Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Маж ми ме удри

Дискусија во 'Брак' започната од BellatrixF, 29 август 2019.

  1. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.168
    Допаѓања:
    180.616
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека ако не надминува повеќе од една шлаканица дневно, нема потреба од развод. Има шанси да се спаси бракот.
     
    На GirlRose, Bicka77, Indiegurl и 17 други им се допаѓа ова.
  2. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.743
    Допаѓања:
    3.560
    Пол:
    Женски
    Под услов секој ден шлаканицата да биде на различен образ:!:
     
    На Bicka77, Guns N` Roses, pikabu5 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    16.962
    Пол:
    Женски
    И да си ставаат рецки колку шлаканици биле.Замисли некој ден по грешка две да и влепи?!
     
    На Bicka77, pikabu5, buba4e89 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.168
    Допаѓања:
    180.616
    Пол:
    Женски
    Нареден ден ќе прескокне.
     
    На Bicka77, pikabu5, buba4e89 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    60.023
    Пол:
    Женски
    Зошто господинот послаби од него шамари? Зашто не отиде со некој колку него да се тепа? Јас сум сигурна дека ќе си најде некој еднаков да си измерат сили? Што тепа жени?
     
    На Guns N` Roses, Idedemja, Mikha4 и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Kalimero123

    Kalimero123 Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2021
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Машки
    зборам за девојката што ја отворила темата ,колку што разбрав таа го испровоцираладо тој ефект и признава и жали и несака и небара развод , ВЕЛИ ЈАС БЕВ КРИВА јас не се согласувам во секој брак има кавги сепак мислам и сум за втора шанса ,ако без причина ја удри нема втора шанса или ако се повтори е тогаш да насилник е
     
  7. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.168
    Допаѓања:
    180.616
    Пол:
    Женски
    Јас кога ќе го испровоцирам маж ми во кавга (се дешава, и јас сум понекад Џубре), ме игнорира и чека да оладам. Исто и тој кога ќе ме испровоцира, и јас го игнорирам. Е ова не чини, пошто треба да има комуникација меѓу брачните партнери, макар и со физичка пресметка.
     
    На Guns N` Roses, dunika, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.158
    Допаѓања:
    125.022
    Пол:
    Женски
    И ДА ГО ИСПРОВОЦИРАЛА НЕ ЗАСЛУЖИЛА ШЛАКАНИЦА!
    ВТОРА ШАНСА НА НАСИЛНИК НЕ ТРЕБА ДА СЕ ДАВА!
     
    На Guns N` Roses, theowndemon, crimson и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.239
    Допаѓања:
    27.855
    "Јас без крива" после добивање шамар е сериозен знак на жртва на манипулација.
    Не постои ни една провокација што може да те направи насилник, освен самоодбрана, каде некој те нападнал и се браниш. Друго се изговори. Сум имала во врски најжестоки кавги и за сериозни проблеми, сме викале и сме се карале, ама никој никогаш не удрил никого.
    Еден израз на насилство е доволен да ми покаже со каков човек си имам работа. Сигурно нема да чекам да се повтори.
     
    На Guns N` Roses, Idedemja, Veta и 15 други им се допаѓа ова.
  10. Kalimero123

    Kalimero123 Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2021
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Машки
    еми така де така е и во кривицниот закон во крајна небрежнос ако те нападнат ама нападот не е секогаш физицки и емоционален,психички ПРИМЕР не ти се сите на број идеш дома нема ручек и добиваш-волу,неспособнику,кај си до сега,пак кај мајкати,и уште сто а ти немоќеш да дојдеш до збор дека камионот бил дефект и си морал да задоцниш а си немал комуникациски уред со тебе да се јавиш
     
  11. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    А зошто би останал во нефункционален брак?
    Или решете си ги проблемите како луѓе или разведете се.
    Особено ако имате деца, не се должни да ви ги трпат испадите и тепачките секој ден.
     
    На mssuniquee, Idedemja, theowndemon и 9 други им се допаѓа ова.
  12. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    60.023
    Пол:
    Женски
    Одиш дома и нема ручек... Господе златен кај живеам.

    Калимеро другаре, имаш среќа што си у вукојебинава каде насилници не ги фаќа закон, а не у некоја поразвиена земја. Да беа у друга земја со ударот врз сопругата сами си потпишуваат капитулација. Ако жена извади медицинска белешка дека е тепана, господинот одма губи секаков судски спор и жената останува со половина од имотот или многу често уште повеќе од тоа.

    Само кај нас можете да ги шамарате жените, да ве трпат и ќутат, да се плашат да бекнат, а кога конечно ќе соберат храброст да заглават по институции и најчесто да останат со една торбичка алишта.

    Ништо не го пере ударот, а се повеќе и повеќе жени се освестуваат за тоа. И да, не заслужувате развод, заслужувате и некоја ноќ у ќелија според мене, па слободно таму тепајте се со некој колку вас.
     
    На DarkStormm, maia., Someonespecial и 23 други им се допаѓа ова.
  13. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.239
    Допаѓања:
    27.855
    Мене не ми е гајле како е во кривичниот законик, тоа што ти се переш од другата тема сега тука е оф топик. Ќе повторам, НЕМА ОПРАВДУВАЊЕ освен егзистенцијално, те нападнал некој и се браниш.
     
    На Annath, Mikha4, Bezimenka90 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Секој ден маж ми ме 'провоцира' со разни глупости.
    На пример, чорапите ќе ги џитни на земја.
    Да го тепам ли?
     
    На Tiny Love, Mikha4, Bezimenka90 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    31.289
    И шо ако дома нема ручек? Мажот фатен е во рацете не можи да направи?
    Нема ручек, трас шлаканица (facepalm)

    Ништо не оправдува насилство, буквално ништо.
    А ти шо оправдуваш ќотек и си најдуваш изговори е друго.
    Се надевам дека некогаш ќе проработи тука закон да ве вразуми малку.
    Па после мажи биле, сигурно.
     
    На mssuniquee, spacegirl92, smooch и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Kalimero123

    Kalimero123 Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2021
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Машки
    абре ние може сме од вукојебина а вие со аватарите супер стрип си
    нит се перам,нити сушам темата е мажот ме удри
    рековме мажот заглавил поради дефект со камионот
     
  17. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.154
    Допаѓања:
    17.622
    @Kalimero123 јасно ми е зошто ја оживуваш темава. За да се оправдаш сам себе. Ама не можеш. Една шлаканица или фрлање со предмети во афект за мене е доволна причина за развод. И нема никакво оправдување за насилство. Си бил испровоциран, ама луѓе сме да размислиме како реагираме. Не сме животни да делуваме во афект. Што и да е причината. Ако се прејде граница постои развод, не шамари.
     
    На Guns N` Roses, Idedemja, crimson и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.034
    Допаѓања:
    55.339
    Пол:
    Женски
    Не, треба да ја прекрши од ќотек па после да се мисли дали ќе се разведат. (facepalm)
    Ако некој толку лесно се провоцира и се нервира што го прави физички насилен тој не е океј со паметот, има нерасчистени проблеми со себе и треба да се лечи. И никоја жена не е должна да го трпи.
    Во 21 век уште со вакви размислувања дека "ќотекот излегол од рајот".
     
    На Guns N` Roses, NarCis@, Anabelle.Amorette и 7 други им се допаѓа ова.
  19. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.158
    Допаѓања:
    125.022
    Пол:
    Женски
    И?
    Наместо да вика по или да ја удри жена му оти нема ручек,може сам да си направи ручек.Арно ти рече членката.
    Не е тешко.
    Или ако не знае да готви,може да си нарача од некаде или да купи готово јадење од маркет.
    И да научи да готви.
    Има тв канал 24 Kitchen.Може да ги гледа емисиите и да научи како се готви. 8)
    :!: Има раце и нозе.Наместо за удирање нека ги користи за да оди по јадење или за да си направи сам.
     
    Последна измена: 23 септември 2021
    На smooch, crimson, NarCis@ и 8 други им се допаѓа ова.
  20. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    60.023
    Пол:
    Женски
    Да, од стрип од девојка што не трпи кога маж удира жена ;)

    Што очекуваш не ми е јасно, на женски форум жени да те тапшаат по грб и да ти речат дека прифатливо е да и удриш шамар ако си заглавил со камионот а таа не зготвила ручек?

    Нема да се случи, на форумов има илјада жени, сите различни, сите со различни ставови, ама ти кажувам дека ниедна нема да ти рече ако, арно што си ја удрил сопругата.

    Наместо да се трудиш овде да не разубедиш како во некои околности океј е да шамараш, потруди се да ти влезе у тоа главата што ти збориме, дека ништо на светов не го оправдува тоа и нема доволна причина за насилство.
     
    На mssuniquee, Idedemja, smooch и 12 други им се допаѓа ова.