Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Маж ми ме удри

Дискусија во 'Брак' започната од BellatrixF, 29 август 2019.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.058
    Допаѓања:
    36.100
    Пол:
    Женски
    Уште се воспитуваат девојчиња како во турско време. Да не смеат да писнат на маж. Секакви коментари имам слушнато од старите.

    Не знам зошто и покрај толкава поддршка, жените трпат. Очигледно од срам. Затоа што кај нас одма жената е виновна. И шетал газот па затоа си добила ќотек.

    Дете на насилник никој не дава.

    @lylaby дали си вработена?
     
    На T.e.d.d.y, tambelina, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Женски
    Imam dve kerki i eden sin.
    Na sinko od mal mu trubam deka devojce ne smee da udri pa makar i ocite da si gi vadat.(i onaka ne e mn po tepanjeto, ni so deca), ...A pa na kerka mi i velam ako nekoj stavi raka na tebe (vo negativna nasoka), ke go "skrsam"...ne sum te rodila i cuvala ko kapka na dlanka za nekoj mrsulko da te udri(ne vo mnozina, vo ednina)...sekogas ke se precekani so rasirani race od kade i da doagaat kakov tovar i da nosat na ramenatA!
    Ne gi razbiram roditelite sto si gi ostavaat svoite deca da se
    snaogaat kako znaat i umeat,pa i po cena na nivniot zivot(kako zenata od Gostivar).
    Apsurdd.
     
    Последна измена: 12 септември 2020
    На tambelina, mssuniquee, Lolipop23 и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.
    https://m.facebook.com/glasprotivnasilstvo/
    Мислам дека имаат куќа кај што можат да престојуваат жртви, помагат правно, помагаат со психолог, секако како што можат помагаат, ептен се добри.
    @lylaby
     
    На tambelina, thelittle17, Snowflake97 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    Privatno, nemam kontinuitet vo primanjata zavisno e od obem na rabota sto ke si ho obezbedam..sega poradi kovid opadna rabotata vo golema mera...imam svoja firma ...
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    http://www.daja.org.mk/zanas.html

    Даја е ромска невладина организација, која нуди бесплатна правна помош и заштита за жените кои се одлучуваат на чекорот развод.
    Фокус група им се жените од ромското население, меѓутоа вратата им е отворена и за жени од друга националност.
    Слушнав за неколку позитивни искуства со нив, пријатно се изненадив, со оглед на тоа што отприлика им го знаеме наравот на невладиниве.
     
    На Оленка*, tambelina, thelittle17 и 9 други им се допаѓа ова.
  6. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.188
    Допаѓања:
    7.355
    https://hera.org.mk/servisi/prv-semeen-centar/

    Секој кој сака може да оди, бесплатно е. :) Имаат сесии, терапии групни/посебни, психолози, психотерапевти.
     
    На Оленка*, tambelina, CameliaMiller и 7 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Ми се полни душата ко ќе видам како заедно се трудите да споделите битни информации... да помогнете една на друга :l:
     
    На tambelina, CameliaMiller, flawless. и 14 други им се допаѓа ова.
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.058
    Допаѓања:
    36.100
    Пол:
    Женски
    Жени...немојте да трпите. Случајот во Гостивар нека ви биде за пример што може да се случи понатака.
     
    На темјанушка, tambelina, poppie и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.898
    Допаѓања:
    179.125
    Тема е како да се научат жените да стојат на свои нозе. Финансиска зависност од маж и стигматизација се проблем. Разбирам да нема кај да замине од кај маж, за да не трпи насилство, ама има и такви што имаат кај да заминат и не го прават тоа ради што ќе рече ојле дојле.
    Жени, баталете ојле-дојле, секогаш ќе има некој да се сити отстрана оти има ситни души. Тргнете си настрана бели пари за црни дани и заминете еден ден. Почнете да се сакате и почитувате самите, после очекувајте го тоа од некој друг.
     
    На Veta, tambelina, mkdvesna и 23 други им се допаѓа ова.
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.058
    Допаѓања:
    36.100
    Пол:
    Женски
    (y)

    Отсекогаш зборам дека жените треба да се борат да бидат независни. За да не се случува да слушаат од мажот коментари од типот - Јас те издржувам, има да ќутиш. Барање на било каква работа. За да застанеш на свои нозе. Сум приметила дека повеќето членки кои пишуваат во темава, се невработени. Во денешно време има помош за малтретираните жени. Само храброст треба за да не завршите во пропаст.
     
    На темјанушка, Nausicaa, raww и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.703
    Допаѓања:
    174.857
    Пол:
    Женски
    Ми е жал за жртвите. Ама честопати самите не сакаат да си помогнат. Мора прво сам да сакаш, за да може да ти помогне и некој друг. Баш ми е жал за девојчево што не сака да си замине од таква дис функционална средина. Совети се дадоа, од неа зависи.
     
    На tambelina, Sexybaby86, deskarada и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.703
    Допаѓања:
    174.857
    Пол:
    Женски
    Чудно е тоа што не секогаш се невработени. Еве конкретно последнава девојка вели има свој бизнис. Јас мислам дека мажите свесно и со умисла им го кршат духот. Им ја убиваат самодовербата и создаваат поголема ментална зависност отколку финансиска, па жените мислат дека нема да можат сами без него. Комуникацијата меѓу сопрузите е клучна. Обично оние кои се само финансиски зависни полесно се решаваат да напуштат. Бар јас имам таков впечаток.
     
    На темјанушка, Veta, m.i.g и 11 други им се допаѓа ова.
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.058
    Допаѓања:
    36.100
    Пол:
    Женски
    Нормално дека ако земаш солидна плата, одма ќе си заминеш. Ретко која од таквите трпи насилство. Сами можат да се издржуваат.

    Очигледно е дека насилниците гледале како нивниот татко ја малтретира мајка им. (facepalm)
     
    На Nevenche26, poppie и Роберт 7 им се допаѓа ова.
  14. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.037
    Допаѓања:
    12.437
    Пол:
    Женски
    Пари обавезно настрана, дури и да се нема ваков проблем. Грешка прават жените што до денар си ја кажуваат платата на мажите по дома. И после кога ќе се случи нешто вакво, стравот преовладува.
     
    На cresa-jagoda, Nevenche26, tina2018 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.703
    Допаѓања:
    174.857
    Пол:
    Женски
    За жал така е во најголем број случаи. Имав комшии, женичката пријателка на мајка ми, многу добра жена. Маж и ја малтретираше, а потоа и синовите. И двајцата сега си ги тепаат жените. Многу се насилни.
     
    На tambelina, cresa-jagoda, Nevenche26 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.835
    Допаѓања:
    13.426
    Има и синови мирни иако таткото бил насилен. Баба ми била малтретирана од маж пијаница, ама затоа вујковците мои не се воопшто такви. Имале пример какви не треба да бидат во иднина.
     
    На tambelina, lovemme, Mimmi39 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.703
    Допаѓања:
    174.857
    Пол:
    Женски
    Тоа е позитивен пример. Баш мислев да прашам дали некој знае за обратна ситуација и баш убаво што сподели.
     
    На tambelina, Black girl и SummerGirl им се допаѓа ова.
  18. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.402
    Пол:
    Женски
    Насилство не е решение.
    Не дај боже да ме удри мој иден сопруг, познавајќи се каква сум, ќе си заминам од дома истата секунда.
    Факт е дека многу трпат поради детето, но чинам дека тоа не е единствена причина или главна.
    Многу трпат затоа што не сакат да бидат сами, мислат дека тоа е од љубов или се плашат да не пукне срам.
    Престанете да се водете некои дека ќотекот од рајот е излезен.
    21 век сме, дајте олабавете малку со тие глупави и заостанати мислења од 19 век дека жената мора да трпи.

    До кај стигнавме ехе.
     
    На Ladybug98, piksooki, raww и 7 други им се допаѓа ова.
  19. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.188
    Допаѓања:
    7.355
    Луѓе аман ја тупите ли ама.

    Темата е МАЖ МИ МЕ УДРИ, и држете се до тоа.

    Ако знаете да дадете совет, предлог и сл - супер. Ако не, имате други теми за решавање на вашите меѓусебни конфликти.

    Многу помалку мислења има кога некој навистина ќе побара совет тука, а за една слика изнапишавте една купа страници.

    Инаку, до сите жени и мажи кои трпат семејно насилство, било во физичка или психичка форма, би ви препорачала да го изгледате документарецов

    Тажен е многу бидејќи е вистинска приказна, но на крај извлечете ја пораката и не се плашете од промената за да кажете стоп на насилството и да живеете живот каков што заслужувате. Никој не заслужува насилство!
     
    На tambelina, raww, Miss666 и 11 други им се допаѓа ова.
  20. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.239
    Допаѓања:
    27.855
    На темава, прво до девојкиве што не се мажени. Баталете филмови за љубовта победува сѐ, или дека ќе останете сами ако тој не ве сака, или дека тој најмногу ќе ве сака и ќе ве чува како капка вода на дланка цел живот. Да, може да се најде добар партнер и нели надежта е дека со некого цел живот ќе го поминеме, ама животот не секогаш е така розов. Луѓето се менуваат и еден не дај Боже ќе дојдете да барате совет во темава. СЕКОМУ може да се случи насилна врска. Единствен човек на кој може вистински да се потпрете во животот сте самите вие. Затоа @Biljarkata е сосема во право кога вика дека не треба да ви се другите некаков фактор и пред да создадете семејство да бидете финансиски независни.

    А сега до жените кои се соочуваат со овој проблем. За жал, може ние тука да збориме како требало, па уште некои горе се дрзнаа да пишат дека не сте затворени со ланци. Вие си знаете каков е вашиот товар и никој што не бил во ваша кожа нема да ве разбере целосно. Ама, тоа не е оправдување за да останете во насилна врска, баш напротив. Заборавете на сѐ и мислете на вашето и здравјето на вашите деца. Што поскоро излезете од таа врска или брак, последиците ќе се помали. Полесно е психички да се справиш со еден инцидент, отколку да се справуваш со теророт од долга насилна врска. Не ни сакам да размислувам за полошо како фемицидот за кој чувме деновиве.

    Помислете на тоа дека колку подолго ги изложувате вашите деца на нефункционално семејство, толку потешко ќе се справат со своите демони подоцна во животот. Во најдобар случај, вашето одолвлекување ќе ги чини нив многу сесии со психолог за да можат да се справат. Не познавам човек кој потекнува од насилна средина кој не морал да се справува со депресија и анксиозност. Зарем тоа го сакате за своите деца наместо среќен и исполнет живот?

    Размислете убаво зошто секоја минута ве чини и вас и вашите деца. Барајте начини, знам дека не секогаш имате кој да ви помогне, но има многу центри и прифатилишта, преземете ги работите во ваши раце и не очекувајте да се случи магија и партнерот од утре да се смени. Нема да се случи тоа.
     
    На Purplelilac, tambelina, nesa и 12 други им се допаѓа ова.