Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Маж ми ме удри

Дискусија во 'Брак' започната од BellatrixF, 29 август 2019.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    102.186
    Пол:
    Женски
    Само едно ќе ти кажам, јас секој ПМС го проаѓам со карање па ниеднаш маж ми не ме тепал. Таква сум, избувлива, нервозна, па никогаш не ми се заканил со бокс или курва да ме нарече. Не знам зошто го трпиш, што и да е, нема зошто да мислиш дека ќе се смени. Бегај подалеку!
     
    На Purplelilac, tambelina, Biljarkata и 9 други им се допаѓа ова.
  2. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    @lylaby Што направи? Каде си?
     
    На tambelina и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  3. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    Doma sym, ne zaminav, ne razgovarame zbor ne sme si razmenile kinam nervi koga lo gledam sto i toa e retko kako da ne postoine se odnesuvame eden so drug...najodvratno bese sto mu bese rodenden i me "skokna" mene pa so majka mu si se dogovori da dojeat na torta mene kazano ni vreme ni deka ke dojdat se zateknav celata...ne mi rece ni edno fala sto pokraj se zapaliv patikite i kupiv torta vcera ..i podarok ...ne zucna..jas sevo ova go napraviv kako znak na dobra volja iako se gazev sebesi resiv da zamizam i napravam dobar gest pa se nadevav na izvinuvanje mozebi...Sega mnigu e loso sto kutam nonstop i koga imam sto da kazam zosto mi e strav od negovata reakcija...
    I ve molam samo nemojte konentari od tip si go bara ona saka da e maltretirana i tn. Vo nezavidna polozba sum i finansiski i nemam bas kade da odam majka mi e bolna i se dvizat niz domot nrjzin lica koi i pruzaat nega ne e toa idealno mesto za dete...
    A kako se cuvstvuvam?kako izdisan balon ponizena povredena i vo neveruvanje so kakvo govedo sum se omazila ...sto na podarok izreagira "sto si barala da mi kuouvas" i potoa ne go ni otvori deteto mu gi otvori niz igra i koga gi vide rece" sto vakvi ima i poubavi"...patiki bea...uzas
     
    На andrejko82 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.059
    Допаѓања:
    36.100
    Пол:
    Женски
    А што е подобро според тебе? Детето да живее кај мајка ти или да ги гледа родителите како се караат?
     
    На Lolli, Veta, raww и 12 други им се допаѓа ова.
  5. Macito007

    Macito007 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2017
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    2.492
    Пол:
    Женски
    Јас мислам треба да разговараш со мајкати, да и објасниш се како што е. Како што пиша членката погоре, подобро со мајкати отколку детето да биде сведок на лош брак. Ако се сака се може се, доволно е многу малку за среќа на едно дете. Не бидете себични кога се работи за најранливите.
     
    На Snowflake97, poppie, tinka-mace и 6 други им се допаѓа ова.
  6. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Ќе го ставам тука, можеби ќе влијае на некој да пресече и да се спаси.
    Инаку ова е позадината од вчерашното убиство во гостиварско каде мажот најпрвин со нож ја избодел жената, а потоа и со секира ја усмртил. После му јавил на синот и како кукавица избегал.
    Затоа не треба да се молчи зошто после може да биде доцна. Screenshot_20200911_153321.jpg
     
    На Purplelilac, tambelina, Lolipop23 и 11 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Ме нервираат тие скоро 500 реакции.
    Сигурно некои од нив работат, или познаваат некој што работи во МВР.

    Пред време се реагира за вакви работи.
    Не откако ќе се случи трагедија.
     
    На tambelina, poppie, Biljarkata и 6 други им се допаѓа ова.
  8. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.775
    Допаѓања:
    18.326
    Пол:
    Женски
    За жал имав јас дома многу лошо искуство со насилство и пиштоли и крв и повреди и само едно ќе кажам, полиција не доаѓа доколку сторителот не е на лице место, во смисла во моментот да те напаѓа.
    Јас добив одговори пд 192 кога ќе дојде јавете се за заканите не можеме да реагираме.
    А човекот е со томови досие и убиства....
    Скапано ни е државчето
    Кај мене не беше маж, ама нема врска тоа за било кој, општо не реагираат!!!
     
    На Leat, tambelina, thelittle17 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Добро ај тебе не ти е жал за себе, ама мисли на тоа мало дете што го имаш. Не му го прави пекол животот на детето. Оди си кај мајка ти. Подобро со болна баба да порасне, отколку со насилен татко кој е ѓубре. Не знаеш колку психички лошо му влијае овој ваш токсичен брак на тоа дете. Последиците покасно ќе ги видиш кај детето, ако не си отидеш. Или и тоа ќе стане насилно или ќе биде повлечено, со уништена самодоверба, со страв, анксиозно/депресивно... Велиш кај мајка ти не било идеално место за детето, а многу е идеално да живеете со насилник и во токсичен брак, секојдневно во напната атмосфера, со кавги, насилство... Сега и да не зборувате и тоа верувај лошо влијае на детето. Ако го сакаш детето, ќе си заминеш од кај него. Поарно леб и сол ќе јадеш кај мајка ти, ама барем во мир ќе живее детето, а и ти. Па уште и будала ќе бидеш роденден си му славела, подарок си му купила на такво ѓубре. Абре него треба да го избришеш од живите.
     
    На Veta, Lolipop23, Snowflake97 и 21 други им се допаѓа ова.
  10. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    31.289
    Тој не заслужува ни торта, ни некаков подарок, ни ништо од тебе.
    Можи финансиски не си стабилна, но имаш барем каде да појдиш, кај мајка ти. А зошто на мајка ти не и кажеш?
    Девојките погоре убаво те советувале, сега е на тебе одлуката.
    Или ќе се спасиш, а пред се детето ќе го спасиш од психичка тортура, или ќе останеш. Трето нема. А и сама си свесна дека ситуацијата ќе оди само на полошо, не на подобро.
    Ништо не е невозможно, апсолутно ништо. Барем за почеток имаш место каде да седиш.
     
    На Idedemja, mssuniquee, tina2018 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    Јас знам ваκви случаеви и аκо еднаш удρил ќе те удρи паκ. И таκа настанува и семејното насилство и поρади постојаното малтρетиρање се случува таκвата жена да залепи неκаκва глупост.
    Ова го сфаќам κаκо и меѓусебно неρазбиρање на паρтнеρите а, често пати и поρади обρазованието(често се случува κај пρости луѓе) те. аκо жената завρшила повисоκо обρазование и гледа да си ја ρазвие κаρиеρата на мажот тоа не му одговаρа.
    Ова се случува најчесто во семејства на алκохоличаρи.
    Благодаρам...
     
  12. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    @lylaby тргни се од тој човек и од таа куќа. Се согласувам со @cresa-jagoda дека подобро е твоето дете да порасне со болна баба отколку со татко психопат, а исто така мораш да мислиш малку и на себе. На детето му е потребна здрава мајка, а ако останеш со него, ќе се разболиш. Ако си одиш, ќе си направиш голема услуга, а на детето уште поголема.
     
    На tambelina, Idedemja, Biljarkata и 3 други им се допаѓа ова.
  13. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.158
    Допаѓања:
    125.028
    Пол:
    Женски
    @lylaby Немој да трпиш веќе.Земи го детето и одете кај мајка ти!
     
    На mode-kristina, H.VAGA и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  14. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.835
    Допаѓања:
    13.426
    Чекај малку, ти му се врати на овој „маж“? Па уште си му купила торта и подарок (којшто не сакал ни да го погледне), а тој си ги викнал мама и тато без да те извести. Ама, жено, сама си го бараш. Не те ебава 2 %, а ти уште си со него во иста куќа. Шта речи, а не заплакати. Нека те понижува уште, малку ти е ова. Па следен пат ако ти го распука носот немој да се чудиш. Ејј не можам да разберам. Ќе му купувам торта и патики на таков скот,а тој ме понижува. Море мрш таму, таквите се да ги исплукаш, а не да им угодуваш.
     
    На Lolli, Veta, Lolipop23 и 15 други им се допаѓа ова.
  15. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.408
    Пол:
    Женски
    Имав некоја надеж дека членката нема да се врати.
    На крајот на краиштата џабе делење совети општо по форумов кога секој си прави како сака.
     
    На Lolli, Veta, Purplelilac и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Skylar

    Skylar Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2019
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    479
    Пол:
    Женски
    Биди малку похрабра.Што повеќе очекуваш од таков "маж". Замини си кај мајка ти,објасни и ја ситуацијата.Не се грижи за финансиите,ќе најдеш работа и ќе се осамостоиш.Немој да дозволуваш да те понижува.Ако не за себе биди храбра за детето.
     
    На thelittle17 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. Mony18

    Mony18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2017
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    329
    Пол:
    Женски
    тука лежи проблемот.... ти се плашиш што ќе биде со вас кога ќе си заминеш, се плашиш дека ќе ти наштети многу

    Друга работа и те како детето ќе биде среќно доколку израсне со мајка и со баба кои што ќе му пружаат 100000 пати повеќе љубов отколку неговиот татко.... значи собери сила и замини си некако. Токсично е веќе кај вас...подобро утре да бидеш благодарна што твоето дете израснало во добар човек и да се гордееш со него, а тоа да се сеќава на убаво детство отколку да си ја чукаш главата во ѕид понатаму зошто не си отишла навреме....никој ама баш никој не е одговорен за иднината на твоето дете во моментов освен ти самата

    се надевам не си му предложила да ги замените патиките (facepalm)
     
    На Mikha4, Skylar, noteforself и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    179.144
    И сега, што понатаму?
    Добро, нели има некој центар за помош на жени жртви на насилство, негде кајшто ќе бидат згрижете и кајшто имаат шанса да си го изградат животот одново? @Mantub ?
     
    На thelittle17, Mantub и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.812
    Допаѓања:
    266.935
    Има.
    Прв чекор е јавување во полиција, со полиција заминување од таму. Самата полиција ќе организира преглед од повеќе специјалисти, вклучително и психијатар, заради претрпен стрес и психичкото насилство. Понатаму, ако нема сместување, државата обезбедува сместување за 6 месеци, кое може да се продолжи. Во исто време се обезбедува адвокат и социјален работник, кои ќе се грижат за правата нејзини и на детето. Се' што има потреба да земе од домот, е во придружба на полиција. Следен чекор (незадолжителен, но според мене важен) е контактирање со невладината One can / Една може. Тие жени се во голем дел поранешни жртви на семејно насилство и се многу спремни и способни да и' помогнат и со совети, и доколку нешто недостасува за детето или неа.

    Не е дека до толку нема каде да се обрати или дека нема помош. Има помош, повеќе е срам.

    И важно, ДЕТЕТО НИКОЈ НЕМА ДА И' ГО ЗЕМЕ.

    Може мажјакот да се ку*чи колку сака, дете од мајка не делат. Макар и кров и работа да нема, со неа ќе биде.

    ПОМОШ ИМА.

    Жал ми е за женава, ова е класичен пример на ужасното воспитување кое го добиваат девојчињата тука. Јас го изнервирав, можев да преќутам... сама си го бираше, трпи си го... итн.

    НЕ ТРЕБА ДА ТРПИТЕ НИШТО.

    П.С. Имам искуство со ваков случај. Државата максимално помогна на жената во секоја смисла.


    БЕСПЛАТНИ СОС ЛИНИИ
    075/070/077 141-700


    http://www.mtsp.gov.mk/prijavi-semejno-nasilstvo.nspx

    https://www.pravdiko.mk/pravo-na-zashtita-na-zhrtvite-od-semejno-nasilstvo/
     
    На Lolli, Veta, Оленка* и 32 други им се допаѓа ова.
  20. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Женски
    Bravos!!!!
     
    На tambelina, flawless., CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.