Искрено мене ова ми е глупост. Нема да смениме име пошто нели,така го менуваме својот индентитет,али затоа грб,химна,знаме да смениме.
Oвa се чисти глупoсти, изгoвoр зa перење пaри. Кaкo првo и oснoвнo, не ни требa нoв грб. Нa стaриoт имa тoлку симбoли вaжни зa Мaкедoнијa, тoa се учи уште вo oснoвнo, кaкo штo кaжa еднa членкa пoгoре. Штo имa врскa aкo е oд времетo нa сoцијaлизмoт? Вaжнo е тoa кaкo јa симбoлизирaaт нaшaтa држaвa. А штo требa дa симбoлизирa лaвoт и крунaтa? Декa сме мoќни, бестрaшни? Немa врскa,aкo пoрaнo билo тaкa, не знaчи декa и сегa е тaкa. Требa дa престaнеме дa живееме вo минaтoтo и дa се кoнцентрирaме кoн иднинaтa. И oсвен тoa е грд, стaриoт е пoубaв. Сo менувaње нa грбoт, ќе требa и дa се менувaaт дoкументи, и зa тoa требa пaри. Туку кaј нaс сите прoблеми се решени и aј сегa грбoви дa менувaме и спoменици дa грaдиме, oти нели немa зa штo пaрите дa ги трoшиме.
Ете и пасош нов ќе имаме... убаво ...ама со него работа во странство не добиваме,пак бугарскиот е на сцена. http://www.plusinfo.mk/vest/6947/foto-jankuloska-go-objavi-noviot-pasosh
И јас првин го видов новиот грб на вести и веднаш забележав дека е чисто партиско вмровско обележје и воопшто не наликува на национално обележје и затоа мојата реакција беше ваква(А,бе вмровски лав,нема што!Иако сум нивен симпатизер сепак оваа одлука заедно со екстерното тестирање на студентите е врв на глупоста и на самољубието и борбата за власт којашто преминала во некоја нездрава крајност!И само Господ нека ни е на помош,друго нема што да додадам!|
Одвратен, без врска, нема ништо Македонско, само вмровско - значење. Барем другите кога го променија знамето, беше истиот симбол, само модернизиран, што мене лично ми се допаѓа бидејќи ЗНАЧЕЊЕТО ОСТАНA.
Поголемо неинвентивно срање немам видено до сега. Побогу, измислените нации во Игра на Тронови имаат уметнички поиздржани симболи. Некој негде е дефинитивно на тешки дроги а тоа не е афион.
OPPRESSED AT LAST !!! konecno pravata rudarska raka dojde u makedonija za da go ispravi lezbejstvoto zi hajl majne crazy lider btw neam niso protiv lezbejki samo zaradi efekt go pisav toa pogore
Еј бе, новиот пасош ви е новата членска книшка за во партија, шо се буните, таман конечно ќе испаднеме сите еднопартијци
Мислам дека ова е јадно и жално. Како може за едно од најважните државни обележја да се одлучи без референдум? Ја сум сигурна дека никој нема да го дозволи ова што се прави. Второ, изјавија на тв дека нема да е на трошок на граѓаните на РМ. Како бе нема да е на трошок? Ке речете треба нови пасоши ( со лав се разбира), треба нови лични карти или накратко цела лична документација ќе треба да ја менуваме. Освен тоа, кога ќе почнат да се бунат коалициските партии, т.е албанските партии да се стави и некое нивно обележје, е тек тогаш ке биде весело. ( освен ако веќе претходно не се договориле и тоа, па сег изведуваат лудило со лавови). Брука.
Прво не се сите некомпететни хелардичари. Конкретно јас имам полагано општа хералдика и хералдика во Македонија, па според тоа моето мислење е доста релеватно на темава а тоа е следното - земскиот грб на Р. Македонија отсекогаш бил лав и тоа ми е особено мило што ќе се врати традиционалниот грб низ вековите меѓутоа како амблем се користел само во три ситуации низ историјата. Секогаш лавот е со штит и е жолт лав на црвена позадина се` до 1701 година кога малце ги измешаа лончињата. Но! Пред и потоа секогаш македонскиот земски грб е жолт лав на црвена подлога. Аман. Ќе имаме фалц грб, а вие пак се делите на комуњари и капиталисти. Сликовен приказ:
Сега за сега е предлог од (или пак поминат на владина седница ) новиот грб на Македонија.Ке биде усвоен ако помине со двотретиснко мнозинство на собраниска седница . Таму ке се знае и ке се види дали и колку ќе биде прифатен како симбол на сите граѓани на Македонија .
Кажаа на вести дека нема да се бара да се мењат докуметите додека не им истечи рокот. Ма да како и да е, мислам дека сето ова е само колку да се сврти вниманите на јавноста кон нешто, додека тие си кројат некој друг план. Ако ништо друго ке исперат еден куп пари, за нови униформи на одбраната и полицијата на пример.
Seksiy, јас го знам тоа, кажи им на останативе што лавот го поврзуваат во ВМРО што у живот на чуле за значењето низ историјата. И тоа се учеше во средно, барем во гимназија. Јас повеќе имам проблем со опашката на лавот, отколку со бојата. А оние кои сметаат дека ова е поради нивните стuденtтки протести, за да се одвлече вниманието...што да кажам. Ако некој е загубен и може да мисли само на една работа, и кога ке се појави нова работа заборава на првата, тоа не е човек, туку златна рипка.
Сериозно, ова е новиот грб!? Не не, дефинитивно не можеа да бидат по оригинални. Иначе вчера чув нешто на вести ама како да не дочув. Затоа сабајлево отварам курир и оооп ете ти на насловна, си помислив види мајката овие не се заебавале. У секој случај мора малце да мрчнам. Прво, ако овој приказ треба да симболизира моќ, ондак ја постигнале целта. Баш личи на прав ѕвер лавов, читај - ѓавол. А да, и што се они две расцветани лалиња на опашката, кралска лепеза ли?
Значи проблемот е апсолутно во бојата - црвен лав на жолта подлога е бугарски земски грб. Револтот што се создава кај хералдичарите е токму тој - историска неписменост кај владеачката гарнитура. Од обичниот народ нема потреба да се бара одговорност околку (не) познавање на хералдиката, а особено симболите што се толкуваат во истата меѓутоа кај одговорните луѓе, луѓето што се на власт и прават голема утка со боите кои патем се клучна работа меѓу распознавањето на македонскиот и бугарскиот земски грб е работа за осудување. После ќе се чудите зошто бугарите викаат „две држави един народ“, па нормално дека ќе биде така кога ќе имаме ист грб. Инаку, господинот Јован Јоновски кој што го видовме на Сител (самопрогласен експерт за хералдика) е теолог, баптист и свештеник. Можеби претседателот Иванов не е информиран дека од 1922 година вистински хералдичари се занимаваат со проучување на македонските земски грбови, дека се објавени уште од тогаш трудови на кои активно работат луѓе што вистински ја познаваат хералдиката како наука за грбовите? Јас во видеото освен што слушнав обид за суптилно исмејување за грбот на Македонија како дел на СФРЈ, не налетав на паметна и издржана реченицата, за да речам „мајке ми ова вемеровциве се опаметиле и направиле правилна работа“. Повелете слушнете го интервјуто со Латас:
Дали ти знаеш дека повеќето земски грбови потекнуваат од византиско-православна ризница од пред неколку векови? Не можеш да кажеш дека бугарскиот е само бугарски, српскиот е само српски, црногорскиот е само црногорски или албанскиот е само албански! Албанија пред 10 векови и денешната албанска нација во многу сегменти немаат допирна точка. Пред 5 века Албанија била целосно христијанска држава со католичко и православно население, но и голем процент словенско население коешто дало голем број словенски топоними, црква и се останато во денешна Албанија. Не ги мешајте брзините. Словенските нации имаат многу повеќе заеднички работи, јазик, култура и традиција отколку различни. Крвта не е вода. И, ден денес во словенските држави има голема доза на паганизам отколку на христијанство. Јас како мало дете играв многу пагански ритуали и адети. Македонците и Бугарите се многу блиски народи во секаков сегмент и не гледам зошто да не би биле? Словени сме едните и другите, зборуваме словенски јазик, православни сме, сме се мешале со нив низ историјата. Која е таа политика што не разделува наместо да не обединува? Нормално дека ќе имаме многу заеднички и слични работи, затоа што низ историјата потекнуваме од исто.