Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Маж ми ме удри

Дискусија во 'Брак' започната од BellatrixF, 29 август 2019.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.066
    Допаѓања:
    66.828
    Пол:
    Женски
    Сите оф топици се избришани. Темава е премногу сериозна за било каков хумор, нема потреба од тоа, имате теми за смешни слики во насмевка, овде не. Ве замолувам да се држите до темата.
     
    На Mami3, crazylady, edna_malecka и 14 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Не е дека 'не сакаат', не можат.

    “Why Don’t They Just Leave?”

    People who have never been abused often wonder why a person wouldn’t just leave an abusive relationship. They don’t understand that leaving can be more complicated than it seems.​

    Leaving is often the most dangerous time for a victim of abuse, because abuse is about power and control. When a victim leaves, they are taking control and threatening the abusive partner’s power, which could cause the abusive partner to retaliate in very destructive ways.​

    Aside from this danger, there are many reasons why people stay in abusive relationships. Here are just a few of the common ones:​

      • Fear: A person may be afraid of what will happen if they decide to leave the relationship.
      • Believing Abuse is Normal: A person may not know what a healthy relationship looks like, perhaps from growing up in an environment where abuse was common, and they may not recognize that their relationship is unhealthy.
      • Fear of Being Outed: If someone is in an LGBTQ relationship and has not yet come out to everyone, their partner may threaten to reveal this secret.
      • Embarrassment or Shame: It’s often difficult for someone to admit that they’ve been abused. They may feel they’ve done something wrong by becoming involved with an abusive partner. They may also worry that their friends and family will judge them.
      • Low Self-Esteem: When an abusive partner constantly puts someone down and blames them for the abuse, it can be easy for the victim to believe those statements and think that the abuse is their fault.
      • Love: So often, the victim feels love for their abusive partner. They may have children with them and want to maintain their family. Abusive people can often be charming, especially at the beginning of a relationship, and the victim may hope that their partner will go back to being that person. They may only want the violence to stop, not for the relationship to end entirely.
      • Cultural/Religious Reasons: Traditional gender roles supported by someone’s culture or religion may influence them to stay rather than end the relationship for fear of bringing shame upon their family.
      • Language Barriers/Immigration Status: If a person is undocumented, they may fear that reporting the abuse will affect their immigration status. Also, if their first language isn’t English, it can be difficult to express the depth of their situation to others.
      • Lack of Money/Resources: Financial abuse is common, and a victim may be financially dependent on their abusive partner. Without money, access to resources or even a place to go, it can seem impossible for them to leave the relationship. This feeling of helplessness can be especially strong if the person lives with their abusive partner.
      • Disability: When someone is physically dependent on their abusive partner, they can feel that their well-being is connected to the relationship. This dependency could heavily influence their decision to stay in an abusive relationship.
     
    На Snowflake92, senza.parole, tambelina и 2 други им се допаѓа ова.
  3. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Оди во странство кај роднини или пријатели што знаат некои там што посредуваат сигурно имаш, не ти треба таков брак не губи време времето е кратко.
     
    На Milan444 и eliesaab им се допаѓа ова.
  4. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Не ти се извинил бидејќи сама си се вратила, немало потреба да те манипулира со извинувања за да му се вратиш. И верувај дека таквите се извинуваат само кога имаат интерес,пр. Ако треба некаде да одите заедно,па да парадира наоколу како има жена покрај себе.
    Верувај ми таквите извинувања ќе те поколебаат уште повеќе,тие извинувања се само спрега!
    И тоа што велиш дека имаш многу што да му кажеш во даден момент,а не можеш бидејќи се плашиш,токму тие неискажани зборови ќе се трупаат, трупаат,ќе се наполниш со нервоза, бес,гнев,немоќ,страв,и ќе пукнеш еден ден, е тој ден пак ќе добиеш ќотек,и ќе ти рече дека пак си го испровоцирала премногу. И за некој трет од страна ,баш така ќе изгледа,хистерична жена психички го малтретира и провоцира мажот,и во афект ја удрил. Навидум е така,а реалноста е дека тој те игнорира, те навредува префрла дофрла (читај ќе те полни со гнев бес) ,постапките негови ќе те вадат од такт ама ќе премолчиш, се додека не избувнеш пак.
    И така во круг.
    Очекуваш лавот да не те изеде само затоа што ти не би го изела него.
    Верувај ми ќе те уништи психички,емотивно,а и физички. Те молам спаси се ,пред се ради себе,ради твој мир и твое здравје,а така ќе го спасиш и детето.
    Ова ѓубре од емоции што ги трпиш,собираш и голташ ќе ти ја доуништат самодовербата,ќе те огорчат,ќе пукнеш жено,ќе се оболиш.
    Најтешки се првите чекори, побарај помош од психолог, јави се и на телефоните погоре што ти ги посочиле другите феминки,побарај помош ќе добиеш точни насоки. Не се колебај,ќе видиш после првите чекори ќе исчезне дел од овој огромен товар од отровни емоции,ќе ти се разбистри главата, психата,емоциите,ќе можеш да се посветиш на себе,и на бизнисот и на детето,ќе можеш да носиш подобри одлуки.
    Колку порано се избавиш од овој дисфункционален и токсичен брак,толку полесно ќе се опоравиш, колку подоцна толку поголеми последици.
    Да не те лаже ѓаолот дека интимата ќе ве спои и ќе го поправи насилникот,единствено може само да те забремени, а тоа ќе ти биде уште една спрега да те спречи да заминеш. А ти ќе се чувствуваш толку искористено што тек тогаш нема да знаеш како да излезеш од тој токсичен брак.

    :hug::f:не велам дека ќе биде лесно,животот не е лесен. И нормално потребно е и време за да закрепнеш после ваков брак. Дај си шанса за нов почеток (fingers) :l:
     
    На Vojdana, V.odolija, темјанушка и 13 други им се допаѓа ова.
  5. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски
    Не те осудуваме за одлуката да останеш (твоја е), а како што и кажа ти треба време за да се организираш и видиш што понатаму. Да земеме во предвид дека си личност што има финансиски потешкотии и сето ова мора да го трпиш. Се надеваме не за долго.
    За што јас конкретно те осудувам и не можам да те разберам,ама никако : Му било роденден си му купила торта и подарок. Подарок на лице кое пред недела дена ќе ти го сменеше личниот опис. Како тука бе да не те осудувам. Ти си немала ич свое јас. Кај јадеше ќотек уште и торта по 2 дена и патики. Ти нему патики он со истите те гази.
     
    На Ena05, nesa, eliesaab и 14 други им се допаѓа ова.
  6. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.583
    Пол:
    Женски
    Жени денес случајно се сретнав со една жена, која накратко ми раскажа дека сака да се разведи од маж и заради семејно насилство.
    Имаат две малолетни деца. Ги зела нив и замината е да живее кај нејзините. Од центарот за социјална работа и рекле дека кај нејзините нема услови за да ги одгледува децата и ако не се иссели одтаму може на суд да ги изгуби децата.
    Моментално има покренато кривична пријава против бившиот сопруг, бидејќи како што спомнав погоре ја има/л малтретирано.

    Не знам да кажам ништо повеќе, бидејќи не ја познавам лично.

    Е сега мнооогу би ми било од помош ако ми дадете некаков контакт од некаква организација што може да и понуди правна помош, совети во најмала рака.
    Исто некоја добротворна организација што може да му помогне со храна и хигиенски средства.

    Заборавив да напоменам дека жената не е вработена.
     
    На Mateica и eliesaab им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Кризен центар “Надеж“

    Платформа за правна помош

    ЕСЕ - Центар за правна помош Скопје

    Овие ги најдов на интернет.
     
    На mira.mira, eliesaab, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.583
    Пол:
    Женски
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    На eliesaab, IRBBB и Biljarkata им се допаѓа ова.
  10. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.583
    Пол:
    Женски
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sija

    Sija Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Здраво после неколку месеци еве вчера вечер мојот сопруг пак откачи но сега уште пострашно ме удри пред детето . Сношти малата заспа ама после некое време се разбуди со плачење и го бараше татко и ова и се случува втора вечер по ред . Му се јавив на маж ми за да си дојде дома. Си дојде и почна да ми вика како јас сум била крива дека јас сум ја учела да прави така. И сега јас човечки му викам дека не ја учам му викам се слушаш бе ти што збориш и тој на мене престани глас да не ти слушнам но јас пак му реков добро бе што ти е тебе и зашто не заќутив ме удри пред детето но и јас му вратив и пак ме удри . Знам ќе ме советувате развод да но јас сакам да плати за ова може тешко ќе ми биде со две мали деца сама ама сакам да плати манијакот каде треба да го пријавам или незнам што да направам за да ми плати за ова што го направи .
     
  12. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    Еве сѐ каде можеш дополнително да побараш помош и совет. Се надевам до сега барем во МВР имаш поднесена пријава. Со среќа и биди силна.
     
    На cresa-jagoda, Bezimenka90, Purplelilac и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Sija

    Sija Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Немам поднесено пријава но фала сега ќе се јавам во кризниот центар и ќе се консултирам да видам тие што ќе ме подучат. И плус јас сум од Скопје ама мажена сум во Охрид и затоа не отидов во МВР пошто кога ќе дојдат јас кај ќе идам треба да ги почекам Монте кога ќе бидат слободни да дојдат да ме земат со децата ете затоа не поднесов одма пријава но фала сега кога ќе најдам слободен простор одма ќе се јавам во кризниот центар надеж
     
    На cresa-jagoda, Bezimenka90 и Mikha4 им се допаѓа ова.
  14. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    Не си давај изговори и пресечи. Ќе им објасниш во МВР за ова, а ќе се вклучат и социјални служби. И не се плаши, нема шанси деца да ти земе, не паѓај на манипулации, заштити ги и нив.

    И никако не му кажувај што планираш, децата со тебе и без да знае.
     
    На buba4e89, Biljarkata, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  15. skokotlivka83

    skokotlivka83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2020
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    281
    Пол:
    Женски
    Работам како социјален работник и искрено те советувам да си пријавиш во МВР и во Центар за социјални работи. Бидејќи прочитав дека моментално си во Охрид пријави си таму. Од искуство ,жената што е малтретирана не секој пат се решава да пријави ,од причина што длабоко во себе се теши дека сопругот би се сменил, некоја не пријавува од што нема каде да оди. Те советувам дека ЖИВОТОТ што го живееш ти е еден ,а и вреден. Откачи тоа ѓубре и живеј си втор живот. Од се срцд ти посакувам многу среќа
     
    На buba4e89, JoanaS, 1209 и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Женски помагајте. Се работи за лично моја блиска пријателка. Во скоро време ми се отвори да ми каже каков пекол преживува дома со маж и. Имаат две мали дечиња, 4 и 2 годишни. Типов буквално и прави невидена тортура. Секој ден расправии за ништо и да му прозбори, све му смета, досадна му била, јаде, легнува и телефонот во рака. Со неа муабет кога ќе му се збори. Ако нешто се скараат (не стално) знаел да ја удри, често имала модрици па ги криела. Вика се плашам да си заминам, имам каде, работа нема и е страв да не и ги земе децата. Ај за работа не е проблем ќе најде во таква ситуација брзо, ама типов и се заканува дека ако помисли да си замине со децата буквално ќе ја убие, има пиштол за кој има дозвола. Демек сама оди си, децава тука остануваат. Знае дека ако избега сама, па да бара чаре да си ги земе, типов ќе искористи прилика да ја оцрни на суд со тоа што си заминала и ги оставила. Работава е што јас овие контакти од организации за помош и ги имам дадено/спомнато, меѓутоа се плаши што после тоа. Вика освен ако не успеат да ми лажираат смрт мене ина децата и да избегаме во друга држава, јас никогаш нема да се спасам од него. Ми вика ќе се стрпела уште 16тина години да и станеле децата полнолетни па да се разведела на раат. Типов и има безброј пати кажано дека е спремен да ја убие ако ги земе децата со неа, демек ќе лежам затвор гајле ми е, јас ќе сум жив ти умрена. Значи срце ме боли, кај е отиден светов со вакви психопати. Дали овие организации можат да и дадат што се вика доживотна сигурност и спас од него, зошто во заштита од полиција не верува ни она, а ни јас.
     
    На buba4e89 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  17. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Јас сум сигурна дека ѓубрево ќе ја убие, меѓутоа ако остане со него, а не ако го остави.
    Насилниците се хранат од стравот кај жртвата, тоа е факт.
    Те има тебе, има фамилија позади неа, само потребно е таа да пресече и да си ги спакува коферите. Ова 'само' не е едноставно, ама е неопходно, за да зачува разум и она а и децата, а и живот.
    Гомното не е над законот, не знаеш како ги кршат од ќотек за насилство после пријава.
    Дополнително, јас би нашла луѓе да го докршат, чаша вода да не може да подигне со раце, па нека се сили пак.
     
    На *Amethyst*, sunshinebabe, bicycle и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    https://m.facebook.com/glasprotivnasilstvo/
    Жената да им пише обавезно.
     
    На WildMk, cresa-jagoda и Nevenche26 им се допаѓа ова.
  19. @Iv

    @Iv Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2019
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    230
    Пол:
    Женски
    Ова е многу сензитивна тема, секој има различно мислење за тоа што да направи. Но секако не е добро да трпи и да си го уништува и својот живот, а и животот на децата. Мора да се изнајде решение што понатаму, исто сметам дека пријавувањето во полиција нема да помогне затоа што они моментално ќе делуваат на повик и толку. Но мора да се разговара со организациите за заштита, со најблиските и нормално на крај да се пријави случајот и во полиција и да добие некаква заштита како на пример за приближување и сл.
    Прво да кажам дека ми се гади од такви личности кои изиграваат мангупи и мафијаши во семејството, друго лично сметам дека тој нема ништо да и направи само знае дека заканата делува моќно на неа и со тоа ја прави беспомошна.
    Имавме ситуација со блиска личност која беше жртва на иста тортура од сопругот. Си замина од кај него заедно со детето но за жал и покрај сета подршка што ја имаше подлегна на заканите негови и по два месеци се врати назад. А длабоко сум уверена дека е неспособен за ништо освен за закана, исто и тој имаше оружје можно е на ист начин да и се заканувал. Како и да е посакувам да се изнајде решение и да си продолжи со животот понатаму. Имаме еден живот и не смееме да дозволиме да трпиме и да бидеме омаловажувани, обесхрабрени, тажни, малтретирани и сл. Секој го заслужува најдоброто за себе.
     
    На *Amethyst*, Bezimenka90, Mikha4 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Ме има мене, да, фамилијата и е малку заостаната ама не се замара, битно ќе има кров над глава ако реши да замине. Стално кога ќе и крене рака, демек му зборела најди некој рамен на тебе да се истуриш, тој и викал на мене ми нема рамен, нека дојде тој што е маж против мене. Тој ако беше маж на жена не креваше рака ама ај. Се плаши искрено многу и е страв, дека буквално ќе и отиде и ќе ја убие. Познавајќи го, јас искрено знам дека би го направил тоа.