Проблемот е што типов е љубоморен и буквално и детална сметка и гледа ако пример он и ѕвони за нешто, она разговара со некој на телефон и со фб е исто. Значи не е проблем, ќе пише од кај мене, ќе ѕвони од кај мене, ама овој после 2 дена од дешавката и плаче,јас не сум таков, сум ти рекол не се расправај, утредента седни ќе збориме ко луѓе и манипулаторски и префрла вина неа и типкава се чуди како наеднаш го снема тој внимателен, добар човек и се прртвори во насилник, гледа вина во себе, демек она е крива што е таков.
Вака, значи пишете им на тие што ти ги пуштив. А најлош да е на светов, жената не може никоја организација да ја спаси ако таа не сака. Ај пишете им и кажи што ќе направите. Ама таа мора да сфати дека не е крива. А ако не сфаќа, нема да може никој да и помогне.
@Nevenche26, јас не знам што да ти пишам. Што и да кажам, се плашам дека ќе згрешам. Не сум паметна за вакви ситуации. Најголемиот број на фемициди се случуваат откога жртвата ќе го напушти насилникот. Не е доволно другарка ти само да се спакува и да си отиде, туку круцијално е да биде безбедна. Тој и се заканува со убиство, ме плаши статистиката дека навистина е способен тоа да го реализира кога ќе осети дека ја губи контролата врз неа. Разговарајте со полиција и со психолог како е најдобро да постапи, односно што да прави откако ќе замине од домот. И воопшто нека не се занесува другарка ти да чека прво децата да пораснат па да си оди, зошто со таков маж воопшто нема да дочека да ги види како растат. Мислам, дај Боже да е јак само на зборови, ама праксата друго кажува. Од се срце и посакувам на другарка ти да не стане само уште една бројка во црниот биланс на годишната пресметка на фемицидот. Упм!
Вакви предмети сум имал доста, значи веднаш нека пријави во полиција и во Центарот за социјална работа, без тој да знае, и по можност ако има кај да оди нека тајно да замине од заедничкиот дом, само тој да не знае каде се наоѓа, после нека овласти адвокат за да може да ја разведе, а претходно да ја среди работата во Центарот за социјална работа за да не се сретнат евентуално таму, и да може адвокатот да бара преку судот мерки за заштита од семејно насилство, исто нека се обрати до организациите кои вршат заштита од семејно насилство, тие заедно во соработка со адвокатот кој ќе биде овластен од нејзина страна ќе направат се' за да ја заштитат, ова е најкратко што можам да кажам за темава, инаку јас одбегнувам вакви предмети токму поради тие мажи - психопати кои ќе ти се закачат после си имаш дополнително компликации, а особено кога воспитувањето, чувањето и грижата на децата ќе го довери судот на мајката, во секој случај и посакувам што побрзо да се спаси од типов.
Ми фати внимание ова, зошто ако си отиде може да биде потенцијален проблем. Во која смисла се заостанати? Што и да прави ќе и биде потребна силна поддршка од луѓето околу неа. Дали се некои кои ќе ја убедуваат да се смири со него на првото негово цимолење? Ако не и веруваат или не ја сфаќаат сериозно ситуацијата и подлегнат на неговите манипулации, може да заврши и фатално. Ќе мора убаво се да им објасни и да се осигури дека ќе ја заштитат колку што можат. Прв чекор би рекла е тоа. Се согласувам со членките погоре. Мислам дека е најдобро да се консултира со стручни лица, дали психолози, полиција, адвокати, лицата од организациите за заштита од семејно насилство. Нека собере доволно информации од нивни искуства. Да си замине безбедно е полесниот дел и за тоа може да пишеме совети, ама треба да ја упатат што понатаму. Значи после поддршката од блиските, темелно да се информира. Кога ќе обезбеди поддршка и информации, ќе може заедно да испланирате убаво како да си отиде со децата. Во секој случај не треба да се помирува и останува таму. Во најмала рака ќе трпи физичко и психичко насилство, а децата ќе растат во ептен нездрава средина. Ако не ја убие он, после години и години трпење тортура, ќе падне на психа и можно е сама да посака да се убие.
Епа и мене и неа истово ова не плаши. Не верува дека ќе ја остсви жива ако го остави. Он и вика ти оди кај сакаш, одма ти потпишувам, ама децата не одат нигде. А која мајка со здрав разум би си ги оставила децата? Па татко и е нестабилна личност, едноставно е јак само на зборови, сличново и го правел на мајка и, мајка и сеуште е со него, паднат му е г*зот да речам и е подсмирен. Кукавица е едноставно човекот. Мајка и е во ред личност, ќе ја разбере и сето тоа, ама е напорна да речам, епа зошто, како дојде до тоа, епа нели гледаше пред да го земеш, сега што ќе правиш, ја напнува со воспитување деца, буквално како лоша и напорна свекрва е. Ако отиде да живее таму ќе плаќа и нивни долгови, што реално не се мали. Условите за живот им се во ред, ама не се како што се кај маж и. Е сега никој ама баш никој неможе да ја заштити од него. Сама знае дека каква забрана ида добие типот нема да се помири и ми кажува дека дур е жива нема да оди мирно на работа, мирно да заспие итн. Значи вика да земам да се вработам, да соберам пари, да платам некого колку и да треба, а тоа ќе се сигурно многу пари и дали ќе најдам некој таков човек, како на филмовиве, да ни лажира смрт и да се изнаживееме со децата далеку од сите. Сама кажува дека ни мајка ни татко не и требаат, демек само она и децата и се битни. Незнам како да и помогнам, вика ми плачеше вчера, ме гушкаше, спремна сум да ќутам за све, зошто си ја знам ситуацијата, да ми пораснат децава и сигурна сум дека ќе се разведам на раат, тие ќе се големи, јас ќе си живеам на раат, во една соба под кирија или ако сум среќна да умре пред мене да поживеам некаков живот. Пробала му рекла, да се разведат, дека не е живот тоа нејзиното, ќе му ги остава кога сака да ги гледа, една недела со неа, една со него, не прифаќа. Незнам како да и помогнам, со сила јас неможам ништо.
За децата ако се малолетни суд ке одлучи. Таа нека ги снима сите закани и нека пријавува дека и се заканува со убиство. Социопатчиња ко него се силни кон мајката на своита деца , а во затвор ќе цвикаат..секако дека може да ја убие во афект, оти такви стоки ен размислуваат дека во затвор ќе заглават или па си викаат за некоја година ќе излезам а децата свекор свекрва ке ги чуваат. Само таа си знае колку е мрднат тој. Жени напуштаат вакви мажи секој ден низ светов ама па и многу им се враќаат. Ќе и треба поддршка енормна. Која секако овде на форум не може да се укаже.
Ne mozham da veruvam kakvi amebi go troshat vozduhot bez potreba. Zhivot so vakov debil ne e zhivot. I ne e ona vinovna shto toj e takov pa nepotrebni se izrekive: "neli gledashe koga go zemashe" i sl. Samo smrtna kazna za vakvi
Да, итоа од мајка, што ист таков има дома. Незнам вистина, јас од една страна постојано и кажувам да го пријави, ќе ја скриеме кај нас, никој нема да знае дека е тука, има место, ама се плаши, вика неможе цело време да се крие, се плаши и за мене демек да не ни направел нешто нас. Со вакви психопати како на крај да се излезе јас незнам. Ми вика ми идеше една вечер од каминот дрво да фрлам на сред соба дур спиеше, а јас да избегам надвор со децата и да го убиев со тоа. Незнам штом и идат вакви мисли, незнам што све друго и поминува низ мозок, а не ми кажува.
Им пишавте на некои? Од еден разговор нема да има штета, пишете им од кај тебе, па после ќе одлучи што ќе прави следно, чекор по чекор
@Nevenche26 Страшно. Да си нема работа човек со вакви забеготини ко овој. Слаба поддршка се нејзиниве, може и подобро без нив да планира се. Од се што прочитав и препрочитав, ептен ми делува се како еден блеф за да не го напушти (Мислам, еве хипотетички да му ги остави децата. Демек ептен толку ги сака и ќе биде воодушевен сам да гледа две деца толку мали), ама закана со живот не е блеф што сака да го предизвика. Така да не може баш да се теши со тоа, ќе издржи 16 години. Ништо нема да се смени. Ме претркала @Mantub . Буквално тоа сакав да пишам. Може ти да пишеш место неа, ако се согласи. Ништо не мора да одлучи веднаш. Само колку да има информации што и како би следело.
Ја напнав одсабајле, да им пишеме, несака. Се надева дека ќе се сменел, го сакала и се извинил. Гледам дека многу и влијае психички. Незнам искрено како да помогнам. Во саботата ми викам морам да се спасам, ќе барам помош, сега не.
Тој и се заканува со убиство и таа вели го сакала...за голема жалост, многу од жртвите на семејно насилство го прават ова. Ако не сака да си помогне, ако не се охрабри, тешко дури и невозможно дека друг може да ја спаси. И ти да пријавиш во полиција и тие да дојдат, таа може да негира. Во организацииве да пишеш, ќе ти вратат Да ни пише жртвата лично. Само Господ на помош.
Читав оној што ја отворил темата за таја случка ,ама има и добри совети ,полека бре зар да се разведе за една шлаканица ??? иако вели јас бев крива се каравме секој брак има вреднос поготово ако има деца НЕМА ВТОРА ШАНСА ???одма пресуда развод и веднаш како некои видовити ако еднаш те удрил ке те удри пак ,ама има и добри коментари значи не мислат сите жени исто прочитав две три страни од почеток
Која вредност ја има бракот ако кренал рака мажот на мене? Тоа што ме удрил значи дека ме сака, ме почитува и дека му сум битна некој процент во животот? Тој што те сака никогаш не би те повредил на било каков начин. Не постои такво нешто кое не може да се реши без човечки, разбран разговор. И не е баш дека “се случува“.
Да, за една шлаканица да се разведе. Насилство во овој век ниедна жена со самопочит нема да толерира. Никаква втора шанса за насилство.
Да,треба развод за една шлаканица бидејќи е насилство. Нема оправдание за насилство! Маж што си ја сака жената не ја удира!