Македонија ќе добие Кралска Резиденција

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Offspring, 6 декември 2010.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    27.002
    Кралска резиденција на Хунзите ќе никне на Паљурци. На околу три хектари земја ќе се распостила кралскиот комплекс на потомците на Александар Велики.

    Барање за изградба на дворец стигнало директно од северен Пакистан до општина Богданци. Барањето до доставила првата Македонка што ги посети Хунзите во Пакистан, Марина Дојчиновска, како официјален застапник на кралското семејство.

    Покрај кралска палата, предвидена е и изградба на хотел, бизнис со кој кралското семејство се занимавало неколку години. Градоначалникот Ристо Ичков вели дека општината ги планирала и Хунзите во измените на деталниот урбанистички план. Принцот Газафар Али Кан се очекува овој месец во Македонија.

    Земјиштето на кое е предвидена изградбата на кралската резиденција е на министерство за земјоделство. На почетокот на 2011 година се очекува да се отстапи на општина Богданци, а тие пак, најверојатно, бараните 3 хектари ќе им ги подарат на Хунзите. Градоначалникот очекува Паљурци да стане важен културен и историски центар на Македонија.

    Резиденцијата на Хунзите ќе граничи со католичкиот манастирски комплекс, со црквата на Апостол Павле, заедно распослани околу браната Паљурци.

    Принцот на Хунзите, Газафар Али Кан со титула „мир“ и неговата сопруга принцезата Рани Атика првпат дојдоа во Македонија пред околу година и половина. Ова ќе биде второ доаѓање во земјата што ја сметаат за своја прататковина.

    Хунзите живеат во северен Пакистан, административно се дел од пакистанската држава од 1974 година, но го задржале кралот. Освен Хунзите кои бројат околу 50.000 за потомци на војската на Александар Македонски се сметаат и племето Калаши. За разлика од Хунзите кои се исламизирани и образовани, Калашите се неуко племе.

    Токму тој факт го користи и соседна Грција која отвори културен центар кај Калашите, а донира и значајни финансиски средства, за наобразба на лозата на Александар Велики.


    Боже ако гледаш, земи не' за да не спасиш! :смајли_што_се_прекрстува:
     
    На pink4ever и fighter им се допаѓа ова.
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.188
    Пол:
    Женски
    Првпат слушам за вакво нешто,незнам од кога е оваа идеја за да има Македонија Кралска Резиденција :^) Знам дека беа тие од Пакистан, Хунзите или Калашите, ама дека повторно ќе доаѓаат првпат слушам, иако се смета дека се потомци на Александар,со слични обичаи,донекаде што сум читала,а и според емисијата што беше на Марина Дојчиновска.Позната ми е детално историјата на Грција,нејзиниот начин на однесување спрема се што е македонско, а и тоа не е нешто ново,нешто што трае можеби со векови наназад. Додека за генезата, дали за Македонија,Грција или било која земја е нешто што е поврзано со историјата и сосем нормално да се случува сето тоа што веќе се случува со Македонија и Грција.Меѓутоа, мислам дека идејата за Кралскава Резиденција е премногу, ако е решено тоа да се реализира ,ќе се реализира, без разлика дали на нас тоа ни се допаѓало или не.
     
  3. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Хмм...интересна работа! Па зошто да не! :)
     
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    27.002
    Не сум многу информирана, ама нема да ме зачуди ако се гради со буџетски пари. А тоа не би го сакала ниту јас, ниту голем процент од народот.
     
  5. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.419
    Допаѓања:
    5.376
    мислам дека ќе си го градат кралот и кралицата или што и да се тие. како и да е пред се мислам дека е топ идеа и браво за мојот најсакан град
    се разбира после скопје
    гевгелија и гевгеличани за нивниот успех до сега на сите полиња дури и да им никне во паљурци резиденција. како и да е ќе биде атракција. поздрав до гевгеличани ако ги има и само така нека продолжат ;)
     
  6. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Блазеси им на хунзиве, палатче, хотелче, мераци :D
    Ние ке им аплаудираме.. што ни остана друго?
    Во секој случај интересно, дури накај смешно :D
     
  7. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.664
    Допаѓања:
    23.618
    Пол:
    Женски
    ^^ Реонот Паљурци се наоѓа во Богданска Општина :)
    О.К како и да е, морам да кажам дека нормално Владата си ги гледа сопствените интереси, па многу многу не се секира на кој начин ќе ги реализира.. |(
    За проектот и јас се чудам што така им текна, ама факт е дека ако не се родеше оваа идеја за жал, ова место немаше да биде како што е денес :!:
    Местото околу браната Паљурци интензивно почна да се средува, откако се расчу дека овде ќе треба да никне Кралска Резиденција... :lol:
    За експресен период се се среди (изгледа претходно немаше потреба за такво нешто, според градскиот ни татко |( ), местото блесна , се поставија канделабри, патеки за пешачење, дрвени масички со тенди за излет итн.
    Искрено, не е лошо вака, ама колку ќе се реализира оваа идеја со Резиденцијата, останува да видиме :?:
     
  8. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Ех, колку само се смеев кога го слушнав ова на вести вчера. ПЛАЧЕВ од смеење. Нашите предци се враќаат во татковината. Хунзите ќе градат резиденција!
    Постоеле две вакви племиња во Пакистан низ кои течела "македонската" крв. Едните се Хунзите, кои се писмени и образувани, а другите се Калашите кои се неуки.
    Грција им помага на Калашите, а ние на писмените ќе им дозволиме да градат резиденција.
    1:0 за нас!
    Боже, донеси багери и претвори ја земјава во паркинг!
     
    На marama, Victorya, Offspring и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    509
    Нелче ме изнасмеа. :lol:
    Идејава е прекрасна, НО само ако сами си вложуваат финансии за нејзина реализација. А ако треба да се трошат буџетски пари, каква резиденција?! Ме поткрева од петни жили самата помисла дека здравството е 16 милиони в дупка, а Владава нека дава финансии за европски метрополи и кралски резиденции!
    Наместо прво да се среди невработеноста, здравството и образованието, тие одназад почнуваат-прво културата... :@
     
  10. Kika30

    Kika30 Нов член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    31
    Ццццццц.... :lol: Значи НЕМАМ ЗБОРОВИ ЗА ОВА!!!! :envy: Уште кралска резиденција фали во Македонијава...Што и да напишан друго ќе биде излишно. :tmi: :x
     
  11. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    OFFSPRING!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

    АПСОЛУТНО СЕ СЛОЖУВАМ СО ТЕБЕ!

    ПОДАРЕНО ЗЕМЈИШТЕ...КРАЛСКО СЕМЕЈСТВО...?!?!?!?!?!
    ПА ШТО НЕ ГО КУПИЛ ПО ЕДНО ЕВРО, ЕМ БУЏЕТОТ ЌЕ СЕ НАПОЛНЕШЕ ЕМ РЕКЛАМА ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТ ЌЕ НАПРАВЕШЕ :rofl:

    ЛУДИЛО :tmi:
     
  12. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Ми текна идеја!
    Да МУ ДАДЕМЕ УШТЕ ЕДНА ТИТУЛА НА овој кралов на Хунзите, освен титулата МИР :?: нека биде ГЛАВЕН ПРЕГОВАРАЧ за името во ОН. Ќе ги средиме Грците одма! Без аргументи ќе останат :rofl:



    ОВИЕ ДЕНОВИ ЌЕ СЕ ОБИДАМ ДА ЗАБОРАВАМ ШТО СУМ ВИДЕЛА И СЛУШНАЛА НА ТВ :puke:
    НВЕРОЈАТНО
     
  13. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    27.002
    Аааа не бива така :!: Овие се директни потомци на Александар Македонски! Немој да бидеш не-патриот!

    :D :D :D

    Туку замислете да си го откупат и они земјиштето :D Ме изнасмеа :D
     
  14. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    офи од кај го најде ова? :?:
    да не е некој мајтап ? :|
     
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    27.002
    Не е мајтап, на вестите слушав :rofl: Ето видиш, некој ќе помисли и дека е мајтап од што е смешно :rofl:
     
  16. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Па ако не нека не даваат пензија, плата и социјално неколку месеци за побрзо да го изградат кралството да не се навредат луѓето немојте на Александар Македонски роднини му биле |(
    ццццц
    Значи си градат споменици ,кралства, триумфални порти итн итн
    "Добро изработен годишен план''
    а кај сме ние во него? што да правиме ние? да одиме да се сликаме пред спомениците? |(
    никако да им текне да ги вратат во работа фабриките што ги затворија или да отворат нови
    незнаат дека секој 3 е невработен... омг каде живееме ние луѓе?
    кога ќе престанат со овие глупости...
    се повеќе размислувам да заминам во друга држава...нема леб тука !!!
     
  17. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.419
    Допаѓања:
    5.376
    добро пред да каземе било што мислам дека е во ред да разбереме со кој пари ке се гради резиденцијата на кралот. ако ја гради влада и јас сум против али ако ја гради кралот баш ми е гајле нека прави што сака.
     
  18. zoki-poki

    zoki-poki Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    371
    Не ми се верува!
    Не ми се ебано верува!
    Кој е копукот на кој му текна ова!
    Некако мислам дека на наш терет ќе биде градењето!
     
  19. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Боже прости им не знаат што прават!

    Само уште ова ни фалеше за да заличиме на вистинска банана-држава...

    Ц ц ц ц ц ц ! ! !

    Срамота |(
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.981
    Допаѓања:
    66.384
    Пол:
    Женски
    Ова прекрасно ќе се вклопи во планот за Скопје 2014 :!: Башка нашето племе е писмено :)
     
    На Bokicka му/ѝ се допаѓа ова.