Жал ми е што си имала такво искуство,ама компарацијата не е иста. Он врз тебе извршил зло,па и да го опцуеш и сл е сосема друго со причина и болка ради стореното дело.А друго е кога од кавга со маж ти ради изгорениот ручек ти да му кажеш е шо мајка ти курвата подобро да не зготви.
Не знам од кај се извади воопшто муабетот дека со сопруг треба ич да не пазиш што збориш, до степен да го вреѓаш и да му пцуеш мајка Нормално дека треба да се однесуваш културно и со почит, ама од љубов, не од страв да не ти врзе шамар.
Штом кажала многу лоши работи тоа значи дека и таа нема некоја контрола на сопствената избувливост ама таа го лупнала него? Не.
Тажно е што мислам дека џабе се коментира и џабе се испишаа толку страници. Преочигледно е дека женава овојпат ќе му прости... исто толку очигледно е дека типов е класичен насилник и дека не се кае за ништо. Само се надевам дека нема прекасно да сфати дека од љубовта ништо не останало и дека џабе си го губела времето со него. Со лесно!
Е така !! Ако му опсујам јас мајка или навредам најблиското, може да си замине, да бара развод ама да тепа?? Пак ќе речам, еден шамар, ако силата е доволно јака може да предизвика незгодно паѓање на жената, пукање вратен пршлен и чао. Нема после извини, бла бла... Да не зборувам повреда на очи, пукнато ушно тапанче до глувост.. модриците се најмал проблем. Залечи психа после да те видам...
Жената кога е физички малтретирана често знае да ја бара вината во себе и да го брани насилникот, затоа што е водена од емоции а не разум. Еден пример ќе кажам, другарка ми, која беше малтретирана од нејзиниот сопруг упорно му се враќа, а зошто, никогаш не можам да сфатам. Колку и да зборуваш на некој да го остави, ако не сака да си помогне сам другите џабе пенат уста. За насилство, нема оправдување, каква и да е причината.
добро ти уште со тој памет? Ете опиша,работиш се трудиш колку можеш и дома да постигнеш... И уште мислиш дека треба повеќе да внимаваш како се однесуваш? Па јас да сум ќе се степам. Ќе се бранам да ме удри и да ме убедува јас дека сум крива? Јас да не реагирам? тој нервозен се вади со муабети ама па и јас на нервоза можам да реагирам. Причина - тој е виновен ме изнервира морам да се бранам.
Жената кажа дека ја удрил заради тоа што не стасала да ја среди куќата, а мајка му никаде не ја спомнала. Тој па дека маШ фатен е во рацете да земи да засреди нешто. Сепак стојам на тоа дека не постои ниедна причина да се изживуваш на некој физички послаб од тебе. Луѓе сме и треба да настојуваме цивилизирано да решаваме проблеми, таман работа ако се тепавме за секаква причина. Ако типот си има проблем со краток фитил треба самиот да си го реши, жената не е должна да се чувствува како да гази по јајца кога зборува со него. Многу добро знам како е да пазиш да не стапниш на нерв на некого со многу кратко трпение, ги знам и последиците. Како што кажаа погоре, нормално дека ќе се однесуваш со почит кон партнерот, но се додека почитта е возвратена и додека тоа се прави од љубов, а не од страв да не те зачука.
Јао муке Танталове. Мајката, та мајката. Рече девојчето не мешале фамилија во муабетот, бар она не ја мешала неговата. А на ваквиве насилнички настроени мажишќа би им препорачала во најкус можен рок да се одвратат од идејата дека жената треба да е среќна што се способни сами да се хранат (иако не да готват, само да јадат) и што умеат без асистенција да се бришат по подмирување на физиолошки потреби и чим прије да се зафатат со учење и усовршување на домашни работи јер кога со ова понашање ќе оладат 90 отсто од жениве од брак и заедница ќе ги видам кого ќе шамараат и дали ќе фатат тешки микроби од несредена куќа пар екселанс. Може ако имаат памет доволно да осетат каење за постапките сами себе ќе се шамараат гледајќи се во огледало, ама доцка ќе да биде.
Хм, жал ми е што се случуваат вакви работи, но дефинитивно насилството не е оправадување за ништо. Не сакам да коментирам дали е некој крив и дали има крив, но за насилството следуваат санкции. Ако има волја од другата страна не е лошо да се побара професионална помош. Не се сложувам со мислењето дека ако имало еднаш, ќе има и втор пат. Тоа не се знае. Бракот е заедница од двајца, каде нема доминација на едниот или другиот. Бракот е компромис, каде двајца изразиле желба да живеат заедно. Не се розово во бракот, има расправии, вербални дуели... Но, никогаш не смее да се примени физичка сила за другиот да биде принуден на било што.И покрај проблемите кои ги имаме секојдневно брачната заедница би требало да биде нашата мирна оаза каде би наоѓале мир и спокој. Расмисли добро што ќе правиш, но сепак не е лошо да разговараш со некој кој е упатен професионално во таа проблематика (семејно насилство).
Не знам дали имате деца,ама еве јас лично имам трауми од детсвото,имам гледано како татко ми буквално ја удират на мајка ми од ѕид...и уште пред да се земиме со мм јас фино лепо му кажав шо имам поминато и дека би истрпила се ама да ме тепат не..и уште му реков дека ако некогаш кренит рака на мене со пегла лицето ке му го изгорам и сме се карале и сме викале и се ама не се десило ни да ме навредит ни да ме удрит! Бегај подалеку од него и не врти се назад!
Ништо не е за оправдување за неговата постапка, Ништо не можи да оправада ако тој те удрил, ништо! И секој сам си е одговорен за своите постапки, така да ти не можиш да бидиш виновна
Првата само страна ја прочитав што ти одговориле, и понатаму не читам... Мислам дека сериозни одлуки за живот не се даваат баш така преку ноќ, спакувај се, замини, и да споредувате одма со семејно наилство, тоа е веќе апсурдно Искрен совет од мене, да си дадеш на време, да не одлучуваш во ефект, многу брзо се распаѓа бракот, тешко се ствара Процени со време дали би се пофторило неговото агресивно однесување или било само моментално, и не би кренал рака повторно на тебе Многу полесно ќе дојдеш тогаш до одлука, и полесно ќе ти биде бидејќи и самата ќе знаеш дека си дала шанса за бракот да успее Одлуката ќе ја донесеш сама, само дади си време да процениш дали вреди Најлесно е да речеме оди си, кога само ти знаеш колку тој чекор не е баш така лесен Да беше така лесно, сигурно би си отишла веќе Дај си време, а времето ќе ти даде одговор
Ве молам аплауз за оваа феминистка и пресвесна личност во нашево општество. Срцка, за таквите ко тебе што "се исклучуваат" во странство има програми за справување со гневот. Најсериозно. Твојот гнев е твоја работа никој не ти е крив. Сите сме биле вреѓани во животов, на сите тука некој не има наречено курва јас ти гарантирам. Поддржувам "насилство" само во самоодбрана кога е. А ти да му станеш прва на некого пошо си увреџена, тоа само кажува дека си иста ко мажот на членкава што ја отвори темава пошо нели и он бил увреџен. Викаш без причина не си удрила никого. Една е причинат да удриш некого а тоа е ако он те удри прв. Никогаш друг пат. Пцуење, мајки сестри, курва, не ми текнува, не се причина да го удриш на некого. Се сложувам со тебе во делот дека некогаш треба да ќути за да не ја удри. Не дека она треба да се потчине и да трпи насилство, туку да тактизира во моментот за да се заштити себе си. На таков идиот што ќе му објаснуваш. Ако во моментот мислиш дека може да ескалира ситуацијата значи стратешки молк и прва прилика бегај од таму.
Дечки не ве разбирам што ви е со прашањава Колку пати те удри? Дали можеш да процениш дали пак ќе те удри? Нејзино ли е да проценува? Не сте виделе насилство. Смешни ќе ви се прашањава. Уствари навредливи ќе ви се. Не читајте бајки. На секого може да ни се случи. Во моментите на страв до полудување и на секирации кај да одам кога немам каде, некои немаат работа, прости закоравени родители, поддршка од никаде, никој што бил удрен/тепан не си вели колку света заедница е бракот, чекај да размислам колку пати ме има удрено да избројам. Сета поддршка ја давам за невладини здруженија што се обидуваат да направат промена, да помогнат, пошо во 99 % и они биле во таква ситуација во некој дел од животот, али ние што правиме? 100 ден немаме донирано. Пак ќе речам, кој не видел, многу шанси му дава на насилството. Веднаш препознавам такви луѓе, тие оставаат коментари од тип Пробај со убаво да разговараш со него, Размисли убаво сепак брак е дрн дрн дрн...Да размисли убаво? Дали сте свесни дека многу жени се тргнале од насилникот пред да бидат убиени? Дали сте свесни колку жени се убиени како жртви на семејно насилство? На колку деца животите им биле упропастени...дали би сакале да бидете вие кои ќе го дадете советот Размисли пред да го растуриш бракот, и после да слушните дека ја убил. Не зборам за оваа членка конкретно, ниту зборам за тоа дека секој што удира ќе убие. Али боже мој па добро спомна една членка погоре, ќе те удри со намера да те удри, али ќе акнеш глава, крварење ќе добиеш и толку беше. Јас не би сакала да сум таа што ќе си рече Ај бе ќе пишам нешто без врска и ќе заборавам за 5 мин пошо форум е бе, не е ништо озбилно. Се' има влијание. Немојте жртвите на насилство да ги правите ненормални, дека претеруваат, дека треба да преземат одговорност за постапките на насилникот, а особено, особено немојте да правите било што кое во превод би значело дека немаат поддршка. Бидете поддршка. Секој може. Донорајте во здруженија. Ако некој кој го знаете е во опасност, не си го тргајте газот со муабетот Ти си знаеш, што да ти кажам А пак ако не можете никако да помогнете Не одмагајте барем Може некоја е на раб на убедување да си оди и вие со некој ваш коментар ќе ја одвратите
И? Тогаш во ред е да те удри? А што ако тој ти опцуе мајка? Треба ли ти него да го удриш? Нема 'сива зона' во насилство. Ако некој се соочи со нешто што многу ќе го повреди, може да се разведе. А не да се тепате ко несалам. Ти удираш ако те навреди некој? Колкумина те опцуле или навредиле? Колкумина си удрила од нив?
Штом си дозволил да те удри и не можел да се контролира,ќе те удри пак верувај ми.Си пишала дека чуствуваш анксиозност и голем притисок,те молам не трпи и замини си од него.Твојата среќа е најважна и не се секирај што ќе кажат другите.
Јас сум возрасна особа,и не претпочитам да навредувам и да влагам во дискусија.Секогаш гледам проблемот конструктивно да го решам. За пцуење никој не ме опцул,или да ме навреди од типот курва ваква таква.Е сеа зад грб ако ме збореле тоа е друго ама вака ин лајф не сум имала такви ситуации.Никого не сум удрила,и не ме удрил зошто секогаш внимавам што зборам за да не ја навредам другата страна макар и некад од не знаење се воздржувам да давам непотреби коментари со оглед на тоа што има некои луѓе параноични. Во однос на твоето прашање јас да сум машко и жена да ме пцуе мене или моето семејство без никаква причина нема да ја удрам,ама ќе ја спакувам и како партал ќе си лета од заедничкиот дом. Се' додека луѓето не научат како да разговараат,да се воздржуваат да лупнат глупост што ја мислат, да мешаат кого стигнат ќе има и кавги и тепаници. Пак ќе кажам не го оправдувам насилството,ама мора значи МОРА СЕКОЈ ДА ВНИМАВА ШТО ЗБОРИ И КАКО РАЗГОВАРА!