Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонија ќе добие нов грб

Дискусија во 'Политика и настани' започната од levely, 5 декември 2014.

?

Ви се допаѓа ли предлогот за нов грб на Македонија?

  1. Да

    18 глас(а)
    20,9%
  2. Не

    68 глас(а)
    79,1%
  1. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
  2. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    Небулозите како „земските грбови на Балканот постоеле од времето на византиско - православната ризница се неточно изнесени во твојот пост. Ако се потпираше дека Византиската империја имала сопствен грб, точно е. Но! Тоа не значи дека и словенските народите поединечно имале сопствен земски грб.
    Значи, хералдиката и историјата одамна докажале дека кај балканските народи до доаѓањето на Турците уште немале оформени државни и земски грбови. За тоа сведочат документи - патопис од 1330 година каде ништо не се спомнува за државни или земски грбови на Балканот! Дури по ослободувањето на балканските народи од власта на Турците и на Австрија, во почетокот на XIX почнале да се јавуваат државни грбови, прво во Србија, а потоа и кај другите јужнословенски народи.


    Еве уште еднаш за појасно - Лавот е ОПШТ хералдички симбол, а лавот со ОДРЕДЕНИ БОИ е исклучиво симбол на еден народ, односно земски грб. Тие одредени бои се ПРЕСУДНИ за распознавање на една држава, односно една нација.

    И уште еднаш - Во општата хералдика имало многу грбови што имале исти амблеми (во случајот лав) но се разликувале по бојата. ДРУГА БОЈА ЗНАЧИ И ДРУГ ГРБ!
     
  3. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Не е тоа никаква занимација на народот. Ова Македонија требаше да го реши многу поодамна. За жал денеска малцинствата се намножиле, па сега мора и нив да ги прашаш и тие одлучуваат во твое име.

    Оди објасни им го тоа на народи како Курдите, Палестинците и многу други кои секојдневно се борат за својата слобода или оформување на национална држава дека се тоа што го работата е занимација. Безкласните и бездржавните територии во коишто ќе владее љубов и хармонија е само една голема марксистичка утопија која нема место во природните закони и текови.
     
  4. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Пак експерименти нешто како што забележувам..
    прво не ни ми личи на лав.
    второ,нешто многу лавови гледам по мостови,по зоолошки,на вмровски знамиња, сеа и на грбови.ептен лавовска земја некако сме биле...зар сеа дознаваме..
    трето,колку е само поубав стариот,барем нешто што беше убаво да останеше ама тоа кај нас ретко.
    Целава ситуација на ништо не ми личи некако ми доаѓа како затишје пред бура

    ова ти е грб,цела држава со сите убавини на една слика:l:

    Coat_of_arms_of_the_Republic_of_Macedonia.svg.png
     
    На Yowannty, eliesaab, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  5. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Дали се читаш што си напишал?!!!:x

    Среќа што историјата покажала дека ваквите идеологии пропаѓаат,не ги прифаќа народот.
     
  6. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Да ние штом видиме нешто ново одма си го присвојуваме, одма спроведуваме реформи кај нас тоа така оди...а кај виде социјализам на грбов баш ме интересира?И што и фали на ''селска идила''?Колку е побогата сликата го отсликува она што го имаме,со она што сме богати ако веќе друго немаме...
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Модерните денешни нации почнуваат да се формираат во 18 век, а на Балканот малку подоцна, но тоа не значи дека народите немаат свој континуитет, традиција, јазик, физиономија и се останато. Народноста и крвта не е вода. Тоа треба секој да го запомни.

    Словените порано имале многу поголема кохезија и заедништво отколку денес што имаат. Без разлика кога се формирани денешните земски грбови тие сите влечат корени од ист предок, традиција и култура. Сите земски грбови биле формирани, направени по теркот на иста традиција и мотив. Треба да сфатиме дека сме многу повеќе слични отколку различни.

    Прашањето е дали Македонија може да изгласа земски грб по теркот како што ние сакаме? Што со скоро 40% малцинства во Македонија? Како тие би реагирале?

    Ова секако не е официјалната верзија на новиот грб. Ќе следи јавна расправа, консултација со стручни лица, ќе има ревизија. Пуштена е само пробна верзија. Дури и Ромите имаат поголема национална обединетост и идентитет отколку Македонците што искрено многу ми е жал.

    Еве дека сите грбови генерално се пресликани едни од други. Идејата и мотивот е тој.

    Кралство на Бохемиа ( Република Чешка) далеку пред доаѓање на Турците на Балканот.

    [​IMG]
     
  8. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    http://www.dokaz.mk/majko-moja-dali...nost-stariot-grb-na-gradot-drach-vo-albanija/

    http://www.dokaz.mk/dui-lavot-bil-d...emejstva-i-e-nash-simbol-albanski-e-ovoj-lav/

    http://www.dokaz.mk/dui-go-usoglasi-partiskiot-so-noviot-drzhaven-grb/

    Што повеќе може да се каже :x
     
    На Enamena му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Историјата покажала дека никогаш немало мир и просперитет во земји каде што имало повеќе народи со различна физиономија, јазик, култура и традиција. Секогаш почнувало и се завршувало со крв. Борбата за територија и ширење се есенцијални. Тоа не можеме да го скротиме. Денес борба за територија, а утре за ресурси, потреба за нови територии поради зголемена популација, помалку вода, помалку обработлива површина. Ете земи ја пример Америка и случувањата во Фергусон.
     
  10. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    Доколку влечат корени од ист предок не значи дека се исти, меѓутоа лаиците штом ќе видат лав на црвена подлога веднаш сметаат дека станува збор за ист лав во македонскиот земски грб. Во однос на овој лав што го постираше јасно се гледаат разликите за кои нема да навлегувам бидејќи е веќе стручна литература (само би посочила дека јасна е разликата во круната дури и за лаик), но твоето тврдење дека Македонија имала сопствен земски грб во време на Византија е неточно бидејќи Македонија го добива истиот ПО доаѓањето на Турците, а тоа е жолт лав на црвена подлога.

    Македонкиот земски грб од неговата појава од 1595 година е постојан, констатнтен во сите свои елементи и не трпел големи измени за разлика од бугарскиот каде што прво бил аблем глава од вол со крст или како српскиот грб што долго време се колебал меѓу лавот, двоглавиот орел и крстот со четири огнила.
     
  11. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    А зошто една жолта звезда неможе да биде новиот грб? Таа бе со пет страни што е,петокрака?
    За греота се.
     
  12. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Ќе престанете веќе еднаш со тоа? Не знам кај видов социјализам, стварно не знам каде гледаат сите социјализам... и оваа Википедија каде гледа социјализам во емблемот па не вброила тука во последни мохиканци...
    en.wikipedia.org/wiki/Socialist_heraldry
    Вие ако викате дека нема, тогаш навистина нема, на вашето мислење ќе се потпираме. Сите поранешни социјалистички земји кои ги променија емблемите уште пред 20 години се банана-држави, врска немаат од управување и македончето со вас на чело има лекции да им држи.

    Не се разбирате во хералдика, не знаете да толкувате симболика, не ми е јасно зошто се вмешувате во дискусија... што, да ви се чудиме на некомпетентноста ли? Кога веќе сте решиле да коментирате, пишете ваше мислење и не цитирајте, нема никој да губи време вам да ви објаснува ако самите не сте се потрудиле. И во право си, симболот на лав е нешто ептен ново, и записи од среден век можат да ти потврдат дека е ново.


    Ако грбот се менува (а требаше уште многу одамна да се случи тоа, страшно доцни оваа промена) и ако се земе во предвид традицијата, не постои посоодветен избор од лавот. А, морав да спомнам, оние глупости кои ги среќавам од типот „поддржувате лав заради вмро“ се само смешен одраз на историска неписменост. Отсега да знаете, сето тоа Британци, Холанѓани, Канаѓани, Шпанци се вмровци со членска. А дека лавот е еден од најзастапените симболи во европската и светската хералдика... тоа нема врска.


    Инаку државниот грб на Бугарија го содржи токму македонскиот жолт лав на црвена позадина, затоа, дури и да има некакви реакции оттаму, не можам да ги сфаќам сериозно.

    И не престанува да ме чуди... Од сите проблеми, од сите општествени/економски погрешни потези и одлуки, промена на застарен грб им боде очи.
     
    Последна измена: 7 декември 2014
  13. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Mило ми е што повеќето од вас ја гледаат реалната страна на работите во нашава држава.Ама и што и да значи лавот и каква и било историја да има (затоа што милион посто сум сигруна дека не сите ги интересира хералдика и не сите се заинтересирани за историја на македонија) безвезе е . НЕ Е МАКЕДОНИЈА ТОЛКУ СИРОМАШНА ЗА СВОЈ ГРБ ДА ИМА ЛАВ! НЕ Е ! Ќе почнат уште малку сите народни обележја да ни ги мењаат...
     
  14. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    http://vecer.mk/makedonija/foto-vest-noviot-grb-i-kaj-policijata

    Е ова веќе е многу лошо за очи...

    foto-vest-noviot-grb-i-kaj-policijata-203936.jpg
    Прво и основно, овде црвената боја не се вклопува никако, пренатрупано е со бои. Нема потреба од менување на полицискиот грб (кој немаше никаква поврзаност ни со моменталниот државен). Или кога веќе „мора“ да се испере некоја пара барем СЕРИОЗНО нека се поработи на дизајнот, не набрзина со пеинт да се служат, на ништо не личи.

    .....
    ... Oвој на кој не гледам поврзаност со државниот
    [​IMG]
    можеше слободно да остане и воедно да го замени и оној кој го содржи моменталниот државен таму кај што се употребува. Овој ако имаат намера да го менуваат, нема потреба, нека се заштеди кога ќе одат пари за замена... тоа.

    И уште една забелешка, сега кога ова станува грб на државата по некоја логика во иднина би требало со закон да се регулира употребата на државни симболи од страна на политички странки.
     
    Последна измена: 7 декември 2014
    На fighter му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски

    Прво ние не гледаме никаде социјализам во стариот грб затоа што колку што знаеме петокраката е извадена и грбот од 2009 година е без петокрака а на нас не ни личи дека афионот планините имаат социјалистичко значење. Што има тоа врска доколку сите социјалистички земји ги смениле грбовите?како сите така и ние?ако сите еден ден си го менуваат знаемето и името и ние треба да го менуваме?од се ли ке правиме ние копи паст...
    Второ.Имам и свое мислење напишано и колкушто знам дозволено е овде да се цитира,и те цитирав да ми кажеш каде виде социјализам на стариот грб бидејќи повеќето изгледа слабо стоиме со видот.
    Трето.Според мене баш ако се земе во предвид македонската традицијата лавот не го гледам како нешто водечко..искрено подобро да стават кама револвер и библија барем секој ке го знаеше значењето.
    Четврто.Стариот грб колку и да е стар многу повеќе одговара на нашава Македонија и е многу поличен за разлика од ''лавот '' кој и не толку личи на лав.
    Толку од мене.
     
    На cresa-jagoda, Lilit, fighter и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    ^ Па немаш познавања од симболиката на социјализмот и затоа не ти личи дека освен петокрака нешто друго има социјалистичко значење... Снајди се, информирај се, анализирај, потоа дебатирај ако имаш што воопшто да противречиш на факт. Инаку не знам колку е НОРМАЛНО нож, револвер и библија да стојат на државен грб.
    И ај, доволно беше, не сакам петстотини пати да пишувам на оваа тема. Убаво на првата страница напишав мислење без намера да оставам понатамошни коментари, тие повторно и повторно цитираат со истите детски прашања, како е планината социјалистичка, зошто небото е сино а не портокалово... ми здодеавте, кога и да се вклучам ми стигнуваат нотификации од тука.
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.133
    Допаѓања:
    156.146
    Извини сајонарамучача, ти својот живот го посвети на хералдиката и македонската историја па вака изненадена на "општото" (не)знаење на читателките на фемина?

    Дај бе опрајте се!
    Мислам хелоу, ХЕРАЛДИКА ДА НЕ ЗНАЕТЕ, АЛОШТОВИЕПИЧКЕМАТЕРИНЕ!!!

    Ние рбет немаме, они грб ќе мењавале.
    Што сакаат нека стават, еве бугарите веќе се побуниле. Да не не кукате после Европа не не сака, пошто нали... си го бараме.

    И драго човечанство, не учевме дека грбот означува традиција, народ, туку учевме дека означува ТЕРИТОРИЈА.
    Пример за тоа се албанците кои само си го посвоиле двоглавиот орел на знамето. Двоглавиот орел бил обележје за територија на Византија и нема врска со историјата, традицијата и народот на албанците...цврц...

    Јас за хералдика имам читано ЕДНАШ во животот кога полагав испит за државни уредувања, обележја и при тоа испитот беше изборен...кхм.
    Оу да и друг пат, кога читав за ирската литература, семејните грбови и различното каро на секое различно семејство/династија и ми досади,фино да се знае, ама не ме интересираше нешто многу,многу. Просто се срамам што не сум станала специјалист по прашањево, оти гледам сите се... Бухууу, шејм он ми.

    Нека биде лав, со позадина планини и езеро и пропорционална круна. Зошто реално, објаснува територија, а не можеме да ја негираме целата историја на оваа територија, би било фер, ама што ја знам не сум СПЕЦИЈАЛИСТ ПО ХЕРАЛДИКА!!!
     
    Последна измена: 8 декември 2014
    На crimson, Annath, Jule.Sk и 7 други им се допаѓа ова.
  18. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Абе ти ако си немаш поим од историја (и на неа сродни науки) како што самата си призна во една тема чинам, не значи дека сите се лаици од таа област. А да не си лаик не е еднакво на тоа да си експерт на кој никој не му е до колена во познавања као нАли си напишала подолу да се редактирам (една е Лилит во тоа... мислам во нејзината глава де), едноставно значи да имаш општи познавања. И да не знаеш за лавот и прв пат да слушаш за неговата традиција тука е греота, да.
     
    Последна измена: 8 декември 2014
    На Kacjushka и troublesome им се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.133
    Допаѓања:
    156.146
    Општи познавања?
    Циркуз си, хаос си, чао, поздрав... Абе ме смееш...

    Ти не ме читаш што сум ти пишала. Каде оспорив постоењето на лавот историски?
    Ма да сакам да ме цитираш со тоа мое признание, зошто јас еве не се сеќавам...


    :D:D:D

    Ајде да не и досаѓаме на таа твоја умна глава, оти ти досадило да ти стигаат нотификации...

    Како што кажав, мене ми е сеедно, по ова прашање, се ми одговара, не ми одговара само да отворат бугарски усти, зошто не ни е баш најзгодно во моментов.

    Се игра ракомет, сите знаат се за ракомет, за кошарка кога кошарка е во прашање, за името кога името е во прашање, и не знам веќе што, еве сега на ред стигна хералдика.
    Од петокот навака само ХЕРАЛДИКА читам на фб и ставови и мислења и факти и овие едно, оние друго. Абе...сите се знаеме!!!

    Хаосчаомачкопријатно!!!
     
  20. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Соред анкетава на фемина гледам 9гласа против само еденза новиот грб?!