. Станува шаблон и навика. Не смее да се трпат такви тешки кавги и тепачки. Штом дошло до нив, не мора некакво посебно кукумјавчење и изигравање жртва, едноставно се заминува. Никој дома не ве заклучил, ниту на сила ве тера да седите поред него. Тоа е веќе друга тема и друг проблем. Многу е поздраво за детето да живее една недела со едниот, една недела со другиот родител, него да му го ебете детството со драми секој ден.
Fizichko nasilstvo ne se prostuva. Uste pred brak mu se kazuva na momceto ako me dopres posilno od gushka ochi nema da mi vidis. Roditelite treba da se zastita na zenskoto chedo. Kazi go na majka ti I tatko ti, na negovite, site neka znaat ako toa se sluchi. Odi si za da bide svesen deka napravil losho. Svoe chedo da doznaam deka nekoj mochko go maltretira, ke zazali sto voopsto se rodil. Ne trpete, toa ne e ljubov, nitu verbalno nitu fizichko nasilstvo, prvo zaradi sebe a potoa zaradi decata. Decata se sto gledaat toa pravat vo idnina.
Имаш две опции: Или фаќаш патот кај твоите со детето, го пријавуваш за семејно насилство. Или седиш,ќутиш и трпиш. Ти избираш.
Zivees so psihopat, zatoa I roditelite taka reagiraat. Definitivno begaj so deteto. Chovekot moze da e so dijagnoza koja ne ja znaes. Obavesti gi svoite roditeli za da te zastitat.
Прво жал ми е што ти се случило ова, ама има некои загрижувачки реченици што ги пишуваш. Дали ти си објаснила сама на себе колку се сериозни? Дали ти самата веруваш дека ова е сериозно? Се сомневам, затоа што би знаела дека со насилен човек нема разговор. Фактот што инстинктот ти е да му пријдеш и разговараш, наместо да планираш уште одма како да бегаш од таму безбедно, укажува дека ни ти не го сфаќаш ова сериозно. Таму веќе не е безбедно. Ни за тебе, ни за детето. Не знам од каде да почнам со ова. Ајде да не навлегувам колку е прост, што смета дека постои доказ што ќе оправда насилство, ако некој...пази...зборел доста жестоко. Доказ да имал и тој? Значи тој уште од сега се спрема дека ќе го пријавиш. Што е второто нешто што треба да те отрезни. Дури и тој самиот смета дека доволно претерал со насилство за да го пријавиш, па спрема и доказ за самоодбрана, колку и да е дебилен. А во меѓувреме ти уште се мислиш дали да си одиш или не. Советот што го бараш не треба да е дали да си одиш или не. Се подразбира дека треба да си одиш. Советот што треба да го бараш е како најбезбедно да си отидеш. Тука мој совет е да чекаш да отиде на работа, да спакуваш во ранец најнеопходни работи и со детето правец кај твоите. Ако те сретнат неговите, ќе речеш одиш до маркет/на прошетка/било што секојдневно. Ова затоа што е насилен. И во друг случај може да помине лошо и да те спречи. Затоа не треба да кажеш на никој. Кај твоите се убаво ќе им објасниш, ќе појдете потоа заедно да си ги земеш другите работи. Ќе одиш на лекар, особено ако имаш модрици и потоа ќе го пријавиш и во полиција. На крај, ќе појдеш и до адвокат и ќе поднесеш барање за развод. ЕДИТ: Заборавив да додадам. Кога ќе ги средиш тие работи, би ти препорачала и да си закажеш кај психолог. Премногу трауми имаш доживеано, главата ти е хаос. Штом си се вратила првиот пат, не си размислила доволно трезвено. Си подлегнала на притисок и манипулации. Затоа ќе ти треба добар разговор да си ги разбистриш мислите.
Зошто мора кога се караме и да се вреѓаме м? И зошто вреѓањето го сметате за ,,полесна ,, варијанта ? Точно дека насилството е аларм, меѓутоа и неколку зборови да ми упаати јас би размислила дали да бидам во брак со таков човек (зборови коишто не кажани на шала. Туку во лутина - а чим се во лутина тоа и го мислат навистина). Каква и да е жената,таа не заслужува да биде наречена курва,кокошка... Последниот пример ми е од блиска ситуација : Брачен пар (мои комшии) се караа гласно во својот двор и мажот и вика ти ли кокошко една ќе ми кажуваш ....и она дреме сирота,ведне глава. А беше кажано пред неколку души. Дали е до воспитување не знам. Ама и такви зборови би ме оддалечиле од партнерот,затоа што он ако има љубов и почит спрема мене погрдните зборови ќе бидат избришани - дури и во кавга да.
Не мора да гледаме секогаш проблем само во мажот. Има и жени кои вреѓаат и напаѓаат доста грдо вербално. Ги слушаш од страна и ти се гади. Не е секогаш мажот крив ако викне. Баш напротив, сметам дека мажите се доста потолерантни кон жените, него обратно.
Не ми беше поентата мажите да ги обвинам,меѓутоа се надоврзав за вчерашната ситуација, а иначе да потполно се согласувам со тебе
Ако не мислиш на себе, мисли на детето. И замини си веднаш и никогаш повеќе да не ти текне да се вратиш. Не знаеш колку е лошо и стресно за детето да живее во семејство каде има насилство. А мисли и на својата безбедност.
Имаше еден комшија овде кај нас, жена му два пати рака му имаше скршено, а еднаш и нога и рака кога го фрли од тераса. Не значи дека жените не тепаат.
И жените тепаат точно,има и такви ситуации,меѓутоа во глобала,претежно жртвите се од понежниот пол. И не мора да е само насилство,туку тука би го вброила и психичкиот стрес.
@lylaby девојко, жено, мајко како да ти објасниме дека сопругот не те сака повеќе, си дала второ шанса ама еве пак исто.. што те врзува да бидеш уште со него? До сега требаше да бидеш замината од таму а не 2 дена да се објаснуваш овде. Каков брак сакаш да спасиш кога тој си ја прокоцкал и втората шанса? Да си ми ќерка искрено и јас ќе те истепам штом си дозволила некој да крене рака на тебе. Жално дете ако го оставиш да живее со таков татко и во таква средина, ако останеш и после се да знаеш дека не го заслужуваш тоа дете...
Ако некој те удри еднаш,ќе те удри уште еднаш. Сто деца да имам а маж ми да ме тепа ќе си одам и не се враќам никогаш. Сите луѓе во брак се расправаат и нормално е ама не до тој степен да земе и да те зачука
@lylaby Очигледно сте во многу токсичен брак и не оди. Разведете се. Нема потреба од драми скришно да си идеш зашто тој ако сакал да те претепа досега ќе се случело. Едноставно ќе си направите муабет смирено, ќе се договорите околу детето и еден ќе си замине. Лошо е тоа што ти го направил пред детето ама и твоето урлање пред него има ист ефект. Разведете се и спасете се еден од друг.
Мене ми изгледа дека ќе остане, ама добро еве, ќе вложам малку надеж дека ќе размисли и што побрзо ќе се извлече од ситуацијава. Имаш ли место каде што можеш подолго да престојуваш? @lylaby
@lylaby Таков човек, кој нема контрола врз својата агресија, еден ден истата ќе ја насочи кон вашето дете. Ако не за себе, бар за детето бегај, додека не станало полошо, оти таков човек нема емпатија и контрола, и детето може да ти го повреди, не само тебе. Бегај додека не ескалирало уште повеќе.. Разбирам дека не е толку едноставно да се замине, ама те молам мисли на иднината на малото, дали би сакала да расне во таков дом??
Колку омраза има човекот штом ја тепа и снима? Не може да ја поднесе, не ја сака, затоа така прави. Уште само таа да го сфати тоа. Еднаш насилник, засекогаш насилник. Нема никакво оправдување. Ако д8бро се сеќавам членката беше кај мајка и 3 месеци, и потоа се врати кај него.
Добро, каде бе со ваквите совети? Дали воопшто се читате што пишувате или само да се каже нешто? Кај што ѝ е тешко, се гледа дека нема самодоверба и се обвинува и самата себеси, па уште и мажите биле понекогаш жртви. Е супер, само што тука не станува збор за тоа дали постојат и такви случаи. И кога таков пример ќе се каже на жена која се размислува дали да замине од насилен брак, многу е веројатно да ве послуша. Вајолет ти мора да си од оние родители кои ако детето им е истепано на училиште, ќе го дотепаат. За претрпено насилство казна со насилство така? Ако ова ти е советот, може и да си го задржиш за себе. А и не знам воопшто зошто стои мислењево. Заслужуваш да ти биде избришано. Има потреба од скришно заминување. Минало времето кога со разговор можело да се решава се. Од тука па натака не смее да верува и да се убедува дека штом не ја претепал, може да се договорат. @lylaby Те молам послушај ги членките кои те советувале да си заминеш додека е тој на работа. Собери си нешто минимално облека, детето за рака и замини си. Ако не се чувствуваш безбедно тоа да го направиш сама, повикај ги родителите, роднина или пријателка да те земе. И пиши тука дали успеа.
Затоа што си заминала еднаш и се вратила пак да ја тепа. Дала втора шанса а сега гледам и трета ќе му даде. И не не се плаши она од него туку го сака затоа е со него... Сите жртви го велат тоа. Не мора буквално да се сфаќа секој збор, поентата ми беше да се цени самата себе,ако родителот те изгледал здрава права ти да дозволиш некој си таму да те тепа.
Please, не драми. Никој не ја заклучил дома, може да си отиде кога сака. Тоа дека мажот е жртва, не беше за неа, читај малце кај сум реплицирала. И нормално дека постојат и мажи кои се жртви на жени кои крекаат 24/7 за најразлични глупости, а не смеат да зуцнат за ти да не ги сврстиш во семејно насилство.