Еднаш насилник за секогаш насилник. Мислам го имав ова пишано во темата што ако партнерот се осмели да ви удри шамар... Татко ми никогаш ме нема удрено, не па некој сељак шамар ќе ми удира. Не се останува покрај таков. Насилство никогаш не е решение за ништо. Собери си ги работите, оди си и разведи се. Верувај ќе се повтори, шамарот не прв, не втор, 10ти ќе стане.
Едно е да се внимава што се зборува на шеф, другарка, од култура или да не се навреди некој, друго е да внимаваш што зборуваш пред маж ти за да не ти ја плесне една. Не ги мешај работите и не наметнувај чувство на вина кое не треба да го има. @Feminka22 со таквото размислување не си помагаш себеси, напротив, лесна жртва си. Ќе те тепа маж ти секој ден зашто не знаеш да замолчиш и нормално ти ќе бидеш крива. Нема ни да ти текне помош да побараш. Се надевам со годините ќе ти се смени мислењето и посериозно ќе размислиш што всушност значи семејно насилство.
Ќе се промени,тоа е кај повеќето бракови,што некој си мисли дека жената т.с невестата станала Роб во нивниот дом. Кажи дома на твоите,не го штити,не се плаши. Се надевам дека ќе му отидат да му кажат кај му е местото. А се кае ли што дигнал рака на тебе,или мртов ладен е?
ај сеа пошо си модератор земи избриши ги сите мислења кои не се слични на твоите. Не наметнувам јас чувство на вина,ама сите луѓе треба да внимаваат што зборат.И зашо само од култура да се внимава пред другарка,колега,газда а пред маж не? Ако е така според редот на нештата јас пре би внимавала како разговарам со сопругот со цел да не го навредам или налутам со некој мој непромислен збор.Пак ќе кажам не го оправдувам што кренал рака на неа,во овој случај е тој крив што се осудил да ја удри.Но генерално зборувам дека треба секој човек да си внимава што излегува од неговата уста.За џабе старите не рекле за јазикот коски нема а коски крши.
Зошто генерално зборуваш кога темата не е за тоа? Ем викаш не оправдуваш што кренал рака, ем викаш да внимава што збори. Едното со другото не оди, тоа не го разбираш. Зашто нема нешто што човек ќе каже, а за тоа да заслужи да биде удрен. Затоа имаме закони кои велат дека не е во ред тоа.
Затоа што се надоврзав на темата.А се додека вие оправдувате да се збори се и сешто и очекувате дека другиот нема да ве зачука сте се зезнале право да ви кажам. Мал милион примери имате кадешто прагот на толеранција е минорен,речиси и го нема. Е затоа драга моја генерално зборам, за да нема повеќе вакви ситуации кадешто жената ќе биде тепана и малтретирана.И да е мажот агресивен не треба да му се дотура масло на оган па да се заврши проблемот у болница.
И тој треба да внимава,но ете не.Решил да вреѓа и да удри. Со мислењето да внимава што зборува наметнуваш чувство на вина. Немој да мислиш дека нема да ја удри повторно ако таа внимава што зборува или молчи. Јас лично сум видела мажи кои маваа жени што молчеа. Во ваква ситуација најдоброто решение за членката е да им каже на родителите и пријателите што доживеала и да го остави сопругот.
Не знам од кај да почнам ова да го разглобувам, од што е погрешно. Ја туркаш жената толку многу назад, да се потчинува, да молчи. Наместо да се каже на мажот дека не е во ред да удри, и се кажува на жената да молчи и да внимава што зборува. Работата е што жената што живее со насилник по некое време и замолчува, внимава, како да оди по јајца, а сепак е тепана. Што мислиш, зошто? Зашто мажот е насилникот и кривецот во случајот. Никој друг. Зашто тој има проблем сам со себе, а не со жената. И не му треба причина да ја удри и да и се истури. Овој од проблемов на женава за што само ја удрил, а што и останува за понатаму? Мора да се збори за ова и милион пати ако треба ќе се каже дека не е виновна жената и ништо што таа рекла не треба да придонесе за ќотек. И колку сакаш ќе ти реплицирам зашто е ова твоево погрешно, зашто не смее да остане на тоа мислење последно.
Дали би било во ред некој, испровоциран од твоите постови на темата да те зачука тебе? Дали ти ќе бидеш виновна што не внимаваш што зборуваш?
Драга моја... Не бев во брак, но моето беше исто... Сериозна врска, живеевме заедно, фамилии зближени, дури се трудевме за да останам бремена. Првиот пат кога се случи тоа беше шок за мене, прво ме обвинуваше мене дека сум провоцирала, а потоа кога виде не оди тоа така почна со извинувања, 300 ветувања, премногу внимание, абе светец беше. Дадов шанса, се вратив... Долго време бевме супер за повторно да се случи истото... Кога простував и се враќав (се срамам од себе поради ова) стануваше се полошо за на крајот и јас толку да се променам и да почнам исто да се однесувам, во самоодбрана буквално се тепавме. Изгубив трпение, милион проблеми со здравјето, тешка депресија... Цела година така... Немој мила, не останувај во таков токсичен однос, не поради гордост его самопочит... туку поради здравје... Кој и да се причините што не ти дозволуваат да го напуштиш, верувај многу се помали од таа ЕДНА причина поради која мораш да го напуштиш. Те молам, барај помош, кажи си ја маката на родителите пријатели било кој, не срами се, не плаши се... Верувај секој што ќе чуе ќе ти помогне... И барај психолог веднаш, не дозволувај да останеш во таа заблуда и фантазија... Жал ми е и за тебе и за сите што сме дозволиле вакво нешто... Само тој што го има минато знае како е... Тешко е знам, ама ако останеш никогаш нема да си простиш, нема да се подобри тоа ти го тврдам. Со лесно во битката, долга и макотрпна е, но со упорност ќе ја поминеш
За тебе знаеме, нормално дека толерираш било какво однесување кое доаѓа од машката фигура, бидејќи така те учи религијата која ја проповедаш. Жената е виновна од Дедо Адама, ден денес па и засекогаш. Затоа, воздржи се од набивање вина.
Не е решение насилство, во ептен екстремни случаи ако некој ве нападне да да се одбранете со ударање ама за зборови де бре луѓе 21 век тоа покажува колку сте немоќни и колку зборовите ве уништуваат кажани од друг тоа ти е слаб карактер и несигурност. Ако веке некој ме врега мене пример ке му кажам ако вака продолжиш нема веке да ме видеш и готово а не да удирам како во камено време да сме.
Прв пат ли те удри? Каков ви е бракот? Имате ли деца? Не си кажала многу работи има разлика од удар до удар Не велам дека треба да му простиш и да трпиш насилство далеку од тоа
Како има разлика од удар до удар, баш ме интересира. Помалку боли ако ја удри без да гледаат деца? И дај ве молам почитувајте малку приватност бе луѓе. Какви ви се овие прашања, како било, што било, подетално да раскажела. Еве сега, забави ќе ви прави девојката. Уште еднаш да повториме со огромни букви: НЕМА ОПРАВДАНА ПРИЧИНА ЗА НАСИЛСТВО. НЕМА. ТОЧКА.
Па членката дури и објаснила што е проблемот, иако не ни е должна да се оправдува тука. Ниту го навредила посебно, ни ништо, туку пречело што била уморна и не ја средувала куќата како што треба. Оти нели тој ко типичен балкански мУж нејќе ни да „помага“ во сопствениот дом, туку рака ќе крева уште... @BellatrixF, ќе повторам уште еднаш - воопшто не си виновна и нема што да внимаваш, а ни да спасуваш во браков. Остави ги овие два-тројца тука што немаат поим какво зло е патријархатот и нормализираното насилство во семејството во различни облици (и од маж, и од родители врз дете).
Не се сложувам со делот дека ако ми е сопруг не морам да пазам како се однесувам и што зборам. Мајка ми, за мојот покоен татко секогаш вели дека имале супер брак. Никогаш ниту ја удрил, ниту ја навредил, и вели, никогаш не и се обратил со зборовите - “мајка ти твоја вака..”, или “сестрите твои онака”... ниту мајка ми се обратила кон него за неговите со тие зборови. Си имаа нивна тактика на решавање на проблемите со муабет, и секогаш пазеа како ќе се обратат еден на друг. Не од страв, туку од почит и љубов. И јас внимавам како зборам со маж ми. Не, не внимавам за да не ме удри таман работа, внимавам од почит кон него. Не дека не ме вади од такт, сигурна сум и јас го вадам од такт посебно сега со хормониве веројатно доста често. Ама човек секогаш и пред секого треба да внимава. Па дури и кога е сам со себе. Каков брак е тој каде сопружниците се навредуваат толку многу и продолжуваат како ништо да не било? Па мене маж еднаш така да ми се обрати, комплетно ќе ме разочара и ќе ми се скрши целата слика што ја имам за него, а не пак, цело време. @BellatrixF ти никако не си виновна што тој раката не можел да си ја зачува во џеб, па полетала на кај тебе. Ако маж ти, одма после шлаканицата ти се извинил милион пати, барал прошка, ветувал дека нема да се повтори, се трудел повеќе околу тебе, јас и ќе те разберев да сакаш да пробаш да спасиш нешто, или ќе пробав да разберам. Ама очигледно е преголем егоист да признае вина, па дрско те убедува дека ти си виновна за она што тој го направил. Зарем сакаш да си со некој каде за секогаш и за се ти ќе бидеш виновна? Таков човек не се менува. Ама затоа ти можеш да го замениш него, со некој кој никогаш нема да те опцуе, а не пак да помисли да крене рака на тебе. Треба само да сакаш да си среќна.
Многу си во право ... МА ДА, ДОВОЛНО Е САМО ДА НАМИСЛИ ДА УДРИ, ДА КРЕНЕ РАКА НА ЖЕНА Е ДОВОЛНО ЗА ДОКАЗ ДЕКА Е НАСИЛНИК ПА МАКАР И ДА НЕ УДРИ. Ради тоа што тој веќе наумил да го стори тоа. Многу мразам вакви типци многу многу.. Селски лудаци што немаат ни споразум а ни речник на зборување и се решаваат со ќотег Девојки од такви подалеку што вршат насилство врз вас
И... само што заврши со силувањето.. тој еден битолски силувач.. Излезе од колата да си ги дигне фармерките, нешто ми прокоментира, а јас му опцув мајка. Се наведна, ме испули и ме праша: Шо рече?? - готов да ми зашигари една. Што викате за причина? Добра ли беше причината за да ме плесни, пошто му опцув мајка.. веднаш откако ме силова?