Темата за Светското ја отворив, па можеме да се префрлиме таму со коментарите. Клик тука. Ќе го замолам и модераторот на овој подфорум / @RainBow доколку може да ги префрли овие коментари од темава таму. Ајде, нека ни е со среќа.
Супер вест, а јас по дебаклот на репрезентацијата посакував него да го назначат за селектор. Само успеси да редат...и да научат конечно како се даваат голови и да не ја гаѓаат публиката.
Одлична вест. Многу подобро е овака да го назначат за главен тренер него ли за асистент, а во позадина тој да ги влече сите конци, па да доаѓаат во сукоби со тренерот. Кире има знаење, има авторитет и широко е респектиран во светската ракометна јавност, па со добар помошник, некое странско име, верувам дека ќе може да извади максимум од нашите можности во периодов на транзиција и да продолжи да ја гради новата генерација. Очекувам да биде македонскиот Дидие Динар.
Прекрасна вест. Верувам дека ќе биде одличен тренер како што е и одличен играч. За играч, малку е да се каже дека е одличен. За Македонија многу направи.
Гледа ли некој? Јас сум во шок, не очекував ваква игра. Митревски и повеќе од одличен Ми фалеше репрезентацијата во вакво светло, се надевам така ќе биде и во следното полувреме
Не гледав, ама слушам ептен позитивни коментари, и резултатот ме зачуди. Толку ли се добри нашите момци? Гледам Талески 5 гола дал. Па зар је ово могуче?
Гледам, и не ми се верува што гледам. Кој се овие ракометари, дефинитивно не оние од Египет. Браво за играта денес!
Не ги дрогира премногу не потценија, од авион директно на натпревар дојдоа. Јес да бевме тапа, ама и ние сменивме нешто, се врати Миркуловски кој премногу фалеше. Инаку Данска стандардно си ги губи првите натпревари после првенство.
А на Кире му посакувам безброј вакви натпревари и победи на Светски и Европски првенства. Нека биде онаа, по утрото денот се познава.