Македонија ќе добие нов грб

Дискусија во 'Политика и настани' започната од levely, 5 декември 2014.

?

Ви се допаѓа ли предлогот за нов грб на Македонија?

  1. Да

    20 глас(а)
    17,9%
  2. Не

    92 глас(а)
    82,1%
  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.581
    Допаѓања:
    13.975
    И пак ли ќе менуваме документи? Па тоа би било непотребно фрлање пари.
     
    На DS10 и eliesaab им се допаѓа ова.
  2. Dominodancing

    Dominodancing Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2024
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    1.655
    Пол:
    Машки
    А на кого му пречи моменталниот грб на државата? Што мзу фали?Што повеке работи менуваме толку полошо станува за живеачка,јас не знам нели го гледате тоа..
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Zhukov

    Zhukov Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2022
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    1.279
    Пол:
    Машки
    Премиерот Христијан Мицкоски вели дека „ние сме една од двете држави постсоцијалистички коишто сѐ уште државниот грб го имаат оној стариот“. Е до грбот е стасана работава. Држава која процветала во социјализмот, откако народот кој активно се борел против фашизмот конечно се изборил за сопствена држава, со влади кои триесет години се менуваат, а досега не успеаја ни да го варосаат тоа што е изградено баш во социјализмот, и на која странски амбасади ѝ го реставрираат културното наследство од антиката до антифашистичката борба, ќе го менува грбот дека бил – социјалистички.

    И што е тоа на грбот што не ја отсликува Македонија? Што има немакедонско на грбот, па макар бил и социјалистички? И со која сликичка на грбот е повредено националното чувство на било кој граѓанин?

    Не е до грбот проблемот. И не е до социјализмот. Туку до тоа што ние сме постсоцијалистичка држава што 33 години тоне во немилосрдна кражба од владејачките елити. И уште не доживеавме ниедна власт што тоа сака да го смени.
    Промената на грбот не значи само промена на личните карти, пасошите, свидетелствата, табли на државните институции, тендери и јавни набавки на сето ова. Туку, кога веќе се отвара темата за грбот, тоа си повлекува расправа за промена и на химната...
     
    На Hoping, Трагедијаупмм, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.581
    Допаѓања:
    13.975
    Непотребно фрлање на пари. Едно семејство на сета инфлација и сиромаштија, ќе треба да менува пасоши, лични карти, а лани 2.5 месеци го чекав пасошот. Никаква корист од власта, само штета. И после зошто не рекле Северно Македонци, зошто рекле онака, овака, па нема народот по светот друга работа, 24/7 ќе чита што се случува во Македонија и какви договори сме потпишале. Ние постојано потпишуваме некои смешни договори.
     
    На Трагедијаупмм, eliesaab и Amelia им се допаѓа ова.
  5. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.486
    Допаѓања:
    4.389
    Пол:
    Женски
    Да смениме грб, химна, име.. Дали се сериозни со глупостиве? Има ли крај? Срам да те фати веќе да кажеш од каде си.
    Брука светска од еден до последен.
     
    На Bratot, Трагедијаупмм, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Au revoir

    Au revoir Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2025
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    94
    Пол:
    Машки
    И химната ќе се менува како во духот на братството и единството во омилената сакана раскошна Југославија а денеска по теркот на соживот и братство и единство како предходниот дух ќе има рефрени за сите малцинства или ќе биде само музика без текст.... Веќе сте граѓани и сите етнички групи се граѓани и државјани а никој не е газда..... Систем и преплатници ☺️
     
    На Tanjamm и eliesaab им се допаѓа ова.
  7. 20cm

    20cm Активен член

    Се зачлени на:
    1 април 2023
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Машки
    Треба нов грб со двоглав орел
     
    На Au revoir му/ѝ се допаѓа ова.
  8. viks5

    viks5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2011
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    120
    Пол:
    Машки
    Глупости не видени. Еве просечна плата е 2000 евра , па сеа дојде на ред да решаваме некој вакви теми? Ало ДРПМНЕ ќе тропнете толку силно на следни избори ви гарантирам. Народ нема што да јаде , секој втор би се иселил , а вие грб ќе менувате? За тоа ли ве гласавме ? Море само бојкот на избори , а коа ќе дојдете да молите за гласови во контејенри , ништо друго не заслужувате.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Au revoir

    Au revoir Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2025
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    94
    Пол:
    Машки
    Холандија одамна го има украдено грбот од мајка Македоња.... време е да ни се врати лавот дома
     

    Прикачени фајлови:

  10. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.941
    Допаѓања:
    17.034
    Пол:
    Машки
    Па кога голем дел од ветувањата во предизборната кампања неможат да ги исполнат, има голема инфлација, протести... мораат да направат проблем таму каде што го нема за дефокус на јавноста.

    Инаку нема воопшто потреба менување на грбот.
     
    На DS10 и Miss666 им се допаѓа ова.
  11. Au revoir

    Au revoir Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2025
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    94
    Пол:
    Машки
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.767
    Допаѓања:
    23.745
    Пол:
    Женски
    Сѐ решивме, остана само задниот амблем од кожњакот.
    Ај следно и химната додека скроз не се избрише сѐ за нас.
    Комшиите после ќе нѐ викаат измислена држава.
    Не се грешка, Турција галама викна цел свет Туркије да ја вика, ние...
    Ми се плаче, мајка ми што вели сѐ, сѐ, ама највеќе ми е жал патриот што се роди на погрешно место.
     
    На Керолајн и st-el им се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.162
    Допаѓања:
    175.226
    Пол:
    Женски
    Малку немам време за да сум во тек со некои работи. Зошто промена на грб?
     
  14. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.130
    Допаѓања:
    29.759
    Пол:
    Женски
    Не ја отсликувало Македонија ко шо треба, и само ние и Белорусија (мислам) сме имале социјалистички грб
     
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.162
    Допаѓања:
    175.226
    Пол:
    Женски
    Социјалистичката петокрака ионака е тргната одамна.

    Шознам, јас го сакам грбот. 1000 пати подобар од лав, ко шо гледам и сега, а и низ годините претходно шо било предлог. Не сфаќам како лав поќе не симболизира од афионот, и тутунот, и природата шо ја имаме. Секогаш топли мемории имам за грбот ко сме го учеле (и цртале).
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.581
    Допаѓања:
    13.975
    Абе нели гледате дека ние гласаме џабе, за туѓ интерес, овие на власт џабе што се Македонци, работат за Косово. Фатија терорист од УЧК, го пуштија, наводно избегал. Сега ќе менуваме грб, потоа ќе оди и химна, и тоа не е македонски интерес. Гордана амнестираше Албанци, криминалци, оние од 27 април ги „пуштија низ вода“ одамна, ем фамилиите ќе им седат без леб и без струја, ем овие по затвори ќе скапат, оболат, а ако излезат, животот за нив е заминат. Гордана вчера се објаснуваше како тоа честитала независност на Косово. Ало бре, имаме 2.359 проблеми, што се замара со Косово? И ако се менува химната, има да стават некој балист, терорист од УЧК, ќе се смее цел свет со нас, како и досега. Мицкоски сам се пофали во Приштина, ние сме покажале кое е Косово, па чуми тогаш плачки за 2001, Диво Насеље и слично? ВМРО покажало кое е Косово. ВМРО е антимакедонска партија по сите параметри, тоест сите македонски партии се антимакедонски и штетни.

    Ако ископираат туѓ грб, нека си мислат, да не јадат вето од некоја друга земја, и пак сите да ни се смеат. Ние сме обични измеќари на Косово, и просјаци кај Србија. Арно не почнале Србите да ни кршат коли по Врање да не смееме да им припариме.
     
  17. Au revoir

    Au revoir Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2025
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    94
    Пол:
    Машки
    МАЗОХИЗАМ, НЕ СЕ ЧУДИ
     
  18. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.384
    Пол:
    Машки
    На дпмне и баграта.
    Супер си е моменталниот грб, ама сакаат африкански да го прават, со лавови. Да го избришат сонцето од Кутлеш. Тоа е идејата.
     
    На DS10 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Dominodancing

    Dominodancing Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2024
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    1.655
    Пол:
    Машки
    Груби заборавија го, не го сеќаваат повеќе..
     
  20. Au revoir

    Au revoir Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2025
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    94
    Пол:
    Машки
    Од каде да го избришат сонцето на Вергина ?