mora nekako da se trgne vnimanieto na narodot, pa sega aj ke menuvame grb, zname tintirimintiri.... se drugo se sredi pa sega usre do grbot ni dojde!!!! ahhh breee malu ni e na nas nardov, dodeka molcime vaka i dodeka se zanimavame so grbot i so nekoi nebitni raboti vo momenti koga voopsto ne ni imaat nekoja znacajna uloga, togas g-din Grijo ke zamati use nekoj kredit i op uste eden spomenik! Nikoj ne ni e kriv, samite nie, samoit narod e kriv za situacijava vo koja se naogjame za zal Sto imase eden tvit, veli- '' makedoncite se borat za svoite pravdini''- vednas da se trgne od himnata!!! i tocno, se borele nekogas, a,sega em site se zalat em nikoj so prst ne mrda
Настрана тоа што ова не ми се верува дека се дешава во нашата земја... Момент ми е дизајнот на грбот... Тоа горе над лавот, круна ли е што ли е , најмалце можам да го сфатам. Добро, кога станавме и монархија за да има круна или ќе имаме и самопрогласен крал наскоро
Не мора поише само ова до крај прочитајте го. Зошто секој потег се дочекува на нож, не битно колку си запознаен?
levely убаво е што следиш вакви работи и што те интересира, но реши се ке има ново знаме или нов грб??? Јас неследам вести и од тука дознав за информацијава, но ти малку ме збуни!!! Но, сепак од другите постови дознав дека ќе се менува грбот на РМ... Епа крајно време беше!!! За оваа промена се зборува уште од 199? - не се сеќавам точно!!! Во тоа време на „кревка„ државност го сменија знамето, па тоа ни го сменија други, така да оставија второто државно обележје - грбот да се смени во „некои други времиња“!!! Изгледа дека сега дошло тоа време!!! Немам ништо против, но сепак мислам дека овој нов грб е предлог за кој што ќе се дискутира и ќе се соберат мислења - да биде или не!!! Се надевам на крајот ке биде нешто ПРИФАТЛИВО ЗА СИТЕ, А СЕПАК УБАВО!!! najubava2010 - ти благодарам за информацииве!!! Спојлер Инаку, темите во Политика и настани ги имам отворено 2-3 пати - најнечитани ми се!!! Политика, партии и вести НАЈНЕИНТЕРЕСНИ ЗЛА БЕЗ КОИ НЕ СЕ МОЖЕ - ЗА ЖАЛ !!!
Аматеризам и кич. Симболизмот можеби има за цел да ги истакне исфантазираните особености на луѓето на одредена територија (лав, храброст и сето тоа) но тажната реалност наведува на избор на друго животно. http://www.aitc.sk.ca/saskschools/arctic/animals/brlemming.jpg Мало, плашливо и склоно кон скокови од карпи кога бега при што често настрадува. Не знам колку треба да биде имагинацијата силна за да една група луѓе која дваесет години работи за 6 до 10.000 во сред Европа - има за симбол лав.
Само нека продолжат со провокациите према комшиите, па ке ја сонуваме ЕУ. Бил некогаш лавот симбол - ама бил. Во тоа време одговарало да биде лав за симбол, а сите знаеме што симболизира, Сеа би можеле една мравка да ни стаат ништо друго. Следните избори гласајте си пак и ке продолжиме да ја сонуваме ЕУ.
Најголема казна (во знак на револт) што може да им дадеме на тие што го мењаат грбот и одвелкуваат внимание е да се правиме дека ни е тотално сеедно Неможе повеќе од тоа да ги напнеш - терај си штрајкови, студенти марш, а луѓето треба воопшто да не зборат на оваа тема. Исто како да не било
Дали да губам време објаснувајќи очигледни ФАКТИ, дефиниција самите по себе, дури и на една Википедија да биле достапни (ме чуди како и без тоа не ги знаете овие работи)? Socialist heraldry* typically makes use of the following symbols: Hammer and sickle; compass Red and gold (yellow) five-pointed stars Ears or ribbons of grain or other domesticated plants, Interwoven ribbons in national and/or red colors, sometimes imprinted with esteemed dates, slogans and the like Single or multiple gears The rising sun Landscapes Modern industrial accessories such as electricity pylons Red background National symbols or places of national importance Earth Социјалистичката хералдика* често е составена од следниве елементи: чекан и срп; компас црвена ѕвезда ленти, венци од жито и останати домашни култури, ленти, традиционални везови, слогани, клипови сонце пејзаж современи индустриски објекти црвена боја земја Освен црвената ѕвезда која пред неколку години беше отстранета, останатите болдирани делови ти се присутни во грбот (инаку тоа се само сонца, жита и реки ако ги гледаш површно, а треба да ја познаваш идеологијата на тогашниот систем за да ти биде јасна и симболиката), сега, ти ако одбираш да мислиш дека не се...мисли си. Само друг пат нема потреба од банални прашања. Спојлер: * *(ѕвездичката) покрај социјалистичка хералдика ја ставив затоа што тоа е дискутабилна кованица како поим, но не ми се одолговлекува со образложување, не е од толкава важност.
Колку непознавање на сопствената историја прочитав во темава И колку многу плукање, како да го менуваме македонското знаме, и наместо она од Кутлеш, ставаме вентилатор - иф ју ноу ват ај мин. Тогаш уста не се отвори, ама сеа сите станаа хералдичари. како што сите се шумарски инженери на ден на дрвото, сите се сообраќајни инженери и знаат кај треба да има семафори, како што сите се доктори откако ке добијат пролив
Зошто тогаш го менуваа грбот пред само неколку години (во 2009)? И токму сега? Има скандали кои треба да се "заташкаат", како на пример фалсификуваните пасоши?
^ А зошто мене ми ги поставуваш тие прашања? За промената од 2009-та, тоа било привремено решение. За останатото имам формирано мислење, ама не ми се пишува, не ја гледам баш оваа тема како место за вашите дневно-политички препирки... кои не ме ни интересираат инаку.
Не е дневно-политичка препирка, затоа што не сум почитички определена. И воопшто не ми беше целта да те нападнам, верувај ми. Едноставно го кажав своето мислење. Ако веќе се правеле измени, требало тогаш да се направи конечно идејно решение. Не на секои 5 години, кога е потребно да се билда национализмот кај духовно опаднатиот народ... Тоа е се', не беше ништо лично кон тебе.
Грбот одраз и обеблежје народите кои живеат во една држава-демократија Грбот одраз и обележје на една нација во една држава- автократија. Вие што мислите? Немој утре некој да ги обвинува Албанците дека барале орел до лавот!
Грбовите на другите земји како Србија, Бугарија, Русија, Чешка, Полска, Шпанија, Франција и др. Постојат од памтивек истите симболи кои сум ги гледал на стари монети постојат и денес скроз исти. Според мене ако веќе се решиле да го мењат нека биде нешто оригинално кое постоело во минатото како овие на википедија а не нешто сосема ново и безвеза. Истата грешка како со знамето.
Според мене поголема глупост нема. Прво и прво толку е дикриминирачки овој новиот грб, немам зборови да ви опишам колку многу е дискриминирачки. Значи според грбот македонци се оние кои се гласачи и членови на ВМРО,а сите останати кои не се членови, па макар и неутралци биле не се македонци. Не се битни природните богатсва на земјата битно е кој е на власт. Ги преминаа сите граници. И се се прави само за да се изнервира и изиритира народот. Ги нервираат и основци и средношколци со екстерното и сега студентите ги нервираат. Ги нервираат сите вработени со закани со притисоци. Ги нервираат и пензионерите сите ги нервираат. Добро бе овие луѓе го сакаат овој народ или само за пари се на власт?