Џокерче понекогаш ми иди да те гушнам. Многу си емотивна, за право и јас сум таква но тешко овде да ќе ме препознаете. Многу сум депресивна и негативна у задно па делувам какл намќор.
женски да ве прашам дали некој префрлал пари во мк преку вестерн унион, не за лично туку на мак сметка да префрлам, каков број на сметка се бара? ми дадоа IBAN македонски но со него неможам да пратам, а преку постбанк многу провизија би бара.. фала!
Немам праќано. Кога избираш дека сакаш парите на Bankkonto да стигнат, што ти бара потоа да внесеш поточно? Мора да се најавам за да видам.
Види на темава да не има некој објаснето https://forum.femina.mk/threads/Праќање-пари-од-странство.25888/ Мислам најскапа опција е, ние од банка на сметка префрламе.
Најефтина опција е, 4,90 евра до 5000 евра во рок од не знам колку дена точно мислам дека три. И може онлајн. Преку банка мора во банка да се оди. Не знам дали само мене животот ми е хаос. Ѕвездите се имаат збркано. Ме плаши она што следи.
Може е. И да, мора во банка да се оди, ама и тие се луѓе во експозитурата, шо дека работат само прва смена. Нас вака ни е поедноставно.
Мајки дали некогаш сте менувале ситни пари? Имам премногу уште од лани кога дојдовме бидејки не знаев колку треба да давам за да не ми враќаат толку ситни,и ми се собраа многу. Веќе 3 пати одам во банката во која имам сметка но еднаш ми велат дојди наутро попладне не менуваме следен пат машината е расипана и се така во круг. Дали знаете каде би можела да ги заменам?
Кај нас сега во Едека ставија машина за ситни пари ама 9% зема. Во Шпаркасе во банка ги носиме, ги префрлаат во едно како најлонска кеса и за неколку дена се на контото за штедење за децата. Во пошта можеш да побараш едни хартиени во кои се сортираат парите и им ги враќаш и ти даваат хартиени пари. Без провизија. Ама треба да прашаш прво во поштата. На хартиеното пишува на пример дека го него треба да ставиш 20 парички од 2 центи. Во која банка сте? Во некои банки има Münzen Automat ама сеуште не научив зошто е тој, можеби и тој е за тоа. Јави се пак во банката и прашај дали да отидеш, дали е сега ок машината. Сигурно е ок сега. Им треба време додека да поправат нешто.
@Poppins немам Rewe во мојот град сепак ти благодарам @gjoker4e денес бев сеуште е расипана Иначе во Deutsche Bank сме Ке видам прво во Пошта ке прашам ако не бидува тогаш во Едека Ти благодарам и тебе
Ај да ви раскажам нешто од вчерашниот ден, и ве молам за мислење, дали јас претерувам бидувајќи пристрасна оти се работи за своето дете или стварно не е во ред. Вчера одам да ја земам Ирис од градинка. Секогаш кога влегувам по навика погледнувам во собата со креветчиња од што ми е многу слатко кога ќе ги видам тие мали душечиња ми измамува насмевка. Ги поздравувам сите што се во ходник, тропнувам на вратата од училницата отварам врата. Вчера исто. Во ходникот беше само еден дечко, новиот учител кого го немав уште запознаено. Отварам врата, децата ме познаа и одма почнаа да викаат по Ирис, учителката почна да ја бара Ирис ја нема. Неколку секунди беа во прашање, ама ја гледам учителката гледа трча наоколу ја фаќа паника, јас сум со бебето во раце па ме фаќа и мене. И тогаш, Ирис се појавува од зад мене. Ирис била сама во собата со креветчињата, во затемнета просторија, оти плачела и на новиот учител му текнало да ја однесе таму и да ја остави сама. Вратата од собата беше отворена што е факт и сама погледнав, учителот беше во ходникот раскреваше, ама Ирис беше сама во затемнета просторија изолирана од децата оти плачела. Дали е ова во ред? Објаснувањето на учителот беше дека кога ги гледала децата плачела уште повеќе. Ок, ама да ја остават сосем сама во затемнета соба? Иначе од скоро се плаши од темница и не оди ни до друга соба сама да земе играчка ако е темно и ако никој не стане да оди со неа.
Ова за мене никако не е во ред, се вознемирив само што те прочитав. Не можам да замислам дека некој би се послужил со ваква мерка. Пред некое време слушав на радио дека во тек е судски процес против негувателка што вака има направено, сега дали било уште полошо од ова, не знам, ама според мене ова е брутално и недозволиво. Јас би зборувала со одговорно лице, дали им е пракса тоа и ако им е, жими се, би испишала дете од таму и би прашала и по институциите дали е во ред, па они нека си збркаат работа. Нека кажат другите, имаат повеќе искуство со градинки, ама за мене ова е ужасно.
Апсолутно не претеруваш! Ако си ти пристрасна, јас не сум! Ако плаче нека ја смират, заиграат, изнесат надвор, гушнат. Си имаат тие техники како да смират дете. Сама во затемнета просторија затоа што плачела еј, дали се нормални. Таму се оди кога се спие. И ги гледаат на беби кам. А ова му доаѓа како казнета оти плаче и тоа на место кое треба да го гледа и смета за безбедно за спиење. И кажи им го ова слободно! Ако се случи некое дете намерно да направи нешто што не треба, значи да удри некого или слично и ако и покрај предупредувањата и објаснувањата продолжува по старо, ги седнуваат на столче да се смират. Тогаш најчесто пазли добиваат или некои други помирни игри. И обично секогаш учителка седи до нив. Ама вакво нешто искрено прв пат слушам. Има период кога децата се плашат од темно, ама поминува. Кај твоето или е тоа, па се поклопило со дешавката или е стрес од дешавката, што е исто така можно. Едноставно, јасно и гласно да им ставиш до знаење, дека се плаши од темница, дека има стрес од случката и не смеат да ја оставаат сама во темна соба, особено не затоа што плаче!
@Yowannty треба да разговараш со одговорна особа таму. Каков им е тој начин , да остават дете само во темна просторија само затоа што плачело. Тоа им е начин на казна? Па треба да најдат начин тоа дете да знаат да го смират . Јас би се јавила и би побарала разговор . Да се реши овој проблем . Мене само што ми се јавија од градинка (прво помислив се јавуваат да прашаат да се одложи почетокот) ама беше од друга причина . Имаат ново време на почнување со работа и време на земање.
Не можам да ви опишам колку се вознемирив што ми доаѓаше да почнам да се расправам како да сум на пазар. Ќерка ми тивко влезе во училница си го смести ланчбоксот во ранецот и излезе да се спреми надвор. Видете, јас си го знам детето и знам дека е полни раце работа. Таа е гласна, вика, писка, никогаш не плачела без глас. Никогаш не сум ја видела таква. Образите водени од солзи, ама нема. Го игнорирав учителот и седнав пред неа на под и пробав со неа да зборам и така прашувајќи ја зошто плаче, учителот ми приоѓа, и мислејќи дека со мамшејминг ќе смени тема само се зезна. Ми сврте муабет како тој 4 недели веќе тука работи не сме се сретнале. И тука ми пукна филм и директно го прашав оти детето ми беше само во соба, дали е тоа некој вид на казна само затоа што плачела. При што тој не очекуваше, се збуни, почна да звоца, ама не тоа не било казна, ја извадил само да се смири не било ситуација за да казна биде потребна. И тука се зезна уште поише. Го прашав во која ситуација таква казна е потребна. И се замисли, молчеше некое време па рече дека не казнувале тие не користеле такви методи. Бла бла бла. Збореше, збореше од што веќе не знаеше што да збори мислам гз уште што не ми излижа, колку јазици сум зборела да не сум сакала да комуницираме на друг јазик глупости во боја. Денеска маж ми беше го викнал да зборат, му рекол сам приметив дека женати се вознемири ама доби погрешна слика. Ја не мислам дека добив погрешна слика. Ќерка ми е, господ ми е сведок дека некогаш знае да е многу тешка за справување и ја тоа не го негирам, ама да седи сама во соба не можам под никаква околност да одобрам. Најмака ми е дали ова се случувало и претходно. Не би можела да знам. Се сменија учителите. Со другите две што се имам многу коректен однос, двете се интересираат и прашуваат, сум објаснила се околу неа и сум достапна за било што ако имаат потреба. Овие двајца се најнови и сум немала поголема комуникација. И вчера оти бев излезена низ град имав работа, ама завршив порано и порано неочекувано се појавив во градинка и сега таму ми е паметот дали се дешавало ова и претходно. Дали ако беше прв пат ќе ми кажеа.. Овие 2 дена раат немам. И точно не знам што да правам, друга градинка тешко да најдам со месеци.. Ај и да ја извадам од градинка, а треба да научи јазик и таман почна да се пушта, а не сакам ни да ја третираат поинаку ако преречам… Ќе ми експлодира главава од мисли.
@Yowannty нема зошто да менуваш градинка , тоа е само поголем стрес за детето . Да менува средина за него позната и почнување се од почеток. Треба да се постават гранции , да се реши проблемот додека е актуелен . И да се тргне од дневен ред. Да имаш мир . Да го пуштиш детето без страв дека нешто слично ќе му се случи . Јас имав еден проблем со свекрвата . Значи на најмалото нешто му збори , ова не реагира и зема да го плеска по рака. Во смисол. Хеј ме слушаш ли . Се изнервирав и само на мм му реков што се случи . И одма и рече нешто. она е така нетрпеливи , малото е така инаетливо и се спој снова. Треба со деца трпение .
Аууу!!! Одма нека отиде маж ти да се разбере уште денеска пред да затворат кажи детето трауми има се плаши од темно нека им се развика и обратете се на главната во градинка