Може темава не е за во политика, затоа што сакам да дискутираме општо за ставови и мислења. Што мислите за новиот стратешки концепт, како Македонија може да ги постигне барањата за влез во нато, зошто ни е потребен Нато? јас мислам дека најпотребни ни се во одбранбениот буџет, во подршка на армијата на Р.Македонија, иако може да се вклуче и во трговијата со луѓе. може да дискутираме ако има некој знаење плус може да сподели!
НАТО се убијци и не можат во никој случај да ни бидат во полза. Прочитајте конкретно за што зборувам: http://www.lenka.mk/mk/pamfleti-i-letoci/--/15-----2010.html
Ако јас се прашувам само за НАТО би се залагала. Да НАТО ни е прекупотребно да си ја обезбедиме територијата што е најважно , башка други бенефиции , штом имаш јака и моќна војска тогаш имаш моќна држава .Не дека ќе бидеме Балканска Русија доволно е да знаат дека сме опасни , а Македонија има капацитет има карактер . Ни требаат пари . И добро е што прво се дава предност на НАТО односно членството во НАТО . И така ЕУ е за никаде , а нас доволно и вака ни диригираат што да правиме во сопствена држава затоа сме таму кај што сме .
Многу е лошо кога сувопарно и еднострано се гледа кон НАТО и ЕУ. Ми се повраќа кога че го слишнам муабетот што ќе ни е НАТо или што ќе ни е ЕУ, зашто нели ние сме библиска раса па можеме сами. Ние сами можеме само да пропаднеме и ништо повеќе. Да се постави ова прашање е безсмислено , доколку барем малку имаш опти познавања од глобалната и мегународна политика.
Според конвенцијата на НАТО секоја земја членка на НАТО доколку биде нападната се смета дека сите членови се нападнати и сите возваќаат кон агресорот. Па така ако Македонија стане членка ќе биде заштитена од земјите членки на НАТО. Но, кој сака да не нападне, немаме воени закани од никој, се мисли од надворешни напади не и внатрешни, друго НАТО од безбедносна организација, по крајот на студената војна стана политичка организација затоа што немаше повеќе причина за нејзиното постоење по распадот на Варшавскиот пакт. Нема повеќе опасност од воен напад од друга држава. Сега безбедноста е насочена кон борба против терористи и други внатрешни непријатели. Опасноста од воена офанзива од страна на некоја друга држава повеќе не е првостепена опасност. Друго НАТО сега е се повеќе и повеќе политичка организација со цел јакнење на западниот свет во однос на Русија и источниот свет, друго со членството на НАТО наши војници ќе треба да се борат за цели на НАТО, со тоа и некои постои можност во тие борби и да загинат, друго НАТО 1999 нападна на Југославија иако тоа беше противправно со прекршување на сите меѓународни права и договори, а се смета како важен фактор за мирот во светот а не почитува никакви меѓународни права и закони, итн. да не должам многу има уште многу да се пишува...
Додека ние дискутираме за „празни муабети“, кој кандидат бил подобар, кој ќе не однесе каде, дали НАТО/ЕУ или нешто слично, говидов ова денес на интернет и се потресов. Поради таа никаква политика, луѓе гинат.А ако си против НАТО, како што беше Србија во 99, црно ти се пишува! А ние не сме против, ама ете, не не примаат. Три годишно девојче, загилнало седејќи на својот нокшир, кога НАТО ја бомбардираше Србија....жалосно...жалосно...пусти вжештени исполитизирани глави изворот е во спојлер. Спојлер http://mkd-news.com/sekavane-3-god-militsa-zagina-sedejki-doma-na-nokshirche-ja-pogodi-parche-bomba-video/