Добро бе девојко, еве сфативме дека си најкултурна и најсмирена од тука (иако баш и немам од никогаш таков впечаток од твоите мислења, али ај), сега продолжи на друго место да се фалиш. Нема никаква врска сето ова што го пишуваш со темата, членката не му пцуела никого на мажот, ниту некој овде вели дека не треба да се внимава што се зборува. Ако тебе никој не те удрил, не значи дека на некој друг не му се случило тоа, иако не кажал ништо што не треба и што не заслужува тој од другата страна. Иста си како оние што во муабет за силување акцентот го ставаат на облеката/алкохолот/шетањето сама ноќе итн. Можеби (мислиш дека) не го оправдуваш со тоа насилникот, ама си без обѕир кон една жртва на насилство и страшно напорна на темава.
Ако сум ја толку напорна,зашо уопште ме цитирате ти и другарките твои? Не станува збор за мене у темава,шо не ги прескокнете моите мислења туку упорно и упорно ме цитирате. Јас тоа што го мислев го кажав,и тоа е мое мислење и не ме интересира дали некому нема да му се допадне или некој ќе се сложи. Затоа е и форумов, онака виртуелно да си лупнеме шо како мислиме на одредена тема.
Лошите зборови си ги размениле еден на друг. Од каде знаете дека тој прв не почнал? Значи и он рекол и она рекла, коа више се изреванширале, нема потреба од погорно ниво, тоест физичко насилство. Од самиот удар ако има нешто полошо, тоа е обвинувањето што проследело, наместо да се кае. Ама Белатрикс наместо да се изнервира можела да му го спушти „А срце, даа забораив. Утре ќе средам. Остај ми 2 и пол илјадарки, Менка (од ракав го лупнав) ќе ја викнам.“ Ама, ништо друго не ја поседува силата на ефектот на тој одреден момент. Со оглед на тоа дека немаме веќе епитет еректус, но сапиенс, тој ефект никогаш не би требало да биде доволно силен за шамар. И да знаете, сами сме си криви шо кај и да е, асален маж нема да остане. Махери сме да ги релативизираме и неутрализираме погрешните постапки на мажите. На една моја познајничка ќерка ѝ се омажи и збори колку била осетлива, се вреѓала од ништо, не знам што. И вика „Си игра и она играчки, зетов златен чоек е, ама и маж е. Ќе му пукни филмот ќе ѝ ја плесни една.“ Се здрвив у моментот, 15 секунди мозоков ми ја процесираше изјавава. Маж е па оправдано, очекувано е? Оваа изјава повеќе ги вреѓа мажите од жените, дали сте го помислиле тоа? Сме влегле во еден филм дека мажите 1) се деца во памет, 2) неспособни кревет да си наместат, 3) окцето им шара и за тоа они не се криви, жени то провоцираат, 4) ако ги насекираш може да се насилни и тоа е океј, затоа што се мажи. Дај му го рецептов на маж без многу карактер и сочувство кон другиот и младичот си вика: „А бе како ол инклузив без пари, како државна работа добиена со врски. Доволно е да си присутен.“ Мажот има потенцијал да биде прекрасно интелектуално, душевно богато суштество исто како и жената. Затоа, треба да им се овозможи истиот тренинг за подеднакво да растат и напредуваат во сите сфери.
Ако домот е заеднички,ниту еден партнер нема право да го брка другиот,а и плус човек за навреди не се брка,туку за изневерување или насилство. Извини,ама преостри ставови имаш за ова,па ќе ти контрираме и цела вечност ако треба.
Пример :Ако домот заеднички е купен со пари на нејзиниот свекор и свекрва што многу веројатно е да се стегале цел живот за да имаат да уплатат стан, и невестава онака лабаво не внимава што збори и почнува кавга и ги меша истите тие кои и дале покрив над глава,родителите на мажот и..... без причина...... И те како ќе си лета од таму! Зашто бе за вас проблем издржен за развод е само изневерување и насилство? Па психичката тортура и постојаните префрлања и навреди нели се рачунаат за напади? Шо ќе контрирате и кому се обидувате да докажете? Мене лично не можеш да ми докажеш,зошто јас цврст став имам дека сите треба да внимаваат како се однесуваат, и што излегува од нивната уста.Зошто има емотивни луѓе (без разлика маж/жена) па и на нив им се сјебува психата и губат нерви.
Иако тебе твојот став не ти изгледа така,на нас другите ни делува дека ја оправдуваш постапката на мажот со тоа што велиш да се внимава што се зборува. Човек не се брка за неколку навреди.Се брка ако тоа се жестоки навреди попратени со физичка сила и во траење на повеќе од еден ден.Вербалната и физичката одбрана немаат иста тежина.
Точно немаат иста тежина.Со физичка тортура 99% завршуваш на ургентно или на костозглобно ,а со психичка тортура завршуваш или во психијатриска установа под лекарства или со самоубиство.
Да се надоврзам на коментарот на @tessie погоре. Сите мајки што имате синчиња кога ќе лупаат на гости или ќе удрат некого или ќе скршат чаша низ дома не велете "машки деца што да им правиш". Одраснувате потенцијален насилник со оправдувањето
Зашто од овде научив дека сите мажи се идиоти, насилни..итн да не редам. Никогаш не го прочитав спротивното.
Според ова што е напишано, пробувам да замислам колку ли се очајни 90% од жените што се мажат или што фаќаат дечковци... Ако не се лажам и ти имаш дечко... насилник е или идиот?
Забавата во 40ка+ била секогаш. Иако не сум ни приближно до 40ка, чат пат знам да отворам и да окапам таму. Онтопик, имаш ваква тема "Маж ми ме удри" , имаш и тема "Кога и зошто тој си заработи шлаканица" каде што може да се најде некоја "паметна" која се утепала од фалење како му шлакнала една на мажот и као демек достигнала најголем успех во животот. Прво, ни едно физичко насилство безразлика на пол не е оправдано и не може да биде "заслужено", ниту изневерување не е причина да кренеш рака на човек. Второ, секоја кавга се решава со отворена комуникација како цивилизирани битија. Доколку нема заеднички компромис секој по свој пат. Трето, секој кој е жртва на семејно насилство колку и да е болно и тешко најпаметна одлука е да се повлечете и да се заштитите од таква средина на време. Вашето менталното и физичко здравје е многу побитно од еден брак. Подобро спречити отколку лечити. Ниту пак брак со деца не е причина да трпите и толерирате, не сакате вашите деца на бидат сведоци на семејно насилство, да имаат трауми понатаму во животот или да си го прифатат како нешто "нормално". Четврто, никогаш не е срамота да се побара помош, дали е тоа од пријател, роднина, професионално лице, Центарот за социјална работа или Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство. (02 616 0016).
па најверојатно ги гледаш само негативностите и недостатоците... смени го фокусот, ...или темата на читање...
Џабе сите пишуваат кога очигледно членката решила да му даде втора шанса. Баш штета. Не знам ни зошто отворате теми кога веќе сте одлучиле што да правите понатаму. Скоро никој нема пишано да му простиш. Сите се сложија дека насилство е насилство, и ако не си безбедна со таков човек тогаш бегај од него. Зар постои врска во која нема подвикнување? Секаде има викање, ама лошо е ако дојде до тепање. На што личи тоа ако ти е страв да се караш со партнерот? Не значи дека треба да се навредувате, ама каква е таа врска ако ти е страв да повишиш тон? Зар ќе дозволиш на глава да ти се качи? Ако вистински се сакате, тогаш после дерењето ќе се смирите и ќе удрите партија секс, а не шамари. Друго е почит и љубов спрема партнерот, ама друго е страв од ќотек. И да...Темата Кога тој си заработи шлаканица е дебилна и треба под итно да се затвори. Не е ама баш ич смешно да се фалиш дека си му удрила шамар на дечкото/мажот Демек јаките типки Патетики.
Постојат толкави контра ефекти кои што човекот во својата глава не знае да ги исконтролира. А најчесто се тие ефекти ескалираат, допрела некоја жичка погрешна жичка и се десило тоа што не требало. Арно ама како поолеснување на сопственото викање во себе од страна на егото "Леле што направив", смета дека "Ти си крива" е подобро. Јер, е жена и делиме се, мора да прости. Затоа сме понежен пол, иронија. Можеме да се сносиме со се, со секоја кавга, навреда, бокс и за се сме виновни. А забораваат дека таа што ги родила исто била жена, била робинка. Ах... Наместо прегратка, добиваа шлаканица. Билдање его, најјак маж. Жена си, можеш се. Разведи се.