Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонија ќе добие нов грб

Дискусија во 'Политика и настани' започната од levely, 5 декември 2014.

?

Ви се допаѓа ли предлогот за нов грб на Македонија?

  1. Да

    18 глас(а)
    20,9%
  2. Не

    68 глас(а)
    79,1%
  1. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Зошто сте против македонски симболи во Македонија?
     
    На Elence93, senza.parole, i...ja и 2 други им се допаѓа ова.
  2. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    a so ako so promenata na grbot tivko se resat problemite so falsifikuvani dokumenti
    ili se otezni nivnoto falsifikuvanje preku dodavanje/kombiniranje na zigovite

    togas na kraj ispaga poludobra rabota promenata (i opravduva zoso narodot ne donesuva odluka tuku nasiot hitler/ova lider de)

    zamisli go promenat grbot i mesec dena podocna brkajlijata od unutrasni objavi deka fatile talibanci na granica so lazni dokumenti (ili ke kazat samo deka se obidele nelegalno da preminat bez spomnuvanje na dokumenti)

    do togas site ke imaat zaboraveno na klipot na koj (bogznae dali e vistinski) falsifikuvaat pasosi

    i site ke si ziveeme
    haply ever after

    vo republik makaronija
     
    На i...ja му/ѝ се допаѓа ова.
  3. troublesome

    troublesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    152
    Бојкотираме гласање.
     
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    (facepalm)

    Бесцелен би бил било каков обид тука да се дискутира.

    Јас притиснав за.
    Не поради вонсвемирското воодушевење, туку оти едноставно не гледам причина стариот да не се смени или новиот да не биде одберен.
    Уствари за мене е процедурална работа, не давам толку многу внимание.
     
    На awl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.133
    Допаѓања:
    156.146
    Мене сеедно ми е дали ќе се промени од неколку причини. Сеедно - не е став, туку не можам да се одлучам.
    Првата, факт е дека стариов е комунистички и требаше да се смени заедно кога одлучуваа за знамето. Факт е дека беше вештачки создаден заради создавање на чувство за еднаквост (да драги деца и тоа го учевме ако веќе се фаќаме за тоа што сме учеле)
    Второ, не сакам да создаде политички проблеми, не знам дали е најпаметно во моментов такво нешто каде што бугарите очигледно се наоѓаат испровоцирани.
    Трето, се надевам не значи итна промена на исправите, зошто ако е тоа така, очигледно друга е агендата.
    Четврто, зошто баш сега им текна кога се случуваат други преломни работи?
    Петто, ме загрижува што поголемиот дел од луѓето ќе го идентификуваат со ВМРО (ете тука имаме многу, многу познавачи од историјата и само тие ги знаат, иако и самите викаат дека било општа култура (ма дали успевате да ги разберете со ова?)). Кај сдсмовците ќе создава револт, кај вмровците гордост, што е погрешна идеја.

    Генерално, не ми се допаѓа немањето сенс за меѓународна политика, а манипулирање со домашната јавност. Се прави хаос на едно поле, па после други работи се причини за лошите резултати. Се прават погрешни потези во погрешно време во насока на меѓународна политика, а мошне извртени во поглед на домашна и во поглед на народот. Е тоа е тој момент кој во оваа ситуација не ми се допаѓа.

    И драго мое човечанство, не сум против лавчето, да ве изненадам, мене ми се допаѓа идејата, естетски не ми е привлечно. Треба да си направат конкурс да си биде естетски средно и додизајнирано.
     
    На crimson, senza.parole, Hipster и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    А ако се смени грбов ќе мора ли да се менуваат некои документи како пасош и сл? :)
     
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Наслушнав наводно ќе важеле до редовниот рок за промена.
     
    На Barca-Gril му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mihajlo

    Mihajlo Администратор Член на тимот

    Се зачлени на:
    20 ноември 2008
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    497
    Пол:
    Машки
    Избришав неколку мислења. Ве молам дискутирајте по темата, без препукувања, навреди и off topic содржини.
     
    На kate21 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.133
    Допаѓања:
    156.146
    Добро, само ова *шкотска, на шкотска мислев!!!
    Ќао!!
     
  10. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    361
    Па дај се што е останато од соцјалистичко време да уништиме.
    Ќе започнеме од мостови, патишта, болници,брани,електрани,станови,училишта,универзитети о чекај малку тогаш ќе остане само барок скопје и спомениците.
    Затоа во се што уживаш душичке е оставнина од тој пусти соцјализам, во кој што обичниот народ од сточари и земјоделци станаа работници професори доктори правници филозофи.
    Пиле ти си слушнала за сонцето од говрлево ? Епа тоа сонце од говрлево го викаш вентилатор, вака малку да те просветлам пошо ептен ја познаваш историјава.
    download.jpg
    И тоа пази старо е преку 8000 години
     
    Последна измена: 9 декември 2014
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Сточарите и земјоделците преминувале во градот уште пред да се појави социјализмот. И во турско станувале занаетчии, заработувале, започнувале трговија, се збогатувале па дури и се школувале.
    Миграција село-град постои насекаде низ светот, не е производ на социјализмот во Југославија.
    Патишта, мостови, училишта и универзитети секако морало да се изградат и тоа нема врска со системот. Филозофскиот факултет во Скопје е основан 25 години пред да се воспостави социјализмот.
    Никој не го негира периодот 1945-1991, ама ова што го пишуваш е преувеличување.

    Поентата на @Cka за знамето беше сосема друга, не значи дека не знае историја и дека сте поголеми познавачи од неа ако не и се пишува опширно на теми каде вие не знаете да дискутирате прибрано.

    Мене не ми прави разлика дали ќе биде лав, сонце или друг македонски мотив, дури и словенечкиот модел ми е прифатлив. Промената ја доживеав позитивно. Ама вие од тоа направивте предмет на исмејување, ширење негативизам и навреди низ целиот интернет како да ви избрале огромно лого на УЧК за решение. Па ми се згади просто.
     
  12. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    Хералдички... тоа е грбот на Македонија,... е сеа то круната горе... монархија?
    Мене искрено на тераса ми личи...
    Се надевам дека тоа што го видовме не е конечното решение.
     
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Сум ЗА, бидејќи пред сегашниов грб, "новиот" веќе бил симбол на Р.Македонија....така да не е нешто толку ново. Ако подобро размислите, сегашниов грб бил донесен зошто така морало. Сега кога се осамостоивме и кога многу работи се случуваат и се бориме за оваа држава, зошто да не се смени грбот.
    Иако многу повеќе не ми се допаѓа знамето, се знае кое е наше знаме.
     
  14. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    361
    Ај нема грешка.
    Знаеш колку се мизерни обидиве да се исплука се од предходиот систем, ама навистина не ми се дискутира. Ваквиве и слични аргументи кој постојано се пласираат од централата се толку лејм да ... нејсе шо има да ме чуди Тодор Александров го величат како херој тоа кажува се.
     
    Последна измена: 9 декември 2014
  15. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Во врска со темата.

    Лажна политичка пропаганда на бугарскиот „Телеграф“- Ексклузивно за Република, Стојан Антонов, претседател на бугарските хералдичари
    МАКЕДОНИЈА | 08.12.2014 10:51
    Република разговараше со д-р Стојан Антонов, претседател на здружението на хералдичарите од Р. Бугарија. Тој потврди дека бугарскиот грб и предлогот за нов македонски грб се различни. Односно, дека не се исти- онака како што некои сакаат да прикажат. Според д-р Антонов, црвениот лав на жолта заднина бил симболот на разловечкото востание 1876 година
    [​IMG]

    Република: Македонија има нов предлог за државен грб.

    Антонов: Го видов на Фејсбук, да.

    Р: Многу лавови има на Балканот и во Европа- Австрија, Унгарија, Бугарија, Македонија, па и Англија, Франција. Колку се слични а колку различни и постои ли период кога сите тие биле исти?

    Антонов: Во хералдиката нема значење дали некаде го има лавот или го нема лавот. Секој еден од тие лавови е во контекст или на некоја хералдичка традиција или на историјата. Во практика, сите хералдички лавови се еднакви затоа што тоа е една фигура; една фигура за грб. Исто како што сите букви А се еднакви. Може да се малку различно нацртани, но сето тоа е буквата А. Истото е и со хералдичкиот лав. Тој како хералдичка фигура е еднаков, нема значење дали е албански, македонски, бугарски, англиски, или чешки на пример. Тоа нема големо значење. Има значење каква е бојата, но повторно- сите црвени лавови се исти и сите златни или жолти лавови се исти.

    Р: Грбот на ВМРО е златен лав на црвен штит, а предлогот за државен грб на Република Македонија е црвен лав на златен штит. Која од овие две комбинации е повеќе поврзана со македонската историја и, додатно, има ли сличности со бугарските симболи?

    Антонов: Не можам да зборувам ниту за македонска ниту за бугарска хералдика, пред создавањето на државите. Кога се појавуваат тие грбови, без оглед на тоа дали се златни на црвено или црвено на златно, тоа се е дело на западноевропските хералдичари. Тие грбови кои што се среќаваат во грбовниците од средновековието се од западноевропски извори. А таму се среќаваат двете варијанти. Како за Македонија, така и за Бугарија. Кога се во еден грбовник се различни- ако бугарскиот е црвен на златно, македонскиот е златен на црвено; или обратно..

    [​IMG]
    Грбот на Македонија во Стематографија на Христофор Жефаровиќ

    Р: Ако добро разбрав, западноевропските хералдици кога ги цртале грбовите правеле разлика во боите за да се разликуваат едниот од другиот- македонскиот од бугарскиот?

    Антонов: Точно така.

    [​IMG]
    Грбот на Бугарија во Стематографија на Христофор Жефаровиќ

    Р: А тоа не е поврзано со состојбата на терен?

    Антонов: Па ние немаме домашни извори, на пример тука да имало хералдика, која ќе каже дека имало точно таков грб. Значи, кога се ослободува Бугарија 1878, земале од Стематографијата на (Христофор) Жефаровиќ, таму е златен лав на црвено, од тука го земаат и од тука натака тој станува бугарски. И од таму почнува хералдичката историја. Истото време дека во истата книга наЖефаровиќ го има и македонскиот грб- Црвен лав на златно. Ако тогаш била создадена и Македонската држава- паралелно со бугарската- многу веројатно тоа би бил грбот. Иако тоа неможам сега да го кажам тоа нема никаква вредност, може да си кажуваме прикаски колку сакаме. Факт е дека од тогаш се користи бугарскиот грб како златен на црвено.

    [​IMG]
    Лавот на знамето на Разловечкото востание 1876 год.

    Има два примера за црвен лав на златно- а тоа е Разловечкото востание и второто на кое се присетувам е грбот на династијата Караѓорѓевиќ-српската, а потоа југословенската династија. Штитоносците на тој грб имаат знаменца,едното е жолто со црвен лав, а другото е сино со глава на вепар. Второто е симбол на Шумадија/ Трибалија. Првото, жолтото со црвен лав, тоа бил знакот на Стара Србија- а под тоа тогаш се разбирале Косово и Македонија.

    [​IMG]
    Детал од грбот на династијата Караѓорѓевиќ

    Ако зборуваме за вистинска употреба вон западноевропските грбовници, кои се западноевропски традиции, а не се месни, локални тррадиции, јас се сеќавам за овие два факта на употреба. За хералдиката не е важно кој ја употребува- Срби, Бугари, Македонци, Грци- важно е за која територија се однесува.

    Така има грбови кои се вклучени, англискиот крал го има и францускиот грб. Се знае дека е грб на Франција и нема значење дали го користи англискиот крал или францускиот или некој друг претендент.

    Во суштина, логиката е дека во еден ист контекст неможе да нема два еднакви грба. И секогаш може да се направи да се разликуваат . Ако сакаме да се разликуваат, може тоа да го направиме- едниот да има круна, а другиот да нема. Или едниот да има двојна опашка, а другиот да нема.

    Р: Што значи тоа „двојна опашка“, има значење или е само уметничка замисла?

    Антонов: А, тоа со сигурност има некое значење, но ние не го знаеме. Тој што го измислил знаел што имал предвид. Ние не може да го интерпретираме значењето. А сега немаме извор кој вели „го направива со двојна опашка заради…“

    Р: Дали има општо значење како се читаат грбовите, на пример, како позицијата на коњите на бистите на војсководците, дали со една нога дигната или двете во воздух- дали бил ранет или загинал во битка?

    Антонов: Ние знаеме како се викаат, но не знаеме што значат. Има различни трактати од ренесансата за тоа во која ситуација може да се употреби некаков таков грб. За овој „рампант“ на лавот и на македонскиот и на бугарскиот грб, да речеме, ние го викаме „во скок“, „во динамика, не е статичен“, „кој скока, се готви за битка“, тој е разгневен… Општо земено, секој може да дава какво сака објаснување кога станува збор за хералдиката, во смисла дека еден збор може да има многу значења зависно од контекстот и дали се користи како метафора.

    Извор: http://republika.mk/?p=356404
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  16. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    И онака не е ни толку важен државниот грб.Важна е државата во која живееме.
    Важни се нашите грбови.Уште колку тие ќе можат да ги издржат сплетките кои се прават позади нив и товарот со кој тие се натоварени.
     
    На Annath и Rama им се допаѓа ова.
  17. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Ајде добро, нека биде по твое, ливадата се стриже. Само ме интересира каде виде плукање на се од претходниот систем, посочи и цитирај. Јас само изложив факти и навредливо е моите видувања да ги поврзуваш со централи. Нема никаква грешка во мојот пост, точно, затоа навистина не ти се дискутира.
     
  18. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    361
    Ама немам ни желба ниту намера да дискутирам околу прашање чиј што одговор е јасен.
    Употребување на аргументи од типот ама и пред тоа имало миграција и селење во градовите е исто како да аргументираш дека иако синот ти е хомосексуалец битно е актив и на крајот од краиштата сепак дупи.
    Ти од рурална земја да направиш индустриска за само 30 години е успех и тоа каков успех, не е успех уништувањето и маскималната експлотација на тоа што тогаш било направено.
    Последниве години од како е вмро на власт ама тотално се вративне во феудализам, и сега ти ќе ми кажеш ама и предходно имало миграција село град , и тогаш се градело ?
    Не навистина немам желба да дискутирам кога некој употребува толку налудничави аргументи.
     
  19. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170

    Ме интересира уште ова, дали ти знаеш да расудиш дека каков и да беше системот, тој процес мораше да се реализира? Дека истиот процес се јавува во многу други држави кои никогаш не биле социјалистички и во нив бил далеку поуспешен?
     
  20. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    Мене лично воопштно не ми се допаѓа новиот грб и сметам дека воопшто не им требаше вакво нешто. Се средивме во државата наша и сега до грбот стигнавме. Нека се носат у П.М со се лавови и грбови и секакви чуда. На народот и државата им треба нешто друго, а сигурно не и ваков циркузен потег.
     
    На dragan4eDR, daylight, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.