Малку да ја проживеам темава,најдов нешто интересно вреди да се види за протеинот од сурутка и болеста. Мала студија но релеватна. This small single-center prospective, unblinded pilot study showed a positive clinical response in patients using a bioactive whey protein isolate powder. During the trial period, the authors purposely continued the patients’ maintenance treatments to determine if they can augment their patients’ response with a purified nondenatured bioactive whey protein isolate. These positive preliminary findings have led the authors to believe a prospective, double-blind, randomized trial would be worthwhile in evaluating statistically significant efficacy in this population group. http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3805302/
На мојА другарка татко го има овој проблем какви не лекарста масти витамини и што уште не користеше и ништо ... цело време се враќаше Но, нашол некој човек во Преспа мислам што правел билки и му дал некој чај ама у меѓувремено и бил на многууу строга исхрана и се повлекло чудово до сеа не се појавило пак , 6 МЕСЕЦИ ГО ПИЕЛ ЧАЈОТ Како што кажавте може да се појави било кога подоцна но не се враќа така често ко до пред тоа и тоа еден подолг период по пиењето на чајот и специјализираната исхрана Незнам за кој човек се работи ама ако има некој од тој крај може да се распраша Се надевам некому ке биде оваа информација од корист
Имам слушнато дека капење во Мртво Море помага. Многу. Изгледа солта и калта таму се многу лековити. Доколку имате можност - пробајте.
http://doktori.mk/element/view/52b20dbfe13e2/Psorijaza http://zdravjeiubavina.com/zdravje/bolesti/psorijaza/ Често читам дека и дебарските бањи помагаат. Маст против псоријаза - подготовка и употреба Во литарско шише со широко грло се полни со цвет од кантарион. Се додава и ситно исечкан цвет од невен и една рака ајдучка трева. Во шишето потоа се додава маслиново, пченично или сончогледово масло. Шишето добро се затвора и се остава на сончево место каде што треба да стои три недели. Кога маслото ќе стане црвено, се прецедува низ газа. Потоа се додава уште 10 грама масло од смрека и 5 грама масло од лаванда. Се’ добро се меша. Со добиеното масло се мачкаат заболените места 1 до 2 пати на ден. Маслото може да се употребува и кај други кожни болести: екцеми, лишаи, сува кожа, красти, изгореници. Раните треба да се мијат со чај од камилица или коњско опавче. *Секој втор ден се чисти кожата со вода во која претходно е варена дабова кора, 3 до 4 лажици коњско опавче и 3 лажици трева од срценица. Оваа мешавина се вари во 1 литар вода 10 минути. Со изладената течност се чисти кожата, се суши и се премачкува со подготвеното масло. Ако имате псоријаза на коренот, постапката е иста. Бидејќи кај псоријазата е многу важна исхраната, се препорачува да не се јадат компири, бел грав, овесни снегулки, шеќер, теста, свинска маст, банани, круши, алкохол, кафе и да се остават цигарите. *За капење е препорачлива бања од сено. Се зема 1 килограм сено, се става во платнена кеса и во поголем сад се вари 20 минути. Се’ заедно потоа се става во кадата, се додава чиста млака вода, така што да биде покриено целото тело. За да не се излади премногу брзо водата, преку кадата се префрлува некоја пластична прекривка. Во кадата можете да останете 20 минути, а потоа благо да се истуширате со млака вода и да се избришете со тапкање. Ако ве чеша кожата, намачкајте се со маслото. Бањата се подготвува двапати неделно. Се повторува додека да исчезне болеста. Кај псоријазата е корисно и капење во водата каде што е варена овесна слама. Бањата се прави на истиот начин како и претходната. Можете наизменично да ја употребувате прво едната, а потоа втората. *Ако се потребни облози, се употребува корен од гавез, листови од жалфија и листови од лепилка. Ако на кожата има стари рани кои тешко заздравуваат, за миење се користи чај од цветови од невен, троскот, здравец, камилица и коњско опавче Спојлер Псоријаза - псоријазата и исхраната by Проф. Д-р Драган Даниловски Псоријазата претставува автоимуно заболување кое најчесто се манифестира со карактеристични промени на кожата на лактите, колената, главата (скалпот), половината, но и на ноктите, а зафатени се и други органски системи. Кај дел од пациентите се јавува т.н. псоријатичен артритис. Псоријазата е доживотно, рекурентно (кое се повторува) заболување кое се јавува ширум светот, иако нејзината преваленца (застапеност) варира според расата, географската област и факторите на средината (на пример, изложување на сонце). Па така, најдено е дека западноевропските и скандинавските народи имаат повисока преваленца (1,5 – 3%), а пониски стапки на преваленца се регистрирани кај Јапонците и северноамериканските Индијанци. Покажано е дека псоријазата почесто се јавува во некои семејства (наследен фактор). Ако обата родитела имаат псоријаза, стапката на јавување кај нивните деца е 50 проценти, а ако само едниот родител е погоден, стапката е 16,5 проценти. Подеднакво се погодени обата пола. Инаку, екстремно ретко се умира од псоријаза. Она што е најважно е нарушениот квалитет на животот на пациентите заради свработ, сувоста и лупењето на кожата, дури и појавата на фисури (пукнатини на кожата), потоа, заради самосвесноста и непријатното чувство заради изгледот на кожата, како и заради страничните ефекти и високите цени на антипсоријатичните лекови. Регистрирано е дека кај пациенти со т.н обична псоријаза (има и неколку други видови), која е најчеста (околу 90% од сите случаи на псоријаза) почесто постои придружна абнормална згоеност и кардиоваскуларни болести. Се смета дека сите три состојби се поврзани со хронична системска инфламација (воспаление), чии што медијатори се т.н. цитокини. Токму тука лежи логиката дека одредена терапија, режим на живеење (диета) кои ги стивнуваат, ублажуваат воспалителните процеси во организмот, би ги ублажиле и симптомите на псоријазата. Не навлегувајќи во медицинските тераписки пристапи, тука ќе потенцираме само одредени диететски можности за ублажување и контрола на псоријатичните симптоми. Про-инфламаторна и анти-инфламаторна храна Вашата исхрана игра многу важна улога во активирањето или супримирањето на производството на цитокини. Оние хранителни продукти кои ги активираат се нарекуваат про-инфламаторни намирници и тие треба да се избегнуваат. Масти Заситените масти, холестеролот и транс-мастите се про-инфламаторни и треба да се избегнуваат. Хранителни намирници кои ги содржат се: говедското и други видови црвено месо, путер, млеко, сирење, кокосово и палмино масло. Транс-мастите се содржат во маргаринот и во сите комерцијално произведени колачи, наполитанки, бисквити и сл. (кондиторски производи). Од друга страна, незаситените масти, вклучувајќи ги растителните масла, како што се маслото од соја, пченка, шафран, канола и маслинки, се анти-инфламаторни. Најважните анти-инфламаторни масти се омега-3 незаситените масни киселини, бидејќи тие ја намалуваат инфламацијата (воспалението). Добри извори на омега-3 се ленено семе, соја, ореви, лосос, харинга пастрмка и туна. Омега-6 масните киселини се неопходни за организмот, но тие имаат инфламаторен ефект. Затоа е потребно омега-3 и омега-6 масните киселини да се внесуваат во рамнотежа. Според најновите сознанија, т.н. органско говедско месо (произведено на органиски начин, со природна храна – исклучиво трева и сено) содржи омега-3 и омега-6 масни киселини во оптимален меѓусебен однос, така што веќе е симната анатемата од говедското (но органско, т.н. grass fed beef), така што ако не сте големи љубители на морска храна, здраво ќе се храните и ако ја замените со вакво говедско месо (Но каде кај нас да го најдеме?). (Замислете си крвав бифтек на жар со сенф во овие пролетни денови, без да ве гризе совест дека си го уништувате здравјето!!!) Јаглени хидрати Инфламацијата се стимулира од високиот шеќер во крвта. Оттука, неговото ниво во крвта треба да се контролира и да не се дозволуваат високи скокови. Тоа може да се постигне со избегнување на прости шеќери (сахароза), но, исто така и со избегнување на внес на бело брашно (преку бел леб, тестенини). Сложените шеќери во интегралните житарки, мешункастите зарзавати (легуминози – грав, леќа, наут, грашок, боранија) се анти-инфламаторни и треба да се консумираат на дневна основа. Анти-инфламаторни намирници се и овошјето и зеленчукот зашто делуваат против инфламацијата преку Б витамините, витаминот Ц и Е, потоа и со помош на растителните влакна. Се претпочитаат капини, малини, јагоди, боровинки, цреши, јаболка и круши, а, пак, јужното овошје треба да се ограничи. Протеини Самите протеини не се про- или анти-инфламаторни. Поважен е изворот на протините, при што е важно да се работи за посни меса (видете погоре за органското говедско) и риба и да бидете сигурни дека не внесувате придружни про-инфламаторни масти. Задоволителни количини на полновредни протеини (со т.н.есенцијални аминокиселини) ќе добиете и со јадење на разни легуминози. Исто така, мора да се потенцира дека многу важно за контрола на псоријазата е водењето здрав начин на живеење, што подразбира: внесување на многу вода (до три литра за жени и до четири литра за мажи), редовно занимавање со спорт, физички вежби – особено аеробни (30-60 минути дневно), по можност во природа со многу зеленило заради јонизираниот кислород што само таму е присутен (во урбана средина дишеме молекуларен кислород... но, за тоа во друга прилика), инсистирање на социјално живеење, дружење со пријатели, за да се навикнат да ве прифатат токму такви какви што сте (со што евентуално ќе се минимизираат комплексите на помала вредност), афирмација на професионален план (што исто така ќе го сврти вашето и вниманието на околината од вашиот „хендикеп“) итн.
Ве замолувам за совет, значи вака имам 15 години и дланките кога е ладно времето ми се испукани, односно ми се многу суви, па дури и рапави, но тоа ми се случува само во зима и кога е ладно а во лето ми се меки и немам никаков проблем, кога ми се испукани, односно суви ги мачкам со крем и ми стануваат меки, се е ок, од кога знам за себе ми се случува тоа со рацете. Па сега се загрижив да не случајно имам псоријаза, освен на дланките никаде на друго место ми се нема појавено, ни на лактите, ни на колената, грбот, половината, значи никаде. Што мислите вие, совет, плс
Рецепт: Домашен лек од невен за спас на сувата и оштетена кожа Доколку вашата кожа е многу сува, или пак страда од благи форми на дерматитис, псоријаза или егзема, подгответе си го овој домашен лек од невен. Невенот е билка која веќе со децении се користи како лек за проблематичната кожа. Искусните билкари велат дека целото растение е неверојатно лековито, но за правењето на оваа маст за нега и лекување на кожата, најчесто се користи само цветот. Подготовка: Растопете еден килограм домашна свинска маст и кога ќе започне да врие додадете две шаки лифчиња од невен. Оставете ја смесата на оган се додека невенот добро не се запржи. Тргнете го садот од оган, преклопете го со памучна крпа и оставете да отстои 24 часа. Утредента повторно стопете ја маста на оган, па смесата продецете ја низ цедилка за да ги отстраните ливчињата од невен. Маста чувајте ја во стаклена тегла во фрижидер. Премачкувајте ги сувите места на кожата два пати на ден, најдобро наутро и навечер. Кожата ќе стане мека и блескава, а промените при поблагите видови на егзема ќе бидат помалку видливи. Препорачливо е и за лица со псоријаза, но само за ублажување на симптомите, односно за омекнување на површинскиот слој на кожата. Исто така, оваа маст е добра и доколку во моментот немате некаков лосион или крем за нега на телото.
Девојки можеби прашањево е глупо ама ај пак да си прашам за секој случај.Дали псоријазата може да се пренесе преку едно колено ? Моите први братучеди имаат :/ @okcenzi ?
Zdravo i od mene Ako edniot roditel ima psorijaza, togas verojatnosta da ja dobie negovoto pokolenie e 25 %, no dokolku dvajcata roditeli imaat psorijaza, togas verojatnosta za pokolenieto se iskacuva na 75 %
Zdravo dali bi sakale da mi dadete kontakt od zenata sto bae ve molam neznam sto poveke da napravam (((
Zdravo Jas imam od bebe psorijaza momentalno mi e na nozete laktite kosata i pozadi usite od pregolem stres periodov mi iskoci i na dlankata.I jas ja koristam kremata butevate no mene mi pomaga samo na nekolku dena do nedela da mi se izgubat ranite,probav sekakvi masti kremi i caevi no seuste ne go najdov lekot... Ben mozebi kaj 300 kozni lekari i site go rekoa istoto deka za psorijazata nema lek deka na stres se vlosuva i sl,imase period kade solenata voda i sonceto mi pomagaa no vo poslednive 3 godini ni toa ne mi pomaga,letno vreme mi se gubese zuma pak mi se pojavuvase no sega konstantno ja imam,nekoj vikaat deka i zrnestata hrana mn vlijae i ja vlosuva psorijazata gledav video na youtube zena od 80 god kako kazuva deka psorijazata e od stres ili genetski ama deka ona e primer deka za povekjeto vidovi na psorijaza nema lek.
Нема лек за псоријазата, но треба да намалиш стрес, што знам дека е лесно да се каже, а тешко да се постигне, и да се обидуваш да бидеш изложена на сонце колку што можеш повеќе. Исто така исфрлување на исхрана со многу црвено месо, или пак било што што се фокусира само на еден вид на исхрана (многу зрна, или прменогу масти, итн.). Постојат третмани кои што не знам дали се доспатни во Македонија, со ЕМбрел или Хумира, кои статистички доведуваат до ремисија на болеста во голем прецент од корисниците, но имаат доста нус појави кои не се занемарливи.
Мојот татко има псоријаза. Најмногу аман виде од кремата Butavate. Навечер пред спиење ги мачка зафатените места на телото и добро ги замотува со најлонска фолија и така спие. Наутро се тушира и така секој ден околу 2-3 недели. После 3 недели комплетно исчезна. Сега на моменти пак се појавува, но мали ранички и ги мачка пак само со Butavate.
Со шо сакате мачкајте тое ви е привремено и испага ко шминкање површински значи Лек нема но,може да ја контролирате со чистење на телото прво од токсини детоксиација па потоа со исхрана која ке ја практикувате цел живот
Zdravo eve i na mene veke nedela dena mi potvrdija deka imam psorijaza i toa kaj mene nikoj vo familija ja nemalo osven jas i mi rekoa od pregolema nerviza i stres mi se javila ....
Zdravo, skoro site imame problemi so kozata, dali psorijaza ili egzema, nekako seedno mi stana. Probav da se drzam na rezim na ishrana, ama ne mi uspea, so homeopatskite lekovi super, se mi se povlece i ispadna deka koga i da fatam sjaj za sadovi ili detergent so goli race odma mi se pojavuva i nemoze da pomine samo od sebe. Ne e prenoslivo, toa e avtoimun proces koj si ostanuva so nas, pa ete jas rekov careto da go baram vo prirodnite kremi i lekovi. Kremata na skender se pokaza efikasna, no cim prestanes da se mackas taa pak se pojavuva. Istoto vazi i za kremata Sorion, koja e na prirodna baza. Probav da si napravam krema od svinska mast, smrdi toa a i ne e mnogu efikasna za egzema, za psorijaza, neznam. Si pravam isto taka kremi so razni masla, no ako gi najdete pravite bilki i napravite infuzirano maslo od niv, ke vi pomogne isto taka. Mene mi pomaga bilkata doktorce/vampirce nesto taka se vikase, cuvar kukja, neven, kamilica, maslo od cajno drvo...i planiram da probam uste nekoi pa pak ke pisam za onie sto sakaat da si pravat kremi. Kako i da e, so homeopatskite lekovi e najisplatlivo