Вчера прочитав дека докторка од Дебар со договор на дело земала плата од 15,000 денари, и нема придонеси. Од друга страна социјалната помош стана скоро колку минималецот, односно 11.700 денари. Кога ќе сумирам и земам в предвид се, испаѓа дека човек џабе учи и работи овде, затоа што системот на вредности е наопаку. Вака Македонија ќе избрка се што е младо и способно. Што мислите вие?
Нормално дека младите ќе бегаат кога овде не се цени нивниот труд. И не е само случајот со докторката. Еден куп такви кои работат за мали плати. Коса ми се крева кога ќе ми текне кои неспособни се пикнаа во администрација. А некој што со години се трудел, си седи дома.
Така испаѓа, ги брка. Или е во служба на глобализацијата, или планот е конкретно оваа држава да се растури. Само една забелешка за вас, редовно неосновано ги глорифицирате оние што ја напуштиле државата. Разни има меѓу тие што се иселија, како што има и меѓу тие кои останаа. Јас знам дека и шуто и рогато стигна до странство. Од ситни кримоси, до докторчиња кои тоа станале зашто докторка била мама, или доктор бил тато, или биле и двајцата. Ништо посебно талентирано за да се трескате од земја како најдобрите ни отишле. Исти се тие што заминуваат со тие што остануваат, додека овде не биле од особена корист, таму ќе ги усовршат со неколкумесечна обука и ќе им го извлечат максимумот.
Небитно е дали си заминал образован и одговорен кадар или не, битно е што си идат! И тоа не само млади, познавам доста примери каде што и постари се отселуваат ради подобри услови. Замислете што ќе се случи за десет, дваесет години со Македонија. Штама. Жално е, ама секој сака подобра иднина за себе и својте најблиски па дури и во туѓа држава.
Темава треба да живне. Би дал предлог, што ако не излегуваме на избори? Едноставно да се намали гласачкото тело за 90%. Дали би се променило нешто на тој начин, да се задржат младите тука?
Не сме сложни за да не излеземе на избори, и да се случи дебакл. Таква криза ќе не вовлече во многу проблеми.
Ќе се намалува излезност, ќе видиш. Нѐ заебаваат како никоја партија никаде својот народ што го заебава.