А зошто ете не може да се каже болдираното токму така, туку мора да се манифестира сила преку „кога би“? Не е темава една од тие каде е пожелен таков пристап и тоа треба да е јасно како ден. На особа која претрпела емоционална и физичка болка, уште осуди ли ѝ требаат? Ако за ќотек не треба да се драми, тогаш не знам за што треба. Ама секако дека за тебе ова не е ништо сериозно, па и самата си била насилник во врска. Ти ги прочитав и двата поста. Идеш во тема која се активира по долго време бидејќи истепана членка бара совет, за да раскажеш дека има и жени насилнички. Ниту времето, ниту местото е соодветно за да пишеш такво нешто. А за последното нема ни да објаснувам зборови кои не сум ги ни кажала.
@lylaby во принцип сум човек што смета дека сѐ се решава со разговор и разводот е последно решение. АМА ова вашево не личи на ништо. И без насилство, тој очигледно не те почитува ни како човек, ни како негова сопруга, ни како мајка на неговото дете. Нормално, тоа тебе те фрустрира, па си нервозна, па му пререкуваш, па го провоцираш, па го навредуваш... Тоа не е здраво ни за вас, најмалку за детето. Тој не е среќен со тебе. Ти не си среќна со него. Детето го казнувате да страда покрај вас, а на крај тоа ќе го извлече подебелиот крај. Цел живот растено во нездраво и нефункционално семејство. Или ќе биде насилник како татко му или мазохист како мајка му. Јас не би сакала ниедно од тие две работи да е моето дете. Ајде, настрана детето (ако можи да се тргни настрана). Зарем е во ред да се пресметува физички со жена? Колку и да си го испровоцирала или навредила или повредила. Па тој треба да е тука, да те гушни, да разговара со тебе, да те утеши кога ти е тешко, а не да ти враќа со ќотек. Во најмала рака, ако не е толку сталожен тип и не може/не сака да е покрај тебе во моментите кога си нервозна и некако си го навредила, нека излезе, нека си легни да спие, не знам, што било, само не враќање со иста мера, најмалку со насилство. Од вчера во глава ми се врти мислењето на @Mantub. Види си ја модрицата. Дали во нејзе гледаш љубов? Па никој на светов не заслужува физичко насилство, колку и да е лош. Светот се бори против насилство врз животните, а ти се наоѓаш себеси виновна што маж ти те удрил. Пред детето. Си се вратила еднаш, си дала шанса. Океј. Ја прокоцкал тој твојата шанса, ти твоето достоинство и сигурноста на твоето дете. Уште колку шанси ќе даваш? Ќе се сведиш на степен да ти е страв пред него да изустиш збор за да не бидеш погрешно сфатена и казнета со навреди или ќотек? Ќе дозволиш да бидеш безгласна буква? Ќе ја преземеш ли одговорноста за тоа што трпи/би трпело твоето дете во такво семејство? Ти ги посакувам целата среќа и сигурност на светов.
Не би рекла. Насилен е, може да му текне да ја истепа ако му каже дека ќе си оди. Ама убаво ти пишала @Purplelilac . Темава гласи Маж ми ме удри. И сега со вакво мислење се релативизира проблемот. Членка доаѓа и пишува дека маж и ја истепал и се осеќа виновно за тоа. Се враќа по некое време и чита "Ех, а жените да не се поарни. Какви ги има". Воздржете се од такви мислења, нема потреба. Има генерална тема за семејно насилство. Може да се напишат таму.
Смени си диоптер, те молам. Не сум реплицирала на ниедна членка, која се жалела на ќотек. Пишав свое мислење општо на темата, па ми реплицираше сосема трета членка и се надоврзав на нејзиниот пост. Никој и ништо си да ме правиш насилник мене, затоа што сум кажала свое доживување од кога сум имала 19 години, а дечкото 20. Напротив, многу невоспитано од твоја страна. Членката што се жали на ќотек, може да си оди во секој момент, ама ете тоа не го прави и која си ти да ја тераш? Може е мазохист бе. Да ја заклучил некој дома и да ја тепа, па да не може да избега е друга работа.
Ако мажот ја сака жената, нема да ја удри. Второ....оние свекрви што ги охрабруваат синчињата да си ги тепаат женичките, дали и самите тие биле тепани? И дали ќе им биде убаво ако зетот ја тепа нивната ќерка? Вистинскиот маж ја удира жената само по газ.
Темава е отворена 2019 од сосема друга членка. Не се крсти многу. Треба да сфатиш дека не можеш да натераш некого да си ги смени навиките, односно да престане да трпи токсични врски. Не си психијатар. Може да си отиде кога тој не е дома. Ваљда не е закован за фотељата во дневна.
Nisto, denes sum kaj majka mi seuste ne se spakuvav i zaminav sose partali, zbuneta sum denes i voznemirena. Se obiduvam da se organiziram, fala na site sto me ohrabrija i sto mi dadoa poddrska. Jas znam deka ne treba da se tolerira takov tretman od covek sto treba da ti e soprig najgolemata poddrska da ti bide no postojat mnogu okolnosti sto tteba da gi sredam (cuvanje dete finansiite mesto na ziveenje). Taka...
Само смирено, ќе биде многу тешко, но штом се решиш ќе успееш. Еден ден ќе бидеш горда и благодарна на себе што се сама си постигнала и среќна што си го спасила своето дете од тоа растејќи во нездрава средина да се претвори во насилник, или истрауматизиран изгубен случај.
Ќе си дозвоолам и овде да коментирам. Згорезна сум од муабетот што татко ми ја удрил мајак ми ко сме биле мали и ја избркал кај баба ми ( мајка му) . јас памтам дека не избрка само и викаше како ненормален. Но кога ова го дознав, сувишно е се. Не било само тогаш туку и некогаш кај сестра и на мајка ми, кога биле на слава. Дебатирам на темава со мајка ми и сестра ми и ми викаат ти како што си ваква, се по твое да биди ќе се разведеш. Мажот се трпи, нз шо мубети, кај ќе одиш? кај мајка ти,татко ти? срамота е. Значи јас, како личност, треба да се рушам и да потклекнувам под мажот. Мили мои, јас бев во врска каде што тој, ми се имаше ЅВЕРЕНО еднаш преку телефон и еднаш во живо, дур имав добиено ЗАКАНА ДЕКА ЌЕ ДОБИЈАМ ШЛАКАНИЦИ и ЌЕ МЕ ПРЕТЕПА ДО СМРТ. Дали знаете, кој период го поминувам, со анксиозности и депресии. Но, ете, застанав на цвртсти нозе и го откачив. Ич не е лесно. Не па во брак. Знам, има некои мајки кои не можат да се вратат назад од х причини, немаат родители, починати им се, не ги примаат назад некои и сл. но, сепак, мора да се најде решение . А додека оние што се финансики моќни, можат си се тргнат под кирија. Не знам како ќе биди за мене, но ако ми се деси вакво нешто, пошто по природа сум мн чувствителна, само која траума ќе ја доживеам јас лично и децата. БАЛКАНИЗАМ . ДА СЕ ТРПИ МАЖОТ , ПА И ПОД УСЛОВ ДА ТЕ ПРЕБИЕ ДО СМРТ ! ИДИОТИЗАМ. Се надевам има Господ за сите.
Поарно веќе не дебатирај со нив на ниедна тема. Многу застарени сфаќања имаат. Ако ги слушаш нив само ќе си го уништиш животот и здравјето. Срамота е што имаат такви размислувања, поважно им е што ќе речат комшиите и другите, отколку твоите чувства и живот. Поарно и до развод да дојде, отколку ти да трпиш, да живееш во токсичен брак, а и детето/децата се жртви на таков брак.
Затоа жени трпат насилство од мажот. Затоа што на нивните родители побитно им е што ќе кажат Трпана и Трајанка. Ама битно нивната ќерка нека ја млати некојси изрод.
Ако мојот маж една шлаканица ми удри, веднаш се разведувам. Ни Верка, ни Мирка, ни Ојле, ни Дојле не ми е важно што ќе зборуваат. Некои веднаш си го покажуваат лицето, односно уште во врска.
И за жал не им доаѓа памет на таквите, дури и по смртни закани, стресови и проблеми, страв за детето итн, пак им е побитен угледот и реномето. Побитно е да не ја оговараат дека е разведена, од да ја оговараат што шета модра.
Во денешно време има Центри кои ги прифаќаат малтретираните жени. Ама треба да собереш храброст и да побараш помош. Колку пати сме дале овде поддршка на тепаните и пак они остануваат со насилникот. Тука кривицата не е наша. Јас не би дозволила децава да гледаат хорори дома. А што ќе речат комшиите, ме заболе.
Јас не зборам на празно, зборам од искуство. Баба ми почина од еден таков што и создаде стрес, јас се гледав и слушав, кај нас молеше за смирување, кај родителите на жена му со закани по живот. Тоа го поминав во 8мо одд со моја роднина... На врата ни доаѓаше, да не моли, лице праеше плачеше,мене чоколади ми носеше,а утре дента пак закани... Не е ни чудо што имав страв од секое повозрасно машко и во никој немав доверба. Во тоа време, ни полиција не се мешаше. Бар така ми кажаа кога прашував..