Јас имам разбирање за сите Многу сум разбрана Ти си трудна, и тебе те разбирам што касно разбираш Ја проверив, стварно е таа Ко ќе си го заклучи и овој профил (побогу, со толку ѕвезди) нека и текне да се врати како џоГерче
Администраторите или кој и да е се никаде ги нема за стариот профил. Ако ви е досадно ургирајте за мене. Не знам како да си го вратам профилот.
Абе за со мене знам А мене сумливо ми падна тие што ме знаат, ај си викам јас пак сите ли да ги знам Уствари јас последна разбрав Абе уште три ѕвезди и фалат и ако смени телефон ќе и треба нов акаунт Туку гледаше некој пресеконференц на овие од рики? Што кажаа? Гледа ли ја некој Charité серијата? Уште од 1889 година се гледа разликата во нашиот и образовниот систем на германциве.Јас на ARD аpp ја почнав интересна, ја гледам и се чудам.Како ние уште основно сме немале , а не дифтерија вакцина да измислимеИнтересна серија.Ја сум втора сезона, 1943. Сега некоја ќе се буни дека муабетот не ми е за овде.Рејни премести ја во серии
Ептен сврте ти во кризава, вака ако ти е цел живот ептен ја претерале тие тројцата наречници над глава што ти стоеле на трет ден. На поминување биле кај тебе, брзински те решиле Нека ти е со лесно ме радува да тебе ти годи коронава.
Апдејт од мене во врска со градинката. Се слушнав со директорката и мислам дека ќе најдеме решение. Бар така кажа. Таа веќе размислувала за малиот и како сето тоа да се изведе. И објаснив дека договорот не можам да го потпишам без да знам кога би можела да почнам со работа, така што морам да сметам на времето потребно за навикнуваме. Ќе се пречуеме во понеделник и ќе знам кога ќе почне. Тоа би било крај на агонијата, се надевам.
Доколку знае некој да ни даде совет МаШ се бори со псоријаза една година Се можно пробавме од креми, од Мк исто неколку пробавме и ништо, константно се шири и влошува За секојдневна хигиена ги користиме производите на себамед Нешто друго што би можеле овде да купиме а да е корисно Сапун, гелови било што
Ништо од хемија. Работете на имунитет. На раце го има или како? Јас не најдов чаре, не се прошири па не морав и тоа да студирам.
Почна на рацете, кај лактот поточно Се рашири кај ушите и носот Сега има на подочнаците и на интимни делови Редовно оди на контрола, секоја контрола нови масти, креми и ништо Само кога користи кортизон му е подобро(една недела се повлекуваат) ама не смее подолго од една недела и не често да го користи Као пази на исхраната за да не се влоши ама дерман од болеста тешко
Близок ми кажуваше дека додека е на море има највеќе подобрување ама не исчезнува. Ќе ти пишам порака покасно да стане мм мислам дека кај него на работа полнеа некој лек за псоријаза.
Ја имам букмаркирано темава https://forum.femina.mk/threads/Псоријаза.4141/page-2 Мм имаше на лакт и на глава, го мачкав некои масла, можеби кантарион, ама памтам дека беше по стресен период и лекарства. Помина периодот, менувавме шампони, се повлече тоа на главата. Мое мислење- се случува кај пресушена кожа, се влошува со шампони, сапуни, прашоци. Смени прашок, земи некој бебешки, органски, фрош на пример или слично. Псоријаза е автоимуна реакција, по моја логика тригерирана од сета хемија која ја користиме. Изгледа небањати да сме поарно е Ама прашоците за перење ми се број еден злосторници за многу глупости, за нив уште немам замена. https://www.healthline.com/health/p...ys-to-boost-your-immune-system-with-psoriasis
Мрсно, зачинето, конзервирано, луто, благо да исфрли. Патлиџани, цитруси да сведе на минимум. Што помалку стрес, добро е и да пие барем б6, чај од маточина пред спиење исто би било ок. Море да викаат за кожа е лек, пробајте со солени купки, секако море и морска сол и нема сега. Со Бутавате сте пробале? На блиска само од него и се повлекуваше, веќе со години има само во глава, зад уши, па не третира со ништо посебно. Исто и Скендер да го прашате за крема, да ви направи, пратете слики на Вибер. Па блиски од Мк нека ви пратат натака кремчето.
Ја пробавме, не е трајно решение До сега се што пробавме има резултат ама краткотраен Максимум за една недела пак му е направено и се шири многу брзо Ушите му се катастрофа, носот и подочнаците исто И шо е најстрашно на видни места, непријатно за гледање
Сега е во активна фаза, воспалено, нека се стави на режим и нека не прекинува со мачкање некое време. Овие со кортико најдобро е навечер, па денски други мрсни. И кога ќе се повлече нека мачка со мрсни креми некое време. Суви местата никогаш да не бидат, за бањање маслени купки. Блискава во активна фаза пиеше нешто од овој вид. Побарајте нешто за детокс на црн дроб. Чудно што сега волку му се воспалило, обично на пролет со поленот се најголемите маки.. Или бил под голем стрес.. Едит: трајно решение за псоријаза нема, само под контрола да ја стави може.
Јас иамм егзема што не е исто ама е слично. Прилично е мачно да се држи под контрола. Кај мене се појави по породување веројатно од хормоните. Цели дланки крв ми беа од што ми распукуваше кожата. Мачкав се и сешто. Кортико помага ма ама не смее често. Сега зе среќа почна само од сбее да се повлекува, ама знае да ми се јави во лоша варијатна во ПМС. Така што сега знам дека хормонски промени кај мене се битни за состојбата. Според мене може да пробате да видите што е тригер на состојбата. Може да е храна, стрес, алергија на нешто. Ќе ви треба време, ама тоа е. Она што мене ми помагаше и сеуште ми помага, а не е кортико е вазелин (иако лекари не го препорачуваат туку препорачуваат хидрирање само), Судокрем (колку и да звучи лудо, јас открив дека помага на несакајќи кога ми се влоши состојбата во странство и само тоа имав од детето па испадна ептен погодено. Само со ова не треба да се претерува зашто суши. Јас мачкав ова еднаш дневно и многу мрсни креми остатоткот од времето), BlueCap крема, Atoderm на Freezyderm, и кафеавата крема на Бекутан (ова пак го отркив на несакајќи зашто го користев за детето). Само упорност во мачкање треба. Кожата посотјано да е намачкано со нешто да се останува сува. И најчесто нема трајно решени. Јас ги вртам поризводите во круг зашто се заситува кожата по некое време и треба промена.
Сестра ми го има истово од породување. И исто на добивање избива како тебе. 20 години од породувањето сеуште се мачи со истото. Беше на сите испитувања, алергиски тестови и покажа на некои храни реакција. Но сепак добивањето како процес е тригер - хормони. А хормоните и се во ред. Заврши во болница со отоци од вдишување на поликолор кој испарува од ѕидовите после кречење. Истата хемиска состојка во поликолорот подоцна ја најдовме во милион средства дома. Што значи константно имала контакт со таа супстанца. Дури и во шампон за коса имаше некои модификации. Креми ги има сите користено. Најмногу и смирува од еуцарин крема за лице. И ја носам од овде во мало кутиче е. Исто користи специјален сапун за раце со 10% уреа. За туширање и шампон истата колекција. Сите средства ги фаќа со нараквици. Во спротивно и пукаат прстите и крвари. Кога најмногу и се влоши состојбата беше на режим на исхрана. Во режимот немаше никакви зачини, јајца, апетисани, алкохол, сувомеснато. На крајот ги внесуваше продукт по продукт за да види кој и прави најголем проблем. Искочи пивото и храна со кикиритки. На дел немаше никакви реакции како на јајца, но на зачини се појавува повремено реакција. Лута храна не јаде тоа одма покажува реакција. За жал и покрај сите лекарски обиди едноставно со ова чудо нема победа. Засега медицината е немоќна. Нема лек. Има ублажување на состојба, но не и трајно решение.
Ако ми е правилна информацијата дека е автоимуна реакција, се ова што го кажуваш оди во прилог на тезата. А автоимуна реакција значи дека во нашиот организам се појавува извесна компонента, која организмот не ја препознава како своја и реагира за да се ослободи од истата. Кортико имаат функција да го намалат имунитетот т.е, имунитетната хипер-реакција, затоа не се решение. Решението би било детоксикација, т.е елиминирање на тригерот или интрудерот. За жал за автоимуни болести многу малку се знае а ретко кој лекар се занимава со наоѓање на причината. Дерматолозите па ич. Нека не префрлат во соодветна тема, можеби во таа за псоријаза
@FreeMind, @Biljarkata ова си е автоимуно заболување. И има само ублажување на состојба. Мене сега ми е последниве неколку месеци во ред. Претходно се трудев на милион начини да го решам проблемот. Немам алергиска реакција претерана на ништо (испитано), бев на диета од нутриционист и не помогна многу (помогна во одредена мера). Јас се сомневам дека кај мене ИВФ процесот беше тригер и може на организамот му требаше долго време да се исчисти од тие хормони и сега конечно може се среди. Во меѓувреме само ублажување со креми и купки. Мене ми помагаше и купката од Биодерма, кремот не за чудо.
Целијакија паталец овде Без глутен- нема антитела, нема симптоми. Ама со целијакијата јасен е тригерот, за со овие кожниве не знам. Не се испитуваат некои антитела и за нив на пример? Уште нешто- малку он, малку оф топик. Денес колешка вика, ќе била на елиминациона диета, без леб, месо, млеко, некој и кажал помагало за состојба со кичмата. Еве уште се чудам, ама може ќе ве апдејтувам ако ја додржи диетата и и помогне за состојбата, што и да е.