Епа мене не ми ни дошло на памет дека ќе ти треба дообјаснување, пошо македонштинава знаете да извадите од контекст, as a product of many many free time and overthinking.
А вака ние македонштинава да те прашаме ти госпоѓо/ице од Париз да не си случајно па имаш многу напредно мислење?
Верувај дека сите родители не се исти ако навистина има такви родители ќе и биде потешко додека им објасни дека не е она виновна поради тоа што се случило, но како и да е не смееш да останеш во таков брак бидејќи сепак би дошло до развод покасно а подобро сега него ли многу покасно а они ќе мораат тоа да го прифатат кога тогаш...
Какво е тоа објаснување дека она не е крива што ја удрил? За насилие нема крв никој друг освен сторителот. Се друго е залажување на сам себе и на тие што оправдуваат таков чин. Со среќа и ако останете заедно се надевам нема да се повтори.
Сите мажи се идиоти, освен твојот. Така подобро е? п.с. ми го избришале мислењето од синоќа. Ни едно форумско правило не прекршуваше. Тоа што вам не ви се допаѓа е друга работа.
Нема оправдување никакво ама она рече дека нема да може да објасни на нејзините родители дека имаат по старомодни сфаќања, а јас тоа многу добро го знам бидејќи мајка ми долго време не можеше да му објасни на дедо ми дека не може повеќе да живее во иста куќа со татко ми поради многу причини а неговиот совет беше ќути прај се дека ништо не гледаш (додека он ја изневеруваше)
За жал. Многу луѓе си ставаат розев превез пред очи и одбиваат како мали деца да прифатат дека не се сите родители разбирливи како нивните. Некои си мислат нема шанси родителот да не те поддржи. Јас на тоа велам само дека на жртвата и прават да се чувствува уште полошо, пошо она ги знае своите родители и не можеме ние да ја правиме ненормална, ако она вели дека се такви тогаш треба да прифатиме дека се такви, а не да и велиме како не, нема шанси. Моја другарка која се омажи во Австралија и која добиваше ќотек од мажот до лежење на болница, иако нејзините ги знаеја сите детали никако не ја поддржуваа да се разведе пошо никој во нивното семејство не се развел, дали е свесна како ќе им ја наруши репутацијата и се плашеа дека тоа ќе влијае на нивниот бизнис. Други се традиционални. Има многу примери. Едно заедничко за сите нив е тоа што тешко скоро никако не одстапуваат од своите ставови, без разлика што се закоравени, и без разлика што се работи за нивното дете. Престанете да и правите да жртвата полошо. Во едно општество, здраво функционално општество, една жртва на семејно насилство треба да биде заштитена од државата. Државата треба да земе во предвид дека некои жртви немаат каде, немаат поддршка, имаат закоравени родители, а може и уопште немаат родители. И државата е она која треба да отвара центри, да им помогне да најдат работа, да добијат легална помош, да ги заштити од потенцијалниот гнев на насилникот. Супер е ако имаме блиски кои ќе се погрижат за нас. Ама многу немаат и со добра намера да им помогнеме, велејќи им нема шанси да не те поддржат родителите, само правиме да се осеќаат ко да се ненормални. Ако она вели дека нема да ја поддржат, и верувам. Сум видела секакви родители.
И ве тепаат, и ве прават вие да сте криви после (ама он тоа во афект, ме тепа од шо ме сака), и дома ве затвораат (шо мајка бара да шета мажена жена), и кај мајка и кај татко нема одење (се знае местото каде е), и нема кармин носење (многу внимание привлекувал), и нема фустанчиња носење, и на работа нема одење, и од свекрвата нема делење и уште мал милион работи за да се запрашаш кој е ненормалниот во ситуацијава. И вас сето тоа ви е ок. Убаво ви е. Па уште шо да правам... Ќе бегаш што подалеку, ете тоа ќе правиш. Ја одбегнував темава оти се тригернувам на секој ваков муабет ама стварно не можам да разберам. До толку ли не се сакате и не се почитувате самите себеси што ви е ок некој така да се однесува со вас? Оти дозволуваме другите да се однесуваат спрема нас така како што ние се однесуваме со себе. Бар мажи на секој чекор има. А и да нема, подобро ќе бидам сама неголи во ваква врска-неврска.
Пак ќе кажам нешто погоре што го напишав. Сите сме паметни кога не сме во ситуација. Јас гарантирам, и немој да негираш пошо нема да поверувам, дека никогаш во живот не си била жртва на семејно насилство ниту пак си имала некој близок да видиш како се проаѓа низ тоа и колку не е лесно. Никоја жртва на семејно насилство не си вика абе нека ме тепа барем сум во врска. Постојат милион препреки и кога ќе се најде некој како тебе, да ја обвинува жртвата пошо она си е крива што тоа и се дешава, веруј ми, не и помагаш никако, туку одмагаш. Не знам зашто е тешко, ако немаш да кажеш ништо емпатично скокни ја темата. Сензитивна тема е. Коментаров ти е само да покажеш колку си ти јака и колку си цврста и колку со тебе никој не може да се подјебава. Супер. Али не си од помош. Коментаров ти е само за да се почувствуваш убаво за себе.
Ни ја исчитав темава, ни твојот пост од погоре го прочитав. Напишав тоа што го мислам и тоа што сум го искусила. И стојам зад тоа, оти тоа е вистината. Сум била во насилна врска каде што папав шамари оти не сум му вратила одма на порака, а и мајка ми си знае како си ја спасила главата од лош брак, и нејзината и мојата. А јас си знам како, кој и колку време ме оправаше мене после за јас денеска да бидам „јака“ по форуми. И верувај, не сум јака само на зборови. Ако треба, а требало, кревам во вис, ама ќе истерам правдина и ќе биде така како што треба да биде. Без пардон. Ама ти си знаеш. А да, и те молам немој да ми зборуваш за емпатија и помагање кога не ме знаеш и познаваш. Бар мене немој тој муабет.
Одличен и е коментарот на @Doozy . Затоа што ја кажува ситуацијата таква каква што е, а не sugarcoating да прави. Кога некој се однесува онака како што опиша она - не си ја сака партнерката. Толку е просто и едноставно. Жално и тажно е колку жени го трпат тоа од најразлични причини - традиционално семејство, за "децата" (а не сфаќаат која траума е за нив ако гледаат покољ дома), што ќе кажат комшиите, некои едноставно си ги сакаат џелатите. Не, не треба емпатија во темава. Треба јасно и гласно кажување на работите како што се. Погрешно е да се тапка по рамо и да и се збори дека има полошо, да седи и да ќути. Тоа не е помагање, бсш напротив, одмагање е. Никој не рече дека е лесно, ама секогаш треба да се гледа кон иднината - прекраток е животот за да си го поминеш покрај насилник, со седење во страв и несреќна. Трнлив пат е патот кон развод и слобода - ама сигурна сум дека некогаш подобро е човек да е сам, него во токсичен брак.
Браво за тебе. Ај сега остај ги другиве на кои што им треба подкрепа. Од сопствено искуство човек или станува емпатичен кон тие што се во иста ситуација, или ги користи ситуациите да каже колку е тој среден и јак и со тоа само ги подсеќа другите колку не се. Не е потребно емпатија во вакви теми? Значи сите што пишуваме емпатично на темава уствари и пишуваме да седи дома и да ќути? Ај жити мене посочи ми еден таков коментар. Посочи ми еден само, кај што пиши дека подобро човек да е во токсичен брак одколку сам. Може имаш "еурека" филинг дека си кажала нешто што не е кажано досега, али морам да те разочарам, 9 страни сите членки веќе истото го зборат.
А која би била твојата идеја за решавање на ваков конфликт? Ај ние со еурекава агресивни, ти како би ја решила ситуацијава?
Потребно е емпатија и разбирање и поддршка... морална, психолошка, материјална итн. Прво, не се сите со исти можности; второ психологијата на жртва на семејно насилство е посебна категорија, заради начинот на кој влијае таквата ситуација. Секогаш советот е: Замини веднаш. Но на терен, околностите не се секогаш поволни... За жал... Внимателно.
Taка е @WildMk , апсолутно се согласувам. Ама прво мора да сфати самата жртва дека не е должна да трпи такви ситуации дома. Пошто толку ни се мизогинијата и патријархатот навлезени во секоја пора што има жени што мислат дека господата со тестостерон нормално е да имаат краток фитил, дека нормално е да се дерат и да се агресивни. Ене пиша некоја членка - кажала дома, коментар било дека она си го одбрала, сеа да седи и да ќути. Ме знаеш на форумот, знаеш колку сум секогаш на страна на жртвата, колку само од кожа ме вадат вакви ситуации. Али колку и да слушаме дека е тешко кај некои жени, слушаме и приказни на жени кои се развеле и си го тераат животот слободно. На форумов ги имаме, секогаш тие ми служат за инспирација дека можен е излез од тој канцероген лупхол. И се поклонувам на нив. Барем јас така гледам на нештата, да посочам пример каде жени во слична ситуација успеале, отколку да посочувам причини поради кои не може да успее.