Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Маж ми ме удри

Дискусија во 'Брак' започната од BellatrixF, 29 август 2019.

  1. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    Знам дека не сакаш да да си го растуриш бракот но насилството означува крај на брак.Тој е манипулатор кој наместо да се извини(што секако нема да му биде ни така простено)тој одозгора на се те обвинува тебе.Вистината е дека ова ќе се повтори и што побрзо ја сватиш реалноста дека треба да се спасиш толку подобро.
     
    На sj *O*, Someonespecial, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  2. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Не е важно ова, туку важно е тоа што тој кренал рака на нејзе без разлика на причината, тој не смеел тоа да си го дозволи.
     
    На Harper, sj *O*, Herrera и 11 други им се допаѓа ова.
  3. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Ух па на крај може после овие прашања и да ни се пројави емпатија за мажот, плот твист дека он е уствари жртвата. Еве уште од сега неубаво ми стана што 'лобиравме' против таа напатена душа.
    Да ја банираме може додатно членкава.
     
    На Harper, sj *O*, Milobebence и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Maremama

    Maremama Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Биди храбра жено што да имаше деца и да те удри пред нив? Оди си од таков човек.се сменил откако сте во брак?не душо сега го покажува неговото вистинско лице млада си цел живот е пред тебе..не заслужува да седиш со него ни да разговараш тој е насилник немој да си го упропастиш животот биди силна застани на нозе пријави го замини кај твојте ќе те подржат сигурно и не размислувај што ќе кажат другите живееш за себе..нема они да живеат со насилник туку ти биди силна не те заслужува тој човек.Еднаш многу се скаравме со мм и го изнервирав толку многу но никогаш не дигнал рака на мене и самиот ми има кажано дека никогаш не би дигнал рака на жена ако тоа се седело не ме заслужува и сам би ме оставил дека би се срсмел што е маж. ...он имал лошо детство со неговите и ден денес има трауми повлечен е и срамежлив затоа што гледал како татко му ја удирал мајкаму. Немој да дозволиш утре деца да имаш со таков човек не те заслужува....знам дека тие тешко но уште потешко ќе ти биде со него да бидеш ...
     
    На sj *O*, Nausicaa, piksooki и 2 други им се допаѓа ова.
  5. RainbowButterfly

    RainbowButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    656
    Пол:
    Женски
    Жртвата никогаш не е виновна. Како може некој да оправдува вакво нешто?
     
    На sj *O*, WildMk, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    Незнaм кaкoв брaк имaте, нo штoм се рaспрaвaте и дoјденo е дo физичкo нaсилствo имaте вистински прoблем...
    Би ве сoветувaл aкo нaвистинa се рaбoти зa првa oвaквa случкa... Првo дa си зaминеш oд местoтo кaде живеете и oд негo, втoрo дa гo спoделиш oвa сo близoк, третo дa бaрaш извинување oд негo, aкo се извини и нaвистинa му верувaш и знaеш декa вреди дa гo спaсиш брaкoт тoгaш прoбaјте нo пo не зaдaденo времетрaење и четвртo дa пoсетувaте прoфесиoнaлец.
    А тебе би ти пoрaчaл дa си дaдеш време зa себеси, знaм кaкo е нo прaшaј се себеси дaли ги пaметиш грижите штo си ги имaлa пред некoј месец, гoдинa или пет гoдини, не... Тaкa и oвa, ќе пoмине, ништo не е пoбитнo нa oвoј свет oсвен твoетo здрaвје и среќa.
     
    На poppie и nextredstyle им се допаѓа ова.
  7. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Како не вака? Гледам дека некои членки изреагирале и погоре.
    Ама добро, сериозни ли сте со прашањата? Што му кажала? Па што и одговорил тој? Каде бил пропустот? Што најчесто иницира расправија? Да го бараш коренот на проблемот? Дали имате деца? Колку време сте заедно? (facepalm)

    Ок. Луѓе ништо од ова погоре не е важно. Колку и да го изнервирала и испровоцирала не заслужила да биде удрена од партнерот. Девојката треба да ја сподели случката со некој близок, некој што и значи и му верува (родител, другарка, брат/сестра), а дури тогаш ќе се увери дека решението е пакување на куферите и заминување. Без разлика дали биле заедно десет години или десет месеци, дали имаат три деца или ниту едно, решението е тоа и е најдобро. Никакво извинување, никакви разговори, никакво спасување на бракот. Ако човекот еднаш дигнал рака, пак ќе дигне. Насилството никако не треба да се оправдува.
     
    На sj *O*, WildMk, 1209 и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Shalitra

    Shalitra Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.982
    Пол:
    Женски


    Гледам дека не ме разбирате.Не е поентата за да ни се појави емпатија кој мажот.Јас во истиот коментар кажав дека насилство не поддржувам,ама барем да си кажеше невестава зашо он ја удрил. Јас кога би била маж,и жената да ми дојде да ми изнавреѓа мајка татко без релевантна причина од типот "мајка ти е курва стара" ( патем ова го имам слушнато и намерно го посочив) Јес да нема да кренам рака на неа,ама ќе се запалам толку многу што ќе и ги покажам патот или ќе внимава во иднина како разговара или може да си замине кога сака.
    И цврсто стојам на тоа дека човек без разлика маж/жена треба да си ја знаат границата и да внимаваат што кажуваат,а не што на ум тоа на друм.
     
    На Stressed Out, Elenpelen и Feminka22 им се допаѓа ова.
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    И јас како и сите други ќе ти кажам- оди си.
    Еднаш во афект да те удрил и нареден пат кога ќе му се спојат жичките ќе те удри пак.Не се теши дека нема тоа да се случи и не барај изговори ради твоите да останеш.
    Колку и да се ,,традиционални” сигурно нема да ја остават ќерката во токсичен брак со маж насилник.
    Има разлика меѓу традиција и совест.Плус да ме извиниш ама во 21ви век има повеќе разводи него бракови.Не се труди овде да му го белееш образот за да го оправдаш пред тебе, а ни пред себе.
     
    На sj *O*, Tattooismylove, poppie и 3 други им се допаѓа ова.
  10. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    808
    Допаѓања:
    2.592
    Мајка ми, се разведе од татко ми на втората шлаканица.
    Затоа, мене ме советува да се разведам на првата.


    Не знам околу која тема сте се расправале, сосема е разбирливо што сакаш да го спасиш бракот, НО штом тој кренал рака на тебе веќе почитта е сведена на 0, а брак без почит не знам како би функционирал...
     
    На sj *O*, Lolipop23, candy.cane и 9 други им се допаѓа ова.
  11. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.407
    Допаѓања:
    60.126
    Пол:
    Женски
    Ја удрил "невестата" оти е насилник. Која и да била причината, боксовите не се решение. И најжолчна кавга да е, насилство не треба да има.

    Јас ти гарантирам ако копитото се најде во кавга со физички посилен од него дека ќе си ја свитка опашката и дека нема да се проба да го удри. Најлесно е жена физички послаба од него да нападне.

    И самата викаш да си маж не би удрила туку би решила ситуација поинаку. Самата си свесна дека не е во ред.

    @RainBow втор пат те тагнувам тебе. Ми го избришавте мислењето, океј, а што презедовте со членот Хомер? Го баниравте ли?
     
    На Harper, Lolipop23, WildMk и 9 други им се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.284
    Допаѓања:
    113.763
    Пол:
    Женски
    Јас само едно сакам да прашам.
    1. Дали прв пат те удри или се има и друг пат повторувано ( не дека и еднаш не е премногу и доволно добар знак дека со човекот нешто не е во ред).
    2,.Ако имаш деца, запрашај се дали сакаш децата да го гледаат и осеќаат ова низ што поминуваш, и дали вреди за тоа дека разводот е срам ( а не е !!!) да пропаѓаш, и не дај боже да те читаме утре во црнахрника како жртва.

    Едно да ти кажам: не постои оправдание за удар!!! Не си ти крива!! Тој има проблем. не се труди да го смениш, нема да успееш. Полошо само ќе биде. Смири се, ако треба разговарај со психолог и донеси одлука која ќе биде најдобра за тебе и твоите деца.

    Што се однесува до татко ти. Никако немој тоа да го корисш како опрвдување за твоето останување во овој брак. Седни и кажи му. Па види како ќе иде разговорот. Било како ниту еден татко не сака ќерка му да служи како вреќа за боксирање. Седни на раат, смирено со твоите и разговарај како е работата.

    Ти посакувам секое добро.
     
    На LITIUM, poppie, nextredstyle и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @Shalitra, тотално е небитно што било кажано. Зошто на навреда, евентуално, возвраќаш со навреда. Штом одговориш на навреда со удар, навредата, колку и да била болна или дрска, веќе воошто не е важна.

    И ако одиме според „логикава“ за еден насилник навреда достојна за ќотеќ е кажан лош збор за мајка му, за друг прашањето „каде беше, многу се задржа?“. За насилство нема оправдување. Се друго е victim blaming.
     
    На Harper, WildMk, RoseRain и 8 други им се допаѓа ова.
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.284
    Допаѓања:
    113.763
    Пол:
    Женски
    Болдот: сериозно?? Има опрадување? И да му рекла дека мајка му е курва со цела македонија што спиела нема право да ја удри!! Удар од маж е толку силен, што од самиот шок телото на жената паѓа на земја, и еден незгоден пад може кобно да заврши.

    Едит: за оние кои поминуваат низ истото и не читаат овде, знајте дека нема оправдување за насилство. Ни како го погледнала, ни што облекла, ни дали се насмеала, ни дали ставила сол повеќе во ручек.. нема оправдување!!!!
     
    На WildMk, cresa-jagoda, oblace1 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    А зашто ја нападнавте Шалтира?
    Убаво пиша, жената/девојката не кажа која била причината.Мислам како и да е нема оправдување, не ни сече на сите исто.
    Мене како личност во некои моменти не ми треба многу кога ќе ме навреди некој (со ептен погрден збор од типот на курва, или го навреди моите) да станам и да му ја здрвам една.Вол поголем од мене имам истепано.Иначе битна е причината да, тоа нема да го оправда ударот ама она ако го чепнала кај што не треба најверојатно на целото карање му пукнал филмот.
    Јас порано многу зборев и да не кажам јадев гомна, се закачав и со машки и со женски.Се тепав и со едните и со другите.Од женско во животов ќутек немам јадено, ама пошто не пазев што зборев за малце еднаш подебелниот стап од едно дете.И лани исто јадев ќутек од непозната личност а он ја започна кавгата.
    Кај немав трепки со недели на окото, можев и без око да останам пошто со нога ме мавна.Он почна со навреди кон скопските мајки, кога ме повреди со лична навреда и јас го чепнав стана и ме удри,еднаш па уште еднаш.Да не беа другарите негови не ни сакам да знам што ќе ми се десеше.Е што сум научила од искуствата.Ако нема оправдување машко ако удри женско, тогаш и ние женските треба да пазиме што збориме.Пошто многу од нас, и јас бев една од нив, ја отвараат устата и зборат се и свашта и си викаат ,,ај женско сум сигурно нема да ме удри” ама да знаете дека еден ден ќе се најде некој мајчин и стварно може да го јадете стапот.Најдобро намерен совет до сите.Ви кажувам од лични искуства, поради блебетање јаделе и сум јадела ќутек.Не може да знаете кој ќе биде исходот.
    Затоа имаме 2 златни пословици:
    - три пати мери еднаш сечи
    -јазикот коски нема ама коски крши.
     
    На Stressed Out, jasbi, mira.mira и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Ајде бе, значи ако на човек не му е денот и ако го чепнам кај што не треба, оправдано е да јадам ќотек?
     
    На Harper, tessie, WildMk и 11 други им се допаѓа ова.
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.625
    Допаѓања:
    167.514
    Пол:
    Женски
    Остана уште да пишите да не провоцираме за да не не силуваат и темава ќе е комплетна. |(
    Причина барале. Преку онаквото сеирџии отепани.
     
    На Harper, Mantub, tessie и 18 други им се допаѓа ова.
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    Па битна е причината.Читај погоре што пишав.Не ни сече на сите исто.Еве јас и ти пример да се караме да се караме, и на крај да ми кажеш ,,Абе к**во една” или класичните пцовки за мајка што се.И сестра да си ми и другарка и било кој ќе ти станам.Јас од лично искуство кажувам.Можам да трпам да урла некој над мене, да се караме ама ме навреди ли се исклучувам.Кога и да сум дигнала рака на некој во животов било од тие причини.Пошто многу не пазат што зборат и мислат ај ќе кажам и ќе пројдам така.Нема да пројдеш.Јас страв немам ни од машко ни од женско.Таква сум и тоа е тоа.
    Ако е машко не можеш да му се качуваш на глава.Имам другар женска му му урла секој ден му се понаша и кога е со мене пука по шевови детето.Ми вика никогаш нема да ја удрам ама ме нервира што користи што и попуштам и што знае дека нема да ја удрам.
    Ај сеа? и уште еден таков пример знам.Седиме друштво и пар еден со нас.Дечково премногу ја сака ама апла се гледа, и оваа нон стоп му се дере нешто, го шлапа по лице го штипе.Прави на сите да ни е непријатно што седиме со нив, а он е пута два од нејзе.И само и вика ,,немој срце” ,,надвор ќе збориме” пробува со најсмирен тон да реши а она уште толку го користи тоа
     
    На Stressed Out, Shalitra и SexiLy им се допаѓа ова.
  19. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Ниту една разумна причина не постои што ќе оправда насилство.
    За примерот, јас никогаш не би дозволила да употребам таков речник ако не се согласувам со некого. Можам да се контролирам, цивилизирана сум, не сум животно.
    Знам дека си млада, ама треба да научиш вербално и цивилизирано да ги решаваш проблемите, а не со ќотек. Жал ми е што го читам ова, навистина.
     
    На Lolipop23, candy.cane, kalinaka и 19 други им се допаѓа ова.
  20. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.822
    Допаѓања:
    23.447
    Пол:
    Женски
    Ку*ац ме боли што она му кажала, тој ја удрил, ало.
     
    На Harper, RainbowButterfly, WildMk и 10 други им се допаѓа ова.