1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонија ќе добие нов грб

Дискусија во 'Политика и настани' започната од levely, 5 декември 2014.

?

Ви се допаѓа ли предлогот за нов грб на Македонија?

  1. Да

    18 глас(а)
    20,9%
  2. Не

    68 глас(а)
    79,1%
  1. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Најтазе вест...Македонското знаме има нов грб....Природните убавини, планините, водите и афионот од по страните е заменет.Неможев да најдам слика од новиот грб , уште го менуваат уставот во собрание, но ако го знаете знамето на ВМРО, ќе ви биде добро познат и новиот ни грб.Црвен лав во жолта заднина.Што мислете за оваа нова одлука, кои се вашите ставови и мислења на оваа тема?

    Лично за мене...Незнам колку ми личи на годиниве да пишувам за вакви теми , но следам вакви работи и ме интересира.Мислам дека ова е многу познат и типичен начин како владеачката партија се обидува да го одвлече вниманието на народот од работите кои се навистина актуелни.Мислам дека студентскиве протести навистина се главна тема деновиве па затоа го прават ова , да го одвлечат вниманието на луѓето и да отворат нова тема на дискусија.Прочитани се веќе, не им успева.....Немам коментар значи со секој нов направен потег се спуштаат се подоле....А мислев дека нема да го достигнат дното.
     
    На Valerin и SwanMay им се допаѓа ова.
  2. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Се' средија, па уште грбот на државата остана (facepalm)
     
    На blackwave и Antebellum им се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Сериозно? :^) Дајте линк од веста.
     
  4. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Епа ај со среќа нека ни` е. :)
     
  6. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Еве го новиот грб.

    [​IMG]
     
  7. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Леле прелош е грбов (facepalm).
    А добро нели имаше нешо као да треба да се одржат референдуми ако се менуваат грбови/знамиња... ?
     
    На dragan4eDR, SV1911, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  8. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    An de toa,kako sami si smenuvat?i doslo redov na grbov se drugo se sredilo?!..

    Tuku aj na arno da trgne,srejka da ni donese :)
     
    На dragan4eDR му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Јас колку што се сеќавам уште во прво одделение учевме за основните обележја на една земја, како што се грбот, химната и знамето. Грбот беше опишан како обележје преку кое ги запознаваме најголемите богатства на една земја. Како што се реките, традиционалната облека, планините, главните земјоделски култури. Се сеќавам и дека го цртавме грбот и така научив што означува секој симбол на него и како е поврзан истиот со нашата земја.

    Е сега прашањето ми е мене следно: ШТО ПО ЃАВОЛИТЕ Е ОВА ПОГОРЕ???!!! Какво обележје е ова змејов, лавов, чудово, чудовиштево или што и да е од погоре, за нашата земја???

    Јас најсериозно мислев дека темава е некоја зафрканција. Најсериозно. Очекував да видам дека ја заклучиле. Уште кога видов на вести (на сител се разбира) дека ја прикажаа новата слика од грбот на Македонија, ми се слоши. Ваков претеризам немало и нема ни да има. Страшно сум изреволтирана и не можам до сфатам до која крајност одат. Катастрофа. Грбот го сменија и го лупнаа нивниот партиски знак како обележје на нашата земја. И многу ме интересира какво објаснување имаат за ова. Како таа смешка од слика ја поврзуваат со нашата земја. Мајтап ќе си играат сега сите земји со нас. Отворете сега на твитер и смејте се. Друго и не ни заслужуваме, секогаш сме биле маскота од земја. Не ми се живее повеќе овде.
     
    На dragan4eDR, Marossa, blackwave и 17 други им се допаѓа ова.
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.566
    Допаѓања:
    34.922
    Пол:
    Женски
    Ццццц, арам да им е!!! Со кој памет бе се дрзнуваат да менуваат грб без притоа да не прашаат нас? М? Кај и да е, гледам јас дека Грујчо државава ќе ни ја прекрсти во Вмровија.
    Со овој потег не се ништо подобри од претходните кои ни го сменија знамето.
     
    На dragan4eDR, cresa-jagoda, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  11. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Сплинтер ‏@sinisa_goliOtok
    Новиот грб е топ, фалат само барокни столбови од страните.

    Неможам аххахахахах :D:D:D
     
    На blackwave, fighter и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  12. Lefk

    Lefk Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    130
    Па барем да личеше на нешто, стварно невиден кич.
     
  13. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Сериозно вие за лавот само преку ДПМНЕ знаете? Дај отворете, разгледајте малку хералдика, тој симбол со векови се среќава на овие простори, тоа што некои партии го присвоиле или го употребуваат е друга работа.
    Што е до мене нека се смени, се е подобро од сегашниов грб, срамота е што уште се чува во 21. век, социјализам вришти од него. Не ни личи на грб, селска идила.
     
    На Orthophill, glosipgirl, koritsaki и 2 други им се допаѓа ова.
  14. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.763
    ne sledam makedonska politika,ni partii gi takvi gluposti ama definitivno mnogu e grd,nastavaa spomenici i lavovi nasekade po skopje pa moralo i grbot da go smenat.. koga ke bide da bide -.- zivi gluposti
     
    На dragan4eDR и fighter им се допаѓа ова.
  15. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Можеби не сум доволно компетентна и возрасна за да кажам мислење за оваа тема, сепак ја знам ситуацијата во државата, и што се случува со партииве. И да, знам каков е симболот на ВМРО-ДПМНЕ, ама јас кога го видов грбот ме асоцираше на лавот, на моќта која Македонија ја имала во историјата.
     
    На glosipgirl и koritsaki им се допаѓа ова.
  16. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.845
    Допаѓања:
    88.967
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    :rofl:
     
    На blackwave, fighter и Sesil им се допаѓа ова.
  17. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.971
    Пол:
    Женски
    Очекувано беше вакво нешто, мислам кога државата ни е патриотска, лавовска и слично:D која иронија, со ова само сакаат да го наметнат уште повеќе влијанието на овој напатен народ, зошто е така заклучете сами, не сакам да се замарам со политика, мирна ми беше глата, ама претераа веќе, работа да не може да најде човек ако нема книшка од владеачката партија :o место да се овожможи работа и иднина за младите, ние ќе сменуваме знаме, грб ќе градиме споменици на секој чекор, , ќе се правиме патриоти , ќе ставаме слики од војводи на фб, а само да избие еден конфликт , сите кои се правеа војводи со слики ќе избегаат, извинете за оф топикот ама морав8-|
     
    На blackwave, Emy867, fighter и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Ако биде вака, ова лавот јазикот си го гризе!? Како у стил "не дај се народе".
    Цццц.
     
    На blackwave и fighter им се допаѓа ова.
  19. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Ќе ни го сменат името на државата, името на народот, грбот, не ни го признаваат јазикот, црквата......
    Можеби на крај се ова ќе се вика Вмровија а ние просто - само вмровци.
     
    На fighter му/ѝ се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Народот е прост верува на споменици, за Скопје.
    Гласавте, еве ви што избравте. Си баравте - си добивте.
     
    На WildOnes55, dragan4eDR, fighter и 4 други им се допаѓа ова.