1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Маж ми ме удри

Дискусија во 'Брак' започната од BellatrixF, 29 август 2019.

  1. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.124
    Допаѓања:
    43.675
    Пол:
    Женски
    Нема зашто да ти е жал.Одамна не сум влегла во таков конфликт бидејќи се научив да ги пресечам и да не дојде до тоа.Или да ги игнорирам, ама сеуште сум со краток фитиљ
     
  2. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Ми текна на ова што го видов постирано од една познаничка психолог. Тажно и морбидно звучи, не ми е намерата да ја плашам членката туку општо за семејното насилство нека стои...

    FB_IMG_1567159445273.jpg
     
    На s1a1n1d1r1a1, Ygritte, Harper и 28 други им се допаѓа ова.
  3. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.683
    И краткиот фитиљ не е оправдание за тоа. Кога имаш проблем со некого, разговараш смирено и го застапуваш мислењето за кое веруваш дека ти си во право, за тоа не треба да навредуваш некого или да го тепаш.

    Извини пак што те цитирам. За вториот пример...дечкото е ПРИМЕР, како треба да се однесува секој млад дечко со својата девојка. Смирен и културен, браво за него. А за девојката, немам што да кажам...
     
    Последна измена од модератор: 30 август 2019
    На candy.cane, WildMk, Alisa22 и 14 други им се допаѓа ова.
  4. A_star

    A_star Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    1.590
    Пол:
    Женски
    Причината воопшто ама воопшто не е битна, битно е што тој се осмелил да крене рака на нејзе.
    Утре, доколку жртвата се одлучи да остане ќе се плаши да се брани од можен шамар при секоја караница, па не дај боже и да ја помодри да стигне до болница, или пак уште полошо, да гледаат нејзините деца насилство и да имаат трауми. А сиротата жена не знае што да прави ќе лаже само за да го оправда и да го прикрие.
    Без разлика што кажала, биди маж бе, на поинаков начин среди ги проблемите, ако со насилство решаваш проблем побарај помош кај стручно лице.
     
    На cresa-jagoda, nextredstyle, Peperutce1115 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Vanessa9li

    Vanessa9li Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2019
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    784
    Пол:
    Женски
    Оф бре душо, ова ми личи на чист случај на gaslighting - кога некој те манипулира да мислиш дека ти си виновна за неговите акции. Колку и да ме прави лута шамарот, уште повеќе ме прави лута што наместо да каже леле извини или да се покае за неговите акции, он вели Ти си крива, ме провоцираш.. :@
    Знам дека е тешко после години со некого кога конечно треба да почнете заеднички живот и да уживате, да ставиш крај. Ама верувај ми понекогаш тоа е нов почеток а не крај.
    И немој да се водиш по тоа што овде филозофираме, ти ќе си одлучиш на крај дали да заминеш или да останеш. Ама внимавај твој товар ќе си биде после. И не е крај и ако останеш па после одлучуш да заминеш. Работата е да уживаш со тој човек до крајот на животот а не на наредната кавга да се плашиш да не кажеш нешто ''лошо'' за пак да не те удри. Тоа не е живот, ако се плашиш да зборуваш во сопствената куќа пред човек кој треба да ти биде вечен брачен другар. Размисли си убаво, но никако не му покажувај дека е во право што те удрил, дека си заслужила и слично. Дај му до знаење дека неговото однесување е погрешно.
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    @KateKane баниран е веднаш.
    Ве замолувам да се задржите на темата без оф топици и несоодветни шеги.
    Сите оф-топици се избришани.
     
    На poppie, cresa-jagoda, KateKane и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.068
    Допаѓања:
    44.095
    Пол:
    Женски
    Не знам со кој памет некој ќе оправдува насилство. Без разлика дали е меѓу двајца пријатели, две пријателки, брачни парови. Ако некого навистина го сакаш и почитуваш, незамисливо ќе ти биде да му фали влакно на главата, особено ако тоа го предизвикаш ти самиот.

    Не постои ниту еден проблем што не може да се реши со смирен разговор бидејќи еден шамар или претепување не враќаат време назад, не менуваат околности во позитивна насока и дефинитивно после тоа нема да биде по негово надевајќи се дека така ќе ја предомисли другата страна. За жал, има случаи каде што ќе ги изманипулираат квалитетно и жртвата едноставно е куче што изведува трикови и слуша наредби од сопственикот. Нема живот, нема право на збор, како програмирани според туѓи потреби се.

    Оди на планина изнавикај се тресни врата излези издувај се на прошетка макар и 2 часа да трае тоа отколку да удриш некого. После ова мислам дека нема назад и нема да оди на подобро бидејќи таа граница е веќе поместена и премината. Штом се премине еднаш, голема е можноста да се премине повторно. Бидејќи еднаш веќе се случи, зошто не пак? Прва појдовна опција за ,,решавање" конфликт ќе биде ова.

    Во таква проста околина живееме што сѐ се трпи сѐ додека тој не нѐ изневери. Удрил-удрил, ќути си, да не чуе никој. Маж е, нервозен е, се случува.

    Ем не се ангажира за ништо друго ем тебе ти урла- ќути си, маж е.

    Развод не се случува само поради неверство, макар што и во ваков случај остануваат заедно бидејќи жената нема поддршка од нејзините.

    Па мајку му бре, океј ли е да му бидеш некому боксерска вреќа?!
    Зошто да дозволам на некое говедо да ме столчи од ќотек оти сам не знае да се исконтролира?

    Не знае како со зборови, не знае како да разговара како човек и на кој начин се решаваат проблемите. Едноставно не сака да се потруди. И прва опција му е удирање за да заплаши и замолчи, па да тера по негово. Да ти влее страв за да те натера да бидеш потчинета и да се чувствуваш виновна.

    Се изнервирав. Жално е што сѐ не трпи една жена поради немање поддршка најпрво од нејзините и од страв од осуди, од почнување од нула повторно.

    Ако сакаш живот без насилство, со почит кон тебе како човек- ќе заминеш.
     
    На Harper, WildMk, RoseRain и 14 други им се допаѓа ова.
  8. BellatrixF

    BellatrixF Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    5
    Читав погоре се прашувате зошто настана расправијата. Значи, прво јас се вратив дома од работа, после некое време тој си дојде. Почнавме да се расправаме за некои домашни наши проблеми, потоа тој се налути повеќе. Да ви кажам искрено работам многу и не стасувам секогаш се да средувам дома. Најчесто за викенди кога сум дома чистам и средувам. И тој се лути почнува да ми вика... И јас му вратив исто, тој ме навредуваше па не можев да молчам! И така се караме и на крај тој толку налутен ме удри. Значи, јас не велам дека сум светица, туку баш не очекував на крај таква реакција од него. Се размислувам еве некое време, и вистина е дека треба да внимавам и јас како се однесувам...
    Не ја спомнав мајка му воопшто ниту неговата фамилија.
    Иначе само онака да кажам, свекрва ми не е крива за ништо, таа не се меша, живее во друг град, а ние двајца живееме сами.
     
    На Shalitra му/ѝ се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.275
    Допаѓања:
    101.198
    Пол:
    Женски
    Ти се дерел зашто не си суредила?? А тој што е? фатен да ти помогне. Не душо. Не си барај оправдувања.
     
    На Doozy, Harper, candy.cane и 19 други им се допаѓа ова.
  10. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    1.632
    Допаѓања:
    4.148
    Пол:
    Женски
    И да не си светица, пак нема оправдување за удирање. И не си ставај вина себеси. Не го оправдувај.
    Карање е едно, тепање е друго.
     
    На Harper, candy.cane, WildMk и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Срцка нема изговор за насилство. Нема да те советувам за развод, туку да му речиш на тој фатениот да посетите психолог или брачно советување, да се види од каде потекнува таа агресија. Ако не сака, и те удри пак си го знајш одговорот. И јас и маж ми сме се карале, толку ме нервирал, а и јас него до степен да сакаме да се опериме меѓу себе, ама никогаш ниту јас ниту тој не сме кренале рака.
     
  12. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.683
    Љубовта ти е поголема од разумот. За секоја негова грешка, се преиспитуваш и ја бараш причината која довела до караницата. Не си светица, ама не се измачувај со што би било кога би било. За да дојде до вербална расправија, треба двајца, а не еден. Не се обидувај да си ја препишиш вината на тебе. Веќе неколку пати повторив јас, а и другите, не постои ниту една разумна причина за да бидеш удрена. Мораш да дејствуваш.
     
    На candy.cane, WildMk, La.loca и 9 други им се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Знам само за еден пример кога едната шлаканица останала на една шлаканица.
    Можеби има и други, но не вреди да се дробиш во брак како мрак со надеж дека ќе се случи нешто што е исклучок од правилото.

    @BellatrixF лелееее за несредена куќа шамаар??? Да му се плукнам на мажот. И двајцата работите, а таа е куќа на двајцата, не те рани он тебе за да е исклучиво твоја должност.

    Батали бе, ваквиве мажи се Боже сачувај. Ем неспособно ем скока. Не седи во ситуација во којашто и во сопствен дом ќе трпиш жртви. Леле леле преку недела не било средено. Или заедно фатете, или ако веќе тој е пашата на мамче и е воспитан да не чисти по дома, викај си жена да ти помага. Ауф големиот маж.

    @melnicanecot се надевам нема да ме сфатиш погрешно, брат, ама не ти ја разбирам препораката.
    И јас сум Христијанка, но не верувам дека поентата на заедницата е да се простуваат шамари.
    За мене христијански е он со сите сили да покаже колку се кае за стореното па да се прости.
    За да дадеш треба и да побараш прошка. Ако не чукаш, нема да ти се отвори.

    Се изнервирав, маживе ни да ги сакаш се, ни да им веруваш, ни да жртвуваш расцветан врв од коса за нив. Со чест на исклучоци. Коса ми се крена на глава. Дедо ми на баба ми ѝ помагал во сите домашни обврски затоа што нејзе работното време ѝ било флексибилно, некогаш буквално од сабајле до вечер не можела да си дојде дома.
     
    На Orthophill, candy.cane, WildMk и 9 други им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Дали ги прочита мислењата во темава? Како дојде до овој заклучок после се што е напишано?
    Еве го ова што го кажував, ќе мислиш што зборуваш и како се однесуваш за да не те удри.
    Дали знаеш јас колку се имам карано со маж ми? Секогаш сум му кажувала се што мислам, никогаш не сум преќутела. Знаеш зошто? Зошто се чувствувам безбедно во нашата врска. Знам дека никогаш нема да крене рака, знам дека и да се скараме пак на крајот љубовта е поголема, знам дека ме почитува, исто како и јас него. Но најважното е што се чувствувам безбедна. Ако тоа го нема што тогаш? Дали сакаш така да живееш?
    Па види и за каква банална работа. Што ако е нешто посериозно? Ќе те скрши од ќотек? И пак сама ќе си крива? Не замижувај, немој, пресериозно е за такво нешто.
     
    На Harper, Lolipop23, candy.cane и 21 други им се допаѓа ова.
  15. Shalitra

    Shalitra Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    1.965
    Пол:
    Женски

    Добра личност си ти,ама за ова најдобро е сама да си одлучиш,можеш да не слушаш нас можеш и да слушаш и други твои блиски што те советуваат ама сама треба да пресудиш и да донесеш одлука.Членкиве убаво ти кажуваат дека ништо него не го оправдува што кренал рака,и ср согласувам дека чим еднаш кренал ќе крене и уште еднаш. Сама одлучи си,ама и сепак мораш да работиш на себе и да имаш поголема самоконтрола и да припазуваш на работите што ги говориш.Не само за со маж ти,туку и општо со било кој дали сестра,брат,другарка,шеф,газда, мора да се внимава што се кажува.
     
  16. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.640
    Допаѓања:
    116.315
    Пол:
    Женски
    И целото семејство да му го колнеш нема оправдување за насилство.Не смее да те удира.
    Постои можност пак да те удри.Бегај од него!
     
    На WildMk и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Знаев дека ќе прочитам фрази од типот ,,му пукнал филмот, му навредила родители"... Луѓе удирање не ни смее да дојде предвид. Ако ја удрил ,,во афект", значи дека останатиот дел од времето се контролира да не ја тепа. Што повеќе сакате од тоа?

    И @Feminka22 аман порасни веќе еднаш те молам, насилството не е кул. Тоа што тепаш машки поголеми од тебе не те прави прејака, само те прави дел од низата насилници.
     
    На bibiiii, buba4e89, Harper и 15 други им се допаѓа ова.
  18. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.170
    Другар ми ја нападна жена му пред цело друштво... и успеа да ја удри неколку пати по лице пред да успееме да го совладаме и смириме. Причина беше што пред да дојде тогаш, дознал дека жена му го изневерила со друг... (всушност, сите во друштво знаевме освен тој (facepalm))
    Не е важно...тоа беше во 2007 година. Прв и последен пат да ја удри (барем така јас знам) .... Се разведоа лани зошто она дозна дека тој се гледа со друга... кога дознала го размавала дома со се и сешто... убаво го погодила само еднаш, со вазна по рака и му имаше скршено еден прст...
    Не сакам да кажам никаква поента или став со муабетов...само кажувам дека се има на светов...
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Трагикомично е како векови поминати применувајќи го абсурдниот концепт за полова супериорност на еден вид довело до тоа во едно наводно цивилизирано и софистицирано човеково општество, едниот пол од определен вид да биде целосно неспособен кога станува збор за самостојно самоодржување.

    Кога двајца еднакво способни возрасни личности живеат заедно во едно домаќинство, треба да знаат или барем да имаат основни познавања, да ги извршуваат сите домашни обрски.
    И не се работи за тоа на кој пол припаѓаш, туку потекнува од основна култура, способноста и независноста да знаеш се грижиш за самиот себеси кога е потребно во одредени ситуации.

    Поради тоа и разбирам зошто мажот реагирал бурно - бидејќи неговата благосостојба не зависи од него, туку од некој друг и истата не е реализана, секако дека тоа кај него ќе предизвика агресија поради загрозување на едно од неговите основни интереси, како и потсвесен револт заради неговата неспособност.

    Ова воопшто не е природно, ниту пак нормално бидејќи половата доминација во човековото општество никогаш нема да може да те нахрани и да обезбеди хигиена.

    И како резултат на тоа се појавува семејно насилство, кое патем е противаконско. Одделот за насилство против жените на САД го дефинира семејното насилство како „начин на навредливо однесување во некоја врска кој е употребен од едниот партнер да добие или да задржи власт и контрола над другиот интимен партнер“.

    Семејното насилство кое @BellatrixF го искусила од страна на својот сопруг е манифестирано не само преку физичко, туку и преку емоционално и психолошко малтретирање и претставува тешка навреда за феминизмот и неговите цели.

    Една здрава и нормална љубовна врска се карактеризира со еднаквост, почит, безбедност, а не со доминација, омаловажување и насилство во било која форма.

    Секоја припадничка на женскиот пол мора да има самопочит и да сфати дека човекот со кој живее можеби според Законот за Семејство се смета за нејзин сопруг, но тоа не секогаш значи дека така и се однесува во реалноста. Насилството никогаш не треба да биде применувано, ниту пак оправдувано. Самиот факт дека некој без двоумење се осмелил да крене рака врз тебе, треба да ти даде до знаење дека истиот не те сака и не те почитува и како жртва на семејно насилство треба да разбереш дека не си безбедна во негова близина.

    Nobody wants a relationship like the Joker and Harley Quinn...

    [​IMG]
     
    На Nigredo Odor, WildMk, Asparagus и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.124
    Допаѓања:
    43.675
    Пол:
    Женски
    Не се осеќам како насилник.Без причина не сум удрила некој.Секој си одговара за своите постапки, јас за моите ти за твоите итн