Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонија ќе добие нов грб

Дискусија во 'Политика и настани' започната од levely, 5 декември 2014.

?

Ви се допаѓа ли предлогот за нов грб на Македонија?

  1. Да

    18 глас(а)
    20,9%
  2. Не

    68 глас(а)
    79,1%
  1. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Не само што е дизајнот неубав... Новиот грб веројатно има за задача да поттикне чувства на агресија - сосема спротивно од кампањите на владата за спречување на насилство. Лавот е имено нешто надмено, крволочно (позадината е црвена), ѕверско... освен тоа во него се распознава желбата на десничарската партија вечно да владее (лавот како Цар, воедно предлогот е истоветен со грбот на ДПМНЕ). Ќе видиме кога другите етнички заедници ќе почнат да кенкаат зошто нема орел врз лавот, зошто ова, она... И не како последно, менување на грбот е подготовка за промена на името.

    Спротивно од тоа досегашниот грб е полн со позитивна, богата и мирољубива симболика: Сонце, езеро, планини, растенија - нешта кои универзално им припаѓаат на сите луѓе независно од етничката, верската и половата припадност.
     
    На makedonkamak, Tanjamm и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Sto se bunite sega glasavte za niv sega ova ne mi cini ona ne mi cini, si gi glasavte ete vi gi sega sto pravat koga se na vlast ;)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SilverLady

    SilverLady Нов член

    Се зачлени на:
    26 декември 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Морам да се вмешам и овде,
    Значи жолтата позадина означува нервоза(знаете во филмовите во лудниците има соби кои се целосно жолти)тоа е за да мозе побраО да им летне умот на народот,колку убава боја нели,потоа лавот кој е симбол на нашиот аце на коњот нели, сепак треба да мислиме и на минатото нели ако не мислиме на минатото Македонија би била стабилна држава ама тогаш Грујо и останатите како ке заравотуваат пари како што заработуваат сега, и на крај крунатаа која е СИМБОЛ ЗА ДОЖИВОТНО ВЛАДЕЕЊЕ НА ОВАА ВЛАДА. Според ликовната уметност на овој грб повеќе доминира негативноста отколку позитивноста(бидејки има повеќе жолта позадина отколку елементи) заразлика од нашиот грб кај кој доминираат хармонични чувства.
     
    На babyblond, makedonkamak, daylight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.001
    Допаѓања:
    51.828
    Пол:
    Женски
    Не можам ни да почнам да зборувам за лавот, затоа што ме убива дизајнот на грбот. Личи ко дете што првпат отвора фотошоп да го правело.
     
    На makedonkamak, dragan4eDR и daylight им се допаѓа ова.
  5. MaryAntoaneta

    MaryAntoaneta Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2014
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Го средија образованието, здравството, потрошија пари за "украсување" на Скопје со споменици, најдоа работа за секого...средија се, па остана грбот. Нема да ме чуди за некоја година името и знамето да ни ги сменат...СРАМОТА!
    Немаме потреба од нов грб и разни глупости. Стариот грб е обележје на овој народ со река, жито, планина...а што измислуваат сега, што е ова? Но едно не ми е јасно, каква врска имаме со таа круна кога целата историја на овој народ е под нечие ропство. Сами си одлучуваат и донесуваат одлуки како тие да се целиот македонски народ, а ти народе молчи!
     
    На dragan4eDR и makedonkamak им се допаѓа ова.
  6. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    Не би ме чудело да стават нешто и од Турскиот грб или знаме, бидејќи Македонија и Турција се во побратимски односи... зборот ми е лесно се лаже Македончето, не дај боже да скокнат Турците, ќе речат дека и тие имаат придонес во оформувањето на државата и народот, нели сме биле под нив 500 и кусур години :D не сум националист, ова на шега го кажав , ама кој знае, познавајки ги лидерите наши и водачите кои се продаваат за 5 пари кој знае :x
     
    На SilverLady му/ѝ се допаѓа ова.
  7. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    6.145
    Пол:
    Женски
    Во врска со новиот грб на нашата мила државичка имам да кажам неколку работи
    1. мене новиот грб не ми се допаѓа
    2. не е најголем проблемот дали нас ни се допаѓа или не новиот грб или не. најголем проблем е тоа што ќе го менуваат грбот без нашата драга опозиција. зарем грбот се менува секој ден, буџет се носи секој ден. каде е нашата опозиција која ја гласавме. ве гласавме за да зимате пари за ништо, да го цицате буџетот. па во што се разликувате тогаш од власта.
    3. зарем може да се менува грбот без да се праша народот. зошто не распишете референдум. или пак народот. толку ли е тешко да се соберат 150.000 потписи да се достават до собранието и да се распише референдум по ова прашање.
     
    На daylight и dragan4eDR им се допаѓа ова.
  8. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    Мене ова со новиот Грб ми е безобразно
     
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.196
    Пол:
    Женски
    Не ми се допаѓа, но ете неродот кој го прашува.
     
  10. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Зошто би ви сметал грб кој отсекогаш бил македонски симбол, украден од страна на бугарите? Да не е подобро оноа с*ањето со петокрака на чело реки и глупости? Симболот на Македонија отсекогаш бил лав и шеснаесеткракото кое го сменија оние за да не војуваме.
     
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Зошто реките езерата, планините да бидат глупости? Тоа е нешто што постои и во Македонија и несебично ни служи на сите нам. Тоа се универзални симболи.
    Извини ама мене баш ова ми изгледа како глупост, кај сте виделе лавови во Македонија (освен зоо-лошка и понекој нехуман циркус) и какво е тоа глупо шеснаестокрако сонце?
    Која античка будала ли го измисли м.м.е.? Колку само непотребни препукувања предизвикале со тоа!
    Па зарем не е тоа позитивно? Војувањето не може да биде нешто убаво и добро. Војувањето носи омраза, несреќа, немаштија, разорување и смрт. Нам ни е потребен мир и природа - а таа убава и мирољубива природа ја има токму на досегашниот грб.
     
    На theowndemon, Rama, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Љубена моја, во Македонија имало лавови уште од времето на Александар Македонски, додека тој грб со реки, езера, планини и долини, ни го бапнале кога сме влегле у СФРЈ и истите тие сметале дека Македонија никогаш не постоела како држава туку Тито ја измислил (во што веруваат и многу Македонци, за жал). Тоа шеснаесеткрако сонце кое тебе ти е глупо со векови наназад ја симболизирало Македонија како држава. Што се однесува до војувањето да се избори своината, кажи ми, ако тебе некој те силува ќе му се спротиставиш или само ќе си легнеш и ќе си чекаш да си заврши работа, за да не шириш омраза и гнев?
    Не се сложувам со оној циркус во центарот на градот, што не значи дека и за нешто добро треба да ги напаѓам. Нешто кое ги штити корените на оваа земја.
     
  13. WildOnes55

    WildOnes55 Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2015
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    95
    Пол:
    Женски
    Незнам зошто но новиот грб ме асоцира на вмро-дпмне. Катастрофааа...:puke:(facepalm):tmi:
     
    На Rama и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Лавови кои тој и таквите како него ги истребиле со текот на вековите.
    Значи ли тоа дека сонце, езера, жито, афион и сл. немало во Македонија пред Титовата Југославија?

    И што има врска во кое време ни го бапнале тој грб, кога истиот е позитивен со универзални симболи! :l:
    Можеби, но тоа била античка Македонија која се распаднала некое време по смртта на основачот.
    Ебате такавата држава...

    Да бил симболот на старата Александрова империја ова:

    [​IMG]


    Ќе баравте во име на зачувување на некакви корења, да се стави исто или слично некое? Дајте бе луѓе размислувајте малце!
    Прашајте ги тоа луѓето од времето на Александар во Персија, Индија, Мала Азија на кои тој Александар Македонски им ја одземал нивната својина, ги убивал и ги силувал! :( И сега сакате симболот на тоа ѓубре од човек да биде повторно симбол на денешната модерна мајка Македонија? Алал да ви е на логиката! (n)
    Се согласувам дека треба да се истакнат и позитивните страни, но првин треба разумно да се разграничи позитивното од негативното.

    За мене позитивно е жичарата до врв Водно за да можат и изнемоштени лица да дишат почист воздух, пошумувањето, гоелмиот број на фонтани низ Скопје, вработување на волонтерите, изградба и обнова на железничката инфраструктура, ветерниците во Богданци - тоа се позитивни дела со кои се покажува љубовта кон нашата Македонија, бидејќи тие носат потенцијал на подобра иднина :). А не божемно зачувување на некакви корења, трули корења кои не дозволуваат да се извлечеме од мрачното минато за да имаме посветла иднина.

    Јас ова инаку истото го мислам за бугарите, албанците, србите, германците, британците... далеку од тоа дека го мислам само за тука - сите народи се помалку или повеќе во своевидна заблуда кога се повикуваат на некакви корења и негување на традиции.
     
    Последна измена: 17 август 2015
    На Bender Rodriguez, ninja35, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  15. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Па сите војсководци убивале противници.
    Што се однесува до убавиот грб твој, баш ме интересира дали ако некој ти украде златна круна а за возврат ти даде бижутерија ќе бидеш задоволна со тоа?
    Историјата на Македонија е крадена од секого, сега и самите Македонци си ја продаваат, ко тебе тие.
    Јаз'к!
     
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.483
    Допаѓања:
    165.861
    Пол:
    Женски
    Промена на ова, промена на она. Ние не сме античка Макеоднија, ние не сме чисти Словени. Никој неможи да разбери дека сепак луѓето се мешаат дека ова е плод на многу националности, ова мало парче Македонија. Мене лично новиот грб МИ СМЕТА. Зошто? - Вмро ДПМНЕ. Ма која е подобра игра од тоа симболите на одредена партија да идат симболи на државата? Новите генерации патот првично, потсвесно ќе го бираат преку тоа. Сега го менуваат грбот не зошто се „големи“ патриоти кои се грижат за државата, сакаат да земат партиски поени со нивната преценета буржоазија и незаменлива антика.
    Стариот симбол, не дека сеуште се сеќавам кога го цртавме во трето- четврто и наставничката ни објаснуваше „ова симболизира ова, а ова другото симболизира ова и сл.“, нашиот досегашен грб имаше симбол, имаше безпрекорно значење, нешто што го имаме, нешто што беше ЕСЕНЦИЈАЛНО за опстанокот на народот, за неговото било какво напредување после долготрајна робија, зависност од кој- годе. Што е симболот на лавчето? Што е симболот на тоа-ти сонцето? Антиката? Па многу сум сигурна дека не живееме во неа.
    Во било која, нагласувам, нормална држава, во предвид ќе се земаат најбитните детаљи, нема да се копа по одредена историја и да се мечтае по истата додека во слободно време се продава државата парче по парче зошто факт е, факт е дека повеќе години мандат се само изгубена контрола на било кое владејачко тело.
    Ама дали ние, народот, имаме збор за грбот?
    Се разбира дека не. Кога сме имале?
    :)

    Па ете ни ја земаат златната круна, никако не ја прифаќаме оваа нова бижутерија која ни ја нудат. :)
     
    На Bender Rodriguez, daylight и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Па токму тоа и е поентата. Тоа биле насилници! Не е во ред да се слават насилници. Тоа е лош пример за младината. Оваа глупост ја прават и на исток и на запад, не само кај нас - но ако тие се за некои работи будали, не значи дека и ние требаме да бидеме исто будали.
    Види, јас не инсистирам дека мора да остане дословно истиот. Јас не ја ни идеализирам титовата Југославија (да била идеална не ќе се распаднеше). Меѓутоа забележувам дека тој грб на Македонија од тоа време нуди позитивна симболика а е нешто кое што сите заедно го имаме. Србинот од Кучевиште, влавот од Крушево, албанецот од Преспа и тн. не можат да речат дека немаат на грбот нивен афион, Сонце, езеро кога истите природни убавини и тие ги уживаат и им овозможуваат радост и исхрана.

    Е сега, земајќи го во предвид фактот дека повеќе не постои СР Македонија, немам ништо против тој грб да се up-date-ува да се дигитализира, или подобри дизајнот на сонцето, да се додадат лебеди во лет и сл. Но суштината да остане иста - природа и хармонија, шаренило без политика и мрачна историја.
    Зависи од вероисповедта. Ако сум со стари грешни пагански сфаќања каков што бил Александар ќе се бунев, главата ќе им ја откинев... Но, ако сум со христијански убедувања тогаш не смеам да преминам преку фактот дека Исус Христос, учителот на сите учители, спасителот и избавителот на сите луѓе и души во една своја проповед позната како Беседа на Гората, рекол пред насобраниот народ:

    Ако некој те тужи за да ти ја земе кошулата, дај му го и палтото.
    Кога некој ќе запроси нешто од тебе дај му;

    (од Нов Завет, Евангелие според Матеј гл. 5, стих 40 и 42)

    А многумина кои заговараат промена на грбот се декларираат себе си како христијани, па сега видете.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.566
    Значи ако некој од тебе побара (запроси) да му го дадеш твојот дом, твојата жена и деца, твојата држава и татковина, ќе му ги дадеш на изволте? Па и ќе му посочиш и од другиот што да земе, за да ти биде ептен благодарен ?Значи махер си да извитопериш се што не ти одговара или не се совпаѓа со својот филм. Да не е срамно ќе ми беше смешно.
    А твојата идеја за лебед во лет (facepalm) можеш да ја вметнеш евентуално како грб на балетско студио, ако сакаш. А подбивање со грб на држава е терање мајтап со државата, нешто што се очекува евентуално од душманите, исто како и замислување желби како секој би сакал тоа да изгледа небаре сме кај стилист отидени. Сигурна сум дека и си бил еден од оние кои се препираа меѓу себе кое име подобро би и стоело на државата: Горна, Долна или Нова.. Зошто, излегува дека се она што е природно и историски, за тебе е пагански и мрачно?!
    Искрено се надевам дека немаш некој прадедо кој се борел да речеме, во Македонското или Разловечкото востание виорејќи го македонското знаме со разјарен и храбар лав, симболот на непокорот (оној истиот кој тебе ти е синоним за мрак и паганство), и кој притоа си го дал и животот, за слобода на неговата земја и неговите потомци!
    А ако имаш, тогаш христијански ти препорачувам да се помолиш за покој на неговата (нивната) душа, и да побараш прошка за кажаното, и од предците и од Бога!
     
  19. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.780
    Пол:
    Машки
    Со ова апсолутно се слагам. Сметам дека на ДПМНЕ како партија никогаш не смееше да и се дозволи да го земе името ВМРО, бидејќи една политичка партија нема благе везе со револуционерна организација, уште помалку со оваа конкретна организација. Преземањето на името од ВМРО е ефтин трик и шлепање на сметка на идеалите и идеите на вистинската ВМРО. И нормално е дека сега и самото име „ВМРО“ и грбот кој го носела оваа организација ќе ни бидат одбивни, затоа што истоимената партија се по*ра на се што стигна у државава.

    Исто така, не ми е јасно плукањево по „комуњарите“ и социјализмот. СФРЈ не беше совршена и не треба да ја идеализираме, но мислам дека Македонија дефинитивно поише „ќари“ отколку што изгуби од членувањето во Југославија. Се прашувам што ли си замислуваат противниците на СФРЈ, што ќе се случеше со Македонија по Втората светска војна да не влезеше во рамките на СФРЈ? Еве, ја ќе ви кажам - ќе влезеше во рамките на некоја друга држава, но не како рамноправна членка на федерација, туку само како територија, а народот и државноста ќе ни беа целосно негирани.

    Ја лично не сум претерано заљубен во сегашниов ни грб, но ете, него го знам цел живот и за мене тој (таков каков што е) е грбот на Македонија. Проблемот кај нас е што секој што ќе дое на власт мисли дека светот почнал со него. Па ете, ни Грујо не е исклучок. Све смени, од згради до фасади, па стигна и до грбот. После него ќе дојде некој друг кој исто така ќе има „брилијантна“ идеја да ја смени химната можеби. И после, зашто сме немале никаква традиција? Е, ќе немаме.

    За да се изгради некаква државна и национална традиција потребно е да се има континуитет. А не на секое, да менуваме државни симболи.

    Но, еве, ќе кажам и дека не сум против тоа да се смени грбот. Ама, за ова прашање се сложувам со @daylight - новиот грб треба да биде нешто позитивно и неутрално, со што ќе можат да се идентификуваат сите граѓани на Македонија, а не само етничките Македонци. Ако веќе треба да се прават промени, тогаш тие треба да бидат прогресивни, а не регресивни. Зошто за се нешто постојано да се навраќаме во далечното минато, дури до Александар? Божем друг заслужен човек не се родил на оваа територија во последниве 2000 години.

    Историјата треба да се памети, но таа е и треба да си остане во минатото. Ако сакаме да имаме некаква традиција, тогаш треба да си ги прифатиме државните симболи, да ги сакаме такви какви што се, и да ги оставиме конечно на раат. Од ’46-та до денес, грбот е „корегиран“ 3 пати; химната е „уредувана“ исто така 3 пати. Знамето од ’44-та до сега е менувано 4 пати. Нели беше доста? За некои, очигледно не.

    Државната традиција се гради бавно и макотрпно, а не со „позајмување“ од сопственото и туѓото (како што е случај со барокот) минато, за да се добие некаква илузија дека имаме повеќевековна традиција.

    Современа Македонија е млада држава и тоа треба да го прифатиме, без никакво срамење. Напротив, за разлика од другите „постари“ држави, кои сите без исклучок имаат некаква темна дамка во својата историја, ние можеме да го искористиме ова и да градиме држава која во иднина ќе нема работи во своето минато од кои ќе се срами. Но, со правење нови „стари“ фасади, ставање нови „стари“ грбови и слично само се залажуваме самите себе, а не некој друг.
     
    На daylight, Rama, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Извини, ама ти си таа што ги извитоперува моите зборови вадејќи ги од контекст. Напишаното беше мојот одговор до NovusOrdoSeclorum на прашањето околу круна и бижутерија. Исто така напишав како дообјаснување на тоа:
    Зошто се подбиваш и мајтапиш со природата која ти овозможува живот и убавини?

    На грб се ставаат работи кои ги има во една држава. Ние го имаме прекрасниот охридски лебед. Неговото присуство на грбот би било логично.
    Колку што гледам ти се подбиваш и со грбот и со лебедите. А за грбот секако дека се оди кај стилист. Тие стилисти стручно се викаат: хералдичари и графички дизајнери.
    Не си сигурна, бидејќи не си ги прочитала претходните мои мислења на темава. Имено претходно напишав:

    Од тоа призлегува дека јас сум против промена на името.
    Па зарем Александар Македонски не бил паган? Зарем не е мрачно да убиваш блиски пријатели и соработници? Зарем не е мрачно да ги касапиш сите кои ќе ти се испречат на патот на освојувањето?
    Ќути, поарно не прашувај... ;)
    Не дека ми е тоа мене синоним за тоа, туку тоа е реален факт за секој што логично размислува. Христос и првите христијани не користеле таков симбол. Александар кој бил паганин пак, користел. Чиста логика!
    Си го дал и се покајал кога душата негова сфатила дека такво нешто е невозможно. Да се ослободуваше земја така, тогаш уште во тоа време Македонија ќе беше слободна. Од историјата меѓутоа дознаваме дека не било така.

    Замисли го прадедо ми од некое такво востание, клети турци од аскерот го убиваат.
    Оди пред свети Петар и пред Господ неговата душа, а тие го прашуваат:
    „Што ти навака? :angel:
    тој во лутина вели:
    „Ме убиле клети турци! :@
    А Господ го прашува: :oА зарем не слушна за опомената што ви ја кажав преку пророците и преку Синот Мој што ви го испратив како Исус, оти кој за меч се фаќа, од меч и ќе загине?„ Душата на прадедо ми сиот збунет кутриот, но потоа собира сила и гордо вели:
    „ Но јас се борев за Македонија гордо виорејќи го знамето со лавот!„
    А Господ му одговара: „О ти будалче, зарем не знаеше дека Моето Царство не е од овој свет? Зарем не знаеше дека единствено кон Царството Небесно треба да се стремиш?„
    Исус се вмешува во разговорот и вели: „Што мислиш, кога бев меѓу луѓето на Земјата, јас будала ли бев што не се борев против римското ропство?!„.
    Тука некаде се појавува ѓаволот и вели: Не го гњавете со прашања кутриот, ја го заведов оти не внимаваше на Вашата света порака :devil:„ .

    Кутриот мој прадедо. ;( Си го протрати скапоцениот земски живот следејќи туѓи заблуди и погрешни идеали. :(
    :!:Со првиот дел се согласувам. Да, за покој на неговата душа секако треба да се помолиме на Христа за да неговата душа ја спознае заблудата во која била, за да добие сила за покајание и така преобратена да тргне кон Царството Небесно - нашата вистинска татковина.

    Но во вториот дел си контрадикторна во кажаното. Тоа би било антихристијански.
     
    Последна измена: 21 август 2015
    На Valerin и cresa-jagoda им се допаѓа ова.