Леле луѓе каде го има ова? Статуи секаде, а работи и пари никаде!!! Како ни се случува ова??? И сакаме Европа? Европа не не сака нас Ете тоа.... За жалење сме ние македонците, во афричките земји не е како кај нас, посиромаштија здравје, навистина
Немој да даваш идеја, да не ја преместат локацијата па резиденцијата да се најде на плоштад во Скопје меѓу скулптурите
Не ми се верува Што се случува? Да не се шекна државата? Какво кралско семејство ке си играме? Па јас сум потомок на Самуил и јас сакам да бидам. Зошто баш од Александар/. Spoiler лажам
^^Значи Пинк не е работа само да се коментира, туку да има што да се искоментира! Ајде иди малку прошетај...ја на твои год дома не бев! Он топик Па ако ја градат потомците со нивни пари супер..пеки...барем некој од страна инвестира во нашата мила Македонија...а ако е предлог од Влада ехх тек тогаш на*бавме..пари за се има, само за народ не!!
Јас баш не обожавам да коментирам за политика, ама оваа идеја за градење на резиденција толку ме изиритира. Во ова време кога се нема пари (па и да се има) се трошат истите на секакви глупости. Мислам на сите ни е јасно дека оваа идеја е најверојатно најлудата идеја што на една влада може да и падне на памет. Нормално, после проектот Скопје 2014. Баш се прашувам кога ќе престанат да го мафтаат и заслепуваат народот со споредни работи. Најверојатно кога веќе нема да има ама баш ништо да се украде. Не сакам да бидам песимист, ама навистина се претвараме во националистичка земја и се враќаме многу години наназад.
Што ти значи крал да бидеш Одиш некаде и оп...три хектари земја на поклон, си правиш кралски двор, децата да има каде да си играат. Ако отидам во Грција и им речам дека Александар на времето заеднички бил , јас од негов сперматозоид потекло водам , ќе ми дадат три хектари на море ? Има сите кај мене у палата да ве викнам , ама да се знае јас сум принцезата
Ма нема шанси! Додека не си го откупат земјиштето по 1ЕВРО=М2 нема шанси за резиденција! Плус комуналии треба да платат.Како тоа? И ОВА МОЖЕ УТРЕ ЌЕ ГО НАЈАВАТ КО ЕДНА ОД МНОГУТЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ.ГАРАНТ ММФ ЗАТОА КРЕДИТ НИ ДАДЕ...МИСЛАМ МОЖЕ СО КРЕДИТОТ НИЕ ДА ИМ ЈА ИЗГРАДИМЕ, ОНИ САМО ИНФРАСТРУКТУРНО НЕКА РЕШАТ
Утре да дојде и Али Риза со семејството и да каже дека е роднина на Александар и има македонски корени и на него ќе му изградиме една Кралска Резиденција.
За ова прв пат слушам сега, гледам дека е темава отворена уште 2010, дали тоа значи дека нема ништо од ова?
Ќе пукнат од среќа кога ќе немаме леб да јадеме од вакви непотребни градби и постојано зголемување на сите даноци и давачки. Кралска резиденција бе!!! А да направат некоја болница или да поправат некое училиште?
Стварно знае ли некој до кај е работава ? Се надевам дека општината нема така лесно и за без пари да го даде земјиштето . За оние кои се за проектов само ке им речам дема Македонија е демократско општество а не мнархија. Во демократија сите се еднакви , така да давањето на вакви дарови на кралеви е против уставно и дискриминаторски.