Мајки ајде овде да прашам сигурно има доста кои се со визи Колку време се чека за виза? Поднесено во Скопје во Германска амбасада преку интернет на меил добив порака со регистерски број и пишува дека 4недели пред интервју ке ме известат пак преку меил, но поминаа 11месеци и нема уште ништо
Ќе отиде мажот ти во општината овде која ги обработува твоите документи и ќе направи притисок. Можно е и документи да ти изгубат последно другарка моја чекаше 10 месеци и на крај искочи дека овде во Германија и го зафрлиле досието. Сега со коронава застој сигурно има, ама пак и они немаат работа за администрација. Така да пуш на најјако.
https://forum.femina.mk/threads/Оди-во-ќош-како-воспитна-мерка.31778/ Да видиме мислење од Германките. Од менталитетот германски.
Имаше една учителка која праќала немирни деца во ќош. Набрзо се дозна, ескалираа работите меѓу родителите, градинката викаше демек не е така.. ама учителката си замина дека нашла подобра работа (...) и направија некако целосна реконструкција на тимот и на менаџментот на таа подружница. Не ја оправдувам учителката, но вредно е да се спомне дека во градинката има неколку деца на кои, на огромна жалост, не е воопшто посветено внимание од родителите. Едното од нив веќе години е со ќерката во градинка, уште од претходната градинка, и не е проблемот што е бесно, проблемот е што е бескрајно невоспитано. Сум имала ситуации да сум со него и мајката (на улица, па и на кафе сме биле) и стварно детево скока на глава и буквално други деца мава, а мајка му само ноншалантно "****** немој да ја маваш ****, тоа не е убаво!". Ок е на 2-3 години муабетот, ама на 4.5 накај 5.. што знам... Од инает мава по туѓ точак, плука други деца, .. на ќерката ѝ имаше речено дека ќе земел нож и ќе ја пресечел.. (на 3.5 години..).. Во никој случај не се оправдува праќање во ќош, но многу ме заинтересира тој период каков метод би се применил за деца кои гњават други деца, а воспитување со муабет од страна на учителките е неплодотворно затоа што за тоа дете не постои никаков авторитет.
Нормално ли е од вакцина до вакцина да има размак само една недела, денеска прими малиот една вакцина наредата недела уште една па после од 16ти август друга односно за крлежи ќе треба да прима. Јас не сум во можност што да мислам и што е најпаметно матичната се налути зш ја прашав кои се задолжителни и морални вакцини тука . Според неа сите
Носиш преведен картон од тука? Барем да не му ги дуплира. На недела дена не би боцкала, на месец ми имаат закажувано. За крлежи не е задолжителна сигурно. Има матични што не прифаќаат пациенти што не вакцинираат, ама мислам дека неможе со сила да те натера да ставите тие што не се по календар.
Дали некој има информација од кога би можело да се патува од МК за Германија? Дали некој одел сега брзо? Воедно, дали има некакви нформации за училиштата дали ќе почнат со работа на време? Или ќе има некои други алтернативни решенија? Фала ви!
Исто и јас мислам дека минимум да има еден месец растојание меѓу вакциние.Зошто од крлеж- не е задолжителна.Малку ли има да прима па и плус некои не задолжителни
Е ајде де и успеа маж ми да го убеди дека морало на толку растојание..а он плиткоумен за некои работи. Ќе и се јавам да и кажам дека по еден месец може да ја прими таа што треба сега на 23ти да ја прими инаку еве кои ги имаме примено од мкд го носев картонот направи она копија и плус овие ги пиша.
Ама сепак ако речете не сакам така, сакам вака, педијатарот нема ништо да каже. Кога мислиш ти тогаш. И да е ок на растојание од една недела јас не би ставила, би чекала минимум еден месец, а идеално би било од 3 до 6 месеци според мене. Ние уште ммр втора доза ја влечеме. За крлежи ти како сакаш. Не мора.
И јас имам прашање за вакцините. Имал ли некој од вас скоро У7 ? Ме интересира која вакцина е на ред. И витамин д давате ли уште ? @FreeMind можеби?
Јас после два три месеци од тебе. 21-24 месец е тој. Де витамин редовно до три години ми рекоа. Со втората доза мрп ги прими сите вакцини следна и е на пет години. Верувам малиот ги прими сите досега по ред.
Може ве имам прашано ама сум заборавила. Во градинка ако има некое дете роденден од групата носам ли јас нешто?
Јас однесов еднаш на едно што ќерче си игра со него ептен ситнурии дали 5 евра беше.Ама детето многу се радуваше.Сега во септ има нејзиното најдобро другарче пак ќе купам некоја количка мала.Колку да го израдува Инаку не носам и јас.
Јас кога бев дете и на моливче се радував. Чудни луѓе се овие. Јас планирам да им носам на децата, па ќе видам дали на моето ќе му донесат. И да не му донесат да се живи и здрави Не можат да ја успијат инаку. Или ми ја враќаат неспана или ми се јавуваат да си ја земам. Ајде ќе им дадам уште една недела да се научат. Иако ги скарав денес малку дека така не може. Ќе си најдат начин да ја успијат. Јас што правам година и пол ами?
Зависи како заспива. Има деца овде, во количка ги заспиваат, па и во јасли во количка ги успиваат. Јас нормално, нијесам те срече, исклучиво со мене заспиваше и никогаш во јасли не заспа. Дури во градинка, сега, последнава година, барем велеше дека преспала. Ама сама пројавуваше желба да спие. Ако заспива без тебе дома, нешто со мече, ќебенце, имате шанса.
И однесов и мечиња со кои заспива. Она заспива сама кога и се спие. Они секако се обидуваат ја чешкаат, нишкаат, а веќе два пати си ја земам од количка во која се обиделе да ја возат и ја изнервирале само. Им реков да ја остават али плачела и ги будела другите. Тогаш најдете си начин мора да постои некој им велам
Па јас однесов една топче што кога скокне светка и е гумено и личи на короната со пипци и нормално некој гумени бонбони.Во мало кесенце.Детето е со потекло од Виетнам и родителите 10 пати ми рекоа фала Моето заспиваше дома нишајќи ја во раце.Во градинката ја оставаа и сама си заспиваше.Ама прво беше со плачки.После и дома се одвикна од нишање.Тие што прават кога треба да спие ќе те викнат тебе и децата се паметни учат .А јас сега не спијам ќе плачам и ќе дојде мама.Па нека тераат така 1-2 недела ќе попишти детето сигурно за 3 дена.