Од искуство, не си ти крива, тој е крив! Таа анксиозноста што ја чувствуваш, е гласот кој ти кажува дека ептен не е во ред тоа што се случи, и треба да бегаш... Ама одма. Нема оправдување за насилство, иако тој ќе тропа глупости и милиони изговори ќе се обиде да најде. А знам дека нема веднаш да си заминеш, и ќе рационализираш и ќе се обидуваш да го оправдаш... анксиозноста ќе ти расте, и расте.. оти ќе пазиш на секој збор и секое свое однесување.. за случајно ' да не го доведеш' во ситуација пак да те удри. Мораш да собереш храброст и да заминеш. Заради тебе. Без разлика колку долго сте заедно, што се' делите и колкава 'љубов' чувствуваш кон него. И довери се на блиски за ова. Кажи им што се случи. Би ти рекла и да пријавиш во МВР, ама знам дека тоа нема да го направиш. Кажи им на твоите, на другарка... некој да знае што ти се случува.
мене повеќе би ме болеле неговите навреди. Не може јас да го навредам и лошо да се чуствувам а тој мене да ме навреди многу повеќе а јас да не придавам значење на неговите зборови. Оти јас да се чуствувам виновно кога и тој ме навредувал па згора на се ме удрил. Па уште ти крива за неговите постспки. ти да паѓаш во депресии и наксиозност за тоа што тој не може да се контролира?
@BellatrixF Немој да дозволуваш да манипулира со тебе. Ти не си воопшто крива, туку тој е што мисли дека смее да те удри кога "ќе го изнервираш". А верувај дека штом еднаш те удрил 99,99% е веројатно дека повторно ќе го стори тоа, ако останеш. Остави ги годините што сте ги поминале, после ова што ти го сторил воопшто не вредат. Треба да се фокусираш на иднината, на тебе. Чувствуваш анксиозност, а ако останеш и не побараш помош се полошо ќе ти биде. Разводот не е воопшто срамно нешто, туку значи дека се цениш себеси најмногу кога бракот доаѓа до ќор сокак. Ич да не те интересира што ќе кажат луѓето, на крајот од денот никој од нив нема да е тука за тебе да ти помогне. Знам дека изгледа страшно, но мораш веднаш да си заминиш од таму. Верувам дека ако им кажиш на родителите каква е ситуацијата не би дозволиле да трпиш насилство. Ти посакувам се најдобро.
Ако останеш со човеков ти е исто како да играш руски рулет. Постои шанса да не крене веќе рака, ама може да биде и полошо. Ако ти се ризикува тогаш седи и губи го времето со насилник и манипулатор. Со страв пази што ќе речеш, пази како ќе се понашаш, пошто во секој момент може пак да крене рака. Па уште и рекол ти си крива што те удрив. Море мрш идиот. Не знам што се двоумиш. Не заслужа ни секунда да останеш со него, а не па во иднина да го гушкаш и бакнуваш такво ѓубре. Родителите сепак повеќе би сакале да си на безбедно, отколку со насилник. Се надевам веќе си заминала од таа токсична средина.
Не требaлo дa те удри. Вo случaј дa си гo вреѓaлa, требaлo сaмo дa те исфрли нaдвoр, или тoј дa си зaмине (вo зaвиснoст пoд чиј крoв сте).
Совет до секоја жена - жртва на семејно насилство особено физичко. Ако вашиот брачен/вонбрачен другар (односно дечко) ве удрат, или истепаат, ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ НЕ ПРОСТУВАЈТЕ, затоа што пак ќе удрат или истепаат во иднина, или нешто полошо. ЕДНАШ НАСИЛНИК СЕКОГАШ НАСИЛНИК! Имајте го ова на ум! Друго, вие не сте најдени на улица за да некоја пореметена будала да ве млати, затоа ВЕДНАШ пријавете во полиција и одма ангажирајте адвокат. Ако сепак слепо верувате во давање на втора шанса, тогаш обавезно контактирајте адвокат за да го опомене правно вашиот сопруг/вонбрачен другар - насилник, дека позади вас стои адвокат како јавна служба која ќе ве заштити ако повторно се случи насилство од негова страна врз вас. Семејното насилство е сериозен проблем во Македонија и треба заедно да се бориме, но најпрво жртвите на семејно насилство треба да бидат храбри и да знаат законот е на нивна страна! Државата е на нивна страна!
Немаме деца. Како што спомнав погоре долго време сме заедно и секогаш замислував дека тој ќе биде татко на моите деца. Кога бевме во врска се беше супер, но откако стапивме во брак тој се промени, и во последно време еве и крена рака врз мене. Уште го сакам и жал ми е што работите дојдоа до тука... жалам исто што и јас не постапив поинаку за да спречам да дојде до ова.. Не можам да ја издржам оваа агонија
Јас ќе и кажам на членката да не чека да има втор пат. Колку и да го сака, веднаш да го остави, да се разведе. Деца да не помислува да има со таков насилник. Зашто не само нејзиниот, туку и на децата што би го имала со него пекол ќе им биде животот. Навреме нека пресече, нека стави крај.
Ти не можиш да си крива за туѓа постапка. Као еден период ко се тепаше брат ми во училиште му вика мајка ми: "за збор со збор се враќа, не се мава, ако некој те вреѓа - не мавај" исто и тој. Некој те навреди, да крив е тој некој ама ако ти мавниш, вината на претходниот е скоро невидлива веќе. Накратко, те манипулира и успева. Седни и разговарај со него дур не ти се извини. Ако не се извини и ако не сфаќа што тој уствари згрешил - ќе се повтори не само шамаров туку има и потенцијал за повеќе. Да сум на твое место нема да чекам да откријам што "изненадувања" ми носи иднината со таков човек.
Ако има втор пат? За да нема втор пат треба да си ги спакува куферите и да си замине. Насилство не треба да се толерира никако. Љубовна врска треба да биде заснована на почит и взаемно разбирање помеѓу партнерите, а не на удирање и крвопролевање. Не е доволно што ја удрил, па се обидува дури и да ја натера таа да се чувствува виновна за тоа што се случило. Не само физичко, туку и психичко насилство. @BellatrixF жал ми е за тоа што го пребродуваш. Немој да се трудиш да ја бараш причината за ударот, затоа што ниту едно нешто не е доволно силно за некој да си земе за право да крене рака на тебе. Не смееш да дозволиш таков третман од човекот со кој сакаш да градиш фамилија. Сигурна сум дека и твоите би ти пружиле поддршка доколку му ја кажеш вистинската причина зошто сакаш да се разведеш. Вистински родители никогаш не би дозволиле нивните деца да страдаат.
среќа што деца немате па да ги гледаат ваквите нездрави однесувања. А како би требало ти да постапиш поинаку? Ти како ќе спречиш некој што не може да се контролира?
Зашто немате деца, он не сака? И што си требала да направиш поинаку? Не треба да дојде до тепање никако, само немаме одговори овде од тебе, може не сакаш да кажеш. Секако постои и психичко малтретирање пред да настапи физичкото. Жал ми е за тебе и сакам да помогнам. Јас така направив, еден ден се спакував и си отидов. Па дали е он инаетлив или не сака да признае, негов проблем, многу ми е поубаво сега. Впрочем, има разводи на секој чекор, 50-50 дали ќе успее бракот. Кажи и на мајка ти ако не можеш на татко ти. Ама кажи. Се најдобро
Ne dozvoluvajte nikoj da ve udri , a ne pak da mu izigravas vreka za da si isturi bes. Ako ednas pochnal toj ke prodolzi koga ke mu kefne. Bez razlika dali Imate ili nemate deca begajte podaleku od nasilnik. Majka mu ili sestra mu neka gi tepa kolku saka a ne tugjo chedo da tepa. Ne postoi izgovor, nervozen, anksiozen ili nepresmetliv bil I da mu se prosti. Ne daj Boze da vidam dete da mi chepne nekoj , ke go snema preku nok. Ne se plasete ,ne se sramete , kazete na svoite roditelite Sto vi se sluchuva. Roditelite ke ve zastitat , ke ve razberat.
Ако маж ти кренал рака на тебе незнам што уште седиш. Он ако е некој нормален никогаш нема да крене рака на жената.
Ништо не е толку нерешливо за да треба да се дига рака. Секој е за себе посебна индивидуа без разлика што си во брак. Не значи дека ако си во брак треба да се погазиш себе си! Секоја жена може и заслужува само добро! Ниедна жена не заслужува таков маж! Не се плаши од што ќе кажат деугите заштити се себе си, ти си најбитна! Биди храбра!
Мислам дека ако еднаш пробал ќе проба и по втор,трет пат.... Како прво не ти е ни мајка ни татко за да те удри. Како второ немој да му се плашиш. Друга работа: За вакво нешто се кажува на твоите,а не е срамно да се разведеш,жално е да бидеш кукла некој да си игра со тебе. Незнам кој родител,брат би преќутел вакво нештопоради што ќе кажат другите. Јас не би. Имаш тука членки ќе ти дадат подобри совети од мојот поздрав.
Чекајте малку другари..... муабетов кажан-недокажан. Како прво кажи си каква расправија имавте.Дали проблемот е меѓу вас двајца,или некој друг е вмешан. Кажи си што му кажа,за што се чувствуваш ти крива,каде е пропустот,а не вака ...... Кажуваш дека те удрил зошто ти си кажала нешто лошо и неубаво.Ехеееее ако беше така,ја досеа требаше сите луѓе да ги испотепам што ме навредиле, и изнервирале. Насилството кај мажот е одраз на тоа колку уствари тој е несигурен и исфрустриран. Зрел маж,господин не крева рака на жена!!! Фино ќе се заврти,ќе си искочи на надвор да го фати воздух да се потсмири,ти исто ќе се стабилизираш малку пола саат рецимо...и после може да се разговара смирено и да се затвори проблемот на фин начин.