Човеков си има психички проблеми уште од војната и растроен е целиот и нестабилен продолжил да работи во Армија очигледно не бил во делот на Армијата кај што се лежи лебу да те јадам туку во делот кај што ќе е моли дали ќе преживее од ден за ден. Проблемот не е до жена му до него е.
ke разменам едно искуство што го имам видено и чуено ,но без споредуванје со мене ,и разлика еднина множина пев повреден имав скршеница и цекам на ред на хирургија ,кога се збувна две зени пискат ходникот ечи и се се слуша јасно некој ја удрил шлаканица бараат лекарско докторот искусен прочуен и вика госпого неможам да ти дадам лекарско за шлаканица немаш повреда може поука шлаканица како шлаканица не е повреда туку навреда моментално црвенило кое за некоја минута се губи ,му дава пари се слуша тој вели ме митиш јас како доктор што за една година ке одам во пензија ни за 500 евра не ти давам лекарско напушти ја ординацијата .Така да и шлаканицата ,шамарот го има и има зависно од јачината ,еве до сега бев озбилен сега и јас да се пошегувам Не не е шега вистина е некои жени при сехс сакаат да ги удираат по задник некој забиваат нокти .СЕПАК како што прочитав женичката дава втора шанса а ако се прегази тогаш и јас би и препорачал да напушти но ако ногу се лјубат да е овде пред него но како разведена 6,12 месеци со мерка за семејно насилство да се вразуми ако се вразуми во ред ако не развод пошто разводот е тешка работа поготово ако се има деца
Јас не знам како да ти се објасни дека насилство не мора да те осакати за да се важи, колку сакаш збори пак е неприфатливо и за секоја осуда. Споредбиве со секс си немаат врска, може сакам со камшик да ме удира во секс, не значи дека треба и онака да ме тепа со каиш. Сите на форумов ти укажуваат дека си грешка, ти пак упорен. Никој нормален нема да оправда насилство никогаш. Макар и само шамар да е.
Каква врска има дали се дава лекарско или не? Ако е така оди мавај шамар на секој што ќе го сретнеш на улица. Еден само, што има врска. Еден ко ниеден нели? А и не одговори, Ако не дај Боже дојде ќерка ти и ти рече тато дечко ми ми удри еден шамар ќе и речеш ли ако ќерко ништо не е ?
Добро Да , у право си. Има шлакананица и шлаканица. Ако истата е удрена онака понежно колку само умот да и дојде на жената и да не прави веќе грешки, ок . Тоа е поучен шамар и е за нејзино добро. Јас си помислив да Не случајно јако се има удрено шамарот, онака баш пљуууусс да се чуе. Одприлика те сватив што проблем имаш. Само уште ова да те прашам - дали од кога замавна по жена ти со чаша/шише ( не паметам баш со што беше) дали она се вразуми и и дојде паметот?! Или веднаш после тоа си најде љубовник?! Ним со тоа што си и' го сторил само да си му направил услуга на швалерот. Па она кај него да си е отишла научена на ред и поредок!
како да ти одгворам кога темата е мажот ме удри не ситуацијата на калимеро ,јас казувам што чув одамна на хирургија ,не оправдувам но ја оправдувам постапката на докторот негледа ништо недава ништо моќе лаќе нека бара сведоци .за керками таа одбрала не сум и го одбрал јас затоа пак јас треба и веке ја советувам за некој постапки во зивотот ,а ако ми се поплака ке ја испитам а родител неможе да излаже па ке и дадам совет како понатаму да постапи
Никој не ја спомна твојата ситуација те прашав просто прашање со прост одговор на кој што освен политички одговор не добив ништо конкретно. А тоа дека родител неможеш да излажеш не знам во кој свет живееш ама можеш... и те како.
Не ме удрил татко ми, не па ти некој зелен, самобендисан несамоуверен такозвани маж. Не да се разведе за една шлаканица, никогаш во живот да не може да ме сретне ни да ми се приближи,.
Не го реков тоа,ама самиот во теми пиша каков проблем имаш. Вербалнава агресија што ја покажуваш на форумов е показател дека советот што ти го даваме повеќето е правилен. Си фрлил предмет накај жена ти. А,за децата... Децата гледаат и слушаат што прават родителите.Твоите и постапките на жена ти можат да влијаат во иднина како вашите деца ќе се однесуваат со нивните партнери. Наместо да имаш вакво однесување треба да се смириш и да го послушаш советот.На твоите деца им треба позитивен пример,а ти не си тоа.Заради нив треба да се одлучиш да се подобриш.
Никој не го малтретира Маја. Дебатираме во тема што на секоја жена и е слаба точка, а тоа е ќотек. Гледаш како си го воспитува девојчето, дека сама си одлучила и дека шлаканица не е ќотек. Ние на интернет ако не им кажеме на млади девојчиња дека тоа не е ок, каде? Знаеш колку девојки има што не знаеле за подобро и што такво воспитување довело до тоа да трпат удирање во брак? Жал ми е за човеков, жал ми е за све што му се случило. Затоа и не коментирам во други теми каде што пламна дискусија. Ама нема ни да седам овде и да дремам дури некој средновековен маж пишува 1000 постови како шамар не било ќотек. Па уште доктор вратил девојка ради шамар како репер зема. Демек еве докторот штом така рекол така е. Нека се носат двајцата, преку такво више од балканштина.
Шамар е насилство, исто како и гаѓање со шишиња и предмети по човек е насилство. Тој што удрил еднаш, ќе удри повторно. Ако не за една недела, за еден месец или година. А ако на жена што и удриле шамар отиде на лекар, тој што стои како обезбедување во болница прашува што е и како е, па фино лепо тој си пријавува во полиција и насилникот го носат у станица на испрашување. Е се што се случува понатаму зависи од исказот на повредената страна. Она се изјаснува дали сака насилникот да помине со опомена, со парична казна или со притвор. Проблемот кај нас е што жртвите не пријавуваат зашто немаат излез од ситуацијата и се плашат да не останат на улица сами и незаштитени. Апсолутно ништо не е причина за шамар, џабе се тешат насилниците дека еден шамар не е насилство и не е причина за развод. Толку!
Разбирам, и во право си. Но, не знаеме човеков со што се соочува. Пробал да се самоубие. Му укажавме сите дека не е во ред тоа што го направил и да си посети стручно лице. Исто и за девојките, треба од вакви случки да учат и да се самопочитуваат повеќе но што е доста доста е. Не е во ред на секое да го напаѓаме, зошто не е во ред ситуацијата.
Е баш сеа и специјална тема за тебе ќе отвориме. И овака уште од фрижидер што ми немаш излезено. Бар еден совет да послушаше од членките, или бар пола совет од @WildMk јас мислам многу поарно ќе ти беше до сега. На жената устата пена и фати објаснувајќи ти некои работи. Ама ти не престануваш да верглаш едно та исто
Стварно веќе нема смисла да те читаме по темиве. Доволно беше, те советувавме. Ако ти треба разговор, ти кажав има платформа razgovor.mk . Тука никој нема да те оправда за тоа што си го направил или што го пишуваш (и со право). Таму ќе те сослушаат и ќе ти помогнат најдобро.